имунолог др. Тетијана Обуканич: колективниот имунитет – мит или вистина ?

 

herd

Тетијана Обуканич (Tetyana Obukhanych), доктор на науки во областа на имунологијата на Рокфелер Универзитет, Њу Јорк, е автор на книгата Илузија на вакцините (Vaccine Illusion). Книгата е достапна во пдф формат на следниот линк immediate download here.

И покрај тоа што постојат цели региони во кои се искоренети некои од детските заразни болести ,како сипаницата на пример, сепак постои фамата околу тоа дека дококлу не се вакцинира населението може да има фатални или сериозни последици од враќањето на овие болести во тие региони каде доенчињата и луѓето со имунолошки проблеми може да настрадаат. Исто така не убедуваат дека со целосна вакцинација ќе се спречи кинењето на имунолошкиот синџир и дека вакцинацијата всушност создава колективен имунитете или имунитет на стадо, со што прави заштита на новороденчињата.
Воопшто не се доведува во прашање фактот дека болеста, вирусот, може да предизвика проблеми во не-имуна средина. Прашањето е дали вакцинирањето обезбедува колективен имунитет и ја штити заедницата од нападот?
Имунитете на стадо, колективен имунитете, клучен принцип.
Имунитет на стадо или колективен имунитете не е идеја која доаѓа од имунолог туку тоа е кованица создадена од епидемиолог, која теоретски претпоставува дека може успешно да се контролира болеста кога одреден пресметан процент на луѓе од целата популација се имуни на болеста. Извадок од научна статија за држави со колективен имунитет, имунитет на стадо:

 

“Заедно со порастот на интересот за имунитет на стадото, колективен имунитет,  доаѓа до малку поширок спектар на размислување за тоа што ова точно значи и дали тоа воопшто постои. Неколку автори кои се знаимаваат со податоци поврзани со малите сипаници, го подржуваат овој принцип на имунитет на стадо додека други сметаат дека е потребна бројка од 70-95% од големината на прагот на колективниот имунитет за да бидат искоренети малите сипаници.”

Сметаат дека колетивниот имунитет или имунитетот на стадо е инструмент за брзо искоенување на болестите. Потпирајќи се на прецизната работа на Др.А.В.Хедрих, Dr. A. W. Hedrich, кој водел документација за стапката на разболени од мали сипаници на годишно ниво споредбено со природно имуните на оваа болест во период од 1900-1930,  Јавниот здравствен сервис на САД одлучил забрзана вакцинација на сите чуствителни групи, посебно децата, во 1967 година сакајќи да го намали бројот на заболени од оваа болест што се покажа за погрешен чекор бидејќи епидемијата не запре. Концептот на имунитет на стадо се користел како оправдание за масовно вакцинирање на децата против мали сипаници, кои немаа никаква придобивка од самото вакцинирање. На пример рубеолата не е страшна болест по здравјето и животот на децата. Сепак за бремените жени кои не се стекнале со имунитет пред бременоста со прележување на оваа болест, рубеолата е болест која е критична за бебето во првото тромесечие од бременоста бидејќи може да се роди дете со одредена абнормалност. Сепак и вакцинирањето на бремена жена со жив вирус од болеста, како на пример вакцина против рубеола е контраиндикативно за време на бременоста.
Децата од осмолетките во Каспер, Вајоминг во 1970 година биле масовно вакцинирани против рубеола за да се избегне ризикот од појава на конгенитална рубеола во нивната заедница при што девет месеци од вакцинирањето се појавува епидемија од рубеола во истиот град. Значи ефектот од имунитет на стадо не е постигнат при што биле заболени над илјада граѓани меѓу кои и неколку бремени жени.
Неколку скептични автори кои ја опшале состојбата напишале:

“Концептот дека со зголемување на имунитетот на одредена група на деца, деца кои се во предпубертетски години, ќе го спречи ширењето на рубеолата на останатото население е демантирано со појавата на оваа епидемија”

Верувањето во принципот на имунитет на стадо имал големо влијание во промената и создавањето на закони кои се поврзани со вакцинирањето во САД и други земји. Ова верување во принципот на колективен имунитет се користел како оправдување и спроведување на легални мерки за зголемување на вакцинацијата.

Импликативна претпоставка е дека либерализацијата на вакцинирањето ќе го наруши овој концепт на имунитет на стадо што здравствените работници се обидуваат да го одржат преку вакцинирањето.

Имунитет на стадо, концепт со недостатоци.

И покрај тоа што е потребно време за да може да се зборува за бројки поврзани со принципот имунитет на стадо, сепак има доста докази кои укажуваат дека овој принцип има недостатоци. Еве еден пример, публикација од Поланд и Јакобсон, 1994, каде известува за 18 различни епидемии на мали сипаници во Северна Америка, кои се случуваат во училиштата каде што покриеноста на децата со вакцини е од 71-99.8%. Сепак заболеле од мали сипаници дури 30-100%. Многу повеќе случаи се јавуваат после 1994 година што може да се види со пребарување на епидемиолошката литература.

Пред 1990 година само една доза од вакцината против мали сипаници беше на календарот за вакцинација во Северна Америка. Се почестата појава на епидемии со мали сипаници во реоните со висок процент на вакцинирани деца здравствените работници го толкуваа како последица од токму оваа единечна доза и наметнаа потреба од воведување на втора доза или ревакцинирање која беше воведена во САД и Канада некаде на почетокот на 1990 година.

Во 2011 се случи една од најголемите епидемии на мали сипаници во Квебек, Канада каде што процентот на вакцинирани и ревакцинирани е од 95-97%. Доколку и ревакцинирањето не помогна за спречување на вакви епидемии дали тоа значи дека треба да одиме на трета па дури и четврта доза на вакцини за да добиеме некаков ефект со принципот имунитет на стадо? Или можеби треба да го преиспитаме самиот концепт имунитет на стадо дали воопшто тоа и постои?

Концептот на имунитет  е базиран на претпоставка  дека вакцината ќе и даде траен имунитет на индивидуата која е вакцинирана исто како што таа би се здобила со траен имунитет доколку ја прележи оваа болест што претставува лажна претпоставка. Со ова теоријата за имунитет на стадо или колективен имунитет не функционира во пракса или поточно во реалниот свет.

Ochsenbein et al. (2000) спроведе експеримент на глувци со што им вбризга две дози на везикуларен стоматитис вирус (VSV). Тие ги имунизирале глувците со два типа на вакцини едната е со жив вирус другата е со мртов вирус. И потоа ги следеле двете групи во наредните 300 дена  за да видат како би се неутрализирал вирусот на VSV.

Вакцинирањето со вакцина со жив вирус предизвикува поголем капацитет на серумот за неутрализација на вирусот додека вакцинирањето со вакцина со мртов вирус дава помал капацитет при неутрализацијата на вирусот. Најголем капацитет достигнува 20 дена од вакцинирањето потоа почнува да се намалува со голема брзина. При крајот на тие 300 дена скоро и да не можело да се детектираат преку тестот при што како заклучок може да се изведе дека процедурата која се користи за неутрализирање на вирусот, вакцинирањето, ја намалува својата способност за долготрајно неутрализирање на вирусот.

Вакцините кои се користат против вирусните детски болести се направени од болна личност од одреден вирус со изолација на истиот, потоа вештачки го намалува нејзиното дејство или го прави неактивен вирусот за да ја создаде вакцината од него. Слабеењето на вирусот за да тој стане вакцина се врши за да се намалат или избегнат симптомите кои ги дава самиот вирус или компликациите кои би настанале од болеста иако вакви компликации или симптоми се почесто се случуваат. Процесот на слабеење, правејќи ја вакцината побезбедна од оргиналниот вирус  и тоа само во поглед на симптомите на болеста, ја ограничува важноста или траењето на вакцината. Во суштина сите вакцини се направени од неактивни микроорганизми или нивни делови помешани со адитиви и заради тоа заштитниот ефект на било која вакцина слабее побргу или поспоро. Прагот на заштита од малите сипаници кај луѓето е познат. Познато е и времетраењето на периодот во кој единката која е вакцинирана е заштитена од вирусот на мали сипаници.

Студија на Бостонскиот Универзитет за малите сипаници

Во 1990 година, Еден месец пред да биде кампусот на универзитетот погоден од едпидемија на сипаници, било спроведено земање на крв помеѓу студентите. Така да со оглед на околностите, истражувачите имале пристап до примероците од крв за студентите кои се разболеле или не се разболеле од мали сипаници. Нивото на серум кое го покажува степенот на изложеност на мали сипаници бил мерен со ПРН техника месец до два месеци после разболувањето. ПРН техниката ни ги дава следниве сепени на заштита од мали сипаници

1. нема детекција на болест мали сипаници

2.потврдена инфекција од морбили со клинички тек на болеста

3. целосно опфатен организам со болест мали сипаници( најголем степен на болеста)

Да додадеме дека 8 од 9 студенти кои ја имале третата категорија биле вакцинирани против оваа болест во детството. Исходот од студијата направена од Chen et al. (1990) е следниот:

1. Кај сите предходно вакцинирани студенти кој го имале третиот степен ПРН тестор покажал бројка под 120

2. кај 70% од студентите бројките биле помеѓу 120-1052, кај нив било дијагностицирано дека се заразени со морбили, но бидејќи нивните симптоми не ја потврдиле клиничката слика за морбили, тие биле категоризирани како случаи кои немаат морбили.

3. студенти со бројка на тестот поголема од 1052 биле заштитени и од типична клиничка болест и од мали сипаници.

За време на епидемијата, многу од студентите кои биле изложени на морбили и на тестот покажале од 120-1052, кои официјално не се сметаат за случаи на морбили, сепак имале најмногу симптоми на болеста вклучувајќи и кашлица, главоболка и треска. Овие случаи кои биле пријавени како негативни случаи на морбили сепак имале способност како и кај пријавените случаи да го реплицираат вирусот и да го пренесат на друг.

Забелешки за последователните вакцинации против мали сипаници

LeBaron et al. (2007) спровел студија за траењето на заштитата од мали сипаници откако ќе се прими и втората доза на вакцината против оваа болест. Студијата вклучила неколку стотици кавкаски деца од руралните средини на САД кои немале епидемија на мали сипаници за времетраењето на студијата. Околу четвртина од децата развиле голем индекс на отпорност од мали сипаници после вакцината, меѓутоа не толку голем коклу што би имале со природната. Остатокот од децата имале сиромашен до никаков индекс на отпорност после вакцинирањето. Без разлика каков индекс на оторност развиле децата сепак тој бил највисок првиот месец од вакцинирањето потоа во наредните шест месеци бил исто како пред вакцината да биде примена и опаѓал се повеќе и повеќе во наредните 5-10 години колку што траело набљудувањето. Само четвртина од децата кои имале индекс на отпорност поголем од 1000 може да бидат заштитени од мали сипаници кога ќе бидат тинејџери, а втората доза од вакцината ја примиле на 5 годишна возраст. Оние 5% кои имале најмала ефикасност од вакцината имале индекс помал од 120. Овој процент на деца се очекува да имаат најбурна реакција од болеста доколку ја добијат болеста на постара возраст. Ова е причината зошто вакцинираните па дури и два пат што се вакцинирани против мали сипаници се разболуваат од сипаници исто како и тие што не се вакцинирани и дури може бројката на заболени од сипаници кај вакцинираните да го надмине бројот на заболени од сипаници кај невакцинираните. Наглото опаѓање на заштитата од вакцината посебно кај тие кај кои вакцината и така има мало дејство е причина за парадоксот превенција со вакцинирање при што болеста против која се вакцинираат станува болест од која се разболуваат вакцинираните или болест од вакцината и тоа во општества во кои вакцинацијата е 95%. Кај најголем дел од децата бројката паѓа во опсегот од 120-1000 додека да дојдат во адолесценскиот период. Со тоа тие се подложни на инфекција и доколку дојдат во контакт со болеста може да се разболат и да станат преностиели на истата. Исто така може да добијат и некоја мутација на морбили и со тоа да не се водат како случаи со дијагноза морбили.

Големата стапка на вакцинирање не е гаранција.

Појавата на мали сипаници во Северна Америка откако беше истребена болеста во раните 2000 година резултираше со мала и неприметна епидемија бидејќи јавните здравствени работници ги превземаа соодветните мерки за имплементација на карантин. Сепак во 2011 година се појавува епидемија во Квебек, Канада, која се развива многу поголема епидемија од причина што не биле имплементирани мерките за карантин, бидејќи во тој регион вацинацијата била на многу високо ниво 95-97% па јавните здравствени работници мислеле дека имунитетот на стадо или колективниот имунитет е доволна мерка за заштита. Меѓутоа се утврдило спротивното. Сипаниците биле добиени од носител, професор во училиште кој се заразил за време на пролетниот распуст ( бил вакциниран против мали сипаници додека бил дете) при што биле заразени повеќе од 600 индивидуи и траела околу половина година. Отприлика 50% од заболените биле дури два пати вакцинирани. За жал не може да се знае колку од предходно вакцинираните завршиле со инфекција на морбили и тоа модифицирани морбили кои не ни биле пријавени како случаи на морбили, а сепак претставувале опасност во пренесување на болеста. Медицинскиот естаблишмент е на став дека вакцинираните деца доколку сами заболат од морбили не се во состојба да ја пренесат на друг, не се преносители, бидејќи се вакцинирани. Се појавува и статија со наслов Вакцинирани деца не можат да бидат преосители на мобили, списание на американската медицинска асоцијација. За да се добие одговор на прашањето дали навистина вакцинираните деца не ги пренесуваат морбилите или тоа е лага направена е студија која покажува дека за време на епидемијата во Ајова некаде во 1970 каде биле вклучени и вакцинирани и невакцинирани деца, вакцинираните деца не ја пренеле болеста на своите помали соученици но сепак тие биле тазе вакцинирани и биле во зоната на заштита така да не е ова сепак релевантен податок. Сепак интересно е да се каже дека и невакцинираните деца исто така не им пренеле инфекција на морбили на своите помали соученици. Од овде може да се заклучи дека доколку вакцинираните деца не се преносители исто така и невакцинираните деца не се преносители на болеста. Сепак наслов на статија во медицинско списание “Невакцинираните деца не се преносители на морбили”  би било премногу.

Вистинска цел

Да се потсетиме која е целта на воведувањето на процесот на имунитет на стадо или колективен имунитет преку висок процент на вакцинирање. Целта е да се избегнат епидемии од болести кои се случуваат во детството при што би биле заштитени ранливите групи како што се новороденчиња и индивидуи со нарушен имунолошки систем бидејќи овие болести би биле загрозувачки за нивното здравје. За да се заштитиме од епидемија 70-95% од популацијата, според некои теоретски претпоставки, треба да бидат вакцинирани-што и така е, да бидат отпорни на вирусната инфекција. Како и да е и 100% да имаме вакцинација може да доведе само една четвртина од популацијата да станат отпорни на инфекцијата за повеќе од 10 години. Од овде произлегува дека константен имунитет на стадо или колективен имунитет не може да се добие со вакцинирање на децата без разлика колкав е процентот на вакцинирани. Нормалната варијација на гените (личниот имунолошко- генетски профил) влијае врз тоа колку ефикасно антигените ќе се процесуираат и ќе влијаат на имуниот систем за да се создадат антитела. Ова може да е една од причините зошто само еден дел од децата добро реагираат на вакцината додека другите деца кои се исто така здрави деца лошо реагираат на истата. Дали со ревакцинацијата би се стимулирал имуниот систем кај овие деца да произведе повеќе антитела при што би се покачил процентот на заштита кај истите? Истражувањата ги вршел Др.Грегори Поланд ( Dr. Gregory Poland):

“Во студијата за морбили, тие што развиле помалку антитела при имунизацијата не се заштитени од самиот вирус на морбили за разлика од другите деца кои имаат високо ниво на заштита. Понатаму, тие што не реагирале добро на првата доза на вакцина против морбили, кои имале реакција на создавање на антитела дури при втората имунизација, како бројка биле дури шест пати повеќе од оние кои развиле соодветна заштита уште со првата вакцина. Сепак има и такви кои и при втората имунизација не развиваат доволен број на антитела за да бидат заштитени од морбили и тие за 2-5 години доколку бидат изложени на вирусот на морбили би се заразиле и раболеле од болеста”

Одговорот е јасен тие што при првата и втората вакцина не развиле имунитет од болеста не можат да допринесат за колективен имунитет или имунитет на стадо. Тогаш зошто здравствените работници инсистираат на повторна вакцинација или воопшто на вакцинирање против мали сипаници кога не е во можност да се добие тој имунитет на стадо со оваа процедура? Епа зошто тогаш во име на некоја недостижна цел, педијатрите и здравствените работници ги гњават, малтретираат, родителите кои не сакаат да го вакцинираат своите деца против мали сипаници бидејќи се плашат од несакани последици?

Самоуништувачко јавено осудување

Верувањето на биомедицината дека невакцинирано дете е закана за општеството бидејќи не допринесува во колективниот имунитет е бесмислено бидејќи секое дете има свој календар на вакцинација и не може на таков начин да се допринесе за зголемување на саканиот колективен имунитет. Време е да престанеме со нетрпеливоста кон оние кои решиле да не ги вакцинираат своите деца. Наместо тоа треба да се свртиме кон тие кои не убедуваат дека масовната вакцинација е таа која не штити и да им кажеме дека тоа е една голема лага.

Двајца епидемиолози, кои ги препознале потенцијалните проблеми од мерката масивно вакцинирање и ги вклучиле овие параметри во нивниот модел на имунитет на стадо, предвиделе:

” За болести каде што вакцинацијата предвидува заштита на подолг период, различни модели може да се искористат за да се објасни полезноста од вакцината како контролен метод. Сепак, за многу болести имунитетот се губи во текот на времето. Овде покажуваме како вакцинацијата може да предизвика несакани последици. Ние предвидуваме дека, после подолг период во кој болеста не постои, воведувањето во болеста ќе предизвика епидемија од многу поголеми размери отколку што тоа би го педвиделе стандардните модели. Овие резултати имаат јасни импликации за успехот на кампањата за вакцинирање и се јавува потребата од разбирање на имунолошкиот механизам на имунитетот и вакццинирањето.”

Не се децата кои се невакцинирани тие кои не загрозуваат, сепак ефектот од продолжената вакцинација или кампањата за масовно вакцинирање е таа која тоа го прави. Кога медицинскиот естаблишмент ќе почне да обрнува внимание на последиците кои се јавуваат од мерката масовно вакцинирање и енергијата која ја троши за обвинување на невакцинираните да ја пренасочи кон изнаоѓање на мерки за заштита од последиците од вакцините

 

Превод: Марија
Извор: http://www.sott.net/article/277282-Herd-immunity-Myth-or-reality

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s