Ние, Здружението на граѓани Епилепсина заболени од Епилепсија целосно ја поддржуваме Иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на: – член 33 став 2, член 67 точка 6 од Законот за заштита на населението од заразни болести (,,Службен весник на Република Македонија,, број 66/2004, 139/2008 и 99/2009), – член 30-а став 5 алинеја 1 од Законот за заштита на децата (,,Службен весник на Република Македониа,, број 98/2000, 17/2003, 65/2004, 113/205, 98/2008, 107/2008, 83/2009, 156/2009 и пречистен текст 170/2010) и – член 46 став 2 од Законот за основното образование (,,Службен весник на Република Македонија,, број 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012 и 24/2013), поднесена до Уставниот Суд на Република Македонија од група родители.
Односно, сметаме дека, вакцинацијата не треба да биде пропишана со Закон да биде задолжителна и да биде ригорозна, пропишана со високи глоби, а уште помалку да биде предмет на дискриминација и омаловажување, туку, таа да биде право на слободен избор на секој родител, впрочем како што е тоа случај во вкупно 19 Европски држави.
Здружение на граѓани Епилепси