Дециден одговор на министерствата за здравство на земјите од Европската Унија: НЕМА никакви санкции за невакцинираната популација во земјите од ЕУ

Image

 

Нема санкции во земјите од ЕУ , каде вакцините се препорачани

Здравствените служби на земјите членки на ЕУ – Шведска , Германија , Австрија , Финска и Шпанија демантираат информациja на бугарското Министерство за здравство , во коe се вели дека во земјите членки на ЕУ , во кои вакцините се препорачуваат, властите користат други механизми за постигнување на висок опсег на имунизација .

Според податоците на МЗ овие механизми оневозможуваат влез во организиран колектив , училиште , повисоки цени на здравственоосигурување за невакцинираните и др. Нема никакви санкции за луѓето кои одбиваат вакцинација во земјите членки на ЕУ каде што вакцините се препорачуваат. Ова стана јасно од барањето кое БГНЕС го упати до здравствените власти во земјите членки на ЕУ – Шведска , Германија , Австрија , Швајцарија , Финска и Шпанија .

Повод за барањето беше информациjaтa коjaja соопшти Министерството за здравство на Бугарија дека ,,Во Германија , Луксембург , Велика Британија , Данска , Ирска , Грција , Шпанија , Португалија , Австрија , Финска , Шведска , Швајцарија , Норвешка , Кипар, вакцинацијата не е задолжителнаи според податоците на Министерството, во овие држави властите имаат воведено други механизми за постигнување на висок процент на вакцинација и заштита на граѓаните од заразни болести , различен од задолжителноста на вакцинација  со закон – оневозможеност за влез во организиран колектив , во училиште и други вон наставни форми на образование , неможност за пристап до социјалните фондови , значително поголемо плаќање  за  здравствено осигурување за невакцинирани  лица  за покривање на трошоците од евентуални болести  итн ” , се вели во извештајот , испратен од МЗ според Законот за пристап до информации .

Всушност  единствените механизми кој здравствените власти во земјите во ЕУ , каде што вакцините се препорачани, единствено ги употребуваат се усно и писмено информирање за придобивките и штетите од медицинската интервенција . Се обрнува внимание и на споредните ефекти кои може да се случат по добивањето на вакцина , додека во Бугарија на несаканите ефекти не се обрнува доволно внимание . Повеќето педијатри само советуваат да не се капе детето по вакцинацијата и ако случајно се покачи телесната температурата, да се даде средство за симнување на истата.

Сојузното министерство за здравство во Германија ( http://www.bmg.bund.de ) изјави одговарајќи на прашањата поставени од БГНЕС, дека во Германија нема никакви санкции против невакцинираните лица . Од Агенцијата за јавно здравје во Шведска ( Folkhälsomyndigheten – http://www.folkhalsomyndigheten.se/ ) изјавија дека ”

Во Шведска нема никакви санкции за родителите на деца , кои одлучиле да се откажат или да го одложат вакцинирањето , кое се нуди во националната програма за вакцинација на детето. Шведска има долга култура на автономни одлуки кога станува збор за личноста , а во овој случај тоа е одлука на родителите за нивните деца ” .

Од федералната служба за здравство на Швајцарија – Bundesamt für Gesundheit ( http://www.bag.admin.ch ) изјавија дека ” никој не може да биде вакциниран против негова волја.,, Тоа значи дека никој не може да биде доведен под принуда за вакцинација против неговата воља. Секој граѓанин решава сам дали да се вакцинира против одредена болест или не .

Во Шпанија ( http://msssi.es/ ) здравствените служби аналогно дадоа информација дека никој не наметнува никакви санкции , било да е тоа во плаќање на повисоко здравствено осигурување или недавање дозвола детето кое не е вакцинирано,да се запише во училиште.

Австриските здравствени власти ( http://bmg.gv.at/ ) соопштија дека нема никакви санкции за лицата кои не се вакцинираат . Во Австрија законот не предвидува задолжителна вакцинација. За вработените во здравството има дополнителна препорака за вакцини во рамките на Австрискиот план за вакцинација. Оваа препорака исто така не е задолжителна . Вакцините се ставаат единствено само со согласност на персоналот.

Од Финското Министерство за социјала и здравство ( http://www.stm.fi/etusivu ) соопштија дека ” Учеството во националната програма за вакцинацијаво Финска е доброволно. Единствените исклучоци во нашето законодавство се вакцинирањето за време на воена служба и во исклучително тешка пандемија ситуација кога внесувањето на вакцини може да биде направен задолжително. Нема казни или дискриминација , ако некој одлучи да не се вакцинира.,,

БГНЕС исклучително лесно ги доби информациите од властите на другите земји , дел од одговорите дојдоа по електронски пат за 2 работни дена , целосно бесплатно ( од МЗ се бара 60 и неколку центи за референца според Законот за пристап до информации) .

Во врска со задолжителноста на вакцините во нашата земја, Бугарија (И Македонија ја има ратификувано истата конвенција) ја ратификува со закон донесен од Националното собрание на 26 февруари 2003 година со Конвенцијата за човекови права и биомедицина . Во Глава 2 , во членот 5 од Конвенцијата е запишано :

“Секоја интервенција поврзана со здравјето, се врши само со слободна и свесно изразената согласност на засегнатото лице . Тоа лице ги добива однапред потребните информации за целта и природата на интервенцијата , како и за тоа какви последици и ризици произлегуваат од неа . Засегнатото лице може слободно да ја повлече согласноста во секој момент . ” / БГНЕС

Софија / Бугарија

 

 

превод:Габриела

извор: http://news.bgnes.com/view/1156205

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s