Драги родители,сеуште ве лажат … (негирање на статијата на Jennifer Raff поради неиздржаните про-вакцинирачки тврдења)

Во 1994 година излезе песната на бендот наречен  “Blues Traveler”, ја свиреа по клубовите и радијата низ целата држава. Беше во најдобрите 10 на топ листите и остана една од незаборавните песни од 1990-тите. Таа песна беше насловена “Hook” (Кука), a текстот на песната потврдува дека дури и кога пејачот пее за нешто тотално бесмислено, слушателите повторно и повторно ќе ја слушаат песнатасе додека таа ги прави да се чувствуваат дека се пренесува “некоја внатрешна вистина на огромнарефлексија”.(стих од песната) Повеќето слушатели дури и не обрнуваат внимание на текстот, но секако продолжуваат да пеат. Па, токму ова се случи неодамна со една статија за вакцините која кружи  по нетот. Добредојдовте во ерата на информации каде објавувањето по блогови може да се споделува низ целиот сајбер-простор и да се добијат повеќе од 10.000 “ми се допаѓа” на фејсбук, а да се каже многу малку од она што всушност е корисно.

Во статијата насловена како Драги родители, некој ве лаже“, Џенифер Раф ги прикажува сите аргументи поврзани со вакцинирањетокои таа ги слушналаво текот на годините (веројатно) од оние кои избрале да не се вакцинираат.(притоа таа го нагласуваколективното “тие”).Оваа статија е интересна поради фактот што во неа Раф не дава детално објаснување.Таа едноставно ги подредува своите изјави во негирачки стил и вклучува неколку линкови за своите про-вакцинацинациски изјави.Но,ако одвоите малку време да проанализиратеќе сфатите дека таа не е во право. Преку преувеличување на информациите цитирани во секој аргумент, таа го прави она што е (судејќи по популарноста на статијата) навидум краен аргумент за оние кои не сакаат да копаат подлабоко, но во суштина ќе откриете дека е заблуда само ако барем малку гребнете под површината. Во некои примери таа користи истражувања од далечните земји, како Бангладеш или Скандинавија за да ја докаже ефикасноста на вакцините и вклучува болести и смртни случаи од заразикои ги нема на распоредот за препорачана вакцинација за да покаже дека агитирањето против вакцините носи  “тешки последици”.

Во други примери, наведува линкови кои немаат апсолутно никаква врска со нејзината поентата. Како и многу такви аргументи, таа поставува јасна граница меѓу “ние” против “тие” и се обидува да донесе  црно-бели заклучоци од она што во суштина е многу сива зона. Без оглед на тоа од која страна гледате, овој натпис иако напишан од научник не е научен.

 Според популарноста која ја стекна статијата на Раф јасно е дека ние едноставно не обрнуваме внимание. Ако некој пишува статија тврдејќи нешто како “факт” и потоа додава референца на крајот од текстот, ние не се трудиме да ја провериме референцата.Наместо сами да ги проучiме информациите, огромното мнозинство од нас во суштина сака другите да ја преземат одговорноста за нашата безбедност – особено во областа на храна и лекови.Ако ФДА (Food and Drug Administration) вели дека тоа е безбедно и ефикасно тогаш ние веруваме дека тоа е безбедно и ефикасно без многу поставени прашања.Реалноста која Раф ја игнорира е дека оваа дебата не е на “про-вакцинацискиот” наспроти “анти-вакцинацискиот” блок, туку е за проценка на тоа што им е потребно на нашите деца, како и за одредување кој ќе одговори на тоа прашањеДали владата ќе одлучува што им е потребно на нашите деца или родителите ќе одлучат врз основа на истражувањата кои им се на располагање?Дали ние, како родители ја жртвуваме нашата одговорност, а размислуваме на олтарот на науката и нејзината способност да измислува? Дали од нас се бара да го прифатиме она што владата, ФДА и ЦДЦ ни го пласираат, само поради тоа што ни се нуди? Или родителите треба да го остварат своето право сами да истражат и да изберат методи на грижа за своите деца според она што за нив е најдобро?

 Подолу дадов осврт на написот на Раф во целост, точка по точка, откривајќи детали кои таа ги има испуштено и вклучив информации кои отсуствуваа кај неа. Цитирав само статии напишани од страна на CDC, FDA, веб-страници/публикации кои се про-вакцинациски и статии чии факти лесно може да бидат потврдени.

Информациите на Раф се групирани според тема и се презентирани во сина боја. Цитатите се во подвлечени.

Тврдење :

Болеста е опасна !

Луѓето би можеле да УМРАТ!

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ЕПИДЕМИИТЕ НА МАЛИ  СИПАНИЦИ СЕ ВО ПОРАСТ

” Неодамнешните епидемии на мали сипаниции другите болести кои може да се спречат со вакцина, какои одбивањето на вакцините од страна на анти-вакцинашите сведочат за потврдување на проблемот за кој мислев дека веќе е надминат.

 

Бројот на заразени лица од “неодамнешните епидемии” според статијата која е посочена: 189 (од околу 300.000.000 ) луѓе во 2013 година.

 

Да го ставиме ова во перспектива , тоа е 1 од секои 15.000.000 во САД . Тешко е тоа да се нарече епидемија.

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА СО НЕВАКЦИНИРАЊЕТО ГИ РИЗИКУВАМЕ ЖИВОТИТЕ НА НАШИТЕ ДЕЦА

Ве лажат.Луѓето кои тврдат дека дејствуваат во најдобар интерес на вашите деца го ризикуваат нивното здравје па дури и живот.

 

“Ризикуваат” според линкот за статијата е интерактивна мапа од weather.com, која ги покажува  епидемиите ширум светот од “болести кои може да се спречат со вакцина”

 

Број на епидемии во САД од 2008 година, според написот:

Магарешка кашлица : повеќе за ова подоцна

Заушки : 3726

Мали сипаници : 663

Сипаница (Варичела) : 141

Тетанус : 3

Рубеола : 0

Полио : 0

Дифтерија : 0

Ротавирус : 0

 

Ајде да ја разгледаме оваа информација за момент. Како прво, овој веб-сајт го прикажува вкупниот број на епидемии низ Америка – вбројувајќи ги тука и возрасните и децата. Како второ, ( да ја ставиме настрана магарешка кашлица за миг – повеќе за тоа подоцна ), да ја погледнеме болеста со најголем број случаи – заушки. Не само што ЦДЦ признава дека епидемиите на заушки често се јавуваат во многу вакцинирани заедници, туку и наведе дека несаканите ефекти од заушки се исклучително ретки. Ако го земеме предвид бројот на заразени од заушки во епидемиите во САД во текот на последните шест години, ќе видиме дека 1 во 400,000 луѓе во САД се изложени на ризик од заушки секоја година. 1 во 400,000 ! Секоја година! А ризикот од мали сипаници или Варичела е уште помал. Дали ова навистина е “ризик ” за кој треба да се грижам?

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА МАЛИТЕ СИПАНИЦИ СЕ СМРТОНОСНА БОЛЕСТ

“Велат дека мали сипаници не се смртоносна болест.

Ама се.”

 

Според линкот за изјавата:

– Малите сипаници се една од водечките причини за смрт кај малите деца, иако постои сигурна и исплатлива вакцина за нив.

– Во 2012 година, имало 122 000 смртни случаи на мали сипаници на глобално ниво – околу 330 смртни случаи секој ден или 14 смртни случаи секој час.

 

Ве молам имајте предвид дека и двете статистики се занимаваат со глобалната појава на мали сипаници. Ако ги земете како фактор лошата исхрана и недостатокот на хигиена што често се гледа во земјите од третиот свет, не е изненадувачки што бројот на смртни случаи на мали сипаници е толку висок.

 

Сепак, во САД  ЦДЦ го проценува  ризикот за смрт од мали сипаници од 1-2 на секои 1.000  заразени (а само околу 150 луѓе годишно се заразуваат со мали сипаници во САД! ) Всушност, според ЦДЦ нема ниеден смртен случај од мали сипаници во САД  од 2003 година па навака. Да се наречат малите сипаници “смртоносни” е исто како да тврдите дека зајчињата се “смртоносни “, бидејќи можат да  шират туларемија .

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА ВАРИЧЕЛАТА МОЖЕ ДА БИДЕ  “ГОЛЕМА РАБОТА “

“Тие велат дека сипаниците не се толку голем проблем

Но, може да бидат.”

 

Од линкот за изјавата:

– Варичела (овчи/крупни сипаници) е многу заразна болест која е многу непријатна и понекогаш и сериозна.

– Бројот на луѓето кои се заразиле со овие сипаници, како и хоспитализации и смртни случаи од сипаници во САД драстично опаѓа секоја година.

 

Бидејќи нема многу информации во линкот што е даден како поддршка на нејзиното тврдење дека сипаниците се “голема работа ” си реков да испитам малку:

 

“Во ерата пред вакцината имало 3-4.000.000 случаи годишно. Она што луѓето не го сфатија е дека секоја година околу 105 луѓе умираа од болеста. Околу половина од нив биле деца. ”

 

Ова е многу подобра статистика. Па сипаниците во најлош случај убивале 50 деца секоја година. Во зависност од вашата дефиниција за “голема работа”, ова статистика може да го поддржи нејзиното тврдење … барем тоа го правеше пред една деценија. Она што е интересно за мене во врска со оваа статистика е дека дури и во врвот на епидемија, луѓето има поголема веројатност да умрат од давење, задушување или, ако се случи да живеат во Африка, да бидат згмечени до смрт од нилски коњ . Така е,сипаниците се “голема работа? ” Да. Исто така и нилските коњи.

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ГРИПОТ Е ОПАСЕН

“Велат дека грипот не е опасен.

Ама е”

Не сум сигурна дали тука Раф ставила линк до погрешен сајт или нешто друго е во прашање, но не можев да најдам ништо на тој линк што ќе покаже дека грипот е опасен. Сепак, прочепкав во нејзино име и еве што најдов:

 

“Според извештаите на ЦДЦ секоја година околу 20.000 деца под пет годишна возраст се хоспитализирани заради  компликации од грип.”

 

ЦДЦ  исто така објавидека делувањето на вакцината против грип (или нејзината способност да го спречи грипот) во голема мера може да варира од сезона во сезона . Ефективноста на вакцината може да се разликуваат во зависност од тоа кој е вакциниран.”Барем два фактори играат важна улога во одредувањето на веројатноста дали вакцината против грип ќе го заштити лицето или не: 1)карактеристики на лицето кое се вакцинира (како што се нивната возраст и здравје), и 2)на сличноста или “совпаѓање” помеѓу вирусот во вакцината и оној кој во моментот се шири во заедницата. Кога вирусот во вакцината не се совпаѓа со вирусот кој кружи, можно е да не се забележи некоја корист од вакцината против грип”.

 

ЦДЦ исто така изјавува дека : “Иако вакцината е најдобар начин да се спречи грипот, заштита во голема мера може да варира во зависност од тоа кој се вакцинира (во однос на тоа колку добро се совпаѓа вирусот во  вакцината против грип со оној кој  во тој момент циркулира).”

 

Со други зборови, иако грипот може да предизвика сериозни компликации во имунолошки-компромитираните возрасни и деца, во најдобар случај вакцинирањето против грип е коцкање.

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ГОЛЕМАТА КАШЛИЦА Е ЛОША ЗА ДЕЦАТА

“Велат дека голема кашлица не е толку лоша ако ја фати детето

Ама е.”

Нема ни да се потрудам да обезбедам на информации од линкот на Раф, бидејќи дури и да се согласам дека големата кашлица е сериозна болест и закана за децата во САД, јасно е дека вакцината против голема кашлица не само што не е ефикасна туку оние деца кои се вакцинирале во суштина ја шират болеста! Бидејќи овој факт вреди да се повторува тука е делот од статијата на ФДАво целост:

 

“ФДА спроведе истражување на бабуни, животни кои на сличен начин ја репродуцираат магарешката кашлица како и луѓето. Научниците вакцинираа две групи на бабуни – една група со целоклеточен вирус на пертусис во вакцината и другата група со ацелуларна пертусис вакцина која во моментов се користи во САД.  Животните беа вакцинирани на возраст од два, четири и шест месеци со што е симулиран распоредот на имунизацијата кај новороденчињата. Резултатите од оваа студијата покажаа дека и кај двата вида на вакцини има реакција за генерирање на антитела и ниедно од вакцинираните животни  не разви надворешни знаци на пертусис откако беше изложен на Б пертусис. Сепак, постојат разлики во други аспекти на имунолошкиот одговор. Животните кои  добија  ацелуларна пертусис вакцина ја имаа бактеријата во нивните дишни патишта до шест недели по вакцината и можеа да ја шират инфекцијата на невакцинираните животни. Спротивно на нив, животните кои добија целоклеточна вакцина ја исчистија бактеријата во рок од три недели.

Ова истражување сугерира дека некои лица кои се вакцинирани со ацелуларна пертусис вакцина може да бидат заштитени од болеста,но тие можат да се инфицираат со бактеријата без притоа да се разболат, a  се способни да ја шират инфекцијата на други лица, вклучувајќи ги тука и доенчињата кои се подложни на пертусис. ”

Во име на ова, мора да прашам … чии деца кого ставаат “во опасност?”

 

 

Тврдење :

Медицинската наука ги има одговорите

и вакцините за да не заштити

 

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА ВАКЦИНИТЕ СЕ ЕФИКАСНИ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА БОЛЕСТИ

“Велат дека вакцините не се толку ефикасни во спречување на болеста.

Но животите на 3.000.000 деца се спасени секоја година со помош на вакцинација, а  2.000.000 умираат секоја година од болести кои се спречуваат со вакцина. “

 

Од линкот за изјавата:

“Во однос на доказите од минатото, некои податоци од Обединетото Кралство и скандинавските земји покажуваат дека широката употреба на вакцината за големи сипаници во почетокот на XIX век резултираше со обележан и одржлив пад на смртни случаи не само на големите сипаници, туку и на вкупната стапка на сурова смрт и имаше голем придонес за невидениот раст на европската популација. Што се однесува до сегашноста, се проценува дека 3.000.000 деца се спасени годишно со помош на вакцинација, но 2.000.000 уште умираат бидејќи не се вакцинирани. Тетанус, сипаници и магарешка кашлица се главните убијци во првите години од животот,  кои можат да се спречат со вакцина. Податоците од Бангладеш покажуваат дека целосната имплементација на ЕПИ вакцините (Expanded Program on Immunization) има потенцијал да ја намали смртноста кај речиси една половина од децата на возраст  од 1 до 4 години. ”

 

Можеби вакцините спасија милиони деца во Велика Британија, Скандинавија, Европа и Бангладеш, но јас сè уште се прашувам за нивната ефикасност денес против болестите во САД. Погледнете го, на пример, фактот дека многу детски болести веќе опаднале ПРЕД воведување на вакцини:

Image

 

Но, дури и да го ставиме ова настрана, дали е можно вакцините да се корисни во одредени периоди, во одредени околности, а во други да не делуваат? Дали постојат одредени вакцини кои  “науката” ги измислува , а за кои луѓето во САД треба да размислат дали да ги примаат? Размислете за момент за вакцинирање против жолтата треска, маларија и тифус. Да ги додадете и нив во распоредот вакцина ќе биде слично на советување секој Соединетите Американски Држави граѓаните да си ископа бунар во својот двор за да добие чиста вода. Иако се многу потребни во некои земји, овде не се неопходни. Дали е можно сè уште да се вакцинираме за болести  за кои повеќе нема потреба од вакцина? Кои се критериумите за утврдување кога вакцинацијата не е веќе потребна? Во кој момент доволно е доволно и кој ја носи таа одлука?

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА ВАКЦИНАТА Е ЕДНА ОД НАЈВАЖНИТЕ РАБОТИ КОИ МОЖЕМЕ ДА ГИ НАПРАВИМЕ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НАШИТЕ ДЕЦА

” Вистина е дека вакцините се една од нашите најголеми јавни здравствени придобивки и една од најважните работи што може да ги направите за да го заштитите вашето дете “

 

Настрана од фактот дека е добро документирано (како Џенифер Раф самата признава) дека вакцините не се 100 % ефикасни, апсолутно се согласувам со Раф дека вакцините може да спасат животи. Следниот пат кога ќе тргнам кон Африка, секако ќе се вакцинирам против жолта треска и маларија. Прашањето кое морам да си го поставам како родител е: кои вакцини треба да им ги дадам на моите деца? Мислам, би можел да ги вакцинирам против жолта треска , маларија и тифус, дури и пред нашето следно сафари, но дали постои доволно добра причина за тоа? Исто така, постои ли доволно добра причина за вакцинирање на бебиња против сексуално преносливи болести – Хепатитис Б или двомесечно бебе против тетанус? Дали постои доволно добра причина за вакцинирање на децата против мали сипаници, при што негативни ефекти се јавуваат само кај 63(од 74.000.000 ) деца секоја година и нема фатален случај уште од 2003 година, или крупни сипаници од кои во најголемата епидемијасекоја година умирале помалку деца отколку од случајно давење? Што е со заушките , болест за која дури и ЦДЦ признава дека има многу ниска стапка на компликации, или грип за кој вакцините се само повремено ефикасни? Тоа е прашање што секој родител сам мора да си го одговори.

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА ПРИРОДНИТЕ ИНФЕКЦИИ НЕ РАБОТАТ ТОЛКУ ДОБРО КАКО ВАКЦИНИТЕ

“Тие велат дека” природна инфекција “е подобра од вакцината.

Ноне се во право.

 

Во студијата на која Раф  не’ упатува нема информации дали природната инфекција е подобра од вакцинацијата!!! Наместо тоа, накратко се споменува “партии мали сипаници” и потоа продолжува со опишување на симптомите и компликациите од мали сипаници

.

Интересно, но сепак, ги најдов следниве информации на друга страницаза која самата авторка ставила линк:

 

“Истражувањата покажуваат дека луѓето реагираат подобро на некои видови на ризици од другите. Природните ризици (како што се инфекции, за кои не постојат вакцини)  подобро се толерира од вештачките ризици (како што се несаканите ефекти од вакцината).”

Хмммм …

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА ПРИРОДНИТЕ И АЛТЕРНАТИВНИТЕ ЛЕКОВИ НЕ РАБОТАТ ТОЛКУ ДОБРО КАКО ЛЕКОВИТЕ КОИ СЕ СОЗДАДЕНИ ОД НАУЧНАТА МЕДИЦИНА

“Велат дека “природните”,”алтернативните” лекови се подобри од научните лекови.

Но, не се. “

 

Како прво, написот не’ поврзува со специфични третмани за природно третирање на аутизмот. Нема ништо во оваа статија што ги побива придобивките од алтернативните лекови за каква било друга болест, вклучувајќи ги тука и оние за кои во моментов се вакцинираме. Да се стави линк на овој натпис како тврдење дека “природните” и “алтернативни” лекови не функционираат е ирационален во најдобар случај, а лага во најлош случај.

 

Да искористиме еден пример кој и таа самата го користи:  да прашам како Раф го објаснува дејството на антителата присутни во мајчиното млеко како природни  вакцини и како во суштина тие ќе ја намалат ефикасноста на медицинските вакцини доколку е вистина дека “природните лекови” не работат ? Можеби и ние треба да го елиминираме мајчиното млеко и наместо тоа да им дадеме на бебињата нешто што е научно формулирано. Ох, чекајте … ние веќе го сторивме тоа, и тоа ги уби нашите деца.

 

Понатаму, ако Раф ја негира ефикасноста на природните лекови наспрема “научните,” би сакал да го објасни плацебо ефектотсо кој се користат шеќерни апчиња како “лек. ” Во некои случаи, овие плацебо апчиња всушност работат подобро од научните лековидури и кога на пациентите ќе им се каже дека им се дава плацебо! Да се изјави дека природните и алтернативните лекови не работат не само што е лажно, туку и целосно ја игнорира врската меѓу мозокот и телото.

 

 

Тврдење:

Вакцините се безбедни

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА ВАКЦИНИТЕ СЕ РИГОРОЗНО ТЕСТИРАНИ

 

“Тие велат дека вакцините не се ригорозно тестирани за безбедност.

Но вакцините се подложени на повисоко ниво на контрола од било кој друг лек. На пример, во оваа студија се тестира безбедноста и ефективноста на вакцината за  пневмокок на повеќе од 37.868 деца. “

 

Сметајќи дека лековите на рецепт се 4-та водечка причина за смрт во Америка, и дека над 100.000 луѓе умираат секоја година од несакани реакции на лекови на рецепт, фактот дека вакцините се “изложени на повисоко ниво на контрола од било кој друг лек” не влева многу доверба.

Image

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА ПОСЕРИОЗНИТЕ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ВАКЦИНИТЕ СЕ РЕТКИ

 

“Тие велат дека лекарите не признаваат дека има било какви несакани ефекти од вакцините. Но несаканите ефекти се добро познати и се поприлично лесни освен во многу ретки случаи.

 

Поентата на Раф е дека познатите несакани ефекти на вакцините се лесни, освен во ретки случаи. Не се согласувам дека компликациите поради вакцина се благи, освен во многу ретки случаи. Зарем треба да ги ризикуваме нашите деца да развијат компликации поради вакцинитеза да се спречи можноста за ризик од болест?

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА ВАКЦИНИТЕ НЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ АУТИЗАМ

“Тие велат дека вакцината предизвикува аутизaм. 

Не се во право. (Прашањето дали вакцините предизвикуваат аутизаме испитуваново многумногу студиии ситетие покажуваатогромнидокази дека не е така.) “

Би сакал да  знам кој ги финансира тие проучувања … тука е листа од над 80 студии кои покажуваат на друг начин:

 “Нема таков линк”

Тие велат дека тимеросалот во вакцините предизвикува аутизaм.

Не се во право, а и секако не е присутен во повеќето вакцини уште  од 2001.

Погледнете туказа информации кои укажуваат нешто друго.

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА АЛУМИНИУМОТ ВО ВАКЦИНИТЕ НЕ Е ШТЕТЕН

“Тие велат дека алуминиумот во вакцините ( како засилувач или компонента од вакцината наменета за подобрување на имунолошкиот одговор на телото ) е штетен за децата.

Но, децата консумираат повеќе алуминиум во мајчиното млеко отколку што примаат преку вакцините, а потребни се далеку повисоки нивоа на алуминиум за да се предизвика  проблем.”

Како прво, да земеме дека во студијата на Раф, износот на алуминиум кој е присутен во мајчиното млеко бил определен со земање на повеќе примероци во текот на четири месеци и се движи од 0.004 mg до 2,67 mg. А сега да земеме во обзир дека во согласност со препорачаниот распоред за вакцинирањеедно дете ќе добие 29 дози на вакцина пред возраст од шест години, а секоја доза содржи некаде од 0,17 mg до 0,85 mg алуминиум. Ова значи дека најниското количество на алуминиум присутен во вакцините (4,93 ) е за два пати поголем од количеството на алуминиум кој е присутен во најниското ниво на мајчино млеко ( 0,012 во текот на една година.)

Како второ, дозволете ми за момент да шпекулирам околу безбедноста на алуминиумот во вакцините со поставување на прашање до вас градинари таму …

 

Што е подобро за почвата, NPK ѓубриво или компост ? Иако многу добро е познат фактот дека здравата почва вклучува азот, фосфор и калиум,  подеднакво добро е познат фактот дека ако ги земете тие три елементи и посебно ги внесете во почвата, вие всушност ќе ја уништите почвата. Ова не’ наведува на прашањето … дали методот на испорака на одредени супстанции влијае на реакцијата на елементот кој е внесен, како и последиците од него ? Што друго има во мајчиното млеко што влијае како тело на бебето реагира на тој алуминиум? Покажете ми на кој друг начин вакцините се исти како мајчиното млеко, освен во содржината на алуминиум и тогаш многу е поверојатно дека ќе ги сметам за “безбедни”.

 

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА НИКОГАШ НЕ Е ДОКАЖАНО ДЕКА ВАКЦИНИТЕ СЕ ШТЕТНИ


“Велат дека ВАЕРС  (Vaccine Adverse Events Reporting System) (и/или“судот за вакцини”) докажа дека вакцините се штетни.

Но, тоа не се случи. “

Се согласувам … корелацијата не е еднаква на причинско-последичните односи. Тоа важи и за двете страни на аргументот.

 

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ СЛЕДИ НОРМАЛНИОТ РАСПОРЕД НА  ВАКЦИНИРАЊЕ

“Велатдека нормалниот распоред за вакцинирање е премногу тежок за да може имунолошкиот систем на детето да се справи со него.

Но не е така.

И симнувам шапка на Раф за уште една добра поента и за линковите до сајтот со вистински научни докази за поддршка на нејзината изјава.  Сепак, љубопитна сум за тоа што ќе каже таа во врска со нормалниот распоред за вакцинирање наспрема фактот дека мајчиното млеко има негативно влијание на дејството на вакцините. Треба ли да го одложиме вакцинирањето на нашите деца се додека не завршиме со доењето, или да ги одвикнеме од доење уште од почеток за да бидат “заштитени?”

 

Тврдење :
Ако не го вакцинирате вашето дете,
моето дете ќе умре.

  • ЏЕНИФЕР РАФ ВЕЛИ ДЕКА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА ГИ РИЗИКУВААТ
    ДРУГИТЕ ДЕЦА

“Тие велат дека ако другите деца се вакцинирани, нема потреба да гивакцинираат своите деца.


Ова е ед
ен од најодвратните аргументи што сум ги слушнала.Како прво,вакцините не сесекогаш 100 % ефективни, така што е можно ивакцинираните деца да се инфицираат ако бидат изложени на болеста.Уште полошо, постојат некои луѓе кои не можат да добијат вакцини,бидејќи се имунодефицитарни, или бидејќи се алергични на некоја од компонентите. Овие луѓе зависат од колективниот имунитет кој гизаштитува. Луѓе кои не ги вакцинираат своите деца против заразниболести ги ризикуваат не само своитедеца, туку и децата на другителуѓе. “

 

Што значи тоа да се стави некој “во опасност? ” Дали загрозувамнекого ако носам пиштол? Одговорот е да . Технички,би можел да пукамво некого. Треба ли да се откажам од слободата бидејќи некој се плаши дека можам да мунаштетам на некој друг? Треба да носам одлуки во врска создравјето моето дете врз основа на стравовите и грижите на некој друг?Изјавата дека невакцинираните деца претставуваат “ризик” не само што естатистички незначајна, туку  и логиката зад овој аргумент едноставнонема смисла.

Да ја земеме истата логика и да ја примениме на уште неколку начини …

ФАКТ: мајчиното млеко ја спречува ефикасноста на вакцините
ФАКТ: Децата кои не се ефективно вакцинирани против болеста може да јапрошират болеста
ЗАКЛУЧОК: Мајките не треба да ги дојат своите деца

ФАКТ: Во САД , повеќето случаи на мали сипаници се резултат одмеѓународните патувања.
ФАКТ : И вакцинираните и невакциниранитедеца и возрасните може да сезаразат и да ги рашират малите сипаници
ЗАКЛУЧОК: Граѓаните на САД не треба да патуваат во други земји

ФАКТ: Децата кои се вакцинирани против голема кашлица придонесуваат заширење на големата кашлица
ФАКТ: невакцинираните и вакцинирани деца можат да се заразат со големакашлица од вакцинираните деца
ЗАКЛУЧОК : Родителите треба да престанат да ги вакцинираат своите децапротив голема кашлица

( Лично , мислам дека последнава изјава е на место )

И иако јас се обидов да не користам про-вакцинациски веб-сајтови дадокажам било што од моите тврдења, овој напис се однесува на митот за т.н. “имунитет на стадо” и е вреден да се прочита .

Тврдење :
Невакцинирачите се насилници
кои не знаат ништо!

“Точно можам да предвидам каков одговор ќе добијам од активистите заанти-вакцинација.Бидејќи не можат ефикасно да се расправаат противогромните научни докази за вакцините, ќе речат дека работам за БигФарма (не работам и никогаш не сум работела). Ќе кажат дека не сумнаучник (сум), и дека сум “Агент 666 ” ( не знам што е тоа, но сумприлично сигурна дека не сум тоа).”

 

Јас нема да ја обвинам за било која од овие работи. Сепак, ќе јаобвинам за пишување на пристрасна, ненаучна статија со огромен број нареференци , кои немаат ништо сосуштината што таа се обидувада ја прикаже.

 

“Ниедна од овие работи не е вистинита, но тоа е рефлексивен одговород страна на активистите за анти-вакцинација бидејќи немаат факти сокои ќе го поткрепат нивниот став. На некое ниво, длабоко во себе, тиемора да го разбираат ова и се плашат од последиците, па го напаѓаатгласникот”.

Напротив, ние сме вооружени со истиот тип на информации со коие вооружена ипро-вакцинирачката страна.Нецелосни студии, пристраснилекари и истражувачи истатистики кои можат да покажат корелација ноне причинско-последичните односи. Она што се сведува на крајот е декане знаеме. Ние не знаеме што го предизвикува аутизмот и не знаеме даливакцините придонесуваат за појава. Ние не знаеме колку се чести несаканите реакции од вакцините, и не знаеме колку тие се ефикасни противболеста. За секоја студија која “докажува” една поента, постои уштеедна која го “докажува ” спротивното.

“Зошто ве лажат? Некои тоа го прават за профит, се обидуваат да гипродадат своите алтернативни лекови со тоа што ќе ве плашат од медицина базирана на наука. Сигурна сум дека многу од нив  во рамките надвижењето за анти-вакцинацијасе навистина со добри намери  и искреноверуваат дека вакцините се штетни. Но, како што еден астрофизичарнеодамна изјави “Добрата работа во врска со науката е дека тоа евистина без разлика дали ви се верува во тоа или не”.Во случајот на анти-вакцинирачите, ова не е добра работа. Добрите намери нема да гиспречат микробите од инфицирање и наштетување на луѓето, а пораката е дека вакцините се опасни и имааткобни последици. Во моментовниз САДпостојат епидемии наболести кои може да се спречат со вакцинација и тоа порадиневакцинираните деца

Ние веќе опфативме некои од “кобните последици” од невакцинирање на децата, но овде е ставен уште еден погрешен линкод Раф. Линкот ве води до “anti-vaccine body count” кој ги брои лицата разболени од заразни болести и смтрни случаи во САД од јуни 2007 до март 2014 година. Меѓу наведените тука спаѓаат зарази и смртни случаи од болести кои не се наоѓаат на распоредот за вакцинирање на децата.

 

Во статијатакоја таа ја користи за да прикаже “епидемии” на болести кои може да се спречат со вакцина се изјавува:

 

“Точно е дека сеуште не сме виделе епидемија на  мали сипаници воогромни размери – она што се смета за голема епидемија во моментов се 20 потврдени случаи во Њујорк ”

 

Можеме ли навистина да го искористиме ова како обидда ги дискредитираме сите оние кои зборуваат против вакцинирање и се обидуваат данаправат профит? Впрочем, ако го свртиме тој аргумент наоколу, што ли кажува тоа за  за мулти милијардерската индустрија за вакцини?

Мојата порака се совпаѓа со активистите за анти-вакцинација само по една точка, и тоа:Едуцирајте се. Но, додека кај нив тоа значи “Прочитајте ги сите овиевеб-сајтови кои ја поддржуваат нашата позиција”, јас Ви препорачувамда учитеод она што го вели научната заедница. Научете какоработи имунолошкиот систем. Прочитате за историјата на болестите пред вакцините и разговарајте со постари луѓе кои израснале когадетската парализа, малите сипаници, како и другите болести кои не можеле да сеспречат. Прочитате за тоа како се развиваатвакцините и како функционираат. Прочитајте за Ендру Вејкфилд, и повлекувањето на неговиот труд, во којтврдеше дека постои поврзаност меѓу вакцината ММР и аутизам, а неговата медицинска лиценца е поништена. Прочитајте ги многубројните, големистудии кои експлицитно испитуваат дали аутизмот е предизвикан одвакцината … и не најдоа ништо. (Додека сте на оваа тема, прочитајте затековните истражувања за утврдување која е причината или причинитеза појава нааутизмот, а не се помогнати од луѓето кои инсистираат дека вакцините го предизвикуваат ). “

Се согласувам дека секој родител треба да истражува иубедена сум дека две лица може да ги направат истите истражувања и да дојдат со сосемаразлични мислења за тоа дали тие требада ги вакцинираат своите деца. И ТОА Е ВО РЕД. Родителите треба да гидонесуваат оние одлуки со кои се чувствуваат удобно. Но тактиките на заплашување, како што се овие во статијава не им помагаат на родителитеда донесат информирани одлуки и тоа е жално што овој натпис има толаква поддршка од родителите

 

“Можеби тоа изгледа како многу работа, и може даизгледазастрашувачки да се прочитаат сите научни трудови. Но читање научни статии е вештинакоја може да се усоврши. Овде имате одличен ресурс за оценување намедицински информации на интернет, а јас напишав водич за оние кои не се научници со објаснување како да ја читаат и разбираат научната литература. Им го должиме тоа на нашите деца  и на себеси,да го истражиме темелно ова прашање.Не сепотпирајте на она што некој непознат на интернет вели (дури ни на мене!) . Прочитајте ги сами научните студии што се поврзани со овој пост,и да разговарајте со вашите педијатри. Без оглед на тоа што ви кажува анти-вакцинациската заедница, не треба да се плашите одвакцините. Наместо да треба да се плашите од она што се случува безнив. ”

Се согласувам дека секој сам треба да си направи истражување. И заразлика од Џенифер Раф, верувам дека истражувањето ги поддржува идвете страни на вакцинацијата и дека секој родител треба да ги оцени ризиците и да одлучи за себе. Да, тоа ќе биде многуработа , исто како што беше многу работа да се проверат ситереференци  на Раф за да откриеме дека повеќе од половина од нив ги користи за да ги зголеми своите тврдења или пак тие имаа малку врска соинформациите кои таа ни ги дава. Но вредеше за вложениот труд..

Ух ! Јас сум исцрпена, а вие? Да го заокружам сето ова, а се надевам и да ви помогнам да завршиме со насмевка – тука е песната,  за ваше уживање … и потврдување на моите тврдења ! 😉

 

 

превод:Александра М.
извор:http://rinamarie.wordpress.com/2014/04/07/dear-parents-youre-still-being-lied-to/

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s