Состојки на вакцините и нивните познати нус појави

cropped-7404949.jpg

 

Од неодамна постои голема загриженост во врска со вакцините коишто

им се даваат на децата и несаканите последици коишто тие можат да ги

предизвикаат. Особено нагласена е врската помеѓу вакцините во раното

детство и аутизмот. Оваа статија содржи список на состојки за коишто се

знае дека вакцините ги содржат и несаканите последици коишто тие ги

предизвикуваат.Тоа ќе ви помогне во донесување информирани одлуки, нешто

на што индустријата се противи. Корпорациите коишто се вклучени во

ова, со децении се обидуваат да ги потиснат овие информации. Им

напомнуваме на читателите дека постојат други хемикалии и токсини

коишто не се споменати, бидејќи овој список е направен врз основа на

состојките за коишто јавно се знае. Контактирајте нè ако знаете нешто

што сме пропуштиле. Се чини дека колку повеќе ја истражуваме оваа тема,

толку полошо станува.

Во повеќе наврати е научно утврдено дека

постои врска помеѓу вакцините и аутизмот, а постојат и многу други

состојби коишто се предизвикани од вакцинии коишто допрва треба да се

докажат. Вакцините се наменети да спречат одредени болести. Сепак,

шансите за заболување од овие болести се многу мали и ужасните несакани

последици од вакцините се толку вообичаени, што вакцините

предизвикуваат многу повеќе штета отколку добро. Можноста дека одредена

вакцина, всушност, ќе понуди ефикасна заштита варира помеѓу 35% и 90%,

и речиси сите тие имаат временски ограничено дејство. Во некои случаи,

вакцините ќе ја предизвикаат кај пациентот истата болест за којашто

тие се наменети да понудат заштита. Дали мислите дека тие ќе ја

направат вистинската работа и ќе ве лекуваат бесплатно?

 

Состојка на вакцина: Ткиво од абортиран човечки фетус и човечки албумин

Дали некогаш сте се запрашал екаде завршуваат абортираните бебиња? Сега

знаете. Од здравствена гледна точка, ткивата од друго суштество (не само

од животни) се сè уште туѓи тела, а со самото тоа, се токсични за

организмот. Една пријателски настроена индустрија се фалеше на својата

веб-страница како тоа да е нешто нормално: „Клетките се размножуваат

сами, па нема потреба да се абортираат дополнителни фетуси за да се

одржи обезбедувањето на култура. Вирусите се собираат од диплоидни

клеточни култури и потоа се обработуваат понатаму за да се произведе

самата вакцина“. „Либерти Каунсел“ објави: „Може да се изненадите ако

дознаете дека некои вакцини се добиени од ткива од абортирани фетуси.

Вакцините против сипаници, хепатит А и рубеола се произведени исклучиво

од ткива од абортирани фетуси“.

WI-38
Oваа клеточна култура беше развиена во Јули 1962 г. Од ‘терапевтски абортирано‘ три месечно девојче. WI- е акроним за Wistar Институтот,агресивен поборник во истражувањата од областа на матичните клетки.Изданието на Американскиот журнал за болести кај децата од Август 1969 г објаснува WI-38 примерокот е земен од доброволен абортус направен во Шведска: ‘ Овај фетус беше одбран од доктор Sven Gard посебно за оваа намена (да се користи како култура во производството на вакцини) .Двата родители се познати и за жал во приказната сеуште се сопружници,сеуште се добри и живи,живеат во Стокхолм.Абортусот беше извршен затоа што сметаа дека имаат премногу деца. ‘

MRC-5

Е земен од белодробното ткиво на 14 недели старо момче, МRC e akроним за Медицински Истражувачки Совет,британски истражувачки центар финансиран од британските плаќачи на данок. Според Кориел Институтот за медицински истражувања,‘ MRC-5 kлеточната линија беше развиена во Септември 1966 година од белодробно ткиво земено од 14 недели старо машко бебе абортирано од психијатриски причини од 27 годишна физички здрава жена ‘

Развивањето на рубела вакцината всушност инволвираше не еден туку 28 абортуси, 27 абортуси беа изведени да се изолира вирусот а еден абортус (WI-38) да се произведи вакцината . Вирусот од вакцината е наречен RA 27/3 (R = Рубела, A = Абортус, 27= двадесет и седми тестиран фетус, 3= трето земено ткиво ).
Рубела или германски сипаници е обично безопасна детска болест .Иронично рубелата е најопасна за неродени бебиња кои имаат 20 до 25 % шанса за добивање на конгенитален рубела синдром ако нивните мајки добијат рубела во првите три месеци од бременоста .Научниците од Wistar Институтот ја искористија епидемијата на рубела од 1964-5 година легално да побараат фетусно ткиво од најмалку 27 жени со така наречени терапевтски абортуси изведени над жени ризични за рубела .Пошто живиот вирус не беше откриен се до 27 – миот абортус ,претходните 26 абортуси беа извршени над совршено здрави бебиња .
А како спротивно на пример ,јапонските научници изолираа жив вирус од грлото на заразено дете.

 

Состојка на вакцина: Формалдехид  

Формалдехидот во вакцините се користи како стабилизатор и конзерванс наткивото.

Формалдехидот се оксидира за да стане мравја киселина. Мравјата киселина

е главната состојка на отровот од пчели и од мравки. Во концентрирана

форма, тој претставува корозивна и надразнувачка супстанција. Додека го

апсорбира кислородот од телото, може да доведе до ацидоза,оштетување

на нервите, црниот дроб и бубрезите.

Според Националниот совет за

истражување, помалку од 20%, но можеби и повеќе од 10% од општото

население може да биде чувствително на токсичноста на формалдехид и може

да реагира ако биде изложено на кое било ниво на формалдехид. Според

Фондот за заштита на животната средина, формалдехидот се смета како едно

од најопасните соединенија за екосистемите и здравјето на луѓето. Овие

наоди се за влијанието врз животната средина, а со тоа, опасностите од

формалдехидот вклучен во вакцините се многу поголеми, бидејќи тој се

инјектира директно во крвта.

 

Познати несакани последици од формалдехид се:

• Надразнување на очи, нос, грло и белидробови

• Изострено чувство

на мирис како резултат на променети протеини во ткивото• Анемија•

Апатија• Слепило• Крв во урината• Нејасен вид• Болка• Бронхијални

грчеви• Бронхитис• Изгореници во подрачјето на синусите и грлото•

Оштетување на срцето

• Палпитации и аритмија• Депресија на централниот нервен систем • Промени во повисоките когнитивни функции

Чувствителност на хемикалии • Болки во градниот кош и напнатост•

Хроничен вагинитис; настинки• Кома• Конјунктивитис• Запек• Конвулзии•

Корнеална ерозија • Смрт

• Уништување на црвени крвни зрнца

Депресија• Дерматитис• Дијареја• Потешкотии во концентрирањето•

Дезориентација и вртоглавици• Болки во уво• Егзем• Емоционални тегоби•

Ситести полипи• Замор• Крвав измет• Задушување на фетус

Грип или вообичаена настинка• Често мокрење со болка• Гастритис•

Воспаление на системот за варење• Главоболки• Хемолитична анемија•

Хемолитична хематурија • Засипнатост• Хиперактивно белодробно

заболување• Хиперактивност• Хипоменструален синдром• Зголемена

чувствителност на имунолошкиот систем (алерген)• Нарушување на

вниманието (краткотрајно внимание)• Нарушен капацитет за задржување

внимание• Неспособност за голтање или тешкотии при голтање• Неможност за

помнење зборови и имиња• Непостојани IQ профили• Воспаленија на

репродуктивните органи• Болки во цревата• Неалергиска астма

• Раздразливост

• Жолтица• Болки во зглобовите• Отоци на зглобовите• Болка во бубрезите• Грчеви на мускулатурата на дишните патишта•

Губење на меморијата• Губење на чувство за мирис• Губење на вкус•

Малаксаност• Менструални болки и болка во тестиси• Неправилности во

менструалниот циклус• Метален вкус во устата• Грчеви и болки во

мускулите• Назална конгестија • Појава на красти и воспаление на

слузницата• Гадење• Крвавење од носот• Вкочанетост и трпнење на

подлактницата и врвовите на прстите• Делумно ларингеална парализа•

Пневмонија и пулмонален едем• Намалена телесна температура• Задоцнет

говорен развој • Бучење или трпнење во увото• Симптоми на шизофренија•

Чувствителност на звук• Шок• Краткорочно губење на меморијата•

Недостаток на воздух• Кожни лезии• Кивање• Болки во грлото• Чувство на

дремливост• Тешкотии во говорење• Стерилитет• Отечени крајници• Плачење•

Прекумерна жед• Трахеитис• Трахеобронхитис• Вртоглавица• Повраќање крв•

Повраќање• Отежнато дишење и компликации на белите дробови

 

 

Состојка на вакцина: Жива

„Во вакцините, соединенијата на жива се користат како конзерванси.

Медицинските институции и агенциите за надзор постојано ја игнорираат

токсичноста на живата во областа на вакцините. Живата е вториот

најотровен елемент којшто му е познат на човештвото (втор после

ураниумот и неговите деривати). После 30 минути присуство и изложување

на жива, невроните во мозокот брзо и трајно се распаѓаат. Познато е дека

живата исто така врши промена во хромозомите на телото, што е особено

загрижувачки за оние кои имаат пломби на база на жива (стандарден

„сребрен тип“), бидејќи овие луѓе постојано се полнат со овој

кумулативен отров од испарување на живата, и постои директен контакт во

внатрешноста на устата.). САД знае за потенцијалните проблеми на

Тимеросал (Thimerosal) (конзерванс во вакцините што содржи жива) многу

години. Светската здравствена организација изрази загриженост во врска

со тоа во 1990 година.

Живата е кумулативен отров, а

тоа значи дека телото тешко го отстранува, и дека нивото на жива во

телото во текот на времето значително ќе се зголемува. Во текот на

животот може да се акумулираат огромни количини на жива. За време на

еден стандарден ден на рутинско вакцинирање, новороденчињата понекогаш

ја добиваат истата количина на жива како апсолутен максимум, поставена

од страна на Светската здравствена организација за 3 месеци на

изложување на жива на возрасните.

 

Следниов текст е преземен од веб-страница поврзана со Националниот институт за здравје, каде што детално се образложени последиците од изложувањето на жива:

„Симптоми на високо изложување на оваа класа на соединенија што содржат

жива вклучуваат: афтозен стоматит, катарален гингивит, гадење, течна

столица, болка, нарушувања на црниот дроб, повреди на

кардиоваскуларниот систем и хематопоетскиот систем, глувост и атаксија,

смрт, главоболка, парестезија најазикот, усните, прстите на рацете и

нозете, други неспецифични нарушувања, метален вкус, благи нарушувања на

системот за варење, можна појава на прекумерни гасови и дијареја.

Акутно труење може да предизвика надразнување на системот за варење и

ренална инсуфициенција. Раните знаци на сериозно труење вклучуваат

тремор на рацете, губење на периферен вид, мало губење на координацијата

во очите,говорот, пишувањето и држењето, неможност за стоење или

изведување доброволни движења, повремена атрофија на мускули и грчеви на

флексура, генерализирани миоклонични движења, тешкотии при разбирање

на обичниот говор, раздразливост и прераснување на лош темперамент во

манија, ступор, кома, ментална ретардација кај децата, надразнувањена

кожата, пликови и дерматитис. Другите симптоми вклучуваат хореа,

атетоза, тремор, конвулзии, болка и вкочанетост во екстремитетите,

нефрит, лачење плунка, олабавување на забите, сина линија на непцата,

анксиозност, депресија, несоница, халуцинации и влијанија врз

централниот нервен систем. Изложувањето може да предизвика и

надразнување на очите, мукозните мембрани и горниот респираторен тракт“

 

Познато е дека целосна нетолеранција кон Тимеросал (Thimerosal), конзерванс

којшто се содржи во живата, може да се развие од претходните вакцини.

Вакцините го стимулираат имунолошкиот систем и предизвикуваат

активација. Последиците од живата се различни кај неорганските и

органските соединенија на живата, како и кај соединенија на жива и

метали. Симптомите на невролошка токсичност, предизвикани од соединенија

на живата, се јавуваат со задоцнување после изложувањето, и тие се

толку малку, што ретко кои од овие симптоми ќе бидат забележани во

времето на изложување. Ова ги објаснува долгорочните невролошки симптоми

на тешкотии при учењето и нарушувања во однесувањето за коишто се

смета дека се поврзани со вакцините, а коишто не постоеле кај

претходните генерации.

 

 

 Состојка на вакцина: Антифриз

Антифриз (етилен гликол) е состојка на полио-вакцината. Тој е класифициран како

„многу токсичен материјал“. Помалку од едно мало кафено лажиче со оваа

состојка е доволно да убие куче од 9 кг. Сопствениците на домашни

миленици обично се многу претпазливи во врска со оваа опасна материја,

бидејќи знаат дека само мала количина може да биде фатална. Може само да

си ги замислиме последиците што оваа материја ги има врз човечкото

тело кога се инјектира директно во крвта.

Антифризот може

да доведе до заболување на бубрезите, црниот дроб, крвта и централниот

нервен систем. Многу е штетен и речиси смртоносен ако се проголта.

Последиците вклучуваат нарушувања во однесувањето, дремливост,

повраќање, дијареја, визуелни нарушувања, жед, конвулзии, цијаноза, брзо

отчукување на срцето, стимулација на централниот нервен систем,

депресија, кардиопулмонални последици, нарушувања на бубрезите. Исто

така, може да доведе до проблеми кај црниот дроб и во крвта. Влијае врз

репродукцијата и развојот кај животните вклучени во експерименти.

 

Состојка на вакцина: Алуминиум

Се смета дека е канцероген. Тој е токсичен за кардиоваскуларниот, за

нервниот и за респираторниот систем.  Се наведува како причина за

оштетување на мозокот и се смета дека придонесува за појава на

Алцхајмеровата болест, деменција, конвулзии и коми. Се наоѓа на најмалку

2 списоци на државни регулативи.

 

Состојка навакцина: 2-­фенокси-етанол

Се

смета дека е канцероген. Тој е токсичен за развојот и за

репродуктивниот систем. Тој исто така е и отров што делува на

метаболизмот, што значи дека го попречува метаболизмот на сите клетки.

Тој е примарен фактор во формирањето на канцерогени клетки. Има

способност за оневозможување на основната реакција на имунолошкиот

систем. Тој исто така содржи и фенол (види подолу за објаснување).

 

Состојка на вакцина: Фенол

Се смета дека е канцероген и токсичен за кардиоваскуларниот систем и

крвта. Познат и како карболна киселина, тој е токсичен за развојот за

системот за варење или црниот дроб, бубрезите, нервниот систем, кожата и

сетилата. Се наоѓа на најмалку 8 списоци на државни регулативи.

 

Состојка на вакцина: Метанол

Ова е испарлив, запалив, отровен алкохол во течна состојба.  Во

индустријата се користи како растворувач, и како состојка на антифризот

кај горивото. Во телото се метаболизира во формалдехид (како што е

опишано претходно). И покрај тоа што е вообичаено да се најде во

пектинот којшто е присутен во некои секојдневни овошја, природната

верзија е само во мали количини и не е познато дали во природна форма

предизвикува штетни последици.

 

Состојка на вакцина: Боракс (натриум тетраборат декахидрат)

Традиционално се користи како пестицид и отров за мравки. Се смета дека е токсичен

за кардиоваскуларниот систем или крвта, за ендокриниот систем, за

системот за варење или црниот дроб, и за нервниот систем. Студиите за

стаорци покажуваат дека предизвикува проблем при размножувањето и

намалена стапка на наталитет. Тој е веќе забранет во храната во САД, но

зачудувачки, сè уште е дозволено директно да се инјектира во крвта

преку вакцини. Тој е токсичен за сите клетки и многу бавно се

отстранува преку бубрезите. Најмногу се задржува во бубрезите и за нив е

најтоксичен. Има каскаден ефект, со што предизвикува дегенерација на

црниот дроб, церебрален едем и гастроентеритис.

 

„Една вакцина дадена на бебе со тежина од 2 кг и 700 гр. е еднаква на 30

вакцини дадени на возрасен човек со тежина од 81 кг.во еден ден“.

Д-р Бојд Хели

 

Состојка на вакцина: Глутаралдехид

Глутаралдехид е секогаш токсичен, предизвикувајќи сериозно надразнување на очите, носот, грлото и белите дробови, проследено со главоболки, дремливост и

вртоглавица. Последиците се гледаат во агенсот на хемиското оружје,

познат како нервен гас. Отровен е ако се проголта, и познато е дека

предизвикува оштетувања при раѓањето кај експерименталните животни.

Последиците од директно инјектирање во крвта со цел да се  заобиколи

процесот на голтање се непознати. Честопати се користи за чистење на

медицинска опрема. Познато е дека при несреќи во болници коишто

вклучуваат изложување на животната средина, ги предизвикува следниве

симптоми:

• Надразнување на грлото и белите дробови • Астма,

симптоми на астма и тешкотии при дишењето• Надразнување на нос, кивање и

отежнато дишење• Крвавење од носот• Печење на очи и конјунктивитис •

Алергичен контакт и / или алергиски дерматитис• Дамки на рацете (кафеави

или темни)• Уртикарија• Главоболки• Гадење

 

Состојка на вакцина: Мононатриум глутамат

Мононатриум глутамат е синтетички засилувач на вкусот. Во еден извештај од 1995

година од страна на Федерацијата на американски здруженија за

експериментална биологија, две групи на луѓе биле дефинирани како

нетолерантни на мононатриум глутамат. Овде спаѓаат оние кои јадат големи

количини на мононатриум глутамат (тој се користи во многу видови на

преработена храна како засилувач на вкусот) и оние со „слабо

контролирана астма“. Нашето истражување покажува дека секој може да

страда после внесување на мононатриум глутамат. Во извештајот од 1995

година, Агенцијата за храна и лекови (ФДА), јавно призна дека

мононатриум глутамат ги предизвикува следниве симптоми:• Чувство на

печење во задниот дел од вратот, лактите и градите• Вкочанетост во

задниот дел од вратот којашто се пренесува кон рацете и грбот• Печење,

топлина и слабост во лицето, слепоочниците,горниот дел од грбот, вратот и

рацете• Притисок во лицето или стегање• Болка во градите• Главоболка•

Гадење• Брзо чукање на срцето• Бронхоспазма (отежнато дишење) кај луѓе

со астма нетолерантни на мононатриум глутамат • Дремливост• Слабост

 

Имајте на ум дека ова е мал список (оној со несакани последици којшто го

признава Агенцијата за храна и лекови) и тој не ја зема предвид големата

токсичност на директното инјектирање во крвта. Долгиот список, што е

за 15 пати подолг, вклучува срцеви напади, особено кај младите луѓе со

недостаток на магнезиум. Инјектирањето глутамат во лабораториски

животни резултираше во брзо оштетување на нервните клетки во мозокот.

Мононатриум глутамат спаѓа во посебна класа на хемикалии наречени

екситоксини, за коишто е познато дека директно ги напаѓаат мозочните

клетки. Во 1978 година, беше забранета негова употреба во бебешка храна и

други производи за бебиња на возраст до една година, бидејќи

Американската академија за педијатрија и Националната академија на

науките изразија загриженост. Сега тој повторно се користи во овие

производи, заедно со вакцините.

 

Состојка на вакцина: Соединенија на сулфат и фосфат

Овие соединенија можат да предизвикаат сериозни алергии кај деца коишто

може да траат во текот на целиот живот и трајно да го нарушат нивниот

имунолошки систем.

 

Состојка на вакцина: Амониум сулфат

Ова е уште една канцерогена состојка. Амониум сулфатот се подготвува со мешање на амонијак со сулфурна киселина. Се користи како хемиско ѓубриво за

алкални почви за да се намали нивото на pH на почвата. Во телото, влијае

врз имунолошкиот систем предизвикувајќи ацидоза. • Амониум сулфат е исто така токсичен за системот за варење (црниот дроб), за нервниот и за респираторниот систем.

 

Состојка на вакцина: Гентамицин сулфат

Ова е силен антибиотик којшто често се користи за болести опасни по живот (на пример, пневмонија).

Познати несакани последици:

Грчење на мускули• Вкочанетост • Напади• Зголемен крвен притисок•

Алопеција• Пурпура• Лажен тумор на мозок• Фоточувствителност  •

Краткотрајно надразнување• Печење• Боцкање• Чешање• Воспаление•

Ангионевротски едем• Уртикарија• Везикуларен имакулопапуларен

дерматитис• Мидријаза• Коњуктивална парестезија• Коњуктивална

хиперемија• Неспецифичен конјунктивитис• Оштетувања на епител на

конјунктива• Чешање и отекување на очен капак

• Бактериски / габични корнеални улцери

 

Состојка на вакцина: Неомицин сулфат

При истражување на оваа состојка, ја откривме невротоксичноста на неомицин

сулфатот после орална употреба како антибиотик. Може самода се

запрашаме каква штета предизвикува кога се инјектира директно во крвта

на новороденчиња. Ја спречува апсорпцијата на витаминот Б6, што е

причина за ретка форма на епилепсија и ментална ретардација. Возрасните

пациенти кои примиле неомицин како антибиотик обично се ставаат под

непосредно клиничко набљудување (се хоспитализираат), што значи дека

веднаш може да се интервенира со интензивна нега. Забележани се

невротоксичност и нефротоксичност, како и трајна билатерална

ототоксичност на аудитивниот систем. Понекогаш кај пациенти со нормална

бубрежна функција кои се третирани со поголеми дози од препорачаните

или подолго време од препорачаното, се јавува вестибуларна токсичност.

 

Состојка на вакцина: Три-н бутилфосфат

Ова е уште една канцерогена состојка. Таа е токсична за бубрезите и

нервниот систем. Поопасна е од повеќето хемикалии наведени на 2 од 3

системи за рангирање, се наоѓа на најмалку еден список на државни

регулативи.

 

Состојка на вакцина: Полимиксин Б

Ова е уште еден антибиотик. Лекарите вообичаено го избегнуваат неговото

инјектирање (освен во случај на вакцини), поради огромните болки на

местото на инјектирање, особено кај новороденчињата и децата.

Други познати несакани последици:

• Албуминурија•

Цилиндрурија• Азотемија• Зголемување на нивото во крвта без какво било

зголемување на дозата.• Црвенило на лице• Вртоглавица со прогресија во

атаксија  • Дремливост• Периферни парестезии во делот на устата и

периферниот нервен систем• Апнеа• Знаци на менингеално надразнување со

интратекално администрирање

 

Состојка навакцина: Полисорбат 20/80 емулгатор

Се смета за канцерогена состојка. Познато е дека етоксичен за кожата и

сетилата. Потврдено е дека е канцероген агенс кајживотните.

 

Состојка навакцина: Засладувач Сорбитол

Дијабетичната ретинопатија и невропатијаможат да бидат поврзани со вишокот на

сорбитол воклетките на очите и нервите;при што доведува до слепило. Ова е

уште еднасостојка за којашто се смета дека е канцерогена. Сорбитолот е

токсичен за системот за варење и црниотдроб.

 

Состојка на вакцина: Полирибосилрибитол

Ова е експериментален вештачки засладувач. Всушност, експериментирањето

кај децата е во тек, што значи, без знаење или согласност на нивните

родители.

 

Состојка на вакцина: Бета пропиолактон

Докажана како проверена канцерогена состојка. Токсична е за системот за варење

(црниот дроб), органите за дишење, за кожата и за сетилата. Поопасна е

од повеќето хемикалии, се наоѓа на 3 место на 3 сисеми за рангирање. Се

наоѓа на најмалку 5 списоци на државни регулативи. Се смета за едно од

најопасните соединенија зачовекот.

 

Состојка на вакцина: Амфотерицин Б

Може да предизвика непоправливо оштетување на бубрезите и благо откажување

на црниот дроб. Познато е дека произведува сериозни хистамински

(алергични) реакции. Постојат неколку извештаи за анемија и срцев удар.

„Медикал Маркет Економикс“ (MME) ја дефинира како „лек којшто се

користи за лекување габични инфекции. Поради познатите алергии што овој

лек ги предизвикува, неговата употреба е забранета. Несаканите

последици вклучуваат згрутчување на крвта, промени во крвта ,проблеми

со бубрезите, гадење и треска. При нанесување на кожата, можна е појава

на алергиски реакции“.

 

 

Состојка на вакцина: Ткиво од органи од животни и животинска крв

Палета животински клетки се користат за култивирање на вируси во вакцини, па

ткива од животни и нечистотии се вклучени во формулацијата што се

инјектира. Овие ткива се неупотребливи и токсични за организмот освен

кога нивните протеински материјали се варат за да се создадат

аминокиселини преку консумирање на нормална исхрана. Не постои процес на

варење за инјекции.

 

Инјекциите, исто така, може да содржат многу видови животински вируси (видете го делот „Животински

вируси“). Во животните што се користат спаѓаат: мајмун (бубрези), крава

(срце), теле (серум), пиле (ембрион и јајце), патка (јајце), свиња

(крв), овца (крв), куче (бубрези), коњ (крв), зајак (мозок), морско

прасе, итн.

 

Состојка на вакцина: Големи протеини од надворешни организми

Покрај нечистотиите од животински ткива, постојат и големи протеини коишто се

намерно вклучени и се користат како адитиви (супстанции коишто ја

влошуваат имунолошката реакција со помош на нивната природна

токсичност). Во неколку вакцини се содржи белка од јајце и желатин (или

желатин добиен од избрани делови од кожа на теле и добиток,

деминерализирани коски на добиток и свинска кожа). Во тројниот антиген

(вакцина ДТП) се наоѓа казеин (млечен протеин). Кога се инјектираат,

овие вообичаено безопасни протеини се токсични за организмот. Затоа

имунолошкиот систем „реагира“. Имунолошкиот систем е намерно изложен на

оваа инвазија за да се предизвика неприродна активација на сите овие

состојки. Во иднина, телото ќе стане уште почувствително на овие

супстанции, наместо да станува имуно на нив. Значи, основната премиса на

вакцинирањето којашто ѝ се „продава“ на јавноста е лажна. Ова

објаснува зошто бизарни алергии, како што се интолеранција на лактоза,

јајца и алергии на јаткасти плодови одеднаш стануваат честа појава во

поновата историја.

 

Состојка на вакцина: Латекс

Ја има во вакцината против хепатит Б којашто рутински им се дава на

здравствените работници. Високиот степен на алергии на латекс кај

медицинските сестри се должи на нивната осетливост на латекс поради

големите количини на хемиска гума којашто се инјектира во нив. Овие

вакцини доведуваат до панични имунолошки реакции. Овие медицински сестри

ќе ја имаат оваа алергија засекогаш. Таквите алергиски реакции може да

бидат опасни по животот.

Оваа вакцина сега рутински им се дава на новороденчињата во многу земји, вклучувајќи ги Австралија и САД.

 

Состојка на вакцина: Животински вируси

Некои од овие вируси може да бидат особено туѓи за човечкото тело. Најчесто

документиран и објавен пример е вирусот од мајмун SV40. Овој вирус е

безопасен за мајмуните, но стимулира ретки видови на рак кога се

инјектира во луѓето и предизвикува тумори на мозокот, коските (на

пример, мултипла миелом), белите дробови (мезотелиом), и лимфното ткиво

(лимфома). Вирусот на мајмун SV40 се појави само кај лицата родени во

последните 20 години („Дневник на заразни болести“, септември 1999

година), после долго време откако производителот потврди дека ги

„исчистил“ полио вакцините во коишто е пронајден.Таков е случајот со

починатиот Александар Хорвин, чиишто родители се покажаа негативни на

тестовите за SV40. Затоа, за најновите случаи не може да се рече дека се

наследни од родителите коишто ја примиле вакцината (види www.ouralexander.org). Ова докажува дека производителите повторно тајно го користат.

 

Состојка на вакцина: Човечки вируси

За вирусите од коишто се смета дека вакцината би требало да заштитува, често се

вели дека се „убиени“, „дезактивирани“, или „ослабени“. Ова е мит.

Главниот метод којшто се користи за дезактивирање на вирусите е

третирање со формалдехид, чијашто делотворност е ограничена, па дури и

тогаш, само привремена. Откако течноста се инјектира во телото, телото

го разградува формалдехидот, со што потенцијално се ослободува вирусот

во неговата оригинална состојба. Ова се прави намерно. Во православната

медицинска литература пишува дека овие живи „осакатени“ вируси можат да

се вратат на нивната поранешна вирулентност.

Запомнете дека за вирусите и бактериите коишто се вклучени, од коишто вакцината

би требало да штити, се тврди дека се во „многу мали дози“. Овие мали

дози не се мали за телото, и тие количини се сосема доволни за да

предизвикаат болести. А кога болестите ќе се појават, случаите се

секогаш тешки, а понекогаш и фатални. Во Британскиот медицински дневник

Лансет биле пријавени неколку смртни случаи од вакцина којашто

предизвикала жолта треска. Лице кое е подложно, може да подлегне на

инфекција кога е изложено само на мали дози, особено кога таа се

инјектира директно во крвотокот. Исто така, постојат и други случаи каде

што здрав човек нема да подлегне, дури и кога е изложен на големи дози

од надворешната средина. Патогените не предизвикуваат болести;

појавата на болести и нивото на нивната тежина зависи од начините на

поврзаност помеѓу патогените и домаќините.

Вакцините можеби

не манифестираат очигледна повреда, особено не веднаш, но со оглед на

нивните состојки и познати последици, можат да предизвикаат долгорочно

оштетување на внатрешните органи и на имунолошкиотсистем.

Повеќето симптоми на болест се видливи знаци на обиди на телото самото да се

одбрани од инфекција. Со инјектирање болест, се заобиколуваат многу

значајни заштити во системот за варење и мукозните мембрани.

 

Состојка на вакцина: Микоплазма

Тоа се микроскопскиорганизми на коишто им недостасуваат цврсти клеточни

ѕидови и се сметаат за најмалите слободни живи организми. Многу од нив

се патогени, и еден вид од нив предизвикува микоплазма пневмонија;

којашто интересно, но според медицинскиот речник на Мозби, е забележано

дека се јавува само кај „децата и младите“,  Таа не се наоѓа случајно

во вакцините. Таа е намерно додадена како адитив (за да се зголеми

„реакцијата“ на алергијата на имунолошкиот систем) на вакцината. Со

други зборови, состојките мора да бидат или отровни, или малку биолошки

заразниза да ги активираат реакциите на имунолошкиотсистем.

 

 

Состојка на вакцина: Генетски модифицирани квасни габички

Се наоѓаат во вакцината против хепатит Б. Со оглед на контроверзноста

околу внесувањето генетски модифицирана храна, што мислите, колку е

поопасно нивното директно инјектирање? Кои се последиците во иднина од

овие генетски експерименти врз нашите деца? Познато е дека обични квасни

габички коишто растат во ткивата се основа на безброј болести коишто

можат да траат со години, и во ретки случаи, кога тоа е соодветно

дијагностицирано, се нарекуваат габични инфекции. Прекумерното растење

на габичките директно го напаѓа имунолошкиот систем и ја намалува

способностана телото да може да отстранува отпад, токсини и да апсорбира

хранливи материи. Стандардното лекување со антибиотици, всушност

честопати ги зајакнува овие инфекции на подолг временски период, затоа

што уништува поголем дел од корисната флора, којашто вообичаено го

контролира прекумерното растење на габичките.

 

Состојка на вакцина: ДНК од други организми

Се користи ДНК од животни, вируси, габи и бактерии. Потврдено е дека

инјектирањето ДНК од други организми, или дел од неа, може да доведе до

нејзино вклучување во ДНК на примателот. Ужасните повеќе генерациски

последици на долг рок ја надминуваат нашата имагинација. Иако на некои

луѓе, всушност, може да им е од корист да имаат внуци со три раце, или

со рогови на главата. Се чини дека овие можности се далечни, но сооглед

на стапката со којашто овие состојки се вклучуваат во вакцините,

прашање на време е кога тоа ќе се случи, а не дали ќе се случи. Зборот

„лудост“ е премногу слаб за да се опише тоа.

 

Пролог

Човечкото тело

никогаш порано не почувствувало таква директна инвазија. Се надеваме

дека пред да ги вакцинирате вашите деца, ќе го имате предвид овој список

и несаканите последици на вакцините. Имаме силни причини да веруваме

дека севкупно, и општо земено, ризиците од ужасни долготрајни несакани

последици во голема мера го надминуваат ризикот од болестите коишто

вакцините треба да ги спречат.Човечката крв треба да биде, и досега

беше неверојатно стерилна. Практично во крвотокот немаше присуство на

бактерии или организми. Со толкавата распространетост на вакцините, тоа

веќе не е случај. Спротивно на она што ни се кажува, тие наместо да го

зајакнуваат, драстично го ослабуваат имунолошкиот систем. Во

Соединетите Американски Држави, вакцината против хепатит Б на детето му

се дава на денот на раѓање, со што честопати го ослабува неговиот

имунолошки систем за цел живот. Неговото малечко тело за првпат се

навикнува на микроорганизмите околу него, и треба да има силен

имунолошки систем за да не влијаат врз него.

 

Иако вакцините се задолжителни во САД, сите држави во моментов нудат

исклучоци на религиозна основа, а некои држави нудат и исклучоци на

филозофска основа и медицинска.

 
Превод: Габриела Н.  и Билјана В.Б.

Напомена: сите податоци можат да се проверат на официјалните страни од самите произведувачи!

http://www.cdc.gov/vaccines/pubs/pinkbook/downloads/appendices/B/excipient-table-2.pdf

Advertisements

6 thoughts on “Состојки на вакцините и нивните познати нус појави

  1. Ne sum procital tolku golemi gluposti na tolku mal prostor. Pa vakcinite se okolu 2 -3 ml tečnost koja se dava oralno ili muskulno. Koja treba da e koncentracijata na koja i da e komponenta za da bide tolku otrovna. I jas sum roditelite da odlučuvaat dali će go vakciniraat svoeto dete ili ne, No i vo edniot i vo drugiot slučaj sekoj da si snosi odgovornost i zdravstvo ako ima nesakani efekti a i roditelot ako zaboli da si go leči deteto na svoja smetka a ne na smetka na fondot.

    • A sto ako se utvrdi deka dete ostanalo tezok invalid ili nesto se razbololo od vakcina koj treba togas da ja snosi odgovornosta i koj treba togas da plaka. Imam dete sto ima posledici za cel zivot od vakcina, vo nas slucaj se e evidentirano ispitano i zavedeno uredno, tocno se znae koga i sto se sluci. Do sega imam potroseno nad $30.000 bez da doviam skrsena centa nazad. Koj e sega odgovoren za negoviot tretman???

      • Mnogu mi e žal Viki. Pa jas toa i go velam. Sekoj da si snosi odgovornost za svojata postapka. Ministerot, doktorot ili koj i da e od Ministerstvoto koi ja garantiraat efikasnosta na vakcinata (uvoznik na vackcini, Biro za lekovi, Institut za ispituvanje na lekovi). Pred primanje na vakcinata, roditelot dokolku saka deteto da bide vakcinirano da popolni formular vo koj Ministerot će garantira deka nema da se slučat nikakvi nus pojavi kako posledica od primenata vakcina. Ako roditelot i pokraj vakvata garancija na državata odbie da go vakcinira deteto togaš toj ja prezema odgovornosta za nevekciniranjeto. Edna moja prijatelka (sega ima 30 godini) od obična inekcija kako bebe ostanala traen invalid. I povredile nerv na desnata noga i sega i e taa noga pokratka, i ne može da ja kontrolira. Nikoj ne snosel odgovornost. Za žal.

    • Го прочитавте ли вие тектот до крај ? Го видовте ли вие оригиналниот извор со сите наведени состојки ?
      И здравството НЕ СНОСИ никаква одговорност за вакцинацијата,во тоа е проблемот,ако нас државата не ПРИСИЛУВА на вакцинација а не сноси одговорност НИКАКВА за истата,кој е тој што треба да сноси одговорност ? Ако е родителот тогаш родителот треба да избира дали неговото дете сака да добие сипаници или аутизам !

    • 2,3 ml da ti gi dadat tebe(na vozrasen) nema da imas gajle,a kaj bebe ete vo mojot slucaj od 2.7 kg ??!???
      toa so nikoj ne snosi odgovornost e mozebi najgolemiot problem.site slucai da se evidentirat i pokazat kako so treba site neznam dali taka normalno ke se gleda na vakciniranjeto,

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s