Докторите ги МЕНУВААТ имињата на болестите кога вакцините доживуваат фијаско

 

Image

Лекарите во светот се соочуваат со деца кои заболуваат од болести против кои биле вакцинирани. Наместо да постават коректна дијагноза за тие деца, експертите откриле дека лекарите им даваат нови имиња на гореспоменатите болести. Ова укажува дека се прави прикривање и дека вакцинациите за кои на сите нас ни е кажувано дека се безбедни и ефикасни се всушност сосема бескорисни.

Вакцинациите сега се спроведуваат на деца за да ги заштитат од секоја болест која му е позната на човекот. Се чини дека постои вакцинација за сè, од детска парализа па се до скршен нокт на прст. Сепак, многу експерти сега веруваат дека вакцините всушност предизвикуваат болести што би требало ги спречат.

Се чини дека тие би можеле да бидат во право, бидејќи штотуку е објавена веста дека 47.500 деца во Индија во 2011 година се парализирале после нивното вакцинирање со вакцините против детска парализа. Според д-р Jacob, член на националната техничка советодавна група за имунизација и на работната група во врска со регулативата за храна и лекови, во 2011 година по вакцинирањето со вакцините против детска парализа, биле парализирани нови дополнителни 47.500 деца што претставува бројка која е над стандардната стапка на случаи на заболување од 2 деца на 100.000 кои се не-полио AFP (акутни флацидни парализи). (1)

Д-р Viera Scheibner е експерт кој не би бил воопшто изненаден на горенаведените бројки. Таа веќе подолго време цврсто верува спротивно на верувањето дека вакцините спречуваат децата да се разболат, односно е убедена дека истите предизвикуваат децата баш да се разболат од болести против кои тие се вакцинирани. Таа најдобро го објаснува ова во нејзиното исклучително добро напишано писмо објавено неодамна во списанието British Medical Journal (BMJ). (2) Нејзиното писмо на темата за вакцинирањето против детската парализа содржи извонредни истражувања и отвора огромни прашања и полемики кои ќе биде тешко фармацевтската индустрија да ги игнорира. Во одговор на една статија со наслов “Искоренување на детската парализа: комплексен крај на играта – Искоренување на детската парализа со вакцинација,” таа пишува:

 

“Искоренување на детската парализа со вакцинација?

 

Дозволете ми да цитирам некои оригинални првобитни медицински истражувања.

Anderson et al. (1951) во неговата статија “Полиомиелитисот (детската парализа) се појавува после антигените инекции” (Pediatrics; 7(6): 741-759) напишал: “Во текот на минатата година неколку истражувачи објавија појава на полиомиелитис по неколку недели од инјектирањето на некои антигени. Мартин во Англија истакнал 25 случаи во кои парализата на еден екстремитет се случила во рок од 28 дена од денот на инјектирање на антигени во тој екстремитет, а два случаи после пеницилински инјекции.”

 

Таа продолжи:

 

“Geffen, проучувајќи 1949 случаи на полиомиелитис во Лондон, забележал 30 пациенти кои добиле антиген во рок од четири недели, истакнувајќи дека парализирани биле оние екстремитети во кои била дадена инекцијата.“

Д-р Scheibner дава многу примери на докази кои се истражувани и истите покажуваат дека вакцинациите предизвикуваат случаи на парализа и детска парализа веќе многу години.

Таа може да биде во право, бидејќи се појавиле проблеми уште во почетокот на вакцинацијата против детска парализа.

Во 1954 година, за време на тестирањето, д-р Bernice Eddy (3) стана многу загрижен по вакцинирањето на 18 мајмуни со инактивирана вакцина против детска парализа. Таа откри дека вакцината е причината мајмуните да станат парализирани. Таа напишала:

“Имавме осумнаесет мајмуни. Ние ги вакциниравме овие осумнаесет мајмуни со по една вакцина. И почнавме да добиваме парализирани мајмуни.”

Вознемирена, таа веднаш ги информираше претпоставените испраќајќи им фотографии од мајмуните. Наместо благодарноста што ја очекувала, и итното стопирање на програмата за вакцинација, се случило нешто изненадувачко. William Sebrell, директорот на NIH, застанувајќи на местото каде што тие работат, без да и се заблагодари за навременото реагирање за тоа што се случило, едноставно прашал, дали таа и нејзините соработници сакаат да ги вакцинираат нивните деца со таа вакцина, бидејќи е дефицитарна. Непотребно е да се каже дека ниту таа ниту нејзините истражувачи сметале дека вакцината е вредна да се ризикува.

Кратко време по откритието на Eddy, една студија напишана од страна на Peterson et al се појави во списанието JAMA. (4) Peterson, исто така, зборувал за вакцинација која предизвикува полиомиелитис, овој пат во Ајдахо за време на пробната Salk (инјектибилна) вакцина. Оваа студија беше вклучена како дел од истражувањето на д-р Scheibner во своето писмо во BMJ.

За да се скријат недостатоците од вакцините детската парализа добива ново име

Многу експерти веруваат дека, со цел да се даде изговор дека болестите се искоренети тие едноставно се преименувани за да се прикријат фактите дека вакцините се неуспешни. Според веб-страницата whaleto.com (5) Greg Beatieнапишал:
Здравствените работници ги убедиле кинезите да ги преименуваат најголемиот дел од нивните случаи на детска парализа со називот Guillaine Barre Syndrome (GBS). Една студија покажа дека новата болест (Chinese Paralytic Syndrome) и GBS биле всушност детска парализа. После масовната вакцинација во 1971 година, извештаите покажуваат дека детската парализа опаѓа, но GBS е зголемена за 10 пати ……. При искоренувањето на детската парализа од страна на вакцината од СЗО во Америка, се појавиле 930 случаи на болести на парализа – сите наречени детска парализа. Пет години подоцна, на крајот на кампањата, се појавиле околу 2000 случаи на болести на парализа – но само 6 од нив биле наречени детска парализа. Стапката на болести на парализа двојно се зголемила, но дефиницијата на болеста се променила толку драстично што ретко која веќе била наречена детска парализа.”

Се чини дека Кина не била единствената земја која ја прифатила оваа филозофија. Anla et al пријавила дека веднаш после вакцинацијата против детска парализа во Турција кај децата е дијагностициран GBS. Во написот објавен во списанието Neurology India. (6) Anla објавила дека пет деца се разболеле од GBS откога биле вакцинирани преку националната кампања за орална вакцинација против детска парализа, за искоренување на болеста во Турција. Тој напишал:

Беше забележано дека бројот на случаи на GBS кај децата се зголемил во периодот на оралната кампања за вакцинација против детската парализа (OPV) во Турција, што укажува на врската која постои меѓу овие две работи.

Во нивните дискусии тие напишале:

Во нашите истражувања сите деца беа помлади од 5 години. GBS беше првенствено поврзан со OPV кај сите деца, освен Случајот 4, каде што беше присутен вирусен гастроентеритис, кој беше добро познат како активирачки фактор за потеклото на GBS. [13] Кога OPV не беше дадена за време на 1999 година ние дијагностициравме само 2 деца со GBS кои биле помлади од 5 години во нашата клиника. Иако резултатите се варијабилни и доказите не се стабилни, од суштинско значење е да се земе во предвид дека OPV е потенцијален активатор за GBS кај децата, особено за време на национална кампања и тогаш кај децата треба да се следи нивната состојба.

Би можело ли овие деца, всушност, да бидат заболени како резултат од вакцината против полиомиелитис, која едноставно е преименувана како GBS, да за да се прикрие фактот дека вакцината предизвикала децата да заболат од оваа болест, наместо да се заштитат од неа? Тоа е секако голема веројатност.

Неверојатно, меѓутоа синдромот Guillain Barre не е единственото ново име за детската парализа, на заболените пациенти од детска парализа после примањето на оваа вакцина. Beddow Bayly, авторот на книгата “Случајот против Вакцинацијата” (7) напишал:

Откако беше воведена  вакцинацијата, многу често, случаи на заболени од стерилен менингитис биле  пријавувани, како посебна (различна) болест од детската парализа, меѓутоа пак, таквите случаи се сметале како детска парализа пред вакцината да биде воведена. Министерството за здравство признало дека вакцинацискиот статус на индивидуата е водечки фактор во дијагнозата. Ако лицето кое е вакцинирано се разболе од истата болест, тогаш болеста едноставно се запаметува под друго име.

 

Ова нé води да го поставиме прашањето – дали детската парализа е единствената болест која има ненадејна промена на името? За жал, одговорот на ова прашање е решително “НЕ!”; тоа е затоа што има пријавени и други болести, исто така, кои имаат ненадејни промени на името.

Големите сипаници добиваат нови имиња


Долго време се сметало дека големите сипаници се уште постојат и едноставно биле преименувани за да се скрие измамата дека вакцинацијата нè спасила од епидемиите на големи сипаници. Во една статија под наслов “Големи сипаници: нова закана” Susan Claridge (8) напишала:

Популарна тактика меѓу поддржувачите на вакцинацијата е преименувањето на болеста кога истата се јавува кај вакцинираните лица така што статистиката не ги одразува вистинските бројки на вакцинирани лица кои се разболуваат од оваа болест, а со тоа се прикрива фактот дека вакцината не делува.

 

На преминот од еден во друг век, George Bernard Shaw бил член на комитетот за здравство на советот на лондонската околија: „Научив како се води статистика за вакцинацијата преку дијагностицирање на сите случаи за ревакцинирање (на големите сипаници), како пустуларна егзема, вариолоид или што друго не – се освен големи сипаници“.


Susan Claridge не е сама во нејзините убедувања; д-р R Obomsawin (9) ја подржува, пишувајќи:

 

Во освртите на  признати учебници за човекова вирусологија и вируси на кичмата пронајдовме дека уште од 1970 година посветено е  внимание на болеста наречена “мајмунски сипаници”, која се вели дека “клинички не се разликува од големите сипаници“. Случаи на ова заболување се пронајдени во Заир, Камерун, Нигерија, Брегот на Слоновата коска, Либерија и Сиера Леоне (до мај 1983 година, биле пријавени 101 случаи). Забележано е дека “. . . постоењето на вирусот кој може да предизвика клинички сипаници е вознемирувачки, а ситуацијата внимателно се следи“.

 

Дали измамата запира тука? Не, се разбира не, следната болест која ќе добие промена на името е црната кашлица.

Црната кашлица добива ново име

Црната кашлица, исто така, беше откриено дека има промена на името. Било забележано дека одново и одново случаите на црна кашлица биле дијагностицирани кај вакцинираните деца. Всушност во еден извештај се наведува дека неуспешноста на вакцината, е дозволена. Во Natural News (10) е изјавено:
Новите истражувања објавени од страна на Reuters откриваат дека можноста за епидемија на црна кашлица е ПОВИСОКА кај вакцинираните деца во споредба со невакцинираните деца. Ова е базирано на студијата предводена од д-р David Witt, специјалист за заразни болести на Медицинскиот центар при Kaiser Permanente во Сан Рафаел, Калифорнија.

Лекарите го знаат тоа веќе подолго време и може да постојат многу повеќе случаи отколку што може да се замисли. Експертите откриле дека лекарите ја дијагностицирале црната кашлица како болка во грлото!.

 

Д-р Viera Scheibner вели:

Во весникот на заразни болести, од 1994 година, “Старосна специфична честота на бактериолошки потврдена црна кашлица, меѓу 1981 и 1991 година – десет години следење”. (11) Поголемиот дел од случаи се појавуваат кај најранливата група на возраст на деца под една година и тоа повеќето вакцинирани деца. Всушност повеќето од случаите се појавиле во првите четири месеци. Вакцината предизвикува црна кашлица. Кај многу деца се појавила црната кашлица како резултат на вакцината, но ако тие се вакцинирани, тоа ќе биде дијагностицирано како “болка во грлото”.

 

Bronwyn Hancock информативната служба за вакцини се согласува (12) изјавувајќи:

“(2) Дијагностичките упатства дадени на лекарите беа пропратени со “никаква историја за вакцинацијата”, во времето кога беа воведени вакцините. Дури и без овие писмени упатства, лекарите беа школувани дека вакцините се ефективни. Резултатот е дека и покрај појавата на болест кај дете кое било вакцинирано “против” истата, на лекарите им било наложено на некој начин да донесат заклучок дека болеста мора да биде различна болест, па така што таа болест не е пријавена.

 

На пример црната кашлица се нарекувала “болка во грло” кога се јавува кај вакцинираните деца, а дифтеријата ги добива имињата како “epiglotitis”, или, како во овој случај, како што е опишано во книгата “Raising a Vaccine Free Child“, од Венди Lydall (2005, стр. 68 ),

 

“Тетка и лекувала случаи од дифтерија во Велика Британија во педесетите години од дваесетиот век, и таа рече дека нејзината внука ги имала типичните симптоми на дифтерија. Девојчето било пренесено со хеликоптер до поголема болница во Auckland, каде што и зеле брис од грлото и потврдиле дека се работи за дифтерија. Кога тие разбрале дека девојчето е целосно вакцинирано, еден од лекарите и рекол на мајка и: “Тогаш тоа не може да биде дифтерија. “Тие ја смениле дијагнозата во бактериски трахеит .”

Така учењето на лекарите дека вакцинацијата ќе го намали бројот на случаи *пријавени* на болеста е само-исполнување на предвиденото, без оглед на тоа колку случаи постојат во реалноста.”


Во крајна линија родителите се измамени во верувањето дека вакцинирањето ќе ги заштити децата од смртоносни болести, кога всушност тие не ги заштитуваат децата од апсолутно ништо. Вистината е дека се повеќе и повеќе вакцинирани деца се разболуваат од болестите против кои биле вакцинирани, а истражувањата откриваат дека лекарите смислуваат умни начини за да се прикрие ова. И не само тоа,  негативните реакции кои децата можат да ги имаат од вакцините, се потенцијално полоши од самите болести. Ми се чини дека вакцинациите се малку повеќе од шемата за брзо збогатување, која ја покренуваат фармацевтските индустрии и ја одобруваат на властите. Ова не е само криминал тоа е измама со некое друго име.

 

 

 

Превод:Лилјана
Извор:http://vactruth.com/2012/04/25/change-names-of-diseases/

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s