Известувања

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 06.10.2015 година, до Уставниот суд, Здружението на граѓани за заштита на човековите права “Здравје со игла не влегува“ поднесе иницијатива за поведување на постапка за проверка на уставноста со времена мерка за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија преземени врз основа на оспорените законски одредби од:

1. Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, а по однос на „задолжителноста“ од ХПВ вакцинација;
2. Законот за основно образование, а по однос на „задолжителноста“ на вакцинација при упис на деца во основно образование и
3. Законот за заштита на децата, а по однос на одземање на правото за паричен додаток за трето дете заради невакцинирање

Во таа смисла Министерството за здравство не е над Деловникот за работа на Владата на РМ, Законот за владата на РМ и Уставот на РМ, односно согласно член 68-а од Деловникот за работа на владата на РМ, Министерството за здравство морало задолжително да го објави предлогот на законот за изменување и дополнување на законот, со цел граѓаните на РМ да можат да го кажат своето мислење. Со неставањето на предлогот за донесување на законот на http://www.ener.gov.mk – на родителите, на здруженијата, и општо на сите граѓани на Република Македонија, Министерството за здравство им го има одземено нивното право да стават забелешки на предлог законите. Тука се поставува прашањето, која била целта на Министерството за здравство да ги држи во мрак Граѓаните на РМ, а во смисла на тоа какви закони предложува? Како може да се очекува почитување на основните човекови права од страна на Министерството за здравство и Владата на РМ, кога ни сопствените процедури за работа не ги почитуваат, кога сакала да воведе „задолжителност“ од ХПВ вакцинација и со тоа да ја загрози правната сигурност на граѓаните? Иста така, Европскиот суд за човекови права има донесено пресуда по делото 42197/98 од италијанката Иларија Салвети, односно се утврдува дека: „Судот смета дека задолжителното вакцинирање како недоброволна медицинска интервенција е во спротивност со правото за почитување за личниот живот како што е загарантирано во член 8 од конвенцијата за човекови права и основни слободи“.

Тука исто така се поставува прашањето како Владата и Собранието на РМ при утврдувањето и носењето на Законот за образование, не знаеле, а биле должни да знаат дека по пресудата во Стразбур, 1474/62, 1677/62, 1691/62, 1769/63, 1994/63, 2126/64 (1 EHRR 252), секое дете во Република Македонија има Право на пристап до постоечките образовни институции во било кое време, Право на ефективно образование и Право на официјално признание на ученикот за успешното завршено образование.

Со обидот на државата на Мајките кои имаат трето дете, да им го скрати надоместокот што им следува за третото дете, државата одбива да се грижи за многудетните семејства. Исто така, таквото однесување на државата е директно мешање во личниот, семејниот и приватниот живот на граѓаните на Република Македонија, а со тоа државата го има повредно членот 25 од Уставот на РМ и членот 8 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, а врз основа на што Европскиот суд за човекови права има донесено пресуда по делото 42197/98 од италијанката Иларија Салвети, односно се утврдува дека: „Судот смета дека задолжителното вакцинирање како недоброволна медицинска интервенција е во спротивност со правото за почитување за личниот живот како што е загарантирано во член 8 од конвенцијата за човекови права и основни слободи“.

Заедничко за сите три иницијативи е дека Уставниот суд во Одлуката бр.139/2010 од 15.12.2010, има потврдено дека Државата должна е да ја почитува Европската конвенција за човекови права, односно „Поаѓајќи од член 8 став 1 алинеја 1 од Уставот, а имајќи го предвид значењето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи не само како дел од натрешниот правен поредок на Република Македонија, туку поради општите принципи на кои се потпира и ги промовира, Судот укажува дека интерпретацијата на релеватните уставни одредби треба да се потпира на тие општи правни принципи, содржани во Конвенцијата и интерпретирани во праксата на Судот за човекови права во Стразбур, што впрочем е веќе изразен став на Судот во одлуката У.бр.31/2006 од 1 ноември 2006 година и решението У.бр.28/2008 од 23 април 2008 година.“

Ви исто време, поднесена е претставка и до Народниот Правобранител, врз основа на член 13 од Законот за народен правобранител, против Министерството за здравство, и против сите Јавни здравствени установи, во кои што се вршат породувања на деца во Република Македонија, поради вршење на психолошка тортура и психолошко малтретирање врз родителите кои го искористуваат своето законско и природно право на избор, да не го вакцинираат сопственото дете, новороденче, со една или повеќе вакцини при породување во истите здравствени установи. Таквото однесување на Јавните здравствени установи е во директна спротивност со Кодексот на медицинската етика, Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, која Македонија е должна да ја спроведува доследно. Исто така повреден е и членот 11 од Уставот на РМ, како и останатите позитивно правни прописи на Република Македонија.

Во прилог поднесоците до Уставен суд на РМ и НП на РМ.

Со почит,
Здружението на граѓани за заштита на човековите права
“Здравје со игла не влегува“

Претставка до Народниот Правобранител за психичката тортура на родилките во државните породилишта во Македонија

Иницијатива пред Уставниот суд – ХПВ вакцина

Иницијатива пред Уставниот суд – Основно образование

Иницијатива пред Уставен суд – Надоместок за трето дете

 

Известување (2) – Се е прекрасно во државата Данска !

Почитувани,

Здружението за заштита на човековите права “Здравје со игла не влегува“ имаше поднесено претставки до Народниот правобранител,Државниот просветен инспекторат и Државен санитарен и здравствен инспекторат  при Министерство за здравство поради неизвестувањето на надлежните институции на родителите за претстојна вакцинација на нивните деца во неколку основни училишта низ Македонија:

Neizvestuvanje-na-roditeli_DPI_Karposh

Neizvestuvanje-na-roditeli_DPI_Kisela-voda

Neizvestuvanje-na-roditeli_DPI_Kratovo

Neizvestuvanje-na-roditeli_DSZI_Karposh

Neizvestuvanje-na-roditeli_DSZI_Kisela-voda

Neizvestuvanje-na-roditeli_DSZI_Kratovo

Neizvestuvanje-na-roditeli_NP_Karposh

Neizvestuvanje-na-roditeli_NP_Kisela-voda

Neizvestuvanje-na-roditeli_NP_Kratovo

Овде можете да ги видите одговорите на споменатите институции:

SWScan00033

SWScan00034

SWScan00036

SWScan00040

SWScan00041

SWScan00046

SWScan00047

SWScan00048

SWScan00049

SWScan00050

SWScan00051

Ова се сведоштвата на родителите па,оценете сами:

1 to go

2 to go

4 to go

4 to go

5 to go

6 to go

7 to go

8 to go

9 to go

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s