Отворено писмо до МПЦ-ОА

Image

Почитувани, Пред се Ви се обраќаме како родители и православни верници за да го изложиме накратко големиот етички и верски проблем во врска со присилната вакцинација на децата во Република Македонија, но истовремено да ви ја искажеме нашата сериозна загриженост од притисоците, навредите, заканите кон коишто сме изложени само заради нашето јавно прокламирано поинакво становиште околу задолжителната вакцинација. Притоа се надеваме дека, како духовни пастири, ќе се произнесете по однос на овој и тоа како сериозен и неизбежен за разрешување проблем од којшто зависи здравјето и иднината на децата, на нацијата. Затоа дозволете кусо да ги ви ги предочиме следниве факти:

  1. Состав на вакцините:

–     Вакцините за болестите DTP (дифтерија, тетанус, голема кашлица) и MMR (мали сипаници,     заушки, рубела) имаат ткива од абортирани фетуси, ознаки WI38 и MRC-5 (WI38 – абортиран три месечен женски фетус, MRC-5 абортиран машки фетус). При изборот на овие фетуси учествувале повеќе добороволни брачни двојки, на кои што претходно им е проследена здравствената историја како родители, генетика, прележани болести, за кај фетусите да не постои сомнеж од некаков вид на пренесување на било каква болест. Абортираните фетуси се извадени живи, значи не се работи за мртвородени неколкумесечни бебиња или спонтан абортус, туку свесни и доброволни абортуси со единствена цел: добивање на антитела за вакцините. Овие фетуси или некои од нивните ткива, по направена медицинска интервенција, биле одржувани уште некое време во живот лабараториски, затоа што антителата може да се добијат само откако жив организам претходно ќе биде инфициран со некој вид на вирус. –                 Ваквите поразувачки факти се косат со нашите најдлабоки верски убедувања како православни христијани: дали ова значи дека државата поддржува абортус и убиство? –                 Сите вакцини содржат генетски мутирани вируси, или ДНКдобиени во лабароториски услови со генетски мутации со искористување на гени од животински ткива (бубрег од мајмун, пилешки ембриони, желатински телешки ткива, итн.), а исто така се применуваат и растителни ГМО (генетски мутирани организми). Бидејќи, овие состојки се вбризгуваат директно во крвта, се одвиваат несакани мутации на одредени ткива и органи кај вакцинираните единки. Овие генетски мутации никој, па дури ни медицината нема сознанија, какви штетни и несакани последици имаат во моментот, а и какви несакани последици би имале за идните поколенија, т.е. потомства, односно, се поставува прашањето: дали генерациите со таков вид на генетски мутантски вкрстувања би имале воопшто потомстово и доколку би имале, какво потомство ќе имаат?! –                 Да не ги заборавиме и отровните конзерванси како состав на вакцините кои тие вируси ги одржуваат во живот, а меѓу кои се и најштетните за нервниот систем и другите витални органи: жива, која што е дел од живиното соединение Тимеросал, Алуминиум хидрооксид, Отров за глувци (Формалдехид), Антифриз и др. –                 Несаканите ефекти се и повеќе од застрашувачки: астма, алергија, анафилактични шокови, менингитис, парализа, тромбоцитопенија, некои и со смртност, дијабет, канцер, автоимуни заболувања и заболувања на штитните и витални жлезди, аутизам, SIDS (синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња, под неразјаснети околности), леукемија, неуропатии, паротити, итн., итн. –                 Изворот на информациите за составот на вакцините, како и нивните несакани ефекти се добиени исклучително од самите производители на вакцини, кои што се користат во светот и во Македонија, односно од фармацевските коропрации: Sanofi & Pasteur, GSK, Merck, BulBio и други.

  1. Кога сме кај несаканите ефекти од вакцините целосно сме запознаени и со фактот:  од што тоа всушност вакцините ‘’штитат”. Пред се’ и над се’ тоа се болести за кои што денес постојат лекови, а со подобрениот начин и квалитет на живот тие болести се многу ретки и не преминуваат во епидемии. Односно ние како родители, кога би избирале помеѓу сипаници и заушки наспрема дијабет, аутизам, леукемија, сигурно би избрале болест која што трае неколку дена и се лечи со поголеми дози на “C” витамин, поздрава исхрана, чист воздух, чиста вода, отколку детето да ни добие, не дај Боже болест, за која што денешната медицина нема трајно решение, односно излекување, туку само одржување во живот со доживотни медицински третмани. Во последно време речиси и да нема посериозна медицинска студија која не укажува на тоа дека денешните деца на возраст до 5 години имаат такви сериозни здравствени оштетувања и болести кои што одговараат на здравјето на 70 или 80 годишен човек. Овие заболувања посебно се забележани од страна на родителите по извршена вакцинација кај своите дечиња.
  2. Поради горе наведеното многу од родителите веќе имаат изградено став по однос на вакцинацијата на своите деца, а многумина од нас се и со горко животно искуство. И токму затоа, почитувани наши духовни пастири на нашата МПЦ ви се обраќаме вас за подршка и заштита од силниците во системот, од медицинарите и законодававците кои си земаат за право да вршат разни незаконски дејствија и дејствија кои се пркосат со нашио Устав, демокртија, а пред се со слободата на избор. Примерите се многубројни: не прифаќање на упис во градинка на невакцинираните деца, не прифаќање на упис во основно и средно училиште, закани, уцени и притисоци. Исто така, незаконски, поради одбивање на вакцини или нецелосно вакцинирање на родителите со трето дете, целосно им е укинато правото на додаток (финансиска помош) за трето дете, што е тотален апсурд  – дали тоа значи дека третото дете престанува да биде трето доколку не е вакцинирано?! Ваквата очигледна, од државата наметната дискриминација, во името на некакви имагинарни и со ништо конкретно поткрепени цели (“јавно здравје“- како преседан на некакво  “јавно право да се уредува се и сешто“) се случува овде и сега, во 21 век во т.н. слободна и демократска Македонија!
  3. Задолжителна вакцинација немаат следните земји од ЕУ: Австрија, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Англија. А во останатите земји од ЕУ по број на задолжителни вакцини е вака: Бугарија-9, Чешка-7, Грција-4, Унгарија-8, Италија-4, Латвија-12, Малта-3, Полска-8, Романија-7, Словачка-9, а Словенија-7. Зарем нивната здравствена фела и систем се понеобразовани, или можеби понегрижливи, од нашите медицински експерти и институции на системот!? За разлика од кај нас, каде законот за заштита на населението од заразни болести влече корени од еден стар социјалистички систем уште од времето на СФРЈ, секаде во светот поради причините изложени горе вакцинацијата е ИСКЛУЧИВО право на избор на родителот или од истите загрижувачки причини допуштени се верски, филозовски и медицински исклучоци.
  4. Согласно сево ова погоре изнесеното, како загрижени родители неодамна поднесовме Иницијатива до Устсавниот суд за промена на Законот за заштита на населението од заразни болести, во делот за задолжителна вакцинација. Односно ние како родители сметаме дека најголема заштита на своите деца и одговорноста за нивното здравје е во наши раце, па затоа, вакцинацијата не треба да биде законски обврзана и задолжителна, туку тоа треба да биде право на избор на секој родител во оваа земја, што секако воедно е и демократско и етично право.

Медицината треба да е во служба на човекот тогаш кога ќе му затреба, затоа што Еден е патот до телесно и духовно здравје.

Родителите за правото на избор за вакцинација

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s