М-р Маркоска Илина – Писмо за поддршка за укинување на присилната вакцинација во Македонија

Image

Зошто да се зборува кога може да се молчи – велат подобро ќути си зошто ќе си имаш проблем!!!
Ова ми беше кажано на едно мое предавање пред 4 години кога за прв пат почнав да ја изнесувам вистината за вакцините.На тоа предавање имаше медицинари,лекари и онколози,ме направија луда И ненормална бидејки зборував против вакцините.На предавањето еден онколог  на крајот ме праша,- Зошто ние за ова не знаеме и зошто никој не ни кажал до сега?Бидејки живееме во ненормално време,драго ми е сто сум во тек со времето за да имам храброст да се спротиставам на оние кои се прават “нормални”,а зошто никој не знаел до сега или пак никој не им кажал – на тоа ке одговорам со: не ви кажале бидејки тоа не им одговара на системот да го знаете бидејки им требате како роботи,затоа и го нема тоа во книгите,не знаете бидејки слепо верувате во она што ви го сервираат и приложуваат да го учите ,не знаете бидејки никогаш не сте сакале да ја видите другата страна на вистината,бидејки не сакате да се замарате ,бидејки ви е тешко да спроведите сопствено истражување за да се уверите во спротивното и да се запрашате зошто толку голема бука околу темата за штетноста на вакцините,бидејки е полесно да создадете болести за да има што да лекувате.

Денеска не треба да си медицинско лице за да потегнете некое истражување посебно кога станува збор за вакцините- доволно е да се потрудите малце повеќе и да почнете од центарот за контрола на болести во САД посебно од “Стеркеровиот меморандум” кој како документ е голем доказ од 1970 година ..Бидејки ова е голема тема и е од една страна многу сложена но,од друга страна е многу просто и едноставно за да се разбере зошто “Не” за вакцините ке се изјаснам за една од нив колку што можам појасно.
На сите факултети се учи за корисноста на вакцините И никој ништо не кажува за шетноста,нити пак некој се запрашал.А веројатноста дека сите знаат за штетноста но сите молчат е голема. Но, еве јас на пример како и многу други совесни лекари не можам да молчам за она сто го знам за ДТП како вакцина и да се правам дека незнам за нивната штетност!Но, не само за напоменатава туку за сите вакцини.
ДТП представува комбинирана вакцина и е составена од вакцина против дифтерија,тетанус и пертузис (голема кашлица).Ова е вакцина која се дава на малите деца и е една од најопасните.
ДТП е вакцина три во едно и која представниците на здраствените организации во сите држави рутински бараат да секое дете ја добие ова вакцина за да може да се запише на државните училишта.
Формалдехидот,тимерозалот (еден вид на зива) И алуминиум фосфатот се јаки отрови кои ги користат за “стабилизација” на микроорганизмите во ДТП вакцината,како И во сите други вакцини.

Кога ке се добијат мали сипаници на природен начин,никогаш не предизвикуваат големи компликации И проблеми за разлика од примањето на ослабен вирус на мали сипаници преку инекција односно вакцина,како резултат на тоа може да дојде до необични атипични типови на физичко оштетување кое никогаш не би се појавиле кај дете кое ја добило болеста на природен начин
Ако го разгледаме И објасниме терминот “стабилизирање” или терминот “ослабени” вируси – ке разбереме дека – ако половично убиете некое растение или животно,тоа е во лоша состојба – значи може да се разболи,може да умре а би можело и потполно да се опорави.Истото важи за половично убиените”ослабените” вируси во вакцината.Отровните хемикалии кои се користени за нивно” стабилизирање “ доведува до тоа да некои од вирусите заболат,некои да умрат а некои да оздрават.-Потоа цел овој бучкуруш се инјектира во рачето на малото дете.И замислете после тоа ние се прашуваме зошо добиваат чудна болест.
Едно дете ке развие една болест,друго дете друга врста на болест.Се зависи од тоа во кој правец одредена количина на ослабени вируси инјектирани во детето ке започнат да реагираат пред и после убризгувањето.Исто така зависи од тоа кои други вируси се наоѓаат во говедскиот или мајмунскиот гној од кои се земени самите висруси.Понатаму,зависи од општото здравје на детето,неговиот имунитет и неговата исхрана.Зависи и од бројот на вакцини кои ги добива во дадениот момент.Исто така зависи и од тоа дали се работи за прва вакцинација или трета или четврта во серија.
Треба да напоменеме уште нешто – после убризгувањето,крвотокот брзо циркулира И со себе носи цела колекција на хемикалии и вируси – и брзо се раздвојуваат вирусите од хемикалиите кои ги држеле во ослабната форма.Што се случува понатаму со вирусите,после откако ке се најдат во идеална средина за раст?Што прават во организмот смртоносните хемикалии??? Хемикалиите го ослабнуваат имуниот систем кој е најважен во овој случај за истиот да се одбрани од надворешните односно убризганите вируси а во мегу време е избегнат првиот одбранбен механизам за одбрана И препознавање а тоа е гастроинтестиналниот тракт и така тие почнуваат да растат и да се размнозуваат.
Знаејки ги овие факти како и научни докази треба да се стремиме за укинување на истите односно секој родител да има право да одлучи дали ке го вакцинира своето дете или не.Со оглед на тоа дека до сега немаме видено ниеден научен доказ односно научно истражувње кое покажува дека вакцината не заштитува и не дозволува да се разболуваме – тогаш имаме ПРАВО НА ИЗБОР.

Ги повикувам сите родители без разлика на нивната професија дали се тоа судии,дали се лекари,службени лица,хигеничари – да не им дозволиме на фармакомафиите да ни ги присвојат нашите деца.Нашите деца се само наши односно се дар од Бога кој доколку ги следиме природните закони нема да дозволи никогаш нешто лошо да му се случи на нашите чеда,ајде да си ги заштитиме бидејки нивниот живот е во наши раце.Не само како лекар туку и како родител кој има право да си го заштити своето дете се приклучувам кон иницијативата а во исто време и го поддрзувам укинувањето на задолжителното вакцинирање во Македонија.

М-р Маркоска Илина

5 thoughts on “М-р Маркоска Илина – Писмо за поддршка за укинување на присилната вакцинација во Македонија

  1. I Jas sum isplasen roditel na dve decinja, koj nema nikakvo medicinsko znaenje. Pa ottuka, I golemata dilema kako e najispravno da se postapi. Duri I koga bi bila nezadolzitelna vakcinacijata, ne bi znaela sto e podobro. Od toj aspect, bi ve molela, vo nekoj sleden napis, na nam medicinski nepotkovanite roditeli, da ni objasnite sto se toa zarazni bolesti, kako se prenesuvaat, I kako vo minatoto od niv umirale milioni, a denes voopsto gi nema. Odnosno, eve, site da prestaneme so vakcinaciite, I dojde edna takva epidemija so globalnite migracii na naselenie niz site zemji I kontinenti, dali nasite decinja bi gi prelezale sipanicite, ili dtp, I ostanatite bolesti vo prirodna forma, nevakcinirani. Vi blagodaram.

  2. So celata pocit kon avtorot, no ova e mnogu neizdrzan tekst bez elementarni poznavanja na medicinata, perenje na mozokot na lugeto-laici , mnogu, mnogu los tekst

    • Драга Тања,
      текстот е поддршка на авторот за правото на избор за вакцинација а не некоја си презентација или убедување,аргументи и за и против имате секаде на интернет,добар дел од нив се објавени и на нашата страна.
      Прочитајте си,поздрав

      • Neznam sto da kazam,ednostavno sum zaprepostavena.Stvarno nemozam da poveruvam na ovaa sto go procitav.Ako imaat malku sovest, tuka se i nivnite deca.Znaci ne razmisluvaat za posledicite. Za takvite nemam zborov,no jas sum roditel i se grizam poveke zanego otkolku zamene.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s