Еминентниот имунолог др.Тетјана Обуканиќ – Илузија на вакцините:Како вакцинацијата го компромитира нашиот природен имунитет (Прв Дел)

Image

 

Интервју со д-р имунолог , д-р Тетјана Обуканиќ -дел 1 ,

Кетрин Фромповиќ- 13 јуни 2012 година

Д-р Тетјана Обуканиќ, автор на книгата ” Илузија на Вакцината”, студирала  имунологија  во најпрестижните медицински установи во светот,  докторирала имунологија при Универзитетот Рокфелер во Њујорк и  била на постдокторска обука на Медицинскиот факултет Харвард , Бостон, MA  и Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Интервјуто со неа го водеше Кетрин Фромповиќ, а ќе биде објавено во три дела.

Прв дел:

Д-р Обуканиќ е автор на книгата “Илузија на вакцините:Како вакцинацијата го компромитира нашиот природен имунитет и што може да направиме за да го вратиме нашето здравје”. Во нејзината книга таа претставува еден поинаков поглед за вакцинацијата,радикално различен од мејнстрим теориите. Фасцинантно е тоа што Тетјана смета дека кампањите за вакцинација го компромитираатприродниот имунитет и го загрозуваат уште во периодот кога е многу млад. Морам да признаам дека,како нутриционист и истражувач за здравјето веќе 35 години,размислувам на ист начин како неа.  Токму затоа побарав интервју со Д-р Обуканиќ и сакав да ги споделам нејзините сознанија со моите читатели.

Пред да започнеме со прашањата за ова интервју, би сакала да го слушнам  вашето мислење за тоакаквипоследици може да имаме од вакцините кои се одгледуваат на различни животински органи, на пример,  диплоидни клетки ( абортирани фетусничовечки клетки), пилешки јајца , мајмунски бубрези, глувчешки мозоци , бели дробови од свиња, инсекти, а сега и на кучешкибубрези за новата вакцина која се воведе во Обединетото Кралство во јуни/јули 2012 година? Знаеме дека свинската вирусна ДНК (porcine circovirus ) беше пронајденa во вакцината Ротарикс;  SV40– вирусот на рак – во првата полио вакцина која се користелаод 1950 година до почетокот на 1970-тите години; Хепатит А, рубеола и варичела (овчи сипаници) се одгледувани на човекови диплоидни клетки Wi- 38 и MRC-5, a рекомбинантна ДНК е најдена во вакцината ХПВ од Гардасил.  Што вам, како имунолог, ви наговестуваат  ваквите пост-маркетингшки информации ?

Како имунолог зарижена сум дека поради праксата за производство на вакцини со користење квасец, јајца, животни, па дури и човечки фетални клетки произлегува  дека на вакцините им е неопходно вклучување на мала количина протеини или други продукти од овие клетки или медиуми во кои тие се култивирани. Навистина би сакала да знам дали и колку добро производителите на вакцини ги тестираат нивните производи за ваквите недефинирани “состојки” во вакцините и притоа  колкава контаминација откриле.

Загриженасум заваквата контаминацијата бидејќи верувам дека изложеноста на квасец , жолчки, животински или човечки протеини во контекст на имуногенетскиот стимул (да произведува антитела) може да резултира со осетливостна овие протеини, па дури и да ја пробие сопствената имунолошка толеранција. Последново е особено значајно за доенчињата  бидејќи нивниот  имунолошки систем  само што почнал  да прави разлика помеѓу  нешто “свое” и “туѓо”.   Поставувањето на оваа разликана погрешен начин од самиот почеток, според мое мислење, најверојатно го отворa патот кон алергиски или автоимуни манифестации.

Ви благодарам  за одговорот на ова прашање д-р Обуканиќ , во целост се согласувам со вас.

Ве молам објаснете ми што подразбирате под природен имунитет.

Имунитет е древен концепт кој се однесува на гледиштето дека многу акутни инфективни болести се појавуваат само еднаш во животот на една личност, најчесто во детството.  Пример за такви болести се мали сипаници, заушки , рубеола или магарешка кашлица .

Природен  имунитет  на некој начин е тавтолошки израз  бидејќи имунитетот може да се стекне само природно, со изложување на заразата. Понекогаш ваквото изложување може да помине асимптоматски, а притоа секако да се воспостави  имунитет. Бидејќи постои заблуда дека вакцините исто така даваат имунитет, неопходно да се користи квалификацијата “природен” кога се мисли на имунитет за да се разликува од заштита базирана на вакцина.

Ах! Ми се допаѓа вашатa остроумноство квалификациите на терминот ” заштита базирана на вакцина” што е спротивно на имунитет.

Вакцинираните деца се разболуваат со истите заразни болести за кои биле целосно вакцинирани. Зошто мислите дека “имунитетот” преку вакцината – ако можеме да го наречеме така – е со толку краток рок и не е соодветен?

Би се очекувало дека вакцинираните лица нема да бидат вклучени (или би биле минимално вклучени) во било која епидемија на заразна болест за која биле вакцинирани. Сепак, ако се  анализираат епидемиите очигледно е дека најчесто не е така. Вакцинираните лица се навистина многу често дел од епидемијата и сочинуваат голем процент од заболените случаи.

Мислам дека ова се случува бидејќи вакцинацијата не ги вклучува вистинските механизми на имунитетот. Вакцинацијата обично се врзува со имунолошкатареакција, односно, тоа е сè што имунолозите теоретски “сакаат” да видат во имунолошкиот систем. Но очигледно тоа не е доволно за да се создаде сигурназаштита која одговара на природниот имунитет . Нашето знаење за имунолошкиот систем е далеку од завршено.

Каков вид на заштита може да очекуваме од вакцините  ако тоа не едоживотен имунитет?

За живи атенуирани вирусни вакцини можеме да очекуваме многу краток рок на заштита ( 3-5 години). Оваа проценка е индиректна и доаѓа од статистичката анализа за времето на  вакцинација во однос на појавата на болеста кај вакцинираните лица. Ова се само емпириски докази што ги имаме за просечното времетраење на заштита на одредени вакцини.

Постојат и други вакцини (на пример, за незаразни заболувања со посредство на токсин, како што се тетанус или вирусни болести кои се шират преку каснување од животно, како што е беснило). Тука сеи вакцинитеза Хепатитис Б и Гардасил каде емпириската проценка на времетраење на заштитатавоопшто не може да се направи бидејќи едноставно не постојат научно-значајни податоци за да се направи таква анализа.

Која е разликата помеѓу фокусот на науката за имунологија и природниот имунитет ?

Имунологијата не го проучува имунитетот. Имунологијатапроучува како реагира имунолошкиот систем при имунизација , односно, при инјектирање на “надворешни” протеини или честички (вируси, бактерии). Имунолошките истражувања главно се фокусираат на долгорочните промени кои се јавуваат во имунолошките органи и телесните течности по имунизацијата. Ваквите промени со едно име се нарекуваат ” имунолошка меморија.”

Но прашањето ­­е : што е она што ги наведува имунолозите да мислат дека имунолошката меморија е основа на имунитетот? Не гледам докази од имунолошките истражувања што ќе ми го потврдат ова.  Ако ништо друго, имунолошката меморија според мене е основа за неотпорност, а не за имунитет. Дури почнав да се сомневам дека имунолошката меморија е добра за нас.

Сметате ли дека имунологијата го проучува својот изум – вакцинација – наместо природниот човеков имунитет? Дали е тоа точно? Што ве наведе на тој заклучок откако станавте доктор на науки по имунологија ?

Имунологијата како наука се појави со откривањето на вакцината (за вариола) уште пред имунолошкиот систем да биде дефиниран како таков. Потоа, основните имунолошки истражувања се вршеа и сеуште се вршат во контекст на вбризгување нешто “туѓо” во експериментално животно, наместо да се проучуваат природните болести или природната состојба на имунитетот во однос на болеста.

Можеби е полесно да се дизајнира експеримент во лабораториски услови со вбризгувањеотколку да се проучува природната болест. Можеби е само прашање на експедитивност при истражувањето. Но без оглед на причините за истражувањена инјектирањето (вакцинација) наместо проучување на природните болести(имунитетот), тоа не’ доведе до сознанијадобиени преку вештачки процес.

Па така, системот кој го викаме “имунолошки систем” всушност е оној кој реагира на инјектирањето на надворешен антиген. Имунолошкиот систем во суштина е дефиниран од процесот на вакцинирање, а не директно од процесот на природниот имунитет .

Но, ако целта на вистинскиот “имунолошки” систем е да се воспостави траен имунитет преку прележување на болеста,  тогаш кој систем го постигнува тоа?  Дали е истиот систем кој реагира на вбризгување на странски антиген или е сосем различен систем?

Ова е мојата најголема загриженост : меѓу сите нешта кои сме ги откриле за имунолошкиот систем во контекст на инјектирањето, дали барем дел од нив се релевантнизасостојбата на природен  имунитет? И ако е така, како би знаеле што е релевантно ако никогаш директно не сме го проучувале природниот имунитет?

Ме прашувате што ме наведе да го согледам проблемот за тоа како науката за имунологија го толкува “имуниот” систем и тоа откако се стекнав со докторска титула по имунологија. Наместо тоа треба да ме прашате какво чудо ме наведе да го согледам овој проблем и покрај оваа титула. Можам да ви кажам дека откако ќе се посветите на студирање имунологија, толку многу инвестирате во “вистината” на тоа поле, што шансите за согледување на проблемот со најосновните претпоставки стануваат нула. Моќта на “верба” во дефиниции е многу силна.

Туше, докторке ! И се восхитувам на вашата интелектуална живост .

Тогаш може ли  имунологијата да ни даде одговори за природниот имунитет ?

Јас не мислам така .

Како што споменав претходно, ниедно од добро-воспоставените и почитувани истражувања во имунологијата не го проучува директно природниот процес. Наместо тоа се поставуваат измислени (неприродни) модели на инфекција/имунизација преку истражувања на животни и се проучуваат имунолошките реакции во рамките на тие неприродни и не-човечки поставки.

Зарем може да сме сигурни дека таквото истражување има било каква применливост и во природниот процес? Не, не може да сме сигурни. Сепак, си играме со човечкиот имунолошки систем преку вакцините едноставно бидејќи ни се чини оправдано истражување преку измислени имунолошки модели, иако таквото истражување може само да ни даде делумно ако не и целосно погрешно разбирање на улогата на имунолошкиот систем во процесот на болеста.

Зарем играњето со природата преку вакво погрешно или делумно знаење  не е опасно? И зарем не не’ води до очигледниот здравствен хаос кој голем процент од нашите деца веќе го искусуваат?

И јас сум загрижена за ова.  Одредени мои стравови во однос на имунологијата и вакцинацијата ги опишав во книгата “Илузија на вакцината” и ќе ги сумирам и овде.

Загрижена сум дека “имунолошката меморија” стекната со вакцини кои содржат додатоци е всушност основа за сензибилизација наместо основа за имунитет.

И уште повеќе се грижам и дека “успешната” заштита од детски болести, преку краткотрајни заштитни ефекти со живи атенуирани вирусни вакцини за време на детството доведе до загуба на способноста мајките да им пренесат имуно-заштита на своите малечки, притоа оставајќи ги ранливи кон тие болести доколку дечињата се изложат на нив.

Загриженасум и дека кампањите за вакцинација се залагаат за попречување на пренос на болеста.Со тоа многу повеќе се намалуваат шансите за изложеност кон болеста  наместо преку нив да се добие имунитетот на населението. Со тоа, кампањите за вакцинација го бришат имунитетот на населението за детски болести,а не помагаат тој да се задржи. Ако во претходните децении беше природно воспоставен колективен имунитет на детски болести кај возрасното население, тогаш се плашам дека со кампањите за вакцинација тој имунитет е изгубен.

Сето ова е директен резултат на “саканиот” ефект од вакцинација чие што  влијание не беше промислено пред да се воведе масовна вакцинација . Мислевме дека вакцините работат како и природниот имунитет . Па, очигледно дека не е така и сега ги жнееме последиците од тоа.

Сега, смеам ли да дискутирам за “несаканите” ефекти од вакцинација (т.е.последици од вакцинација), или треба да го чуваме ова прашање затворено во кутија?

Би сакала да видам што се наоѓа во таа кутија, докторке. Ајде да се обратите и за тоа , ве молам.

“Кутијата” за која зборувам е загриженоста на родителите за негативните ефекти кои ги согледуваат кај своите деца по вакцинирањето. Овие нивни согледувања се спротивни на “научно” звучните тврдењата дека родителите не се во право во однос на нивните сомневања, односно тие велат дека вистинските повреди од вакцините се толку ретки што статистички е неверојатно тоа да му се случи на вашето дете, а вашиот страв од вакцинација е ирационален и неоснован. Но, ајде да се вратиме на оваа тема малку подоцна.

Ако сте обложувач, каде би го поставиле вашиотвлог : на вакцини или на природен имунитет? И зошто?

Обложување на вакцини против природен имунитет? За да се постигне што??  Ве молам наведете за каков ефект ме прашувате? Ако е за создавање на човечката раса непогодна за опстанок, тогаш да, се обложувам на вакцините.

Докторке , мислам дека го прочитавте мојот ум.

 

Продолжува во Дел 2

Д-р Obukhanych е моментално во Калифорнија, каде што живее и држи предавања .

Таа нуди часови за вакцини и природен имунитет. Нејзините часови се наменети првенствено за родителите кои бараат повеќе информации за да донесат одлуки за вакцинација на нивните деца, но се отворени за сите заинтересирани за прашања поврзани со вакцините.

 

Нејзиниот веб-сајт е http://www.naturalimmunity.blogspot.com

Превод: Александра

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s