Пристапница за членство

Почитувани,
На следниов линк можете да ја превземите пристапницата со која ќе се регистрирате како членови на здружението за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“
Пристапница за членство
Пополнетата пристапница испратете ја на следнава електронска пошта: zdravjesoiglanevleguva@mail.com
Или во  порака на нашата ФБ страна: Линк

заедно со фотографија или скен од уплатницата за уплатена чланарина.

Чланарината се плаќа на годишно ниво и изнесува 500,оо денари.

Примерок за извршување на уплата и податоци за сметка:

Уплатница

По извршената проверка ќе добиете повратна порака со потврда  за упис во регистарот на членови на здружението.

Основни цели и задачи на Здружението на граѓани за заштита на човековите права ЗДРАВЈЕ СО ИГЛА НЕ ВЛЕГУВА  се:

– Промоција и заштита на човековите права и слободи како и промоција и заштита на правата на пациентите,

– Подигање на свеста кај населението и лекарската фела за заштита на правата на пациентите

– Систематизација и анализа на податоци за потребите на заштита на човековите права и слободи како и промоција и заштита на правата на пациентите и влијанието на постоечките политики и стратегии;

– следење на европските и меѓународните стандарди во областа на здравството;

– информирање на целните групи со законодавството и начинот на функционирање на здравствените институциите во Република Македонија и ЕУ;

– воспоставување редовна комуникација меѓу пациентите, лекарите, здравствените институции и фармацевстките компании;

– постојано следење и учество во процесот на приближување и хармонизација со европското законодавство и оценка на неговото влијание врз општествено економскиот систем;

– промовирање, учество и придонес во реформите во сите сфери на општествениот и здравствениот систем на Република Македонија;

– давање на стручна помош во полето на дејствување;

– поттикнување и зајакнување на соработка со домашни и странски организации

и институции кои имаат исти или слични цели и задачи.

– Креирани алатки и препораки за подготовка и спроведување на хумани и ефективни политики, програми и стратегии за областите на делување на Здружението;

– Зајакнати капацитети на донесувачи на одлуки. професионалци и НВОи во однос на принципите, знаењата и практиките за работа со заштита и промоција на човековите права и правата на пациентите

– Развиена функционална програма эа едукации и консултантски услуги во областите на делување на Здружението;

– Почитување на човековите права и афирмација на позитивни и недискриминмрачки политики и пракси;

– Овозможување еднаков пристап до правдата.

Унапредување на здравата животна средина,запознавање на граѓаните со нивните права за здрава животна средина и слично.

– Промовирање и развивање стратегии за унапредување на самоодржливиот развој

– Здружението на граѓани за заштита на човековите права ЗДРАВЈЕ СО ИГЛА НЕ ВЛЕГУВА Битола може да превзема активности кои се во согласност со целите и визијата на здружението, а не се содржани во горенаведените планирани активности.

Дејности со кои се остваруваат целите

Своите цели и задачи здружението на граѓани за заштита на човековите права ЗДРАВЈЕ СО ИГЛА НЕ ВЛЕГУВА Битола ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:

– континуирано следење, анализа и коментари на националното здравство,

здравството на ЕУ и активностите на другите меѓународни организации и

современи здравствени системи;

– организирање и учество на настани, презентации, семинари, обуки, дебати и

трибини;

– советувања и консултации на пациенти и други заинтересирани;

– имплементација на проекти во областа на промоција и заштита на правата на пациентите

– издавање на печатени и електронски публикации;

– реализација на видео проекции;

– соработка и имплементација на заеднички проекти со домашни и странски

институциии и организации кои имаат исти или слични цели и задачи; и

– Креирање на центар за едукација, истражување и документирање преку кој се вршат едукации, обуки на клучни засегнати страни како и анализи на состојби поврзани со делокругот на работа на здружението

– 3астапување эа промена на политики и пракси во интерес на целните групи на здружението.

– други слични форми и начини на дејствување.

*НАПОМЕНА:

При испраќање на е-пристапницата, да имате во предвид, доколку заедно со пристапницата не испратите копија од уплатницата (скенирана или фотографирана), за уплатена членарина, може да се случи, да не бидете веднаш запишани во регистарот на членови на Здружението. Со цел да се избегне непотребно одолговлекувања на Вашето впишување во регистарот на членови, ве молиме да не заборавите заедно со е-пристапницата да испратите копија од уплатницата за уплатена членарина.

**НАПОМЕНА:

Здружението на граѓани за заштита на човековите права ЗДРАВЈЕ СО ИГЛА НЕ ВЛЕГУВА презема мерки за заштита на личните податоци од примените изјави за членство и за нивна употреба само за цели поврзани со работењето на здружението. Доколку лицето тоа го побара Здружението и неговите органи и тела не смеат да информираат лица кои не се членови на органи и тела на Здружението дека истото поднело изјава за членство до Здружението на граѓани за заштита на човековите права ЗДРАВЈЕ СО ИГЛА НЕ ВЛЕГУВА .

Членовите на здружението добиваат бесплатни правни совети и поддршка,известувања за сите проекти на здружението,можност за интерна комуникација со останатите членови со цел за размена на идеи,креирање понатамошни активности и решавање на тековни проблеми и прашања.

Advertisements