Иницијативата за укинување на присилната вакцинација на децата на група родители е легитимна,легална и во етички и здравствен поглед сосем оправдана.
Секоја медицинска интервенција администрирана без доброволно учество на поединецот е грубо кршење на човековите права и фундаменталната медицинска етика.
Со оглед на мноштвото неоспорни факти од научен,истражувачки и статистички аспект кои што во никој случај категорично не ја потврдуваат потребата од присилно односно со закон наложено вакцинирање на децата,сметам дека родителите треба и мора да го имаат главниот и единствен збор по однос на вакцинирањето на сопствените деца.
др. Мартинка Чилиманова