5-те моќни психолошки трикови кои вашиот доктор ги користи за да го вакцинира вашето дете

Image

 

Психолошки трик бр. 1 – Моќта на авторитетот

Психолошки трик бр. 2 – Предизвикување на чувство на вина и срам кај родителите

Психолошки трик бр. 3 – Чувство на итност

Психолошки трик бр. 4 – Страв од губење

Психолошки трик бр. 5 – Давање на надеж

 

Ако некогаш сте биле во ординација со детето, тогаш знаете на што мислам.  Докторите се познати по примената на психолошки притисок на родителите кои поставуваат прашања за вакцините.  Можеби веќе и сте го осетиле тој притисок?  Еве тука неколку трикови со кои се служат докторите и неколку сугестии како со нив да излезете на крај.

Психолошки трик бр. 1 – Моќта на авторитетот

Еден од најмоќните трикови.

Докторите се на позицијата на авторитет – тие оделе на медицински факултет (а не вие).  Самиот тој факт ги става во единствена позиција, а вие плаќате за нивниот совет.

Општеството во целина претпоставува дека докторот ја знае апсолутно најдобрата информација за вашето здравје – а особено за вакцините.  Докторите често ја повторуваат информацијата која ја добиле од CDC – (Центарот за контрола за болести) и  FDA (Food and Drug Administration )

Претпоставката на докторите е следнава: Ако FDA одобрува лек, а CDC го препорачува, мора да е сигурен.  Можеби не слушнале за  100.000  случаи на СМРТ секоја година од истите (од FDA одобрени) лекови? [1]

Некои доктори одат во крајности и ја злоупотребуваат својата моќ на предаторски начин.  Природата на нивниот авторитет личи на силеџиско однесување.

Треба ли нив да ги слушате во врска со вакцините?  Сепак, ТИЕ, носат бел мантил.

Што можите да направите …

Сфатете дека докторите немаат толкаво знаење ниту искуства со вакцините колку што мислите вие.  Латинскиот збор за доктор е “docere”, што значи да подучува.  Дали , вашиот доктор, ве учи како да изградите подобро здравје, или ја користи својата позиција за да ве убеди да го вакцинирате вашето дете?

Докторите имаат толкава моќ, колку што ВИЕ ИМ ДОЗВОЛУВАТЕ – тој или таа не можат да гарантираат дека вакцината ќе делува, ниту да ви дадат гаранција дека е сигурна.

Моќта е ВО ВАС!  На вас е изборот да кажете  “ДА” или “НЕ”!

 

Психолошки трик бр. 2 – Предизвикување на чувство на вина и срам кај родителите

Втората тактика е да направат родителот да се осеќа лошо дури и само затоа што поставува прашања за вакцините.

Ова е многу моќна психолошка тактика особено кога е комбинирана со силата на авторитетот, и тоа кога сте еден – на – еден.

Примери на изразување на вина и срам:

Докторите и медицинските сестри им зборуваат сурови работи на родителите кои поставуваат прашања за вакцините или не ги вакцинираат своите деца, како што се:

–          Вие сте паразит за општеството

–          Вие сте неодговорни

–          Вие сте лош родител

–          Вие не сте доктор

–          Вашето дете нема да може да оди на училиште ако не е вакцинирано

–          Вашето дете ќе умре без вакцините “кои спасуваат живот”

–          Вие го загрозувате “колективниот имунитет”

–          Го добивате доброто од вакцината и не плаќате цена

–          Вие сте “интернет мајка”

–          Вие не ја разбирате науката

–          Не се грижите за здравјето на вашето дете, ниту за неговата иднина

–          Вашето незнаење ќе доведе до тоа да ни се вратат болестите

 

Што можите да направите …

Разберете го ваквото однесување, точно онака како што и е:  форма на пасивно – агресивно однесување кое доаѓа од несигурноста на докторот.  Тоа е чиста емоција.

Многу мајки сами одат со своите деца на контрола.  Вашиот сопруг или некој добар пријател, кој ја поддржува вашата одлука, нека доаѓа со вас во ординацијата кај докторот.

Еве некои прашања што може да му ги поставите на вашиот педијатар.  Се разбира, користете го сопственото расудување:

  •          Можете ли, ве молам, гласно да го прочитате и заедно да го видиме составот на вакцината која сакате да му ја дадете на моето дете?
  •          Како комбинацијата на тие состојки ќе го направи моето дете поздраво?
  •          Ако се вакцините делотворни, како моето дете ќе претставува закана за вакцинираните деца?
  •          Ако вакцините се делотворни , која е поентата на ревакцинацијата?
  •           Бидејќи секое дете биолошки се разликува, како ќе знаете кога вакцините делуваат, а кога не?  Како го проверувате тоа?
  •          Кои научни тестови треба да се направат пред  и по вакцинацијата, за да се исклучи  дека моето дете има негативни реакции на вакцината?
  •          Ако на моето дете му вбризгате повеќе вакцини одеднаш, и ако има реакција, како ќе знаете која од вакцините ја предизвикала реакцијата?
  •          Можете ли да ми покажите студии за безбедност кои го прикажуваат ефектот од инјектирање повеќе вакцини одеднаш?

Запомнете:   Вашиот доктор, веројатно , нема да ги знае одговорите на овие прашања и ќе ви се налути.  Ако се разбесни, можете веднаш да го осетите психолошкиот трик бр. 4 !!!

 

Психолошки трик бр. 3 – Чувство на итност

Ако не сте подготвени, овај третиот психолошки трик ќе ве фати на изненадување.  Еве како … кога сте во ординацијата на докторот, во породилна сала, собата за итна помош итн. докторите ќе ја користат таа ситуација, со јазик полн со емоции – за да го вакцинираат вашето дете.

Едно предупредување: Медицинските сестри можат да бидат многу агресивни.  Тие можат, после раѓањето на бебето секоја ситуација да ја искористат и да му вбризгаат вакцина, без прашување.

Пример на чувство на итност:

Еден од најшокантните примери ми го кажа една познаничка.  Да ја наречиме Енџи… Детето на Енџи скоро сосема си го отсече прстот во незгода која му се случила дома.  Така, со “прст кој виси” и потреба тоа да се среди, докторот во собата за итна помош почнал да врши притисок на мајката за да го вакцинира детето на лице место!  Аке детето не ја добиело баш таа вакцина и баш тогаш, би било во опасност да добие  “болест опасна по живот”. Можете ли да поверувате? Но , таа  “цврсто стоела на земја” и му кажала на докторот дека на нејзиниот син му е веќе доволно и ова низ што врви.

Што можете да направите …

Зошто морате да добиете вакцина на лице место? Ако поставувате прашања и сакате да дознаете повеќе за токсичните хемикалии и опасните биолошки агенси кои се вбризгуваат во вашето дете, треба да имате право на тоа .

Препознајте дека вашиот доктор користи јазик набиен со емоции. Еве неколку клучни психолошки трикови за  кои треба да бидете свесни кога вашиот доктор зборува за вакцините:

  •          Зборува за вакцините како “спасители на живот”.
  •          Зборува дека вакцините се “безбедни и делотворни”.
  •          Зборува дека со вакцините”нема ризик” или “ризикот е многу мал”.
  •          Користи зборови како  “смрт”, “ослабнување” и “смртна болест” додека зборува за  “болестите кои се спречуваат со вакцина”.
  •          Ги користи зборовите “вакцини” и  “имунизација” наизменично, како да немаат исто значење.

 

Психолошки трик бр. 4 – Страв од губење

Стравот од губење на педијатрите им е најомилен.

Оваа релативно нова тактика се вика  “отпушти го својот пациент” и потекнува од Американската Академија на Педијатри.  Еве како функционира овај трик:

Ако родителите прашуваат за вакцините или што мисли докторот за вакцините, докторот на родителот што прашува му вели дека повеќе не сака да биде нивен матичен доктор.

Методот дејствува екстремно добро затоа што мајката ја става во стресна ситуација која се базира на страв.  Таа мора да го вакцинира детето на лице место или ќе го изгуби својот доктор. За среќа, постојат одговори  и ова е само уште една тактика за манипулација.

Пример за страв од губење:

Ова е измислен разговор помеѓу доктор и пациент, а инспириран е од коментар оставен од Shawn Siegel  на една статија и прекрасно ја илустрира поентата.

Педијатар:  Го измеривме и го прегледавме вашето бебе. Сега ќе дојде сестра со вакцините.

Џени:  Пред да дојде, може ли да ве прашам неколку работи во врска со вакцината? Малку сум загрижена.

Педијатар:  Се разбира. Што ве загрижува?

Џени:  Малку истражував за составот на вакцините и …

Педијатар:  Каде ги баравте информациите?

Џени:  На интернет …

Педијатар:  Не може да верувате во сѐ што ќе прочитате на интернет. Таму има многу лоши информации. Состојките на вакцината се во толку мали количини и нема причина да се грижите.  Зарем мислите дека FDA и CDC би дозволиле било што штетно да биде ставено во вакцините?

Џени:  Не знам – синот на мојата соседка стана аутистичен откако го вакцинираа. Таа се колне дека тоа е од вакцината и …

Педијатар:  Вакцините не предизвикуваат аутизам! Тоа е научно докажано. Вакцините кои спасуваат живот – заштитуваат.  Неодговорно е да не го вакцинирате вашето дете. А сега, ако немате други прашања, ќе ја повикам сестрата.

Џени:  Зарем сите тие вакцини одеднаш? Може ли мојот син денес да добие само една? Би сакала да ги истражувам и тие останатите вакцини пред да ги прими сите одеднаш. Разбрав дека можиме да направиме  алтернативен календар.

Педијатар:  Немаме повеќе за што да разговараме. Ако не го заштитите своето дете по препорачаните насоки, ќе ве замолам веднаш да ја напуштите мојата ординација.  Ако вашиот син умре од смртоносна болест која може да се спречи со вакцина, јас тоа не сакам да го носам на моја совест.

Што можите да направите …

Прво, бидете свесни за своите опции! Што прават педијатрите? Го мерат вашето бебе – и го вакцинираат!  Дали ве учат како да го храните или како здраво да живеете? Дали сте се обиделе да го прашате педијатарот да ви даде препорака за исхрана? Ако одговорот е не или не мислите така …читајте понатаму.

Ние го “отпуштивме” нашиот педијатар кога сфативме што всушност тој работи. Сега го посетуваме “пријателскиот” матичен доктор, киропрактичар, нутриционист, натуропат …

Dr Robert Мendelson напиша фантастична книга за да помогне да ги надмините вашите стравови и грижи, со наслов “Како да подигнете здраво дете и покрај вашиот доктор”.

 

 

Психолошки трик бр. 5 – Давање на надеж

Докторите ги ставаат вакцините во рамка на  “превентивни мерки” , а комплетно ја игнорираат важната улога на подобрата исхрана, чувањето на храната, санитарно – хигиенските услови … кои  одиграа голема улога во намалувањето на болестите.

Тие сакаат да верувате декасо вбризгување на вакцини со формалдехид, алуминиум, МНГ и вируси одгледани на животински ткива, може да се спречи вашето дете да добие некоја болест.

Тоа всушност е давање на лажна надеж.  Еве зошто …

Докторите применуваат ист “одговор” (вакцини) за секое дете, очекувајќи ист резултат.  Родителите знаат дека секое дете не е биолошки исто – го знаат ли тоа и докторите?

Пример за давање на лажна надеж

Ќе ја слушните омилената споредба на вакцините со појасите во автомобилот.  Докторите ќе ви речат дека ако се вакцинирате тоа ќе ве спаси како и појасот во колата – ако доживеете сообраќајна несреќа.

Тие велат, вакцините работат на ист начин – ве штитат од секоја идна “несреќа”.

Тука е остатокот од приказната …

Што можите да направите …

Изгледа здраворазумски и заслужува често да го повторуваме: доброто здравје не доаѓа од врвот на иглата!   Да ја продолжиме аналогијата со појасите.  Безбедносни појаси не се носат само еднаш или двапати. За да бидат ефективни , мора да “се врзите” секој пат кога седнувате во автомобил. Слично на тоа, доброто здравје ја бара вашата редовна грижа.

Еве неколку совети што можете веднаш да ги превземитеи да го  “врзувате својот појас” секој ден:

–          Мијте ги рацете 5-6 пати на ден – особено после одење во тоалет или пред приготвување на храна.

–          Употребувајте чиста вода за пиење

–          Јадете или цедете органски, сировиовошја и зеленчук

–          Правилно да ја чувате и да ја подготвувате храната

Еве некои од моите омилени извори:

Истражувајте каков ефект има исхраната врз болестите . Барајте ги овие две имиња: Francis Pottenger и Weston Price.

Видете колку е важно миењето на рацете за намалување на болестите: 1847 by Ignaz Semmelweis. http://en.wikipedia.org/wiki/Ignaz_Semmelweis

Лошото чување и припремање на храната може да биде голем извор на болести.

Читајте написи на NaturalNews.com и Mercola.com.

Ви препорачувам книги за вакцини од :Dr. Tenpenny, Dr. Tim O’Shea, и Neil Z. Miller.

Линк за повеќе од 97 книги за вакцините  http://vactruth.com/vaccine-books

И на крај, важно е да ги знаете вашите права и законите во вашата држава на основа на кои ќе можете да барате ослободување од задолжителната вакцинација .

 

ЗАКЛУЧОК

Докторите ги форсираат вакцините – и многу од нив користат или комбинација или сите психолошки трикови кои се споменати погоре. Некои од нив се свесни за својата манипулација – и наивните родители се уште поранливи на овој притисок.

И на крај, единствен начин да не влијаат на нас ваквите трикови е да бидеме информирани – читајте книги и внатрешни упатства од вакцини.  Информациите ќе ви дадат доверба и храброст за да се спротивставите на емоционалните доктори.

Не ги наведов сите трикови – така, ако знаете уште некој или имате сопствена приказна која сакате да ја поделите – слободно поделете ја со нас.

 

 

Превод:Светлана
Извор: http://vactruth.com/2012/12/18/5-powerful-psychological-triggers/

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s