Иницијативата за укинување на задолжителното вакцинирање на децата на Македонските родители е во етички и здравствен поглед сосема оправдана.
Секоја медицинска интервенција администрирана без доброволно учество на поединецот е грубо кршење на човековите права и фундаменталната медицинска етика.
Со оглед на мноштвото неспорни факти од научен, истражувачки и статистички аспект коишто во никој случај не ја потврдуваат потребата од присилно, односно со закон наложено вакцинирање на сите деца, сметам дека родителите треба и мора да го имаат главниот и единствен збор по однос на вакцинирањето на своите деца.
Државата не сноси никаква одговорност за евентуалните несакани последици по здравјето на вакцинираните деца одговорноста паѓа единствено на родителот,следствено почитувањето на неговата одлука е најлогичен,правилен и морално оправдан чин.
Македонија треба да продолжи да го следи трендот на усогласувањето на својата регулатива со Европската,каде во повеќе од 18 земји членики на Европската унија вакцинирањето здраворазумски е единствено и исклучиво право на избор на родителот а граѓаните се заштитени и со претседателски декрети покрај своите и меѓународните конвенции и закони .
Проф.др.Владимир Трајковски
професор по хумана генетика на Филозофскиот факултет,
претседател на МНЗА (Македонско Научно Здружение за Аутизам)