др. Јадранка Бибан – ВАКЦИНИТЕ, ЗАКОНИТЕ И СВЕСТА

Image

Деновиве во мојот инбокс пристигнаа многу прашања за тоа каков е мојот став за вакцините и законот за задолжително вакцинирање на децата. На неколку пораки одговорив но бидејќи се уште пристигнуваат слични прашања, решив да напишам уште едно мое обраќање со кое ќе го потенцирам мојот став и моето размислување околу ова прашање. Всушност за вакцините и за нивната улога во медицината, односно за тоа што тие се наменети за превенција од одредени заболувања јас веќе имам објавено неколку текста кои се објавени на веб сајтот на 8-КА  www.8ka.com.mk . Исто така, неодамна на мојот ФБ профил го напишав следниов пост.
„Се сеќавам кога бев дете, имав четири или пет години, моите родители намерно ме однесоа кај мојата другарка која лежеше дома болна од морбили, за да се разболам „на време“. После извесно време и јас добив морбили… имав висока температура, бев целата црвена, мислам дека на мене немаше место на кожата кое беше со нормален изглед. И така неколку дена, па ми помина. Потоа педијатарот им рече на моите родители дека од сега доживотно сум заштитена од морбили.
Во текот на моите студии на медицина, учев за вирусот на морбили, за имунитетот, компликациите… Научив дека имунитетот е целосен и најсигурен после ПРЕЛЕЖАНИ морбили, додека вакцината не дава доживотен имунитет. Исто така моите професори ме учеа дека компликациите од морбили се многу поретки ако морбилите се прележат на помала возраст, значи во пораното детство, што значи дека вакцинираните деца го губат имунитетот кога ќе пораснат, кога ќе станат возрасни и затоа ризикот од заболување од морбили е многу поголем на поголема возраст кога и компликациите се побројни и потешки. Јас мислам дека она на што ме учеа моите професори во однос на вистинската заштита од морбили и најновите препораки за заштита не се согласуваат. Каде е проблемот?“
Со ова сакам да потенцирам дека во врска со примената на вакцините во медицината, во последниве неколку децении се случиле драстични промени и тоа околу нивната вистинска улога и нивната правилна „медицинска вредност“. Значи во медицинската наука јасно се потенцира дека имунитетот е траен и најефикасен кога сипаниците се прележуваат и тоа најчесто без компликации, односно во по раната детска возраст. Со вакцините само се одложува ризикот од разболување за период кога болеста може да предизвика многу повеќе компликации… Јас до сега немам слушнато стручна и јавна дебата за тоа прашање, а секако дека такво нешто е многу потребно за јавноста. Таква дебата се организира со учесници од лекарската фела кои имаат различни ставови по ова прашање и изнесуваат соодветни научни факти во врска со своите тврдења. Но, она што може да се слушне во јавноста е само тврдиот став на лекарите за тоа дека вакцините се исклучително корисни во превенција од болестите, а како спротивставени се јавуваат мислењата на „нестручните родители“… Се прашувате зошто не се организираат вистински стручни дебати…? Дали сите лекари се со исто гледање на оваа тема…?
Во моите 24 години работен век како доктор, работејќи непосредно со пациенти, најпрво како лекар по општа пракса а потоа и како гинеколог, сфатив дека стручноста на лекарот се гради врз основа на неговото лично искуство како професионалец и дека таквата стручност зависи од слободата на докторот да ја практикува медицинската професија, нешто кое сепак мора да почива врз цврсти морални и етички норми во односот на лекарот кон пациентот. Слободата на докторот, за која зборувам, ја сфаќам како единствен предуслов за успех во превенцијата и лекувањето на болестите од страна на професионалецот. Како се одзема слободата на докторот? Таа може да биде одземена со принципите врз кои почива функционирањето на здравствениот систем. Капиталистичкиот здравствен систем како и целата капиталистичка економија, се темели на методите за максимално профитирање и во таква ситуација многу често „целта ги оправдува средствата“. И нашата држава се определи за воспоставување на капиталистичкиот систем, каде хуманоста не може да биде над профитот. Дали носењето закони во нашата држава за прашања и процеси кои се одвиваат во рамките на цела меѓународна политика, како што е прашањето за задолжително вакцинирање, „мора да е вклопено во глобалниот империјалистички интерес“??
Токму затоа мислам дека и очевидните факти кои укажуваат на штетноста од донесувањето на некои закони како на пример вакцините, увоз и производство на ГМО храна, стандарди за одгледување на фармерски добиток и слично, можеби се немоќни да се спротивстават на глобалната империјалистичка политика која практично го диктира економскиот развиток и донесувањето на соодветните закони на остатокот од светот.
Каде е решението? Во будење на индивидуата! Будењето на индивидуата е тој момент кој треба да придонесе за промена на работите во светот денеска, затоа што и промената на системот, односно било кој друг воспоставен систем, тешко дека би успеал да донесе закони со кои хуманоста и научните факти би се ставиле над профитот. Што значи будење на свеста? На пример, ниту еден доктор не може да тврди дека постои лек кој воопшто не е штетен по здравјето на луѓето. Секој лек или фармацевтски препарат има несакани дејства, па дури и витамините, па и таканаречените природни лекови кои се јавуваат во преработки односно раствори или таблети. Потоа, освестениот родител треба да знае дека своето дете може да го заштити само со својата висока свест, а не со некој закон. Законите се носат според различни општествени критериуми и тие се секогаш променлива величина. Дали спречувањето на некој закон чие донесување можеби не може да го спречи дури ниту законодавството, односно оној кој гласа, ќе не спаси од глобалната политика на носење закони со кои се кршат човековите права? Од друга страна пак, ако системот донесол некаков закон со кој родителот треба да плати некоја сума пари затоа што „не го заштитил“ своето дете, освестениот судија треба да размисли дали родителот навистина не го заштитил детето или пак можеби со постапката го направил токму спротивното, односно го заштитил. Освестениот судија треба да најде начин да постапи според своето ниво на свест. Јас на пример, пред 13 години одлучив дека последните вакцини на моето дете не треба да му ги дадам и не го однесов на вакцинирање. И во тоа време вакцинацијата беше задолжителна. Неколку месеци добивав картички од Здравствениот Дом дека треба да го однесам детето за вакцина затоа што ќе бидам дадена на суд. Јас цврсто останав на мојата одлука и чекав да бидам повикана на суд. Но тоа не се случи. Значи, јас мислам дека свеста на индивидуата го надмина законот. Тоа беше свеста на докторот, свеста на луѓето од правниот систем…
Знаете, кога законите навистина би го штителе нашето здравје, тогаш ќе имаме можност да купуваме исклучиво здрава храна, без конзерванси, без адитиви, без ГМО, доилките би седеле на породилно боледување најмалку три години за да на децата не им се ускрати вистинското мајчинство, па дури и таткото би користел платено време со своето дете, па воздухот би бил беспрекорно чист, па водата за пиење би била совршено природна, па лекарите нема да препишуваат лекови за животен стил, па нема да постојат гладни деца, всушност сиромаштијата и гладот ќе се укинат со закон…?! Дали е ова „научна фантастика“???
Развитокот на општеството е дојден до степен на максимален материјален развиток и сега е во вистинска криза. Сега мора да следува „освестувањето“. Тоа е природен тек на дијалектиката на човечкиот развој. Не законите, туку свеста! Индивидуа по индивидуа. Овој процес и не е толку бавен. Денес се чувствува брз развиток на свеста, луѓето свесно ги набљудуваат работите, размислуваат и лесно комуницираат меѓу себе. Токму затоа луѓето вака бурно реагираат, тоа е последица на свеста. Но свест е кога ќе се почувствува дека и докторот и судијата и законодавецот се истовремено родители. Зарем не треба сите да бидат на иста страна?

 

Извор:www.8ka.com.mk

Advertisements

4 thoughts on “др. Јадранка Бибан – ВАКЦИНИТЕ, ЗАКОНИТЕ И СВЕСТА

  1. Pingback: Jadranka Biban, dr. med.: Cjepiva, zakoni i svijest* | Cijepljenje.info

  2. Mnogu mi e milo koga ke procitam mislenje od lekar kako napisanovo. Ziveam vo SAD I ne mozam da zamislam vakov napis da procitam na web strana koja ne e oznacena kako anti-vaxx. Koga vsusnost se raboti za zdrav razum. Bas sum gorda I vednas ke im kazam na projatelite koi ne se od Makedonija za slobodniot pecat na zdravorazumni informacii vi vrska so vakcinite.

  3. Nemozam da prifatam nekoj da mu injektira nekakva hemiska smesa na moeto dete a za toa da nema nikakov naucen trud, majka sum na dve deca 7 i 3 godini i ne se voopsto vakcinirani osven toa sto go pravat bez da prasaat i skrisum koga se rodeni, dolgo istrazuvav i razgovarav so mnogu doktori nitu eden nemozese da garantira deka edna petovalentna vakcina ne e stetna za edno malo dete, naprotiv samo sovesen roditel mozi da zakluci deka 5 ili veke 6 po novo sestovalentna vakcina e sostavena od 6 virusi koi istovremeno go napagaat teloto na edno dete, toa e shok za organizmot i koga togas ke pojavi nekoja nus pojava koja moze da bide i katastrofalna, stram za sekoja drzava e koja ima doktori koi ne se dostojni za ovaa profesija da ne zboruvame kolku zavrsile na crno i denes neznaat ni edna obicna nasinka da ti izlecat bez pritoa da ne promsat lekarstva.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s