Др. Сузана Јовчевска – Писмо за поддршка за укинување на присилната вакцинација во Р.Македонија

Image

 

Во овој смог од контрадикторни  информации кои секојдневно ги бомбардираат родителите, можам да кажам дека да се биде родител во денешно време, не е лесно.  Од една страна, присила за вакцинирање за да се искоренат епидемиите, од  друга страна постојано застрашувачки информации за епидемии од болести за кои децата се вакцинирани. Од една страна, напредна медицина која се грижи за здравјето за децата повеќе од нивните родители, од  друга страна, наплив на болни и болникави деца со ослабнат имунитет, непознати или ретки болести. Каде е вистината? Верувам дека е во родителите и нивната љубов и природен инстинкт да си ги заштитат децата и да го дадат најдоброто од себе за нив. Верувам дека е во нивното право да донесат одлука за своето дете со полна одговорност и свесност и да го заштитат од сите институции, кои од самото негово раѓање, во име на профит, под паролата на добра намера, од здравите деца, присилно прават пациенти.  Некој попаметен од мене рекол: „Патот до пеколот е поплочен со добри намери“ Време е да излеземе од пеколот, да се издигнеме над стравот кој со години ни го всадуваат во секоја клетка од нашето тело и да почнеме да се бориме за правото да мислиме со сопствена глава, гледаме со свои очи и слушаме со свои уши. Затоа што:

Ако не мислите самите, некој друг ќе мисли за вас.

Ако не донесувате одлуки, некој друг ќе ги донесува за вас.

Ако не правите сопствени избори, некој друг ќе избира за вас.

А никој друг освен вие самите, не знае што е најдоброто за вас. Бидејќи секоја планина си ја носи својата тежина.

Ги подржувам родителите кои бараат да се укине присилната вакцинација. Ги подржувам родителите кои бараат самите да донесат одлука дали нивните деца ќе се вакцинираат или не. Ги подржувам родителите кои со храброст и свесност ја превземаат одговорноста за грижата, негата и љубовта кон сопствените деца.

 

 

Др. Сузана Јовчевска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s