Отако повеќе родители повикани на суд заради тоа што не сакале да ги вакцинираат своите деца ја искусија “правдата“ усно пренесена од судиите дека “морале да ги казнат оти така наложиле од Mинистерството за здравство“, ние родителите поддржувачи на иницијативата за укинување на задолжителното вакцинирање на децата отворено ги поставуваме следниве прашања до Министерството за здравство: Вие, на македонската јавност и должите јавно и опширно објаснување за вашата НАРЕДБА до судската власт на Р.Македонија за покренатите судски постапки против родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца. На своите граѓани, носители на суверенитетот на државата чиишто службеници сте вие, на сите нас даночните обврзници од чиишто пари земате платаВие ни должите јавно и опширно објаснување како тоа минисерството за здравство диригира судски разрешници, какволегислативно правило е НАРЕДБАТА на Министерството за здравство до судските органи во државава за задолжително парично казнување на родителите кои одбиваат вакцинација за своите деца. Има ли некое дно кое системот во Македонија го нема допрено? Каква е таа бруталност и безобразие на погазување на целата правна легислатива во нашето општество, на тежок атакт врз човековите права и достоинство, на тотално непочитување, дерогирање на Уставот на Републиката, на законот за заштита на правата на пациентите и сите меѓународни ратификувани конвенции. Какво е тоа беззаконие, бесчeстие и морален трулеж? На своите плаќачи на данок им должите јавно и опширно објаснување зошто нивните пари ги користите за да ги узурпирате најосновнитечовекови права и слободи, зошто нашите пари ги користите да ја омаловажувате и понижувате правната држава, да ги понижувате своите граѓани? Зошто институциите на системот се користат против сопствените граѓани наместо за нивна заштита и унапредување на квалитетот на животот Со уништувањето на oсновниот фундамент на едно демократско општество т.е. независното судство и уставно загарантираните фер судења на секој поединец инволвиран во истите институцијата Mинистерство за здравство им нанесува непоправливи штети на сите институции и поединци и ги инволвира во тежок криминал против својата совест, морални начела и обврски кон својата професија. Ние родителите и граѓани на Р.Македонија нема да учествуваме повеќе во ниту една ваква судска парница, ние родителите и граѓаните на оваа држава нема повеќе на ниту еден можен начин да го поддржуваме ваквиот линч и унакажување на сите основни човекови права и демократски слободи . Ако вашите Преседани за вас се правила, од типот на предјудицирање на уставни судски одлуки,цитирање на изрежирани уставни судски одлуки од други држави и уште многу други кои ќе останат запаметени во историјта како срамот на Македонија,за нас ниту биле ниту некогаш ќе бидат!
Родителите за укинување на присилната вакцинација во Македонија