Родителска голгота: ужасните страдања на децата оштетени од вакцини и нивните семејства (Прв Дел)

cry О.В.

Почитувани родители, ви го пишувам моето искуство од една едноставна причина,  со вас да го споделам лошото искуство со мојата 10 месечна ќеркичка која по примањето на 3-та ревакцинација на дитепер и полио имаше катастрофални последици.Со мојата сопруга имаме и друго дете постаро синче скоро 5 години кое до сега ги примало сите вакцини редовно без никакви лоши реакција (освен оние редовните температура и вознемиреност) и за тоа не се ни мислевме кога ги примавме вакцините и за малечката, се до 28.05.2013 год. кога завршивме на клиника на хематологија. Кога одевме на 3-та ревакцинација за дитепер и полио (2 во ноже и една со лажиче) ни побараа и крвна слика која беше уредна, а детето пред тоа немаше апсолутно никакви здравствени проблеми. На 08.05.2013 извадивме крвна слика за да 09.05.2013 ја примиме и вакцината. Вакцината предизвика само одредена вознемиреност тој ден но со малку парацетамол тоа го поминавме. Од Јане Сандански не предупредија како и претходно дека можно е да има реакции и после 2 недели, но на тоа не обрнавме внимание бидејќи се беше нормално и детето во тој период беше сосема здраво и немаше никакви реакции.Бевме 3 дена во Берово, за да на 27.05.2013 г. се појавија одредени црвени поткожни точки. Бидејќи првпат гледавме такво нешто отидовме на дерматолог (приватно) на кој му беше тоа чудно и не’ прати да извадиме крвна слика.  Од тука почнаа нашите проблеми…. Отидовме во една од локалните лаборатории (на крајот од работниот ден),  каде после вадењето на крвта лаборантите почнаа чудно да не’ гледаат и да не’ прашуваат дали детето тие денови примала некои лекарства и дали од нешто болува. Откако им одговоривме негативно побараа да извадиме повторно крвна слика, што ни предизвика дополнителен сомнеж и нервоза. На крајот откако излегоа резултатите лаборантите не сакаа да ни го дадат резултатот под изговор дека нивниот доктор не бил таму да го потпише резултатот и ни кажаа тредента наутро да се вратиме. Така во бунило и уплашени си отидовме. Веднаш се јавивме кај нашата матична која повика и педијатар. Детето го видоа и ни кажаа да извадиме утре дента крвна слика и да ја однесеме кај педијатарот. Утре дента (28.05.2013) по непреспиена ноќ,извадивме крвна слика во една од нашите приватни болници  и што да видиме тромбоцитите беа катастрофа само 14.000. За да имате претстава што е тоа референтните вредности во кои мора да се движат тромбоциттие е од 160.000 – 550.000. Со оваа крвна слика матичниот не’ прати веднаш на клиника (хематологија). Таму веднаш не’ примија и почнаа испитувања, прво од коскена срцевина, која фала богу беше негативен резултат. Поради ниските тромбоцити веднаш и дадоа терапија од три дози (во три дена) имуноглобулини. Не’ отпуштија на 31.05.2013, за да после неколку дена 03.06.2013 тромбоцитите пораснат на 336.000. За жал ова не траеше многу долго. По само една недела паднаа на 25.000 и по тоа, а се до денес истите се движат околу 30.000. Одиме скоро секоја недела на контроли, а од таму ни велат само чекајте. Чекајте ама до кога? Знаете што?Кога не’ отпуштија во отпусното писмо ни напишаа ТРОМБОЦИТОПЕНИЈА, НЕОЗНАЧЕНО. Е тоа неозначено да ти било дека проблемот го предизвикал некој вирус кој сега веќе не постои, но дека направил хаос со тромбоцитите. Освен вирусот кој беше внесен по вештачки пат преку вакцина, друг вирус нашето дете НЕМАШЕ, беше потполно здраво во периодот од давањето на вакцината па се до тој 27.05.2013 г. Се до денес не добиваме никаква терапија и само одиме по контроли а ова чекање не убива и целосно измачува. Доколку некој има слично искуство Ве молам да ми пишете, а јас се извинувам што бев толку детален, но сметам дека ова моравме да го споделиме со поголем аудиториум бидејќи во нашава “држава” сите креваат раменици и сите на муабет (мислам повеќе на докторската фела) знаат дека причината е вакцината но никој тоа не сака на хартија да го потврди. За жал тоа е тоа, ваше е како сето ова ќе го прочитате и какви заклучоци ќе донесете но секогаш изборот е на родителите дали ќе стават или не некоја вакцина, но ова е нашето искуство. М.Н. Здраво и од мене. Одамна ме нема, ама ете маката ме натера пак да се активирам. Ја прочитав темава и запрепастена сум што им се прави на нашите деца.T.Т се надевам дека се ќе биде во ред со вашето детенце, дека нема никакви последици да му остави проклетава вакцина. И нас ни се случи нешто слично, уште живееме во хоророт предизвикан од неа.Малата има скоро 7 месеци и минатата среда, значи на 21.08.2013 бевме на 2-ра ревакцинација за дитепер и полио. Направивме сабајлето крвна слика, сите вредности беа уредни. На прегледот кај педијатар, исто се уредно и бели дробови и грло.Сестрата и ги лупна крвнички двете вакцини во ноџе и таа со лажичка и не’ испрати со порака да си дојдеме за Хепатит Б по 10-тина дена. Да напоменам дека ова се случуваше во поликлиника Јане Сандански. Само што стигнавме дома, после 1 саат малата крена температура. Малце чудно ми падна бидејќи од претходните немаше никаква реакција, ама ајде викам ќе ѝ помине. Температурата си раснеше во текот на денот и морав да ѝ дадам парацетамол. Така беше и следниот ден и тој по него. Цели 4 дена поминаа, а температурата никако да се симне. Парацетамолот не ѝ делуваше, па ја бањав често, ѝ ставав оцет…Си изгоре детево. Ајде и 5-от ден очекувам дека ќе се смири реакцијава, ништо. Веќе на 6-от ден т.е. во понеделникот ја однесовме кај матичната педијатарка исто од Ј.Сандански и таа ни даде упат за итна крвна слика и урина. Направивме и тоа, crp-то блиску до граница, тромбоцитите блиску до горна граница, леукоцити ок. Урина ок… Одговор – Ништо не ѝ е, ќе ѝ помине само од себе. Антибиотици не даваме, иако грлцето и е малце црвено – Како бре црвено, па пред 6 дена беше во топ здравје? Ми вика: – Па да не закачила некакво вирусче. Не е ова реакција од вакцината, од неа 24 часа има реакција. Ја прашувам од каде знае дека не е реакција од вакцината, ми одговара дека била ,,безопасна,, и не предизвикувала реакции. ЛАЖЕЊЕ ОД СТРАВ.Бараше дури и да ѝ се јавам дента да ѝ ја кажам состојбата на малата.Целата беше преплашена, ја приметив. Но, иако вакцината е ,,безопасна,, госпоѓата ми даде итен упат за на Детска клиника, ако евентуално се влоши состојбата. И така и беше.Се влоши состојбата. Стигнавме до 40 температура и вечерта на полноќ завршивме на клиника. Во меѓувреме малата доби и осип по главчето, ама само неколку точки.Докторката доле што не’ пречека ни рече дека е од вакцината реакција,да се спремам за лежење таму. Се јави негде горе кај друг доктор да му каже да не’ прими.Од таму следеше дерење како смеела да збори такви глупости дека е од вакцината тоа, па докторкава ја смени насоката и не’ препрати на некаков си преглед кај тој доктор ,,горе,,.Ништо не ја прегледа, пак побара крвна слика, пак крвта ок, само вредностите од сабајле покачени, crp-то покачено, леукоцитите исто. По нив тоа било нормално, па немало потреба од лежење таму, да сме си оделе дома.Едвај некаков антибиотик ни дадоа, никој нејќеше да се потпише на извештајот. Овој горе д-ров вика не е од вакцината, пак се враќаме кај таа доле, таа па тврди дека е од вакцината и не’ препраќа на имунологија. СРАМОТА. А за алергијата ништо не знаат.И да не должам, детево денеска е добро, нема температура веќе, ѝ дадов антибиоткик, ама е многу исфрлана.Ја барав матичната, недостапна е, чиста докторска етика.Во цело Скопје нема приватен имунолог, на клиника веќе не одам…и незнам што да правам веќе, душа немам…Најважното е дека на извештајот од болница стоеше ТРЕСКА ОД НЕПОЗНАТО ПОТЕКЛО Веќе моето дете на лекар не стапнува. Овие ѓубриња од вакцини ги прекинувам засекогаш и длабоко ќе жалам за секое друго боцнато дете…Жива болест им внесуваат директно во крв. Јас ќе ги смогнам сите сили и ќе им поднесам тужби на сите од прв до последен доктор што беа во контакт со моето дете и што се обидоа да си ја заташкаат грешката. Дајте ми некој совет како да ги прекинам вакциниве. Со изјава ли беше некако?

А.Н.

Еве не и нас во оваа тема.Во петокот ја вакциниравме малата со Infanrix penta трета доза.Како ја боцнаа не сакам ни да коментирам, еве ја сеуште има оток на ножето, ама тоа не ме секира. Ајде на секого може да му се случи да зграши и да не боцне убаво.Вакцината ја примивме на клиника и како и претходните пати немавме никаква реакција. Па си викам ајде оваа ништо не е.Епа не било така.Од понеделникот вечерта почна да право неволни движења со главчето. И буквално кога ќе ја свртеше главата во лево, одма и клапнуваше цело тело и се превиткуваше на десна страна целата. И тоа во серии неколку пати прави, па некое време нема ништо и пак одново. Вчера сето тоа уште по интензивирано.Денес бевме на детски невролог, ја прегледа и вика:- Супер си е детето, супер се развива. Можно е да е од вакцината, ама па може и да не е. Следете ја овие неколку дена, ако почнат да се проретчуваат испадите, тогаш е од вакцината, ако не ќе бараме од што е.Ни закажа за контрола за во вторник, па тогаш ќе правиме и ехо на ЦНС и ќе видиме што понатаму. Еве ја денес само 2-3 пати направи така и тоа движењата се со многу помала амплитуда, па се надевам дека се ќе се среди. Како и да е ќе мора да почекаме некое време за да знаеме со сигурност што е.Додуша јас сум скоро сигурна дека е од вакцината и решив повеќе не вакцинирам. Ако ми дадат од имунологија потврда арно, ако не ќе им однесам изјава во превентива и крај. Па не е моево дете заморче, може е од вакцината, може не е Б.М. С.С. матичниот ме предупреди да не го вакцинирам моето дете на 4год. затоа што секое дете имало некаква реакција. Не сакаше да ме информира, а и не смее. Што им се слуцило на децата? Јас се заинтересирав и ја прашав неговата снаа (од матичниот), која сега чека бебе и таа ми кажа дека имало и пациенти кои после вакцината станале аутистични. Имало и два нови случаи после вакцината децата се во кома  и со церебрална парализа. Ова се’ е  во Охрид. Една моја пријателка работи во Св.Еразмо Охрид ( ортопедија и трауматологија ) каде вежба деца од церебрална парализа. Кажува дека родителите имале здрави деца, па на дел од нив после вакцината им се јавува нова состојба, церебрална парализа

Б.К.

Малата моја после ДТП трета доза доби страшни конвулзии, грчеви, температура 40 цели 14 дена, осип по цело тело, ослабе 2 кила ( на 6 месеци), вкочанетост која ја протолкуваа како можност за парализа. Доби апноични напади губење на свест дисење и помодрување. Катастрофа.И замисли нашиве доктори никој не признаваше дека е од вакцината додека на мое барање не направија анализа преку крв од која се виде дека е реакција на вакцината.Фала богу не ѝ остави такви последици. Згора на тоа не’ избркаа од детска клиника со образложение дека детето не е добро и ако закачи плус некоја инфекција таму, може фатално да биде. Со полуонесвестено дете во раце ме избркаа на улица. Со хомеопатски лек го излечив детето, го детоксифицирав и сега е супер. После се’ ова некој да ми каже, да ми нареди да го вакцинирам, да плаќам казни или не знам што…Ни господ нема да ме натера. Срамота.

С.А.

Целосно Ве разбирам. Слична е и мојата ситуација со постарото дете. Сѐ се смени онај ден кога на два месеци прими три вакцини одеднаш ( ДТП, ОПВ и ХИБ). Детето од здраво, весело и напредно ми се претвори во зомби. Цела седмица бевме во таа фаза. После тоа веќе ништо не беше исто. До четвртата година се будеше секоја ноќ и вриштеше по саат-два. Тие врисоци ни јас како мајка не можев да ги смирам затоа што детето едноставно веќе не ме познаваше. Хиперактивно е и има ОКП. Жал ми е што тогаш не го знаев ова што денес го знам. И не само жал, душата ме боли. Другото дете ни еднаш не е вакцинирано и разликата е повеѓе од очигледна. Баш би сакала да го видам оној кој ќе ме натера да си го упропастам и помладото дете. Го нема тој суд ни таа инспекција. Љ.И. Не си ти мила моја сама во тоа. Имам братучетка, детето го однесе на вакцина. Сега на 7 години беше последната. Детето доби таков шок…едвам го спасија ..ко мртво беше во бесознание…. Сега е тежок епилептичар со напади, го кљукаат со таблети.Внука ми исто доби тежок облик на реуматитис. Две години се мачиме…детето го направија непокретно скроз…фала боже малку е подобра сега…прооде…ама уште има проблеми на рачињата…ѝ се кочат од сабајле кога станува. Еден куп знам деца упропастени од вакцинација. и никому ништо…што ни е нам? Им ги даваме во раце ко на волк јагне и ни ги уништуваат.. И никому ништо…пак со нивната медицинска суета и надменост кон се и сешто. Трагично е да се вика медицина како кога не лечи, туку само упропастува…по налог на фармацевтското лоби…..се е контролирано и продадено..за жал. Ширете ги овие вести за да спасиме што повеке млади дечиња и душички. М.А. Оф леле,и ние си имавме могу гооооолем проблем со ММР. Завршивме со 41т и тоа недела дена по вакцната. Не им се верувало на докторите дека температурата е од вакцината. Ама јас си го знам детето, од како ја прими вакцината не беше воопшто весела. 4 дена ја имавме тем, не ни се спушти ни степен подолу, а што е НАЈСТРАШНО не не’ примија во ниедна болница да лежиме за барем инфузија да и ставеја. Јас предпоставував оти знаеа од што е таа температура, ама не сакаа да си дадат одговорност. Ми идеше со голи раце да ги задавам. Детето за малку ќе ми колабираше дома и ја однесов приватно за да и стават инфузија кога ја видоа како изгледа. Кутрото дете што се не претрпе од таа вакцина. Леле пишувам и плачам од мака, што си експериментираат со нашиве деца. Кога ги прашав која ќе биде реакцијата од оваа вакцина, само рекоа дека може да крене температура најмногу до 38. Но од 38 до 41 е многу голема разлика. Камо сите да можеме да превземе и некоја кампања да направиме против вакцините, да се примаат се додека реакциите во потполност не ги донаеме и нивниот состав. Не само да ги бутаме со вакцини составени од нечии мртви клетки или којзне што????? Уфр да можам би ги задавила, само душава колку ми е љута на нив, секоја примена вакцина ние лежевме во болница – а зошто???? Демек реакцијата, оки – но другите дечиња, што ќе кажат другите мајки кои кај нивните дечиња се јавиле поголеми компликации од вакциниве. На клиника свашта видов и душава ми се згрози. ДОКТОРИИИИИИИИ????????!!!!!!!!

М.У. Мојот син по примањето на ММР вакцината доби страшни пликови и отоци по рацете, постојано плачеше и беше нервозен. Се разбира- ми рекоа дека е невозможно тоа да е од вакцината … после тоа следеше нешто уште полошо… На три години, детето не зборува и не разбира , дијагноза “психомоторна ретардација“.  Докторите на тоа велат “па можеби некој во вашето семејство има такво нешто” … Што????  Никој никогаш не боледувал ниту имал некакви проблеми. За жал касно разбравме и касно реагиравме. Од тогаш не прими ни една вакцина. Стана алергичен на скоро цела хранадо таа мера што се сомневаа на целијакија. Му благодариме на Бога што и тоа не не снајде. На детето му ослабе и видот -5 на двете очи. Кај нас никој не носел очила ниту имал проблем со видот… итн. Да не набројувам што сѐ тие “прекрасни вакцини” им прават на тие мали души кои ги носиме на свет. И ден денес се бориме  со разни вируси, настинки, алергии, се разбира и со говорот и со сѐ и сешто … и некој толку храбар ќе напише и ќе каже дека педијатарот најдобро знае, а дека ние родителите премногу  драматизираме!

А.Н.

И една моја блиска роднина (врсничка ми е) како бебе не е вакцинирана со ништо. Јас не знаев за овој факт, но мајка ми ми кажа и многу се зачудив. Во тој период, не можев да сфатам зошто и како … Денес ми е појасно. Имено, нејзиниот тетин во тоа време настојувал девојчето да не се вакцинира (тој човек бил во тоа време единствениот гинеколог во градот и многу ценет доктор) и родителите го послушале,не ја вакцинирале со ништо. Јас се прашував што го натерало човекот да направи такво нешто, кога после ми светна и 100 % е тоа. Докторот, кој сега е починат, има син кој е…не знам како да го класифицирам, ама не е баш во ред.Не знам каква болест има, ама има некоја ретардација и е на лекови. Сега има околу 38 години. Претпоставувам дека се случило нешто, па затоа докторот бил толку против вакциниранје што дури и внуката настојувал да не се вакцинира.

Ф.А

Еве и јас да споделам една информација во  врска со вакцината ди те пер. Случајно пред 1 месец се најдов во друштво на едно медицинско лице т.е.сестра која пред 19 г ја однела ќерка си на вакцина. По половина час детето цело побелело и преживеало клиничка смрт. Едвај ја повратиле. Во истиот ден уште 2 дециња примиле вакцина и завршиле на клиника. Едното без последици, а другото своето сколување го завршува во Златен сремец заради мала ретардација (пертусис содржи компонента које е штетна по мозокот).Истиот ден била повлечена цела серија на тие вакцини и никој не одговарал. Девојчето за кое ви пишувам било 6 месеци. Од 6 мес до 18 месеци воопшто не јадело и не ставило ниту грам, само пиело сокче од кајсија. Телото не се развивало само главата и растела. До 1,5 г. само лазело.Таа девојка фала богу сега е во ред, освен што е со многу мал раст. И да оваа сестра е против вакцини. По таа вакцина нејзиното дете воопшто не е вакцинирано, како што и самата вели: по таа голгота не фала. Кога и самите д-ри во нејзиниот диспанзер не ги вакцинираат децата значи треба да се запрашаме за многу работи во ова лудо време, а особено за вакцините кои се со сомнителен карактер?

С.П.

Мајка сум на две прекрасни дечиња. Големата ќерка има 6 год и ги има примено сите вакцини, но како викаат, една мајка ги раѓа, а се различни.Помалата е 18 мес. На почеток редовно вакцинирана. Како прими ДТПр вакцина, како мајка чувствував дека кај неа се случуваат промени, имунитет слаб и редовно со воспаление на уво. Од последната ДТПр доби пролив, повракање, раката не можеше 2 недели да ја мрда, а во превентива ме убедуваа дека тоа е нормална реакција од вакцината???? Дојде на ред МРП ја прими за да после 10 дена качи темп 39. Три дена не можевме да ја симнеме.После третиот ден темп сама се смири, но детето доби поткожни крварења и страшен осип по телото Одговорот на докторите беше дека закачила вирус кој предизвикал тромбоцитопенија и осип, но тоа е карактеркистично за деца од една год. Мојата ќерка беше здрава пред тоа, а нормално е дете од една година да добие тромбоцитопенија???? Среќа поминавме со толку сега стасуваат покани за ДТПр ревакцина и ХИБ, но не ја носам втор пат, пошто знам дека пак ќе ѝ падне имунитетот и истото ќе се случува, а се нема разболено 6 месеци и супер напредува. По професија сум фармцевт, но пред се мајка што го сака најдоброто за своите деца.Значи решивме да не ги вакцинираме.

В.Ч.

Се се случи во 1984 год. кога мојот син имаше 8 месеци. ЈЈа прими втората вакцина DTP,после само еден месец  детето доби конвулзии без температура,завршивме во болница 40 тиот ден ,детето беше во кома 4 дена кога се освести веќе ми беше јасно дека нешто страшно се случило,да напоменам дека тогаш имав 30 години студент на  психологија и го имав тестирано детето со тест на интелигенција што одговараше на неговата возраст, со помош на мојата професорка.Детето беше надпросечно интелигентно,психовизичкиот развој одговараше на дете од 14 месеци,зборуваше мама,баба,дај,на и други работи.Чекореше со придржување на само еден прст … После вакцината,паѓањето во кома се се сруши,беше непокретно,не можеше ни главата да ја држи исправено,тешко се храневме,се пасирано,тешко и голташе … Почнаа маките и неизмерните страданија,се појавија и епилептични напади и по неколку стотини на ден , кратки со укочување на погледот ама беа напади кои бришеа се. 9 години одевме по болници Скопје,Охрид во косто зглобна на рехабилитација седевме и по 2/3 месеци и пак така се вртевме во круг. Бев 100 % убедена дека е од вакцината,по тоа прашање прочитав милион книги и се што можев да најдам,станав и повеќе од доктор во таа област.Никој не сакаше да признае дека е последица на вакцината и дијагнозата ни беше многу конфузна и неодредена.Во тоа време во Охрид доаѓаше доктор од клинички центар од Љубљана,др Величкович и др.Пецак,по сите искази од моја страна,со сите слики од раѓање на детето до разболувањето и неговиот здравствен картон двајцата ми потврдија дека детето а и ние ги трпиме последиците од вакцината… Само им реков зарем од сите деца ова требаше нам да ни се случи,знаете што ми рекоа: потребни се жртви за да се дојде до целта и жалиме што ова вам ви се случи. Ги прашав за прогноза,рекоа ако детето беше оштетено при раѓање прогнозата е друга,ќе заздрави колку-толку,а сега и со овие напади се е неизвесно. Го носев на контрола на секои 6 месеци,кога ќе не видеа се чудеа и ме прашуваа,како го гледам,рекоа ова е медицински феномен,тие очекуваа дека детето ќе почини  по година или две,јас бев упорна,дадов се од себе,го чував во стерилни услови со здрава и природна храна ама не успеав,два пати доби бронхопневмонија и третиот пат не успеавме … 

  • Сите сведоштва на родителите наведени овде се споделени од самите родители своеволно во нашата ФБ група: Линк

2 thoughts on “Родителска голгота: ужасните страдања на децата оштетени од вакцини и нивните семејства (Прв Дел)

  1. Брат ми на 18 примасе вакцина ММР до тогаш беше нормално дете не му фалеше ништо и зборуваше за неговата возраст. Откако ја прими после 4 дена почна да гледа во една точка и само се клатеше. Го одведоа на лекар ништо не му е. Помина пола година детето стана хиперактивно и не зборуваше ништо кога и да го одведеа на лекар велеа такво е детето ке прозбори. На 3 годишна возраст му правеа снимања на мозок и анализа на крвта каде утврдија дека има зголемено количество на жива и дека невроните во центар за говор не се добри. Во институтот за мајка и дете рекоа дека е од вакцина и дадоа писмено дека не смее да прима вакцини од здравствени причини но никаде не напишаа дека состојбата е предизвикана од вакцина. Со дијагноза аутизам.Од тогаш почна да работи секој ден приватно со дефектолог и три пати со логопед, лекарства од Америка, Италија, Германија, Бугарија. По три години активна работа детето сега зборува но не чиста последната дијагноза му е забавен психофизички развој. Сега има 7 години ќе оди на училиште но сеуште не зборува чисто. Сестра ми има мало бебе од 8 месеци и поднесе барање и плати казна 1500 евра но детето не прими ниту една вакцина. Жално е мајки да раѓаат живи и здрави деца нечии хир да ги онеспособи со овие деца не патат само тие туку и целата фамилија многу е жално да го гледас а да не можеш да му помогеш кој ке одговара за нивните судбини не ми јасно ….

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s