Писмо на родител од муслиманската заедница до министерот за здравство на Македонија испратено во 2011 година – одговорот никаде го нема !

Почитуван министер имам еден проблем и со ова е-маил адреса ви пишувам со надеж дека ќе се најде решение за мене и за секој кој ги има истите проблеми, со што ние во оваа земја да имаме правни и не контрадикторни закони.
Мојот проблем е што не сум го  вакцинирал моето дете, не затоа што јас не сум информиран за имунизацијата, но спротивно.
Проблемот е затоа што постои закон кој те обврзува за вакцинација со цел заштита на населението од заразни болести, но верувам дека целта за која е донесен овој закон не е исполнет, тогаш се поставува прашањето зошто да постојат казнени мерки?!

На пример:
Моето дете не е имунизиран и според законот автоматски е потенцијал за инфицирање на другите, но моето дете може да зарази само некого што е не имунизиран како него а не и тие што се имунизирани, ако се случува да зарази некого кој е вакциниран, тогаш ова е аргумент во мој корист дека овие вакцини не се ефикасни и тогаш зошто има причина да биде задолжителна и да има казнена мерка?

Овој закон не е во согласност со многу закони и меѓународни права, човекови права, поради оваа причина некои западни земји немаат задолжителна имунизација за граѓаните, кај некои земји е задолжителна но има и исклучоци, како во случаите на верска идеологија , медицинска, филозофска, итн.

Овој закон не е во согласност со одредени закони на Република Македонија како што се:

Со сите точки на член 3 од законот на заштита на правата на пациентите и тоа директно во спротивност со став бр. 2.

Начела на заштита на правата на пациентите
Член 3
1) Заштитата на правата на пациентите се заснова на начелата на хуманост и
достапност.
2) Начелото на хуманост се занова на:
почитување на личноста на човекот, како хумано суштество;
1. почитување на личноста на човекот, како хумано суштество;
2. почитување на личната самоопределба;
3. физичкиот и психичкиот интегритет на личноста, како и сигурноста на
човекот;
4. почитување на приватноста на личноста;
5. хумани (човечки) релации меѓу пациентот, здравствениот работник и
здравствениот соработник, засновани врз основа на етички и дентолошки
принципи;
6. право на искажување на болка и на ослободување од непотребна болка, во
согласност со тековното знаење во медицината и
7. хумана здравствена заштита на терминално болни.
3) Начелото на достапност се заснова на:
1. здравствени услуги што се постојано достапни и пристапни на сите пациенти
подеднакво и без дискриминација;
2. континуитет на здравствената заштита, вклучувајќи соработка помеѓу сите
здравствени рабoтници, здравствени соработници и / или здравствени установи
што можат да бидат вклучени во целиот процес на третман на одредена состојба
или заболување на пациентот;
3. праведна и фер постапка за избор / селекција за третман, во услови кога постои можност за избор од страна на здравствените установи на потенцијални пациенти за посебен третман кој е достапен во ограничен обем, при што изборот треба да се заснова на медицински критериуми, без дискриминација;
4. избор и промена на здравствен работник и здравствена установа, во рамки на здравствениот систем;
5. достапност на служби за домашно лекување, односно служби во заедницата
каде пациентот живее и
6. еднаква можност за заштита на правата на сите пациенти на територијата на
Република Македонија.

Имено со овој закон имам право:
– Да се ​​почитувам како човек,
– Право на самоопределување,
– Право за мојата физичка и психолошка сигурност,
– Правото на приватност,
– Правото на човечки и етички однос, и почитувањето на дентолошките принципи,

– Правото на здравствени услуги во секое време и без дискриминација континуирано  во целиот процес на здравствениот третман,
– Правото на избор / селекција за одреден третман,
– Правото на еднаква заштита на моите права како пациент во целата Република Македонија.

Со член 5

II. ПРАВА НА ПАЦИЕНТИТЕ
Член 5
1) Пациентот ги има правата пропишани со овој или со друг закон или со
ратификуван меѓународен договор.
2) Пациентот има право да на остварувањето на правата, пропишани со овој
закон, без дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик вера,
политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло,
припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање, сексуална ориентација или кој и да е друг статус.
3) Пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во
согласност со неговите поединечни потреби и способности и што ја унапредуваат состојбата со неговото здравје, со цел да го достигне највисокото можно лично ниво на здравје, согласно достапните методи и можности на медицината, а во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување.
4) Личноста и достоинството на секој пациент мора да се почитува.
5) Пациентот има право за време на престојот во здравствената установа на
лична сигурност.

Имено со овој закон имам право:
– Дури и ако постои некој закон кој ме задолжува на вакцинација, дозволено ми е да се повикам во ратификуваните меѓународни договори,
– За недискриминација (особено западните држави врз основа на овие права обезбедуваат исклучоци во случаи како мене),
– За нега, лекување и рехабилитација што се компатибилни со специфичните потреби и можности на пациентот,
– Почитување на мојата личност и достоинство.

Со член 6

Право на пациентот на учество во одлучувањето
Член 6
1) Правото на пациентот на учество во одлучувањето го опфаќа правото на
информираност
и правото на прифаќање или одбивање на определена
медицинска интервенција.

2) Правото на пациентот на учество во одлучувањето може да се огранични
по исклучок само кога е тоа оправдано со здравствената состојба на пациентот,
во случаите и на начин уредени со овој закон.

Имено со овој закон имам право:
– Да прифатам или одбијам некоја медицинска интервенција.

Член 4 со терминот интервенција значи:

2. “Медицинска интервенција” е секој преглед, третман или друга активност
со превентивна, дијагностичка, терапевтска цел или со цел за рехабилитација што ја презема овластен здравствен работник.

Правото за одбивање на некоја медицинска интервенција го штити и член 14 став 1 од овој закон.

Додека ставот 2 од Законот вели дека пациентот прифаќањето или одбивањето на медицинската интервенција треба да го изразува со потпишување на декларација. (Таквата изјава мајката на моето дете го има веќе потпишано).
Исто така член 15 став 1 за потпишување на изјавата го обврзува родителот.

Со член 9

1) Пациентот има право да побара второ стручно мислење за својата
здравствена состојба, под услови пропишани со прописите за здравствена
заштита и здравствено осигурување за давање на првото стручно мислење.
2) Второто стручно мислење од ставот 1 на овој член, на усно или писмено
барање на пациентот, должен е да го даде секој здравствен работник со најмалку иста стручна подготовка, како и таа на здравствениот работник кој го дал првото стручно мислење, а кој непосредно не учествувал во првичната медицинската интервенција над пациентот.

Имено со овој закон имам право:
– Да побарам второ стручно мислење за мојот случај,
– Да побарам второ стручно мислење од некој кој не е вклучен во случајот (т.е. имам право да побарам мислење од лекар, кој има негативно мислење за вакцинацијата, а лекар, специјалист, институции, универзитети и организации такви има многу во светот – за мојот случај јас сум консултиран со различни научници низ светот и земјата кои имаат научно звање подолго од неговото име.

Верувам дека се доволни законите што ги спомнав бидејќи секој закон во некој аспект го заштитува моето право.

Каде е проблемот?

1. Проблемот е во тоа што може да се казнувам за не вакцинирањето на моето дете, иако се уште тоа не се случило, а моето дете речиси има  2 години и е поздрав од сите негови врсници и досега не го заразил никого,
2. Моето дете може да се спречи да се регистрира на училиште, иако со закон е должен,
3. Јас како родител не може да земам многу бенефиции што се предвидени од страна на државата, бидејќи се бара вакцинацијата на детето како пример: социјална помош, итн
4. Ограничување на слободата на патување во некои земји, поради недостиг на имунизација (ако постојат исклучоци во законот на Р. Македонија за случаите како мене тогаш сигурно и другите одредени држави ќе имаат по различни услови околу таквите ограничувања за граѓаните на оваа држава, ако не, тогаш нашата држава ќе биде обврзана да преземе разни меѓународни мерки за да биде во служба на своите граѓани.)
5. Уште по трагично е тоа што ако моето дете го гризнува куче во државните болници во Р. Македонија одбиваат да го примат повикувајќи се на не вакцинирањето на детето, и во некои други закони што се злоупотребуваат многу од нивната страна за кои закони не е местото да пишувам, иако со ова одбивање се кршат многу закони за правата на пациентите и пред се се кршат многу етички правила и Хипократовата заклетва.Image

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s