Мајка на оштетено дете од вакцини за срамните случувања денес во Македонија

Image

 

Трагично, или подобро речено мизерно е тоа што “полемиката“ на тема – задолжителна вакцинација на децата – што изминатиов период жестоко се води по социјалните мрежи, откако претходно во медиумскиот простор дотичната тема беше опсервирана со еден, за жал, опширен монолог од страна на надлежните институции (значи со НУЛА “про-контра“ аргументација), не соочи со неколку стамени, а во суштина поразителни факти:
Но ќе набројам само три:
Прво, дека овдешните родители кои се противиме на задолжителното (законски октроирано) вакцинирање сме “неписмени“ (извор: извесен Чакаларовски, претседател на Лекарската комора на Македонија) и дека истите ние, родителите, сме со помалку свест од оние во западноевропските земји (Јованка Косотовска, раководител на секторот за превенција или имунизација во министерството за здравство), каде задолжителната вакцинација е одамна надминат атак. Следствено на ова излегува дека западноевропските медицински работници, на пример Италијаните или Германците, но и нивните институции и законодавци, по однос на вакцинацијата, се далеку понестручни од овдешните македонски, бидејќи дозволуваат вакцинацијата да биде незадолжителна.
Второ, дека задолжителната вакцинација и неспорниот квалитет на вакцините се просто нераскинлив консензулен став на институциите на системот и на лекарската фела, базиран на тврдењата дека – цитирам: “сите вакцини се проверени“ (од кого и каде? – прашувам ), “сеуште сме меѓу земјите лидери со успешна вакцинација “ (зошто? – повторно прашувам), “има многу истражувања кои покажуваа дека вакцините не се штетни“ (има многу истражувања кои покажуваат дека вакцините се штетни – забелжувам)… , освен што има, според погорецитираниот Чакаларовски минимални несакани последици изразени во процентот 0,0001, односно од 10.000 деца на едно може да му се случи пех.
И трето – дека суштината на темата задолжителна вакцинација воопшто не го тангира прашањето на легалитет и легитимитет, а уште помалку ги третира прашањата за поширока елаборација, информираност и едукација. А па тек за сериозно научно и стручно преслушување на правилата и нормите за вакцинацијата и вакцините, наспроти општите констатации дадени во претходниот пасус, ич да не зборам.
Конечно, за темата, според она што експлицитно го порачуваат лекарите, институциите, но и граѓаните приврзаници на задолжителната вакцинација, нема воопшто потреба од дискусија, и точка! Со забелешка дека децата на “секташите“ (како деновиве по социјалните мрежи љубителите на задолжителното вакцинирање милуваат да не етикетираат), доколку останат невакцинирани, треба на училиште или секаде да одат јасно обележени од другите примерно вакцинирани деца. За волја на вистината не се споменува жолтата Давидова ѕвезда, што е и логично бидејќи тој стравичен симбол веќе е “патентиран“ пред седумдесетина години, но кај и да е се ми изгледа дека набрзо ќе се најде некој кој ќе предложи соодветна замена!!!
Е сега, веројатно ќе си речете, што па сега оваа? Е па јас сум родител на дете наречено 0,0001 процент, статистички број според Чакаларовски. Мојот син кој сега ќе има две години (и се разбира има свое име и презиме) како предвремено родено дете, според медицинските правила, со вакцинирањето започна по шестмесечна возраст. Веројатно такви се правилата, па после таа старосна граница до 14 месечна возраст, претпоставувам за да ги стигне нормално родените врсници, динамично беше вакциниран и во неколкуте термини (четири) прими дузина вакцини. Притоа, после секој циклус вакцинирање во рок од седум до десет дена се разболуваше, прво закачи бронхитис, после вториот циклус вакцини – бронхопневмонија, за да на крајот, седум дена по примањето на ММР вакцината добие јувенален дијабетес (инсулин зависен). И од тогаш, од своите 14 месеци до денес тој е дијабетичар. Со оглед дека нема генетски предиспозиции за вакво заболување, јас немам дилема дека ова автоимуно заболување е во директна спрега со вакцинцијата (па макар како иницијална каписла). Се разбира, после тоа престанавме со вакцинирањето и така ќе остане засекогаш.
Иако знам дека мојот син можеби цел живот ќе се бори со таа состојба и ниту еден закон колку и да е добар нема тоа да го промени, чувствувам должност дека мора ова да се обелодени и дека морам да направам се што можам за да спасам некое друго дете на кое може да му се случи слична или не дај Боже пострашна судбина.

Полемики немам намера да водам, кој види – види, кој чуе – чуе. И не плашете се, дијабетесот иако веќе во епидемски размери, не е заразен.

 

Наташа Д.Д.

5 thoughts on “Мајка на оштетено дете од вакцини за срамните случувања денес во Македонија

  1. Edinstven primer ova ne e! Ne znam zosto roditelite na drugite deca se uste molcat, no jas znam za primer na devojce primajki ja preporacanata vakcina protiv cin na matka (koja patem ne bese zadolzitelna, no vo nekoi sredini verojatno se napravil dovolen pritisok i manipulacija deka treba i e dobro da se primi). Devojceto poveke nikogas nema da bide isto – ima cel rez niz abdomenot tokmu kako reperkusija od primenata vakcina.

    • Znači prvo nema Vakcina protiv CIN na matka ima vakcina protiv rak na grlo na matka predizvikano od HPV (Human papiloma virus). CIN I, CIN II ili CIN III se samo stadiumi na razvoj na oštetuvanja na površinata na zidot na matkata. Edno so drugo se nadoplonuvaat no ne se isto. CIN I, CIN II ili CIN III može da ima i nekoj što nema HPV (Human papiloma virus) a ima seksualno prenosliva bolest. Smetam deka treba da se napravi prvo skrining na cela ženska populacija bidejći devojčina na 14-15 godini veće imaat HPV (Human papiloma virus) ili seksualno prenosliva bolest i ožtetuvanjea vo različen stadium CIN I, CIN II ili CIN III. Ako e yaboleno treba da se leči pa posle da e vakcinira. Mesto vakcina treba da se vovede obavezen skrining za HPV.

  2. ne e nitu prvo nitu posledno detence ova i jas sum roditel n adete oteteno o dvakvina posle rimena mmr vakcina posl 20dena dobi napadi i imame dijagnoza eplepsij aod nepoznato poteklo i veke nema sansi da stavam ni edna vakcina licno za mene i moeto dete zboram

  3. Mora da se zasili maximalno osvestuvanjeto na roditelite, za stetnosta na vakcinite i da se napravi zdruzenie na roditeli i luge protiv vakcinomanijata koja nasila ni se nametnuva, so pravnici i zakonski da se obedinime i borime protiv ovaa masonska navala. Niv gi interesira samo profit i da ne nistat i da ne pravat sigurni “musterii” za idnina. A onie zatruenite so vakcini nema sto da se plasat, ta neli se “zastiteni”, nie ke treba da se plasime od niv kako nositeli na razni “kultivirani” virusi.

    • e i jas toa ne mozam da go svatam zosto tie shto resile da si gi vakciniraat se plasat od nevakcinirani deca??? ta neli se “zastiteni”???? mene samo me plasi kakov virus ili bakterija sledno ke izmisat farmacevtite za da si napravat i vakcina posto ke im se namali profitot 😦 i jas sum za!!! toa treba da e pravo na izbor na sekoj roditel dali ke si go vakcinira deteto

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s