Вакцинација: правила на играта

8388-2

Постои начин за продажба на вакцините, тој е испробан и докажан преку кампањи кои се одвиваат повеќе од еден век. Еве како се прави тоа: се започнува со гамбит отворање,кога ги зголемуваат бројките на заболени, па во средината на игра ја зголемуваат добивката/број на дози, и за крај на играта  се прогласува победа и се почнува одново. Без трикови и лаги – како што велат тие, но влогот е премногу голем во оваа ризична игра на вакцинирање!

Играта со вакцини

Индустријата со вакцини има обрт од 25,3 милијарди долари и пораст од 23% во земјите во развој, како на пр.Индија, каде се очекува порастот да достигне 56,7 билиони $ до 2017 година. Вакцинацијата се смета за гранка од фармацевтската индустрија  која најмногу допринесува.

Како дојде до ова? Па, индустријата со вакцини има уникатен производ, кој е препорачан и е под покровителство на владите. Овој принцип на спонзорирање го започна Едвард Џенер, кога прими парична награда од кралот Џорџ III.

Корисниците на вакцини се во заробеништво. Многу од нив всушност веруваат дека вакцините се потребни , со верба врз основа на 200-годишната маркетинг кампања. Оние кои се будат или се во процесот на будење, се повлекуваат пред тешките правила кои ги наложува владата. Производителот не може да биде обвинет доколку некое дете е сериозно повредено или умре како последица на вакцинацијата, благодарение на законот од 1986 год,  кој од неодамна е преземен и од Монсанто. Гревовите на индустријата се на товар на даночните обврзници и на луѓето чии животи се опустошени од негативни ефекти.

Фармацевтските корпорации имаат исклучително посветена продажна армија. Тие велат :

“Ние никогаш нема да прифатиме дека аутизмот навистина е несакан ефект, последица од вакцините. ” Ова е изјава на Мари Мекормик, тогашен претседател на Комитетот на медицинскиот институт во САД, обраќајќи се пред Комитетот на Состанокот за безбедност одржан во 2001 година.

“На едно дете може да му дадете 10.000 вакцини одеднаш ” Да, веќе претпоставивте : д-р Пол Офит, експертот за вакцини, кој со оваа изјава дава поддршка на продажба на вакцините.

” Вакцините не предизвикуваат аутизам, тие предизвикуваат симптоми кои личат на аутизам. ” Џули Гербердинг, екс началникот на Центарот за контрола на заразни болести (CDC) во САД, изјава дадена за Си-Ен-Ен.

” Мојата цел, додека трае мојот мандат, е да се осигураме дека 100.000.000 ќе бидат  вакцинирани.” Д-р Џон Клеменс од Светската Здравствена Организација (WHO) на состанокот на Центар за контрола на заразни болести (CDC) во Јуни 2000 во Симпсонвуд, САД, иако притоа знаел  дека во студијата Verstraeten се покажало дека изложеностa на само 25 mcg. на тимеросал од 1 вакцина кај детето ќе направи 7,62 пати поголема веројатност да добие аутизам.

Која друга индустрија може да се пофали со вакви шампиони? Сите останати и завидуваат на маркетиншката стратегија на ова индустрија. Таа има свој сет на правила кои религиозно ги следи. Земете го случајот на денга треската. Сеуште се подготвува вакцина за неа, а маркетингот е започнат. Тие веќе почнаа по “Правилата на игра со вакцините”:

Правило 1: Да се зголемат бројките

Првото правило е да се направи проценка која звучи страшно, а подоцна да се помогне во намалување на инциденцата, бидејќи е многу лесно да се намалат фигурите/бројките кои не биле реални од почетокот. Во случајот со големи сипаници, наспроти 131.000 пријавени случаи во светот, зачестеноста/појавата се проценува на 15 милиони според извештајот на СЗО “Педесет години на СЗО во Западен Пацифик регион”. Неодамна, за принудување на орална полио вакцина (ОПВ) во земјите во развој, 32.419-те случаи на детска парализа беа напумпани до 350.000. Истото се случи и со денга треската: Бидејќи вакцината е веќе многу близу, сегашната проценка за бројот на заразени е 390.000.000 наспроти претходната од 50-100 милиони, која се сметаше за голема бројка кога оваа проценка се правеше. Како норма се зема најлошата стапка на зачестеност, која може да е изолирана само на еден крај од светот и таа се аплицира на целата популација. Токму ова се случи неодамна со појавата на  Hib-болести (Haemophilus influenzae type B) во Индија.

 

Правило 2: Менување на проценката на пријавени случаи

Во случајот со полио, проценката од 350.000 заболени беше пријавена како бројка на вистински заразени лица. Терминот “проценка” едноставно исчезна. Па така, Бил Гејтс сега тврди дека бројката е намалена и тоа од 350.000 случаи на детска парализа на само неколку стотици. Понекогаш тој цитира и бројка од 400.000 за да остави подобар впечаток.

Проценката за денга треската веќе го користи терминот “глобален товар”, што значи инциденца. Тоа е само мал чекор подалеку од “пријавени случаи”.

Правило 3: Направете го тоа глобален проблем

Во Wellcome Trust студија за денга треската проценките биле ефективно зголемени правејќи го тоа  глобален феномен и тоа со зборовите: “Се надеваме дека истражувањето ќе иницира поширока дискусија во врска со значењето на глобалното влијание на болеста”. Глобалното влијание ќе резултира со глобален пазар за вакцината која што доаѓа.

Студијата Wellcome Trust беше водена од страна на фармацевтски магнат Ser Henry Wellcome, на Burroughs Wellcome прославата. (Wellcome сега е дел од GlaxoSmithKline).

Правило 4: Вклучете “филантропи” да ја рашират вакцината

Во навистина испревртениот свет, филантропите ја прават најголемата штета! Тие се горди на ширењето болести и глад. Никој здраворазумски нема да ја слави причината за вакцини и ГМО, но денешните филантропи уживаат во такви активности. Тие дури и профитираат од тоа прикривајќи ги своите пари во истите тие корпорации чиј производ го величат преку она што денес е познато како “балон филантропија”.

Правило 5: Целна група – бебињата и децата

Тинејџерите и возрасните не реагираат добро на повиците за вакцинација. Земете го случајот со ХПВ вакцина, која не се продава баш добро. Стапката на вакцинирани возрасни лица е лоша, како што постојано нагласуваат од CDC (Центарот за контрола на болести). Но, со родителите може лесно да се манипулира во однос на вакцинирање на нивните деца. Тие им се на располагање во болница при раѓање, а и при контролните посети на бебето на доктор. Вакцината против ХЕП-Б, која е наменета за корисници на дрога и промискуитетни личности, е игнорирана токму од страна на таа целна група, но производителите сега имаат сигурен пазар –вакцината за возрасни стана од суштинско значење за доенчиња – иако тие не се во ризик групата од таа болест.

Правило 6 : Промена на дефиниција на болеста откако ќе се воведе вакцина

Откако ќе се воведе вакцината треба да се покаже дека таа е ефективна за да се стекне доверба и да се поттикне продажбата. Откако беше воведена вакцината за OPV (Орална Полио Вакцина) како дел од глобалната иницијатива за искоренување на Полио, дефиницијата на дијагностицирање на детска парализа се измени и тоа не еднаш туку трипати , за да се прикажат помалку случаи на пр.во Индија.

Правило 7: Водење на лекарите во дијагностицирање на болеста

Насоките кои се издадени јасно укажуваат на тоа дека  за време на дијагностицирање на болеста за која има вакцина на располагање, лекарите бараат историја на вакцинирање на пациентот.

За тетанус, ” појава на тетанус е малку веројатна ако пациентот има историја на имунизација “.

За магарешка кашлица, “Ако трахеална компресија предизвикува пароксизам на кашлање и ако, од историјата, има изложеност и не е имунизиран од пертусис, лекарот има се што му е

неопходно за некаква клиничка дијагноза. ”

За големи сипаници – “Во испитување на случај под сомневање за големи сипаници,  опсервацијата е од најголемо значење. Ако пациентот покажува докази за типична лузна од  вакцинација од скорешен датум, вариолата како опција може да биде речиси апсолутно отфрлена.”

Правило 8 : Преименување на болеста

Понекогаш лекарите ќе ја дијагностицираат болеста и кај вакцинираните лица. Оваа дилема е решена со давање ново име на болеста. Па така полио станува акутна флакцидна парализа, магарешката кашлица станува круп, крупните сипаници стануваат мајмунски сипаници, малите сипаници стануваат треска со осип, дифтерија станува бактериски трахеит или епиглотитис. Па така и денга треската може да стане мијалгија со треска или дури и синдром на интензивна болка во коските со синдром висока температура (откако ќе се воведе новата вакцина)

Правило 9 : Осигурајте се дека патолошките тестови се вршат само во избрани лаборатории

Во случајот на полио, фекалните примероци може да се испратат на верификација само на СЗО акредитирани лаборатории. Лекарите во Индија нагласуваат дека тоа може да биде основна причина за очигледниот пад на инциденцата (зачестеноста) на вирусната детска парализа во земјата. Тие јасно изјавија и дека статусот “земја ослободена од полио ” можно е и да е изманипулиран.

Правило 10: Зголемување на бројот на дозите – ревакцинирање

Антителата кои се произведуваат со вакцинирањето не само што не штитат од болести, туку и не траат долго. Ова дава можност за аплицирање на дополнителни дози (ревакцинирање). Како маркетингшки трик тоа е фантастично. Било што може да ја оправда ревакцината, на пример нејзината неефикасност или негативните ефекти! Кога беше објавено дека кај децата во Индија кои биле вакцинирани против ОПВ доаѓа до МАСОВНА појава на парализа , им се советуваше да ги зголемат дозите на ревакцини. Денес едно дете во Индија може да добие 50 дози на вакцината до возраст од пет години. Не се знае што уште предизвикува ова зголемување на дозите врз детето освен што ја зголемува стапката на парализа, но со сигурност го зголемува профитот на производителот.

Член 11: Играње на играта “Обвини го другиот” за да се зголеми употребата на вакцините

Кога ОПВ драмата се одвиваше доволно долго за да се фрустрираат тимовите кои ги даваат полио вакцините, Светската здравствена организација (WHO) ја започна играта на обвинување и засрамување. Смислија и акроним ПАИН (PAIN) за народите Пакистан, Авганистан, Индија и Нигерија , места каде што болеста се уште е неконтролиранa за да ги посрамотат нивните влади. Двете суперѕвезди ангажирани за рекламирање на вакцината во Индија ги обвинија родителите дека не ги носат децата на вакцинирање. Беше одбрана една заедница која била поосетлива на употребата на вакцините.

Правило 12:Се игра на картата на стравот од”враќање на вирусот “со цел да ја втемелат вакцина

Кога болеста се елиминира преку употреба на статистичка манипулација и други методи, како тие набројани погоре, луѓето во побогатите земји се предупредени дека вирусот се уште е неконтролиран во другите земји и дека вирусот е само “еден авион одовде”. Со ова тие ќе се осигурат дека вакцинацијата нема да запре.

Правило 13 : Ширење на аларм во секоја можност

Ако вакцина предизвикува спротивен ефект , што се случува често, се прават секакви напори  за да се скрие тој факт. Но, доколку се пријави само еден случај на болеста, било каде во светот, веднаш се крева паника и вакцините веќе се упатени кон клиниките и болниците со препорака сите да се вакцинираат, без оглед на потребата од тоа.

Правило 14 : Чување изговори при рака за да се објаснат негативните ефекти

Мајките ги дојат своите бебиња уште откако хомо сапиенс се појави на земјата, но ако детето почине по вакцината, мајката може да се обвини за неправилно доење и предизвикување задушување со мајчиното млеко! Мајката , исто така, може да се обвини за задушување на детето додека спие со него. Уште полошо, има и родители кои биле осудени на затворска казна поради синдромот на протресено бебе, иако е докажано дека ако детето е разнишано до смрт ќе има скршен врат, а не крварење на мозокот како што било објавено по аутопсијата. Други изговори како случајност или масовна хистерија се најчесто употребувани кога немаат друга причина која  може да ја наведат.

Член 15: Обвини го критицизмот кон вакцините за “анти-вакцинирачкото лоби”

Не постои анти-вакцинирачко лоби. Сепак, постои про-вакцинирачко лоби што се плаќа милијарди долари да се задржи митот за вакцините и да се зголеми продажбата. Но секој оној кој укажува дека вакцините може да предизвикаат штета веднаш се етикетира како “анти-вакцинаш”. Се зборува и дека постои заговор да се наклеветат вакцините, иако таа етикета совршено им прилегана оние кои ги форсираат вакцините и покрај тоа што знаат дека тие можат да предизвикаат смрт, разни болести и појава на лица со посебни потреби.

Правило 16 : Ширење на “успешни приказни”

Индија е сега успешна приказна за искоренување на Полио, иако случаите на парализа во земјата се зголемуваат од 3.047 во 1997 година на 61.038 во 2012 година. Навистина е перверзно да се прославува ова. Активистите за вакцинирање треба да ги задржат блоговите каде тие потенцираат како успеале да го убедат колебливото население да ги жртвува своите деца на олтарот за вакцинација.

Правило 17 : смејте се на патот кон вашата банка

Во играта со вакцините единствените губитници се оние родители кои плаќаат за да им наштетат на нивните деца со вакцинирање,  безмилосно притиснати од страна машинеријата која стои зад вакцините. Од истражувачите до пронаоѓачите и производителите, па до лобистите и медицинарите, лекарите и политичарите -сите добиваат од овој високо профитабилен потфат.

Правило 18 : Започнување се од почеток

Играта со вакцините за искоренување на Вариолата ја прошири заразата како шумски пожар и предизвика смртни случаи ширум светот. Парализираните и заболени деца беа заборавени со кампањата за искоренување на детска парализа. Сега може да почне следниот напад, играта никогаш не запира. Друга приказна е и тоа дека индустријата со вакцини создава бескраен синџир на смртни случаи и инвалидност, жртвите се претворени во плен од страна на вампирите на фармацевтската индустрија.

Високиот раст и профитот од индустријата со вакцини многу го чинат општеството, но тие ги мотивираат заинтересираните страни кои ќе го стават профитот над сè друго и се возбудени за  многу нови вакцини кои “ветуваат” успех, а се во различни фази на развој. Родителите ќе прогледаат и преку измамата за да ги заштитат своите деца. Вакцината, како и секој друг корпоративен производ кој е безмилосно пласиран на пазарот, во суштина е за пари, профит и поврат на добивката за акционерите.

автор: Jagannath Chatterjee
превод:  Александра

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s