Др.Стевчо Донев – Писмо за поддршка за укинувањето на присилната вакцинација во Република Македонија

Image

Се прашувам, која е научната основа на присилната вацинација, претењето со казни кои се далеку поголеми од просечната плата на еден македонец? Дали во една држава која претендира да биде и се претставува за демократска држава, едно министерство треба да се служи со методите кои подсеќаат на методите на инквизицијата од средниот век или треба да дава препораки за извршување на одредени дејности корисни или не за нивните избирачи, граѓаните на Македонија? Навредите од типот дека родителите што се против вакцините се „неписмени“, дека западноевропските доктори кои го одобруваат невакцинирањето се „понестручни“ од нашиве не држат вода.

Званичните луѓе кои ги изрекоа треба јавно да се извинат за својата безобразност, неинформираност или нестручност навредувајки ги македонските родители и стручни кадри. Од друга страна уцените од страна на државните органи кои се однесуваат на следново, нема прием во градинка ако детето не е редовно вакцинирано, или мајката не може да оствари право на додаток за трето дете ако детето не е редовно вакцинирано е чиста уцена. Тука воопшо не станува збор дали е детето здраво туку дали е вакцинирано што нема врска едно со друго. Ако е детето редовно вакцинирано има право да биде трето дете, а ако не е вакцинирано не е повеке трето дете на мајката?? Каква глупост. Ако е детето здраво зошто да не биде примено во градинка? Вакцинацијата е знак дека е тоа здраво?? Пак неубава работа, тоа нема врска едно со друго. И уште нешто, ако е детето невакцинирано, зошто е тоа опасност за околината??? Да не ја зарази? Па сите се околу него вакцинирани, значи ако невакциниран зарази вакциниран, вакцината не била добра. Зошто тогаш казни за невакцинираните? Каде е тука употребата на Законот за правата на пациентите?

Вакцинацијата била присилна заради колективот. Потребите на колетивот биле над потребите на поединецот, во овој случај незаштитените бебиња и воопшто малолетните. Значи ли ова дека „утре“ во инерес на колективот некој кој е на власт ке се дрзне да одземе дете од родителите заради повисоки цели? Ова повеке не смее да се дозволи!! Вакцинација под присила е нешто што мора да биде укинато! Медицинските податоци до кои успеав да дојдам се различни во склад со тоа кој и како ги вршел истражувањата, па некои истражувања одат во прилог на потребата од вакцинацијата а некои пак ги прикажуваат негативните нивни ефекти и укажуваат на потребата од нивно укинување.

Во секој случај се работи за извонредно сложена тема. Укинувањето на вакцинацијата можеби би довело до нови епидемии иако јас лично во ова не верувам бидејки условите во кои некогаш живееле луѓето и условите во кои сега живееме не се исти гуку се далеку подобри. Лугето се хранат подобро, пијат почиста вода, нивната стамбена ситуација е многу подобра со запазување на сите санитарно безбедносни мерки. Диспозицијата на отпадните материи во општеството е решена во сите поголеми места. Некогаш, во времето кога се појавувале вакви епидемии сето ова не било баш вака, затоа и не верувам дека се можни епидемии од поголеми размери. Секако дека укинувањето на вакцинациите не би им годело на големите фармацевтски куќи кои имаат огромни добивки од вакцинацијата. Секако на ова му погодува тоа што вакцинацијата го има потписот, аманетот на сите влади во светот. Значи однапред обезбеден пазар. Но ова не би сакал да има врска со нашиот проблем, присилната вакцинација на децата.

Поедини болести во Македонија одамна се немаат појавено, одамна се искоренети и лично верувам дека повеќе нема потребата за вацинација од истите. Фармацевтите велат дека во вакцините се ставаат супстанции кои се мерат во микрограми. Забораваат дека некои отрови делуваат на човекот и со број на молекули, а во склад со ова микрограмите се ужасно големи дози. Недостатокот на податоци во земјава за појавени несакани ефекти на вакцините не ги прави безопасни. Напротив ја нагласува потребата од долгорочно следење на вакцинираните и регистрирање на сите пореметувања на здравјето кај децата кои примале вакцини. Искуствата од светот треба да ги вградуваме во својата земја.

Не треба да се правиме дека несакани ефеки од вакцините нема, или се само локални а тоа наше тврдење се должи на незнаење, неинформираност или немање податоци. Многу доктори во усмена конверзација се сложуваа дека присилната вакцинација треба да биде укината а добар дел од нив стари, искусни специјалисти кои работат постојано со инфективни болести и за тоа поедини вакцини потполно да се исфрлат од календарот за вакцинации во Македонија, но се плашат од реперкусии по своите работни места па не сакаат да дадат писмена согласност за ова. Во склад со сето ова ја поддржувам иницијативата и ја давам мојата поддршка за укинување на присилната вакцинација во Република Македонија.

 

Д-р Стевчо Донев

Специјалист по медицина на трудот 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s