Обраќањето на родителите до Уставните Судии и јавноста во врска со законот за задолжителна вакцинација во Македонија

Почитувани!

 

Со ова писмо ви се обраќаме вам пред се како на луѓе и родители, покрај вашата функција се со цел да го објасниме поблиску нашиот голем проблем со постоечкиот закон за заштита на населението од заразни болести во делот за задолжителна вакцинација, надвор од правната проблематика.

Ве молиме да ни излезите во пресрет, затоа што се работи за животи и тоа животите на нашите највредни а тоа се децата, кои не се само бројки во системот и дел од разни статистики. 

 

  Првата причина е етичкиот основен кодекс, сите вакцини се произведуваат на животински  ткива или ткива од абортирани човечки фетуси (сите овие се официјални податоци од произведувачите на вакцините кои се јавно достапни и секој можи да ги прочита) како некои од нас, кои сме вегетаријанци по убедување (кое е патем и уставно загарантирано право ) би можеле да си вбризгуваме во нас, како и во нашите деца, директно во крвотокот ткива од животинско потекло (телешки серуми или пилешки ембриони) или пак уште морално позагрижувачки, ткива од абортирани човечки фетуси (официјалните ознаки за нив наведени од произведувачите како состојки во вакцините се WI-38 и MRC-5 ).

 

WI-38
Oваа клеточна култура беше развиена во Јули 1962 г. Од ‘терапевтски абортирано‘ три месечно девојче. WI- е акроним за Wistar Институтот, агресивен поборник во истражувањата од областа на матичните клетки. Изданието на Американскиот журнал за болести кај децата од Август 1969 год. објаснува WI-38 примерокот е земен од доброволен абортус направен во Шведска: ‘ Овај фетус беше одбран од доктор SvenGard посебно за оваа намена (да се користи како култура во производството на вакцини). Двата родители се познати и за жал во приказната сеуште се сопружници, сеуште се добри и живи, живеат во Стокхолм. Абортусот беше извршен затоа што сметаа дека имаат премногу деца. ‘

MRC-5
Е земен од белодробното ткиво на 14 недели старо момче, МRC e aкроним за Медицински Истражувачки Совет, британски истражувачки центар финансиран од британските плаќачи на данок. Според Кориел Институтот за медицински истражувања,‘ MRC-5 клеточната линија беше развиена во Септември 1966 година од белодробно ткиво земено од 14 недели старо машко бебе абортирано од психијатриски причини од 27 годишна физички здрава жена ‘
Развивањето на рубела вакцината всушност инволвираше не еден туку 28 абортуси, 27 абортуси беа изведени да се изолира вирусот а еден абортус (WI-38) да се произведи вакцината. Вирусот од вакцината е наречен RA 27/3 (R = Рубела, A =Абортус, 27= двадесет и седми тестиран фетус, 3= трето земено ткиво ).
    Овие состојки од вакцините се косат со нашите најдлабоки религиозни убедувања а нивната присилна администрација ја доживуваме како тешка религиозна дискриминиција.
   

     Наредниот проблем се несаканите нуспојави на вакцините, кои уредно се напишани на упатството на вакцините и кои упатства, ние како родители, доколку сакаме, можеме да ги прочитаме. Последиците, кои се напишани на упатствата за користење на вакцините, меѓудругите се и запаление на мозокот, трајно оштетување на нервниот систем, делумна или целосна парализа, целебрална парализа, делумно или целосно слепило, дегенеративни заболувања на мозокот, разни автоимуни болести, менингитис, аутизам, алергии и многу, многу други а на некои од вакцините стои заведена нус појава СМРТ. Како е можно на совршено здрави бебиња да се вбризгуваат супстанци со наведена нуспојава смрт!? и тоа под присила на закон. Ние како родители, оправдано сме исплашени од појавувањето на некоја од многуте нуспојави кои не се ретки кај нашите деца, додека докторите не убедуваат (но само усно) дека вакцините се безбедни, но нормално никој од нив не сака (писмено) да гарантира дека нема ништо да му се случи на детето (особено кога производителот си ги напишал несаканите дејства на упатството).
   Во повеќе од 15 држави во Европа вакцинацијата е исклучиво право на родителот што е здраворазумски, не е природно-законодавно да се вршат медицински одлуки во име на поединецот,и тоа подприсила на казни, на тој начин се прекршуваат основните уставни а и морални вредности за физичкиот интегритет на човекот. Со ваквите одлуки произлегува дека поединецот не го поседува своето сопствено тело туку неговото тело е во сопственост на државата.

 

   Многу од нас под присилата на ваквиот закон се принудени да прекршуваат и други пишани и морални закони. Ваквиот постоечки закон допринесува за уште поголема корупција во здравствениот систем, со ваквиот закон нашата сопствена држава од која очекуваме безрезервна заштита ги претвора своите граѓани во криминалци затоа што нема граница која запира родител во грижата за сопственото дете.
  Еднаш спознаената информација не може да биде ОДзнаена, затоа не можиме под присила да се повинуваме на ваквиот спорен закон, како  една од најосновните и свети одлики на човековиот род е слободната волја, правото на избор да делува по својата сопствена совест во согласност со сите морални закони, за своето добро, за доброто на неговите најблиски а со тоа и за доброто на целото човештво.Image

Advertisements

One thought on “Обраќањето на родителите до Уставните Судии и јавноста во врска со законот за задолжителна вакцинација во Македонија

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s