Смртоносната НЕВОЗМОЖНОСТ за колективен имунитет со вакцинација – Dr. Russell Blaylock

Image

 

Истражувачите забележуваат еден опасен тренд во САД, како и во остатокот од светот, каде многу влади на различен степен прибегнуваат кон присилна вакцинација на населението. Мојата држава, Мисисипи, го има еден од најстрогите закони за ослободување од вакцинација, кој вели дека исклучок може да се дозволи само по медицинска препорака. Иронично, ова е така само на хартија, бидејќи многумина имаат по три лекари, некои експерти за невролошки пореметувања предизвикани од вакцини, обезбедуваат писмени потврди за изземање од вакцинација, само за да ги смират инспекторите за јавно здравство.

Уште полошо е во државите како Масачусетс, Њу Џерси и Мериленд, каде принудната вакцинација е или овластена од страна на судот или законодавната власт, или пак, ваквата процедура е во тек. Сите овие политики наликуваат на политиките кои ги водат држави како социјалистичката империја или пак, комунистичка Кина.

Кога се пражуваат инспекторите за јавно здравство за легалната оправданост на ваквите драконски мерки кои ги принудуваат луѓето да ги прифатат вакцините кои ги сметаат како опасност за себе и своите најмили, или во најмала рака имаат лично искуство со сериозни нуспојави од истите вакцини, скоро секогаш одговорот е ист и се повикуваат на заштита на населението.

Разгледувајќи ја оваа тема се наметнуваат неколку прашања. Прво, ако вакцините се толку ефективни, како што инспекторите за јавно здравство тврдат дека се, тогаш зошто некој воопшто би се плашел од оние невакцираните? Очигледно е дека вакцинираните би имале најмалку 95 процентна заштита. Нивниот вообичаен одговор е дека „мал“ процент  од вакцинираните не би ја добиле потребната заштите и понатаму би биле изложени на ризик. Сега, доколку тие признаат, како што литературата тврди, дека неуспехот на вакцинациите е поголем од оние 5% кои тие ги напоменуваат, треба да се соочат со следното прашање – тогаш зошто кој било би се вакцинирал ако постои голема можност дека вакцината нема да го заштити?

Во натамошните дискусии, медицинските работници се повикуваат на нивното омилено оправдување, „Светиот Грал“ на вакцините – колективниот имунитет. Овој концепт е базиран на идејата дека 95% (некои велат дури и 100%) од популацијата мора да се вакцинира за да се избегне епидемија. Процентите на кои им е потребна вакцинација прогресивно растат. Се занимавав со ова прашање долго време пред да дојдам до одговорот. Колективниот имунитет е воглавно мит и се однесува единствено на природниот имунитет т.е. на самата инфекција. I

Дали колективниот имунитет е реален?

Во оригиналниот опис на колективниот имунитет, заштитата на населението во целост е возможна само ако луѓето се заразени со инфекции по природен пат. Причината за ова е фактот што природно-стекнатиот имунитет трае цел живот. Поборниците за вакцинација брзо се закачија на овој концепт и прибегнаа кон стекнување на имунитет преку вакцини. Но тука постои еден огромен проблем – имунитетот стекнат преку вакцина трае за релативно краток период , од две до десет години најмногу, а потоа тоа се однесува само на хуморалниот имунитет. Затоа тие започнаа да сугерираат на појачување на повеќето вакцини, дури и за вообичаените детски инфекции како сипаници, заушки и сл.

Тогаш се соочуваат со нов уште поголем проблем, појачувањата траат само две години, некои и помалку. Затоа денес гледаме се повеќе млади кои одат на факултет и имаат многу поголем број на вакцини, па дури и оние кои гарантираат доживотен имунитет како MMR. Истото е предложено и за повозрасните луѓе. Иронично, никој од медиумите или од медицинарите не се запрашуваат што се случува. Тие само го прифаќаат она што мора да биде сторено.

Дека колективниот имунитет индуциран или создаден преку вакцина е само мит, може да се докаже на многу едноставен начин. Кога јас бев студент по медицина, не учеа дека сите детски вакцини траат цел живот. Ова мислење постоеше повеќе од 70 години. Скоро се откри дека повеќето од овие вакцини ја губат својата ефикасност 2-10 години откога се примени. Тоа значи дека најмалку половина од населението немале имунитет стекнат преку вакцина против ниту една од овие болести за кои претходно биле вакцинирани. На кратко, барем 50% од населениете е незаштитено со децении.

Ако ги слушаме мудростите на денешницата, сите сме подложни на ризик од масовни епидемии и степенот на ефикасност на вакцините треба да падне по 95%. Сепак, сите ние живееме барем 30 до 40 години со 50% или помалку од целата популација која нема соодветна заштита. Тоа значи дека многу долг период колективниот имунитет не постои па сепак не се случило заживување на епидемиите. Имунитетот стекнат преку вакцина е лага користена за да се заплашат докторите, инспекторите за јавно здравје, медицинскиот персонал и јавноста, се со цел да се прифати вакцинацијата.

Кога ја истражувавме научната литература, дојдовме до податоци дека за многу од вакцините заштитата е од 30 до 40 %, што значи дека 60-70% од населението е без заштита од вакцина. Повторно, тоа значи дека со стапка на ефикасност на вакцината од 30-40% во комбинација со фактот дека повеќето луѓе ја загубиле својата имунолошка заштита во рок од 2-10 години од кога се вакцинирале, повеќето од нас се без магичниот 95% број потребен за колективен имунитет. Ова е причината зошто поборниците за вакцинација инсистираат на тоа дека вакцините имаат 95% ефикасност.

Без мантрата за колективниот имунитет, овие луѓе задолжени за јавното здравство не би можеле да ја оправдаат задолжителната масовна вакцинација. На оние кои се сомневаат во моите изјави дека колективниот имунитет е мит, најчесто им давам едноставен пример. Кога студирав медицина, пред скоро 40 години, не учеа дека вакцината против тетанус трае за цел живот. Тогаш 30 години подоцна откривме дека таа заштите не трае повеќе од десет години. Потоа ги прашувам дали тие некогаш виделе случај на тетанус? Повеќето од нив не виделе. Тогаш им велам да ги погледнат претходните записи за инфекции од тетанус – а тие не согледуваат некое поголемо зголемување на оваа болест.Истото може да се каже и за сите останати детски инфекции како сипаници и сл. Сето тоа беше и е само мит.

Целиот случај за присилната масовна вакцинација почива врз овој мит и е многу важно да се докаже невистинитоста на оваа идеја. Neil Z. Miller, во неговата најнова книга Прирачник за информации за вакцини, обезбедува доказ дека колективниот имунитет е мит.

Патот до пеколот е поплочен со добри намери

Оние кои се залагаат за задолжителна вакцинација за постојано растечката листа на болести се комплетно измешани. Некои се сосема искрени и навистина сакаат да се подобри здравјето во САД. Тие веруваат во митот за колективниот имунитет создаден преку вакцините и исто така веруваат дека вацините се ефективни и безбедни. Тоа не се зли луѓе.

Голем дел од нив се луѓе со колективистички поглед на светот и себе си се гледаат како јадро на елитата на мудри мажи и жени кои треба на нам останатите да ни кажуваат како да се однесуваме во сите аспекти од нашето постоење. Во нас гледаат неуки стада (говеда) кои не се во можност да ги разберат нивните планови за Америка и светот. Како деца, нас треба да не натераат да си го земеме лекот – бидејќи, според нив, ние немаме концепт за вистинската корист од медицината со лош вкус, со која треба да не хранат.

Исто така пронајдов мал број на луѓе во регулаторните агенции и одделите за јавно здравство кои сакаат да зборуваат но се премногу исплашени и им се заканува отказ или уништување на кариерата, па мора да останат тивки. Што се однесува до медиумите, тие воопшто немаат поим што се случува.

Дознав дека „новинарите“ (имаме многу малку вистински новинари овие денови) реткот разбираат за што известуваат и секогаш се потпираат и им веруваат на луѓе кои се на позиција на службена должност, дури иако тие луѓе се неквалификувани да дебатираат на темата. Повеќето од нив трчаат до центрите за контрола на болести или медицинските универзитети во потрага по одговори. Не можам да ги избројам сите моменти кога сум видел директори на универзитети како се интервјуираат кога е очигледно дека тие немаат никакво знаење за темата на која се дискутира. Некои од професорите ја користат можноста за да се појават пред камера или да бидат цитирани во весник.

Исто така мора да се има предвид дека ваквите репортери и уредници се под огромен економски притисок, бидејќи производителитена вакцини често се најголемите огласувачи во сите медиуми и од таа едноставна причина – тие ја контролираат содржината. Голем број на одлични приказни со медицинска содржина се спинувани секој ден. Тоа значи дека ние секогаш ќе бидеме прикажувани на помали независни  медиуми.  И иако ваквите медиуми имаат високо квалификувани новинари, сепак имаат помала публика. Но и покрај сето ова ние сепак имаме огромен ефект врз дебатите.

 

Со будењето на јавноста, колективот станува очаен

John Jewkes во својата книга Ordeal by Planning забележува како британските колективист започнуваат да ги согледуваат спротивставеностите на нивните грандиозни планови, тие стануваат се по очајни и поагресивни во нивните реакции. Тие иницираат кампања за оцрнување на нивните противници и префрлајќи го секој неуспех на оние кои не се сакаат да го прифатат диктираниот план без ниту едно прашање. Многупати сме сведочеле на дебати во кои противниците се именувани како чудаци, неедуцирани, збунети, непријатели на јавниот мир – омилената фраза на Сталин „непријател на народот“.

Овој очај се темели на стравот дека јавноста наскоро може да се потпре на фактот дека целата програма за вакцини е базирана на глупост, страв и измислени сказни. Еден од најголемите стравови за нив е јавноста може да го открие фактот дека повеќето вакцини се контаминирани со голем број на познати и не толку познати вируси, бактерии, вирусни фрагменти и ДНК/РНК фрагменти. И, понатаму, дека науката покажува дека овие загадувачи можат да водат до бројни бавно-развивачки дегенеративни болести, вклучувајќи дегенеративни болести на мозокот. Сето ова многу ретко се дискутира но е од огромна важност за оваа дебата.

 

автор:Dr. Russell Blaylock 

Извор:

vaccinationcouncil.org/2012/02/18/the-deadly-impossibility-of-herd-immunity-through-vaccination-by-dr-russell-blaylock/

Превод: Маја

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s