Вакцините предизвикуваат мутации кои го загрозуваат здравјето на идните генерации

Image

Вакцините предизвикуваат безброј мутации со што креираат супербактерии и моќни вируси кои може да ги загрозат идните генерации, па и целото човештво.  Доказите се се побројни од научната заедница која сега признава дека некои вакцини всушност предизвикуваат и вирусни и бактериски мутации.  Иронично, истите тие истражувачи тврдат дека “подобрени” вакцини се потребни за да се надомести порастот на постојаните мутации.

Опасните по живот патогени се способни брзо да се развиваат и да развиваат генетски мамки кои служат за да ги скријат дури и од најјаките лекови.  Рори Боуден (истражувач од Универзитетот Оксфорд)  најде дека патогените го менуваат генетскиот материјал со други бактерии, но воглавно за делот од геномот кој е одговорен за правење на обвивката на клетката, што е подрачје кое е на мета на вакцината.

Поранешниот Пост-Докторски истражувач од Центарот за Динамики на Инфективни Болести, Греин Лонг (Grainne Long) открил дека вакцинацијата довела до 40- пати зголемување на B. Parapertussis колонизацијата во белите дробови. Неговите податоци сугерираат дека вакцината можи и допринесува за набљудуваниот пораст на појава на магарешка кашлица  во последните десет години со промовирање на B. Parapertussis инфекцијата.

Магарешка кашлица

Ацелуларната вакцина за магарешка кашлица всушност ја зголемува колонизацијата на Bordetella parapertussis кај лабораториските глувци, на што покажува порастот на зачестеност на B. Parapertussis како резултат од ацелуларната вакцинација, која може да придонесе за забележаното зголемување на магарешка кашлица во текот на последната деценија.

И покрај раширената вакцинација, зачестеноста на голема кашлица е во пораст во целиот свет, што ја прави оваа болест практично имуна на вакцини.

Опасни нови соеви на бактеријата за магарешка кашлица сега ја избегнуваат вакцината во Австралија против оваа болест и ја зацврстуваат четиригодишната епидемија која наскоро можи да се прошири низ целиот свет, открија научници од Сиднеј во истражувањето со кое се покренаа прашања во врска со националната програма за вакцинација.

Микробиологистите од Универзитетот на Нов Јужен Велс открија дека варијанти на пертусис со одреден генетски потпис се во пораст на 86 проценти од вкупниот број на примероци земени од заболени лица после епидемијата која почна во 2008.

Иако соевите беа присутни во Австралија уште од 2000, тие прават само 31 процент од сите примероци собрани помеѓу 2000 и 2007- што значи дека се развивале покрај тековната вакцина.

Ацелуларната вакцина- претставена во Австралија во 1997 после загриженоста од несаканите ефекти од претходната верзија со цела клетка се покажа дека го помогна ширењето на овие соеви, рече Др. Лан, што странските власти го поврзаа со “поголема заразност на основ на хоспитализација и податоци за случаи за смртност”.

Тој предупреди дека другите земји кои користат слични вакцини треба да бидат предупредени за промени во генетските особености откриени во вирусот на магарешка кашлица.

Вирусот Хепатитис Б

Во јужниот дел на Италија, 44 контакти со носители на хепатитис Б вирусот, вклучувајќи ги и бебињата на мајки носители, стана HBsAg позитивни и покрај пасивна и активна имунизација според стандардни протоколи.  Кај 32 од вакцинираните инфекцијата беше потврдена со присуство на дополнителни маркери на вирусната репликација.

Циркулацијата на Хепатитис Б вирусот, особено мутации на надворешниот слој на вирусот,  избрани од антивирусни агенси,  бара понатамошна истрага за да се утврди дали тие можат да се пренесуваат и затоа претставува јавно-здравствен проблем. Ова прашање може да биде од особено значење во популации каде генотип А е доминантен.

Видовите на вирусот на Хепатитис Б кои ги содржат вакцините го избегнуваат моделот на мутација и репликација и се покажаа дека се заразни и патогени.

Полио

Кога  верзија на вакцината со жив вирус , наречен орална полио вакцина (ОПВ) се развива, вели тој, таа може да дејствува  како див полиовирус и да ја продолжи заканата од зараза. Со текот на времето, вакцината може да мутира, па дури и 1 процент на геномски промени во вирусот дозволува на вирусот да се однесуваат како диви полиовирусни. Како резултат на тоа, тие наоѓаат докази за случаи на добиено Полио кај луѓе, преку вакцината.

Замена на гените – Смртоносни вируси од вакцините

Три вакцини кои се користеле за да се се спречат респираторни болести кај кокошките ги замениле гените со што произвеле два нови смртоносни соја од кои загинаа повеќе од десетици илјади птици во две држави во Австралија.

Создавање на новиот смртоносен сој беше можно само затоа што вакцините содржат живи вируси, иако тие беа ослабени форми, рече Џоан Девлин, главен автор на труд објавен во списанието Science.

Отпорност на Пеницилин

Научниците од фармацевтска компанија и две лаборатории анализираа повеќе од 21.000 бактериски примероци од целиот народ и открија дека еден тип на отпорен сој се зголемува кај инфекции на увото.

Истражувачите од Универзитетот во Ајова откриле дека сојот изнесува 35 проценти од пеницилин-отпорните инфекции во 2004-05, во споредба со помалку од 2 проценти година пред да излезе новата вакцина.

Дејв Михалович – Доктор за Натуропатија кој специјализирал во истражувања на вакцините, превенција од рак и природен приод за третман.

Извори:
smh.com.au
msn.com
psu.edu
lww.com
ncbi.nlm.nih.gov
news-medical.net
dailytelegraph.com.au

Превод: Светлана

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s