Др. Курт: Зошто никогаш нема да го вакцинирам мојот син и идните деца кои жена ми и јас би ги имале

Неодамна, побарав од вас да одговорите на една анкета која што излезе во мојот email билтен.  Ако ја пополнивте, ви благодарам на повратната информација.  Сакам здравствената нега да ја задржам и важата повратна информација ми помага во тоа. Едно од прашањата кои ги поставив беше: “Што треба да престанам да правам?” Подолу е наведен одговор кој ми го задржа вниманието и мислам дека многумина од вас имаат прашања во врска со него, па морм да му посветам внимание.  Ова ќе биде подолго, но сакам да бидам јасен со мојот одговор, а се надевам и малку забавен.

Треба да се разјасни вашиот став во врска со имунизацијата. Ако Вие тотално ја исфрлате имунизацијата поради нејзината отровност, тогаш вашиот став е игнорирачки и неточен. Се согласувам дека некои од состојките во вакцините се отровни за нашето тело, но исто така отровни се и болестите од кои не штитат!  Многу повеќе! Нашата генерација и оние што доаѓаат после нас немаат почувствувано свој сакан да е ослабен од полио и немаат видено деформирано бебе од мајка која прележала рубеола за време на бременоста.  Затоа почнавме да го игнорираме ризикот од невакцинирање и да кажуваме дека состојките во вакцините се отровни. Без да обрнеме внимание на отровноста на болестите од кои што тие не штитат.  Овој ваш став прави работите кои што ги кажувате да бидат тешки за прифаќање бидејќи којзнае што друго изоставувате или за што друго не сте доволно искрен.  Ако сакате луѓето да ви веруваат за другите работи, вие ќе морате да бидете јасни во се поврзано со имунизацијата, за вашите аргументи да имаат вредност Како да пример ако кажете дека се залагате за поприроден начин на имунузација без отровните елементи, тоа би бил поразумен аргумент”.

Откако го прочитав неколку пати, се трудев да размислам кој би го напишал ова.  Знам дека е анонимно, но сепак сакав да погодам.  Обично кога добивам прашањаво врска со вакцините со аргументот дека тие се добри поради тоа што се случи со полио и многу други заразни болести, обично е некој од оние кои се залагаат за зголемување на наталитетот.  Исто така може да биде и некој од медицинската област.  Како што си ги превртував низ главата мојата листа на клиенти, email контакти, пријатели на фејсбук и професионални организации, пред очите ми излегуваше само една личност која одговараше на мојот замислен социјален профил. Единствената личност што можеше да биде беше мајка ми.  Замислете ја вашата мајка како ве предизвикува на ваков начин., како го испрашува вашиот интегритет и искреност?  Прилично пакосно, нели?  Значи, морам да го кажам мојот став во врска со вакцинацијата (не имунизацијата) кристално јасно, баш како што мајка ми предложи. Ова ќе биде подолго. Не сакам ништо да изоставам, па така ова се причините поради кои никогаш нема да одберам да го вакцинирам мојот син и идните деца кои жена ми и јас би ги имале. Да  бидеме на чисто, попрво би одел во затвор отколку да дозволам некој на сила да му стави вакцина на моето дете.

Вакцинација наспроти имунизација:

Мора да се направи јасна разлика помеѓу термините вакцинација и имунизација.  Јас најмногу се залагам за имунизација.  Проблемот кој што е направен од медиумите и фармацевтските компании е тоа што луѓето ја поистоветуваат имунизацијата со вакцинацијата.  Вакцинацијата е едноставно инјектирање на некои состојки во вашето тело.  Овој процес не креира имунитет.  Овие се две тотално различни работи. Друга работа која што ме иритира во коментарите на “мајка ми“ е изоставувањето на информации и со тоа уништување на мојот кредибилитет.  Сакам само да додадам дека јас заработувам 0 долари од овој блог.  Можеби одржувам неколку предавања кои се закажани со помош на блогот, но тие приходи не доаѓаат ни близу да 20-те билиони кои ги заработуваат произведувачите на вакцини годишно.  Што мислите, кој има повеќе корист од криењето информации? Изградбата на имунитет е природен процес.  Во тој природен процес, нашето тело користи многу редови на одбрана.  Првиот одбранбен ред е нашата кожа.  Таа ги блокира сите потенцијални штетници.  Со вакцина, овој природен закон е целосно заобиколен, со инјектирање во телото состојки кои нашата кожа никогаш не би ги пропуштила внатре. Ние исто така имаме и респираторен систем (систем за дишење) кој помага во одбраната.  Кашламе, киваме, ни тече носот, се со цел да се исфрли потенцијалниот натрапник.  Кашлањето, кивањето и шмркањето се резултати од работењето на имуниот систем.  Немојте да го потиснувате со лекови за намалување на температура, анти-хистамин итн.  Така само му ја олеснувате работата на натрапникот. Исто така го имаме интуитивниот лимфен систем за да се бори со посилните натрапници. Ако вашиот систем е во толкав дефицит, за потенцијалниот натрапник да ги надмине сите овие природни одбрани, тогаш тој жив или мртов влегува во крвта.  Кога веќе еднаш нешто влегло во вашата крв, тоа може да се пренесе насекаде во вашето тело, што не е воопшто добро.  Тоа е како отворен бар на конгрес за киропрактичари. Вакцината ги прекршува сите закони за природна имуно одбрана со тоа што се зама потенцијален заразувач (патоген) заедно со сите отровни состојки (алуминиум,формалдехид, адитиви итн) и се инјектира директно во нашиот крвен систем.  Овој процес нема никогаш да се случи при изградбата на природен имунитет.  Последнава реченица  е еден вид оксиморон.  Имунитетот е природна работа.  Вакцините се вештачка работа.

Истражување полно со недостатоци:

Научната мантра во врска со вакцините, заснована на нивните истражувања е дека тие се безбедни и ефективни.  Нивните истражувања се полни со недостатоци и се со двоен стандард за разлика од било кое друго истражување за некој лек.  Златниот стандард во дизајнот за истражување е двојно не јасната, случајно контролирана истрага (RCT). Ова значи дека луѓето се поделени во 2 групи случајно и на учесниците им се дава или вистинското нешто или нешто лажно, додека се спроведува тестирањето.  Потоа се заведува напредокот за тоа на кој му е подобро, на кој полошо и слично.  Теоретски, не треба да постои пристрасност при известувањето бидејќи истражувачите не знаат кој е во плацебо, а кој во групата со вистински лекови. Колку Вакцини досега се истражувани на овој начин? Ниту една!  Причината?  Истражувачите велат дека неможат да спроведат RTC- случајно контролирана истрага бидејќи би било неетички да НЕ му се даде вакцина на дете, па ако тоа дете умре од нешто што можело да се спречи, тогаш тие не сакаат да бидат одговорни за таа смрт.  Но, ако некој умре за време на нивната истрага од земање анти-депресиви, тогаш тоа е во ред. Еј фармацевтски компании, доброволно ќе го дадам моето дете да биде во плацебо групата и ќе го споредам неговото здравје со здравјето и благосостојбата на оние кои ги примиле  сите препорачани вакцини.  Сигурен сум дека така би можел да соберам уште стотици илјади други деца да бидат во плацебо групата за да се креира поголем примерок. Наместо да истражуваат за да се види сигурноста и ефективноста, тие гледаат дали личноста изградила антитела на антигенот (надворешниот натрапник) којшто е во вакцината.  Ако се изградени антитела, тогаш таа е “безбедна и ефективна”, или така не наведуваат да веруваме.  Овие студии ретко, а можеби и никогаш не се направени на деца помали од 4 години.  Како тогаш межете да кажете дека е безбедна и ефективна за бебе кога таа никогаш не е тестирана на бебе? Двете групи кои имаат ограничено производство на антитела се доенчињата и старите лица, двете највакцинирани групи.  Ако тие неможат да произведат антитела, тогаш вакцината е бесцелна.  Целата смисла на вакцината е дека се инјектираме со надворешен натрапник за да создадеме антитела против него.  Ако неможеме да создадеме антитела, тогаш која е целта од инјектирање со нешто за да пробаме да поттикнеме реакција? Во врска со децата, тие не произведуваат антитела се додека не наполнат 6 месеци.  Па зошто тогаш да им се дава вакцина на помалите од 6 месеци ако тие неможат да создадат антитела?  Дури и ако целата теорија за вакцините беше точна, би било апсолутно бесцелно да се инјектира бебе од 6 месеци или помалку со вакцина.  Детскиот имунитет е недоразвиен се до возраст од 2 години, па преоптоварувањето со 36 вакцини до возраст од 18 месеци изгледа логично исто колку што е пиење вода од противпожарен апарат.

Зголемени дози:

Ова е друга аспект на квази науката за вакцини, кој ги изложува децата стари само 18 месеци на 36 вакцини.  Во нивните истражувања за ефикасност (колку долго нешто ќе функционира), тие немаат поим.  Поради оваа причина, примаме повеќе вакцини за повеќе антигени.  Да ја земеме за пример само последната ХПВ вакцина, девојчиња од 12 години три пати се боцкаат за да се превенира ХПВ (кој е сексуално пренослива болест), којшто “можеби”, иако никогаш не е потврдено, е предизвикувач на рак на грлото на матката. Произведувачот гарантира само 5 години ефикасност.  Овој проблем е двократен: 1.Просечна возраст на која жените добиваат рак на грлото на матка е 50 години и 2. Вакцината им се става на 12 годишни девојчиња. Значи имаме систем кој става повеќекратни вакцини со претпоставен рок на ефикасност 5 години, на девојчиња од 12 години, кои никогаш не биле тестирани, за болест која се јавува на 50 години.  Ја даваат вакцината на 12 годишно девојчеи додека таа наполни 17 години, ефектите од вакцината се избледени и потоа тие тврдат дека можат да превенираат рак на грло на матка кога девојчињата ќе пораснатo.  А јас сум шарлатанот кој зборува против вакцините. Ајде да видиме кои се роковите на ефикасност на други вакцини.  Кој знае? Тие не го истражуваат тоа, туку само претпоставуваат дека ни е потребна поголема доза.  Кога еднаш вакцината е одобрена од страна на Агенцијата за храна и лекови (FDA) и е пуштена во природата, нема потреба повеќе да се трошат пари за да се проучуваат нејзините несакани ефекти.  Наместо тоа, имаме во епрувета нови 4 милиони лица секоја наредна година при што тие можат само да седат комотно, да се опуштат и никогаш да не се грижат за тужба бидејќи владата ги има заштитено од било каква одговорност. Бидејќи не постојат истражувања за тоа колку долго трае вакцината, може да има бескрајни препораки за потенцијални ревакцинации.  Делот кој навистина ме збунува се вакцините кои се даваат по 4 пати.  Ако првите три боцкања не изградиле имунитет, како ќе знаеме дека последната го направила тоа, односно изградила доживотен имунитет?  Зошто втората и третата вакцина заштитуваат само во период од 1 година, а последната заштитува цел живот?  Тоа е прилично арогантна и површна логика.

Наметнувачи на полио:

Ако ве прашам како изгледа полио, веројатно имате пред очи слики на инвалидски колички, патерици и деца што куцаат.  Би биле сосема во право … во помалку од 0.5-2% од случаите.  Сакам да биде јасно дека не го потценувам ужасот на тие 2%.  Целта ми е, се надевам дека е јасно, да ви кажам дека јас донесувам одлуки врз основа на статистики, а не емоции.  Како родител, многу е тешко да се разделат тие две понекогаш. Во повеќе од 95% од случаите, полио се манифестира со следниве симптоми блага температура, омалаксаност, главоболка, болки во грлото и повраќање.  Овие симптоми се манифестираат 3-5 дена по изложеноста и опоравувањето е 24-72 часа со резултат- стекнат имунитет за цел живот.  Би се кладел  дека ова никогаш не сте го слушнале од вашите медиуми или доктори кои се под влијание на фармацевтската индустрија. Всушност, ако одите на доктор со овие симптоми и ви викаат дека имате полио, би си отишле од неговата ординација смеејќи се и би пишувале лоши зборови на неговата интернет страница. Останатите 3% се непаралитички полио.  Симптомите се: висока температура со траење од 2-10 дена, јака главоболка, вкочанет врат, зголемена чувствителност на екстремитетитеи асиметрична слабост на екстремитетите.  Одете со оваа листа на симптоми кај вашиот доктор и веројатно ќе си заминете со дијагноза менингитис, а не полио. Но доктор Курт, вакцината ги спасила сите тие луѓе за  да не ја добијат паралитичната верзија.  Ако ги погледнете графиконите подолу, ќе видите дека полиото веќе беше масовно намалено пред да се воведе било каква вакцина.  Би сакал да додадам дека најголемиот број случаи се појавија во време кога нашата земја беше во очај (лоши санитарни услови, хигиена и исхрана) за време на депресијата.

d-paraliza

polio

Тоа беше време кога санитарните услови беа слаби, хигиената беше слаба и начинот на исхрана беше лош.  Ова се причините зошто земјите од третиот свет имаат проблеми со заразните болести, а не недостатокот на вакцини.  Како што поминуваше Големата Депресија, така луѓето почнаа да живеат почисто и поздраво, а исто така во тоа време се појави и нова група лекови – антибиотиците, кои се даваа за секое шмркање, кашлање и температура. Последниот регистриран случај на природно добиен полио е во 1979 год. во САД, а ние сеуште им даваме на нашите деца 4 дози од оваа вакцина, на 2,4,6-12 месеци и 4-6 години.  Но тактиките на заплашување продолжуваат, “може да се врати или не знаете за штетите кои ги предизвикал”.  Не ја игнорирам историјата.  Само сум разумен во врска со сегашноста. А што со тифусот и шарлахот?  Тие причиниле толкави штети, и без вакцина, тие не се проблем.  Природата си го направила своето и со добивањето подобри санирани услови, хигиена и подобра исхрана, самите се искорениле. vkupno stapka na smrtnost sad Помпезната рубеола:

Ова беше уште еден страшен момент за жените во средината на минатиот век, како што е наведено во критицизмот на “мајка ми” погоре.  Можеби ќе ви звучи попознато  кога ќе ви кажам дека уште ја нарекуваат и германски сипаници.  Симптомите на рубеола се мал осип, температура од 37 степени и болка во зглобовите. Постоеше голем страв во 1964-65 со дијагностицирани 12,5 милиони случаи, од кои 20 000 или 0,16% кај новороденчиња.  Како резултат на тоа имаше 11 000 или 0.088% абортуси (намерни и спонтани), како и 2 100 или 0.017% случаи на смрт кај новороденчиња.  Се надевам дека смрт на дете е нешто кое јас или вие нема никогаш да го доживееме.  Не можам дури ни да си го замислам тоа искуство , но кога ги гледам реалните шанси моето дете да се зарази или да умре од оваа болест, не постои многу простор за грижа во денешно време. Еве како стојат работите со рубеолата.  Мајката е таа која е во опасност, а не детето.  Проблемот е тоа што ако таа мајка се зарази со рубеола во првите 4 месеци од бременоста, тогаш таа може да ја пренесе и на фетусот.  Детето се раѓа со неа. Па зошто тогаш се даваат вакцини на децата?  Не треба да се грижиме децата да не останат бремени.  Мојата единствена грижа е тоа дека местото каде што најлесно можеме да се заразиме со заразна болест во нашата земја е во болница или во ординацијата на некој гинеколог, местата каде што треба да го однесеме нашето дете на контрола.  Ако вие навистина сте загрижени за рубеолата, зошто да не почекате додека решите да останете бремена, па тогаш да ја примите вакцината, како возрасен. Знам зошто.  Бидејќи тоа ќе затвори голем дел од пазарот за фармацевтските компании.  Со самото тоа што го предложив, пазарот се намали од 4 милиони годишно, на скоро половина од таа бројка целејќи само кон цените.  Како маж, зошто би се грижел за германските сипаници?  Пазарот би се намалил уште повеќе, бидејќи не сакаат сите жени деца. Но рубеолата е врзана со вакцината која ги содржи не само вообичаените сипаници, туку содржи и заушки. Кажете ми еден ден во историјата кога некој ги добил трите инфекции: сипаници, германски сипаници и заушки, сите во истиот ден?  Тоа не се случува никогаш.  Тогаш зошто се создаваат вакви вакцини? Ова станува подолго, па дозволете ми да ви покажам неколку графикони за полесно да разберете.

Заразните мали сипаници:

Единствените податоци кои успеав да ги најдам во врска со смрт од мали сипаници се дека во САД во 2003 год. имало 2 смртни случаи.  Првиот случај бил поврзан  со пост оперативно пресадување на коскена срж и другиот случај бил 75 годишник со пневмонија.  Медиумите многу сакаат да известуваат кога се работи за избивање на мали сипаници, но она што никогаш нема да го слушнете во нивните изјави е тоа дека некој умрел од мали сипаници. mali sipanici

golema ka6lica Притисоците поврзани со пертусис:

Можите да видите од графиконите погоре дека пертусис или големата кашлица била искоренета уште пред да се појави било каква вакцина.  Големата кашлица добива големо медиумско внимание со избивањето на нови случаи во Калифорнија.  Она што испуштаат да го спомнат е тоа дека мнозинството од заразените деца биле целосно вакцинирани. Го чекам само нападот на медиумите дека луѓето треба да примат повеќе и засилени ДТП вакцини.  Тие веќе се даваат на 2,4 и 6 месеци (бескорисно земајќи го фактот дека не се создаваат антитела).  Таа исто така се дава и на 15-18 месеци и потоа ревакцини на 4-6 години.  Сериозно?  Ако 5 боцкања не делуваат, тогаш уште колку треба додека да почнат да делуваат? Зочто пертусисот се шири толку лесно во заедниците?  Лоши санитарни услови, лоша хигиена и лоша исхрана. Ова изгледа како многу емотивна тема, бидејќи ниту еден родител не ужива додека ја слуша ужасната кашлица и тешкото дишење кои го следат пертусисот.  Но дали вакцината е сигурна?  Според истражувањата направени во последните 50 години, вакцината е најсигурна.  Но кој тест го покажа тоа? Се нарекува тест за покажување на телесната тежина кај глувци. “Истражувачите” ги вакцинирале глувците во нивните стомаци.  Ако глувците продолжувале да добиваат тежина и не умирале веднаш, вакцината се сметала за сигурна.  Би сакал да го измислував ова. Дали да продолжам?  Покрај сѐ, не сакам нешто да изоставам.  

Хепатитис Б :

Би требало да се плашите од оваа болест само ако имате сексуални односи со заразена личност, ако имате повеќе сексуални партнери, ако имате други сексуално преносливи болести, ако сте маж кој има сексуални односи со други мажи, ако користите интравенозни дроги (не спаѓа ли тука и вакцината?), или делите игли, шприцови или друга опрема за дрога со други луѓе. Не можам да ја видам смислата на вакцинирање со оваа вакцина 3 пати и тоа на бебе веднаш по раѓањето, на 1-2 месеци и потоа уште еднаш на 6-18 месеци.  Можеби грешам.  Можеби постојат некаде бебиња кои користат интравенозни дроги или бебиња проститутки Жртвите на дифтерија Симптомите кои оправдуваат 4 боцкања со оваа вакцина пред да наполни детето 15 месеци се: болки во грлото со слаба температура и леплива мембрана во задниот дел на грлото.  Чудната работа е тоа што за да се ослободат отровите, еден специфичен вид на бактерии треба да бидат инфицирани со специфичен вид вирус наречен Б фага.  Со други зборови, одредена бактерија мора да се здружи со одреден вирус.  Во секој случај, не е ништо што обичен антибиотик не би можел да го исчисти, нема потреба од вакцина. difterija Измамени од тетанус:

Едно нешто кое сакам да го истакнам е бесмисленоста од давање вакцина против тетанус кога сте се здобиле со длабока рана.  Зошто да добиете рана која со сигурност содржи тетанус, откако сте добиле рана која можеби содржи тетанус?  Доволно површно е да кажете дека сте имуни на тетанус од редовната вакцинација, но да кажете дека постои моќ на излекување од замање на вакцината откако сте се здобиле со отворена рана е прилично дрско, но и покрај тоа многумина застануваат во редица за да ја примат вакцината бидејќи мислат дека имаат тетанус. Ајде да видиме кој подлежи на ризик да добие тетанус?  Дали се тоа бебињата? После сѐ, каде наоѓаме тетанус?  Тој е во почвата, како и во цревата на животните и човекот.  Јас сакам мојот син да ја запознае природата, но му забранив да си игра цо црева на животни и луѓе. tetanus Бесцелни пневмококи :

Пневмококните болести се предизвикани од стрептококна пневматска бактерија. Интересната работа е што постојат повеќе од 90 подвидови, а вакцината содржи само 7 од нив.  Дали другите 83 подвидови не се важни или си играм рулет со уште една вакцина?  Ме обвинија дека изоставам некои работи, а што правиме со оваа вакцина? Проценето е, врз основа на студии врз населението (проценки), не реални статистички податоци дека се јавуваат 40 000 пневмококни болести годишно.  Исто така се проценети (не потврдени) околу 4400 смртни случаи (0.0014 % шанса за смрт ) годишно, со највисока стапка на смртност кај постарата популација со скриени услови (недостатоци и токсичност). Со вакцините примени на 2,4,6 и 15-18 месеци, колкави шанси има бебето да развие антитела против оваа болест?  Блиску до нула.  Првите три вакцини се бесцелни. Реткиот ротавирус Ротавирусот е одговорен за дијареата.  Проценето е дека 55 000 деца се хоспитализирани секоја година во САД.  Проценети се 527 000 смртни случаи во целиот свет од ротавирусот. Колкумина умираат во САД?  Единствените статистички податоци кои успеав да ги најдам се од 1996 година од Списанието за заразни болести, според кое помалку од 40 деца умреле од ротавирусот.  Повторно, било кој смртен случај од било што кога се работи за дете е разорувачки.  Но, ајде да го споредиме ротавирусот со смртни случаи кои се последица од удари од гром.  Ударите од гром годишно убиваат околу 60 луѓе.  Имате поголеми шанси да умрете од удар од гром отколку од ротавирус. А да не споменувам дека вакцините против ротавирус се даваат на возраст од 2,4 и 6 месеци, во времето кога бебето нема способност да развие антитела против антигенот. Тогаш што со сите смртни случаи во целиот свет?  Тие доаѓаат од истите причини кои ги наброивме кај епидемијата од полио, лоши санитарни услови, лоша хигиена и лоша исхрана. Потреси со заушки Во 2004 год. имаше 350 смртни случаи од заушки.  312 беа од Египет, 2 беа од САД, оставајќи ве со 0.00000065% шанса да умрете од заушки.  Заушките никогаш не се покажале како закана за здравјето и виталноста на американската јавност.  Што се однесува на случаите на заушки, дури и Центарот за контрола на болести (CDC) изјавува, пред вакцинацијата, заушките беа честа болест кај деца, доенчиња и возрасни.” Зошто да се создаде вакцина?  Има голема заработувачка кај вакцините.  Индустријата за вакцини има 4 000 000 потенцијални нови клиенти секоја година кои ќе бидат постојани купувачи се до 18 годишна возраст.  

Абракадабра варичела:

Од 1990-1994, имало отприлика 100 смртни случаи годишно од сипаници вклучувајќи деца и возрасни.  Твојата шанса за смрт од сипаници е 0.000032%. Ќе го преземам ризикот во мои раце со тоа што нема да му ја дадам оваа вакцина на моето дете.  Моја одлука.  Секој мора да го направи она што е најдобро за неговото семејство.  Ако моето дете ги добие сипаниците, а твоето дете е вакцинирано, тогаш ти не треба да се грижиш, нели?  Твоето дете е заштитено. Хепатитис А – дупка Како да се заразите со Хепатитис А? Јадете храна во која некој кој има хепатит А извршил голема нужда.  Не постојат статистички податоци за смртен случај од Хепатитис А, само шанса да се заразите од 0.0098%.  Решението е добри санитарни услови, хигиена и исхрана.  Јадењето надвор е ризик, но сепак, на мој ризик ќе јадам храна подготвена од други луѓе.  Имам поголеми шанси да умрам од удар на гром. HIB-ирање (Hemofilus influenca tip B) Овие серии од 4 боцкања се даваат на 2,4,6 и 12-15 месеци.  Повторно, ако едно бебе неможе да развие антитела до после 6-тиот месец, која е целта да му се дава било каква вакцина порано?  HIB е честа причина за бактериски менингитис.  Ако е бактериски, тогаш еден обичен антибиотик би требало да заврши работа.  Нема потреба да се додаваат уште вакцини кои содржат тешки метали, во системот на децата.

Грип и измамата со H1N1 :

Дали воопшто треба да дискутирам за овие?  Дури и луѓето кои се залагаат за вакцините мислат дека овие се бесмислени. Цената на вистината Последиците од вакцинирањето се далеку поголеми од последиците  од невакцинирањето.  Погледнете го ова германско истражување.  Би сакал некој во САД да  го направи ова.  Веројатно тоа нокогаш нема да се случи бидејќи има премногу пари кои се слеваат во Светата крава на вакцините.  Ако ова се направи во САД, јас ќе додадам стапки на аутизам (1 во 88 или 1,14% шанса).  Тип 1 дијабетес и рак во детски години. Во САД ¼ од децата имаат некаква хронична болест.  Било која нација која го прифаќа нашиот начин на здравствена нега се соочува со слични резултати. istrazuvanje kaj nevakc deca Други последици се не само стапките на хронични заболувања, туку вистинските последици од штетноста на вакцинацијата. Во 1986 год. претседателот Реган ја потпишал Националната одредба за детски повреди од страна на вакцините како дел од јавниот закон (Javen zakon 99-660). На 1 октомври 1988 година, била создадена Националната програма за компензација на штети од вакцини.  Владата исто така го постави и известувачкиот систем за несакани ефекти од вакцините.  Од 1991 година 1.8 билиони долари се доделени на оние оние кои биле повредени од вакцините.  75% од парите биле доделени поради реакции на ДТП вакцината. За да го појаснам мојот став во врска со вакцините, јас не се залагам, ниту некогаш ќе се залагам за почисти состојки во вакцините.  Дури и ако вакцините содржат органски состојки, јас пак ќе одлучам да не вакцинирам.  Јас ќе се залагам и ќе им помагам на оние што се залагаат вакцините да бидат право на избор на родителите, а не државна наредба. Нема да истерам никој од мојата ординација кој одлучил да вакцинира, но ќе им посакам топло добредојде на оние родители кои одлучиле да не вакцинираат и ќе ги примам со раширени раце и топла прегратка. Ќе продолжам да ги едуцирам и поддржувам оние кои едуцираат во време на изборот. Постојат неколку одлични огранизации и доктори кои го прават тоа подобро и повеќе од мене.

Тие луѓе се:

Национален информативен  центар за вакцини

Др. Tim O’Shea

Др. Sherri Tenpenny

Др. Lawrence Palevsky

Лоша исхрана Постојано се навраќам на фактот дека лошите санитарни услови, лошата хигиена и лошата исхрана се причини зошто заразните болести се шират, а вие веројатно се прешувате што мислам под лоша исхрана.  За нашите новороденчиња, мајчиното млеко секако е најздравата и најхранлива опција.  Антителата се пренесуваат од мајката на бебето се додека бебето не почне да создава свои антитела. Знам дека постојат жени кои имаат проблеми со доењето.  Но постојат опции, како што е купување мајчино млеко од други мајки што дојат.  Ова можеби ви звучи одвратно, но генетски гледано далеку позрело е отколку да му давате на детето кравјо млеко, млеко од сосема друг вид . Исто така постојат начини како да си направите сопствена формула, која нема да содржи кравјо млеко, шеќер, вештачки ароми и слично.  Само побарајте на гугл. Но, мајката мора да се храни здраво.  Под здраво не мислам на онаа пирамида на исхрана која ни е наметната од владата, која ги вклучува сите видови на храна кои се субвенционирани од владата.  Зборувам за генетски складна храна.  Прочитајте повеќе во врска со тоа што јас подразбирам под добра исхрана.  Сакам да бидам јасен. Искрено се надевам дека мојот став е јасен.  Очигледно  е дека постојат 2 страни во оваа приказна и јас ја презентирав помалку познатата, одвај понекогаш слушната и на големо игнорирана.  Можете да прочитате и сами да одлучите дали нема да вакцинирате, ќе вакцинирате со дополнителни вакцини или ќе вакцинирате само со еден дел од вакцините.  Тоа мене не ме засега ни малку.  Само потрудете се да ги разгледате двете страни пред да донесете конечна одлука.

автор на текстот: Dr. Kurt Perkins, DC, CCWP

превод: Лидија

табели: Марија

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s