Вакцините и производство на негативни генетски промени кај луѓето

virus 

 

 

Вакцинација и генетски промени

Мобилност на генетски материјал меѓу формите на живот

Една од индикациите дека вакцинациите може всушност да ја променат генетската структура на луѓето стана евидентно во септември, 1971 година, кога научниците на Универзитетот во Женева го направија откритието дека биолошките супстанции кои влегуваат директно во крвотокот може да станат дел од човечката генетска структура. Првично, јапонските бактериологисти откриле дека бактериите од еден вид ја пренесуваат својата специфична антибиотска отпорност на бактериите на сосема различни видови.

Д-р. Maurice Stroun и Д-р. Philip Anker од Одделението за растителна физиологија на Универзитетот во Женева, почнале да собираат докази дека пренесувањето на генетската информација не е ограничено на бактериите, но, истото, може да се случи меѓу бактериите и вишите растенија и животни.

Според една статија во World Medicine на 22 септември, 1971 година,

“Научниците од Женева се убедени дека нормално животинските и растителните клетки фрлаат ДНК, и дека оваа ДНК се презема од други клетки во организмот.”

Во еден експеримент, научниците во Женева ги издвоиле преткоморите од срцето на жаба и ги потопиле во суспензија со бактерии на неколку часови.

Потоа, тие пронашле висок процент на РНК-ДНК хибридизација меѓу бактериска ДНК издвоена од бактерии од ист вид како што биле користени во експериментот и титрирана ДНК издвоена од преткоморите кои беа потопени во суспензија со бактерии.

Бактериската ДНК беше апсорбирана од животинските клетки. Овој феномен е наречен transcession.

Постојат докази дека овој вид на феномен се случува цело време во човечкото тело. Тоа е разбирливо, како на пример, дека оштетувањето на срцето поради ревматска треска може да биде резултат на имунолошкиот систем кој реагира на своите сопствени клетки произведувајќи туѓ РНК комплекс после апсорпцијата на туѓа ДНК.

Во изданието на списанието Science magazine, од 10 Ноември, 1972 година, демонстрирана е појава на бактериска РНК во мозочните клетки на жаба која се јавува после бактериска перитонеална инфекција. Во изданието на списанието Journal of Bacteriology од април 1973 година, транскрипција на спонтано ослободена бактериска ДНК беше најдена во целуларните јадра на преткоморите на жаба.

Студиите на Phillipe Anker и Maurice Stroun го покажале следното:
– спонтано ослободување на ДНК материјал од клетките на цицачите;

– спонтан пренос на ДНК од бактерии до повисоки организми;
– спонтан пренос на ДНК меѓу клетките на високите организми;

– ослободување на РНК од клетките на цицачите;
– биолошка активност на ослободени комплекси кои содржат РНК.

 

Малигни целуларни трансформации предизвикани од туѓи ДНК

Постојат докази дека слободното циркулирање на туѓи ДНК може да предизвика малигнитет. Во изданието на списанието International Review of Cytology, Volume 51, од 1977 година, ​​Anker и Stroun разговараат за можните ефекти од туѓите ДНК кои предизвикуваат малигни трансформации на клетките.

Кога туѓа ДНК е препишана во клетка на различен организам,

“Овој општ биолошки случај е поврзан со навлегувањето од клетките на спонтано ослободена бактериска ДНК, со што се укажува на постоење на циркулирачка ДНК. Во поглед на малигни трансформации добиени со ДНК, онколошката (која предуизвикива рак) улога на циркулирачката ДНК е постулирана.”

Откривањето во 1975 година дека вирусите кои предизвикуваат рак кај животните имаат посебен ензим наречен обратна транскрипта го прави проблемот, уште повеќе интересен.

Овие видови на вируси се нарекуваат РНК вируси. Кога РНК вирус го има ензимот реверзна транскрипта во својата структура, тоа овозможува вирусот всушност да формира насоки на ДНК кои лесно се интегрираат со ДНК на клетката на домаќинот кој инфицира.

Студиите од страна на д-р Robert Simpson од Rutgers University укажуваат на тоа дека РНК вирусите кои не предизвикуваат рак исто така може да формираат ДНК, дури и без присуство на реверзна транскрипта. Формираната ДНК на овој начин од РНК вирус е наречена провирус. Познато е дека некои не-канцерогени вируси имаат тенденција да опстојуваат како провируси за долги временски периоди во клетките, без да предизвикаат било каква очигледна болест. Со други зборови, тие и понатаму остануваат латентни. Некои примери на вообичаени РНК вируси кои не предизвикуваат рак, сами по себе, меѓутоа имаат капацитет да формираат провируси, се вирусите на грип, мали сипаници, заушки и детска парализа.

Во изданието на списанието British Medical Journal, од 22 Октомври, 1967 година, од страна на германските научници беше истакнато дека мултиплекс склерозата се чини дека е предизвикана од вакцините против големи сипаници, тифус, тетанус, полио, туберкулоза и дифтерија. Дури и порано, во 1965 година, Zintchenko пријавил 12 случаи во кои MS е евидентен по завршувањето на антирабичните вакцинации.

Запомнете дека милиони луѓе во периодот меѓу 1950 и 1970 година беа вакцинирани со полио вакцини кои содржат мајмунски вирус  40 (SV- 40) кој е пренесен од контаминирани бубрежни клетки од мајмун кои ги користеле за културата на вакцината. Невозможно е да се отстранат вирусите од животните од културите на вакцината. Да се потсетиме дека SV- 40, 40-от вирус кој бил откриен во мајмунските ткива, е канцероген вирус.

Програмите за имунизација против грип, мали сипаници, заушки и детска парализа се всушност засејување на луѓето со РНК и формирање провируси кои стануваат латентни во самото тело за подолги временски периоди, само за повторно подоцна истите да се реактивираат. Пост-полио синдромот е добар пример за овој проблем.

Други примери може да вклучуваат т.н. мезенхимални и колагенски болести, како што се ревматоиден артритис, мултиплекс склероза и ериматозен лупус, каде антителата се формираат од страна на имуниот систем против сопствените ткива на лицето, а кои се импрегнирани со туѓ генетски материјал.

Според специјалното издание на списанието Postgraduate Medicine, во мај 1962 година,

“Иако телото, генерално, нема да создава антитела против своите сопствени ткива, се чини дека мала модификација од антигенски карактер на ткивата може да делува како туѓа на имунолошкиот систем и на тој начин оправдана цел за производство на антитела.”

Две години подоцна, во 1964 година, беа спроведени студии за полиома вирусот, ДНК вирус кој произведува тумор. Било откриено дека постојаниот генетски ДНК материјал во полиома вирусот предизвикал малигни трансформации во ембрионските клеточни култури на хрчакот. Ова било објавено во изданието на списанието Journal of the American Medical Association, од 23 ноември, 1964 година.

Дури и вообичаените вируси кои не предизвикуваат тумор, вклучувајќи ги и оние во вакцините за големите сипаници и полио вирусот 2, може да делуваат како канцерогени. Тоа било изјавено во изданието на списанието Science од 15 декември 1961 година, дека овие вообичаени вируси делуваат како катализатори во производството на рак кога биле дадени на глувци во комбинација со познати органски канцерогени материи, кои во премногу мали количини не можат да предизвикаат тумор сами по себе.

Ова значи дека некои вакцинации ќе предизвикаат рак, кога се комбинираат со растечкиот проблем на загадувањето на животната средина од токсични нус-производи од земјоделството (пестициди на и во храна) и индустријата.

Се разбира, оваа информација е скриена од јавноста, што е и причината зошто FDA, EPA и земјоделските индустрии може да се извлечат со “санкционирање” на мали количини на загадувачки материи во храната, водата и воздухот. Врската не е објавена јавно, во корист на хемиската индустрија, Националниот институт за рак и растечката индустрија за рак, кои продолжуваат лажно да делат донации во јавноста за да го оправдаат своето постоење.

Како и да е, веќе е признато дека вакцинациите против детска парализа 100% ги предизвикале  сите заболувања од детска парализа во САД од 1980 година и доминантните случаи на сите паралитички детски парализи од 1972 година (Science, 4 април, 1977 година). Се чини сомнително дека Salk и Sabin вакцините, направени од култура на мајмунско ткиво, се исто така виновни за големиот пораст на заболени од леукемија во САД.

Употребата на вируси, бактерии и култури од животинските ткива во кампањите на масовна имунизација, со оглед дека оваа информација е позната веќе 20 години, претставува намерно создавање опасност за луѓето.

Глобалното влијание врз широк спектар на генотипови во однос на човечките суштества е тешко да се процени, но резултатот е дефинитивно негативен, и овозможувањето на сеење на латентни провируси кај луѓето, свесно, може да има никаква друга причина освен идно профитирање на медицината, и претставува криминален заговор во огромни размери што е еднакво на геноцидна политика против населението, а тоа дополнително предизвикува злосторства против човештвото, што на меѓународно ниво се казнува со смрт.

Но, се разбира, особено во САД, овој факт е игнориран и потиснат од јавноста, и покрај молбата од страна на некои американски лекари, доставена до Обединетите нации во извештајот од 1984 година. Фактот дека ова се случува со целосно знаење на светската медицинска заедница самиот по себе претставува меѓународен заговор, при што населението нема каде да се обрати, со оглед дека вакцинациите стануваат задолжителни и се предуслов за многу социјални програми.

Постојаноста на долгорочните вируси и туѓите протеини и нивниот однос кон хронични и дегенеративни болести, исто така, бил посочен од страна на д-р Robert Simpson од Rutgers University во 1976 година, кога тој се обратил до научниците на семинарот за American Cancer Society, велејќи:

“овие провируси би можело да бидат молекули во потрага по болест.”

Д-р Wendell Winters, виролог на Универзитетот во Калифорнија забележал,

“имунизациите може да предизвикаат промени кај бавните вируси и промени во ДНК механизмот.”

Иако клетките на домаќинот кои содржат латентни вирусни честички работат повеќе или помалку нормално, тие почнуваат да синтетизираат вирусни протеини под водство на вирусната ДНК, евентуално создавајќи услови за разни автоимуни заболувања, вклучувајќи болести на централниот нервен систем, кој за жал допринесува за зголеменото оптоварување на моделите на неприродно социјално однесување.

Извор:
http://www.bibliotecapleyades.net/salud/esp_salud33y.htm
Превод:Лилјана

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s