Др.Фанија Пановска – Писмо за поддршка за укинување на присилната вакцинација во Р.Македонија

FreedomofChoice

‘ СЛОБОДАТА НА ИЗБОР ТРЕБА ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ! ‘

 

Секоја медицинска интервенција (од примање на лекови до операција) која што се врши под притисок и за чие што одбивање пациентите ризикуваат плаќање на парични казни или затвор, е не етичка и е спротивна на човековите права. Сосема е јасно и научно докажано дека секоја медицинска интервенција може да предизвика и штетни реакции. Тука спаѓа и вакцинацијата. Негирањето на појавата на штетните реакции после вакцинација која што кај некои деца може да предизвика катастрофални неизлечиви последици, автоимуни болести, инвалидност, а во одредени случаеви и смрт (кои што впрочем се посочени и од страна на самиот производител на секоја вакцина), претставува брутално кршење на професионалната, моралната и етичката база врз која што се заснова медицината како наука и професија.

 

Во денешно време, медицинската наука која што достигнува врвни дострели, за жал, нема пронајдено начин за откривање кај кои деца вакцините можат да предизвикаат штетни реакции. Професионална и етичка должност на секој доктор е да им објаснува на своите пациенти во што се состои интервенцијата како и позитивните и негативните ефекти од истата, но, Законот за задолжително вакцинирање доведува до ситуации кога многу медицински лица немаат друг излез, освен да го прекршуваат етичкиот код.

 

Постојат солидни медицински истражувања кои што покажуваат дека не сите вакцини се сосема безбедни, докази кои што доведоа до укинување на Законот за задолжително вакцинирање во многу западни демократски земји. Во одредени земји, како на пример Јапонија, зголемениот број на доживотни инвалидски последици и смртни случаи предизвикани од одредени вакцини и поткрепени со солидни научни докази, доведоа до законско укинување на MMR и HPV вакцините. Овие научни докази мора да бидат земени во предвид и од страна на Македонските здравствени институции, пред да се соопшти со сигурност дали некоја вакцина е сигурна или не! Во сите овие земји нивото на информираност и едукација на луѓето во врска со штетните реакции на вакцините е на многу високо ниво и сметам дека, тоа истото треба да се постигне и во Македонија.

 

Македонија е земја која што со сите сили и на многу полиња се стреми да биде дел од демократска Европа, но, тоа ќе го постигне во потполност со реформирање на здравствениот систем по пример на демократските земји и со апсолутно почитување на правата на луѓето да одлучуваат сами за своето здравје и здравјето на своите деца-поле на кое што за жал заостануваме многу. Ако, одредена медицинска интервенција е научно докажано прилично сигурна, не постои никаква причина истата да биде законски наметната без притоа да се дава простор за лична одлука. Имајќи го сето тоа наведено во предвид и по примерот на демократските западни земји во Европа и целиот свет, “ПОТПОЛНО ГО ПОДДРЖУВАМ УКИНУВАЊЕТО НА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ВАКЦИНИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА”.

 

Др.Фанија Пановска

Специјалист по Пластична, Реконструктивна и Микро хирургија

Токио, Јапонија

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s