Отворено писмо до премиерот Груевски за најавената набавка на поливалентни вакцини во Македонија

Почитуван Претседателе на Владата на Република Македонија  Никола Груевски,

 

Ви се обраќаме со надеж дека ќе ја разберете нашата загриженост во врска со Вашите планови да воведете поливалентни вакцини во тек на идната година во нашата држава. Загриженоста, пак, ни се должи на нашата информираност за искуствата на оние држави кои далеку пред нас ги воведоа истите поливалентни вакцини. Резултатите од таквиот нивен потег е зголемување на смртноста на новороденчињата кои беа вакцинирани со овие вакцини.  Статистичка студија која е публикувана во САД во 2013 година и која се темели на пријавените случаи на несакани реакции од вакцини во системот  VAERS  во тек на 20 години – Relative trends in hospitalizations and mortality among infants by the number of vaccine doses and age, based on the Vaccine Adverse Event Reporting System (VAERS), 1990–2010 1открива една поразителна вистина, а тоа е дека процентот на смртност на новороденчиња расте соодветно на бројот на дози односно примени вакцини одеднаш.

Уште попоразителен е фактот дека службени лица од ФДА изнесуваат податок дека само 1% од сите појавени реакции на вакцини се пријавуваат во системот  VAERS. Тоа значи дека сите овие бројки на умрени и хоспитализирани деца можат да се помножат со 50 или 100 за да ја добиеме вистинската слика за штетноста на вакцините воопшто, со акцент на поливалентните.2

И  други студии доаѓаат до исти или слични заклучоци, дека поливалентните вакцини иако најавувани и промовирани како побезбедни, се покажаа како далеку поштетни и со потешки последици по здравјето и животот на децата. 3,4

Ние во нашата држава имаме регистрирано неколку поливалентни вакцини од еминентни светски производители и во нивните Збирните извештаи сретнавме наведени несакани реакции како: бронхијален невритис, апнеа, Guillain-Barré симдром, конвулзии, лимфаденопатии, парализа, нефропатија, енцефалопатија, енцефалитис и менингитис. 5,6

Исто така во составот на вакцините има наведено меѓу другото и Медиум 199 (витамини, аминокиселини, телешки серум, човечки крвни протелини-рекомбинантен човечки албумин), VERO клетки (клетки од бубрег на нормален возрасен зелен мајмун), polyribosylribitol phosphate (кај женски заморчиња предизвикува стерилитет, кај машки атрофија на тестиси), трометамол (аналгетик контраиндициран кај деца, со несакани ефекти како депресија, халуцинации, крварења, проблеми со дишење, крв во урина), формалдехид (оштетување на нервите, црниот дроб и бубрезите )и сл. 5,6

Време е да се напушти слепата доверба кон медицинските авторитети и нивните приказни за користа од вакцините наспроти штетите кои беа заташкувани и непризнаени. Сите ние познаваме барем по неколку деца кои останале делумно или трајно оштетени од вакцините. А ако зборуваме за Медицина Базирана на Докази тогаш треба да бидете свесни дека 85% од сите студии за вакцини се финансирани од фармацевтската индустрија и дека само половина од нив се публикуваат во рецензирани стручни часописи.7 Јавноста и здравствените работници ја немаат вистинската слика за користа и ризикот при вакцинацијата, и можат само да  претпостават што е причината за растечката епидемија на хронични болести кај нашите деца, како што е астма, дијабет тип 1, аутизам, алергии, автоимуни болести.

Постои изрека дека патот до пеколот е поплочен со добри намери. Но од намерите, многу побитни се делата и резултатите и Вие тоа добро го знаете. Апелираме до Вас, слушнете ја и другата страна, пред  да донесете конечна одлука, побарајте независни стручни лица и секако дозволете наша средба со Вас, ние родителите коишто имавме здрави деца се до нивното вакцинирање – дозволете ни да ви ги предочиме нашите факти и аргументи.

Одговорноста на крајот од оваа приказна ќе падне на Вас и на Вашите соработници. Апелираме да се следи гласот на разумот кој вели да учиме од туѓите грешки и да не одиме по патот кој се покажал како опасен за иднината на нашите поколенија.

1 http://het.sagepub.com/content/31/10/1012.long

2 http://www.whale.to/v/mortality.html

3 http://www.greenmedinfo.com/blog/multiple-infant-vaccines-linked-dramatically-increased-mortality

4http://www.naturalnews.com/045678_combination_vaccine_febrile_seizure_mmr_side_effects.html

5 https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/55882

https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/56398

7 http://www.bmj.com/content/348/bmj.g3058

Би сакале да ја искористиме оваа прилика да го споменеме и Законот за задолжително вакцинирање за кој поднесовме  иницијатива пред  Уставниот суд за укинување на спорните одредби за задолжително вакцинирање на децата, сметаме дека истиот, покрај тоа што е во спротивности со основните начела на највисокиот законоски акт, крши и неколку основни хумани и природни закони, како што се:

  1. Правото на родителот за грижа и заштита на здравјето на своето дете
  2. Правото за развивање на природен имунитет преку прележување на детските болести како дете
  3. Правото тој природен имунитет да се пренесе на поколението (плацента и доење) и со тоа да се заштити детето во најранливиот период по раѓањето
  4. Правото на избор
  5. Правото да се биде здрав
  6. Сите етички и морални норми

Поборниците за задолжителна вакцинација ги наведуваат опасностите за здравјето и животот на идните поколенија, доколку би паднал процентот на вакцинирани лица. Би сакале накратко да ви објасниме за кои и какви болести станува збор, а потоа и за ефикасноста на вакцините кои треба да не заштитат од нив.  Тоа ќе го направиме преку анализа на независни истражувања, студии и статистики кои се занимаваат со ефикасноста и безбедноста на вакцините.

Анализа на независни податоци за ефикасноса и безбедноста на вакцините

  1. Како се брендира болест?

За да се продава одреден производ, за него мора да постои потреба. Кога станува збор за лек, за него мора да постои болест. Ако таа болест е нормален дел од процесот на растење и формирање на имуниот систем, тогаш лекот нема да биде профитабилен. Но ако болеста е тешка, со компликации, трајни последици и смрт, тогаш лекот  ќе стане есенцијален. Значи:

Прво и основно, болеста мора да стане важна и затоа се  потенцираат  најтешките  последици од неа

Второ, се плаќаат битни медицински авторитети кои во јавност ќе зборуваат за опсноста од таа болест и се плаќаат студии за поткрепа на нивните тврдења и

Трето, кога потребата ќе биде создадена, решението ќе биде понудено

На таков начин се брендираа морбилите, кои се мали сипаници и како деца сме ги прележувале без проблем и потоа како мајки сме можеле да ги заштитиме нашите новородени.  Тоа беше нормална детска болест која беше пожелно да се прележи како помал. Потоа се создаде вакцината против мали сипаници и тие одеднаш станаа многу важна и тешка болест, против која, за среќа имаме лек/вакцина. Генерации се вакцинираа со вакцина  чии имунитет има рок на траење од 2-7 години (максимум 10 години  со сите ревакцинации и бустери), верувајќи дека се доживотно заштитени.

Од друга страна  самиот производител вели дека нема  докази за нејзината ефикасност. И покрај сето ова научно познато и верификувано медицинските работници имаат храброст да зборуваат за колективен имунитет  а факт е дека рокот кај сите вакцини примени пред 10-15-20 год  е одамна истечен, антитела не постојат во организмот  и никој од тие вакцинирани луѓе веќе  не е заштитен. Затоа ќе се појавуваат епидемии кај возрасни луѓе со потешки последици затоа што поради вакцината на тој човек му било оневозможено навремено да стекне ТРАЕН ИМУНИТЕТ односно му било одземено правото како дете да прележи детска болест. Истото важи и за заушките (паротит) и рубеолата. https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/56260

На таков начин се брендира полиомиелитисот кој само во 1% од случаите е паралитичен, најчесто се прележува како обична настинка/грип. Заради тој 1% од нас се бара да ги вакцинираме своите деца со жива вакцина полио која во упатството вели: Најголемиот број на поствакцинален паралитички полиомиелитис се јавил по администрацијата на првата доза од вакцината. https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/56166

Во Индија  во 2011 год имаше 47.000 деца со парализа предизвикана од вакцина против полио  http://nsnbc.me/2013/05/08/bill-gates-polio-vaccine-program-caused-47500-cases-of-paralysis-death/

Во Индија во 2013 год  53.000 деца со парализа предизвикана од вакцина против полио http://healthimpactnews.com/2014/the-vaccine-myth-of-polio-free-status-polio-vaccine-caused-53000-paralysis-victims-in-india-last-year/

Живата вакцина против полио единствен извор на полио http://www.greenmedinfo.com/article/vaccine-associated-paralytic-poliomyelitis-vapp-has-emerged-predominant-form-disease-united

Време е да се збогуваме со живата полио вакцина http://cid.oxfordjournals.org/content/49/8/1287.full, http://healthimpactnews.com/2013/the-real-history-behind-the-polio-vaccine/

На таков начин се брендира заболувањето предизвикано со вирусот на Хепатитис Б кој се пренесува преку крв, игла, сексуален однос, заразена мајка, и сега( од 2005/6 година) на новороденчиња родени од здрави мајки во првите часови после раѓање им се дава вакцина против оваа заразна болест кај се препорачува на  ризични групи: наркомани, проститутки, пациенти на долготрајна дијализа, лица кои се тетовираат и практикуваат пирсинг и сл.Се повзува со појава на аутизам, http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21058170,  има 10 пати над дозволените количества алуминиум,  се поврзува со дијабет тип 1,системски лупус, ненадејна смрт на новороденче (СИДС). http://www.fhfn.org/how-vaccines-can-cause-type-1-diabetes/, http://childhealthsafety.wordpress.com/2011/04/25/us-concedes-hep-b-causes-lupus/

Така се брендираа дифтерија, пертусис, тетанус, кои се бактериски инфекции што успешно се лекуваат со антибиотици. Имунитет стекнат од вакцини кај овие болести никогаш не е докажан.  CDC информира дека за овие болести вакцина треба да се прима секои 10 години до крај на животот. Но меѓу несаканите дејства на оваа вакцина се: Guillain-Barré syndrome, brachial neuritis, Convulsions, Hypotonic–hyporesponsive episodes, енцефалопатија, енцефалитис. Во САД е исплатена судски одштети во висина од 61.000.000 долари за Церебрална парализа,  Енцефалопатија, Напади, и Ментално заостанување предизивикана од оваа вакцина http://www.mctlawyers.com/vaccine-injury/cases/

Така се брендираше и вирусот ХПВ  и ракот на грло на матка, кој одеднаш стана епидемија кога вакцината беше спремна  но не и проверена за целната популација за која се препорачува. Иако вакцината штити само од 4 подтипа на вирусот, од вкупно 200, има генетски модифицирани вируси, двојно поголема доза на алуминиум од другите вакцини, Полисорбат 80 (кај женски заморчиња предизвикува стерилитет, кај машки атрофија на тестиси). Сега се повлекува од пазарите во светот,поради несаканите ефекти кои човечките заморчиња – тинејџерки, ги доживуваа. За само 7 години (2006-2013) во САД , пријавени се  30. 674 несакани реакции од кои 140 смртни случаи, 963 трајни инвалидитети, 6085 никогаш не се оправиле 534 позитивни ПАП резултати 216 дисплазии на грлото на матката и 65 случаи на рак на грлото на матката.(sanevax.org) http://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2008/05/10/the-hpv-vaccine-preventive-care-or-human-sacrifice.aspx, http://sanevax.org/hpv-vaccine-vaers-reports-march-2012/

Најсвежо брендирање беше сега скоро за свинскиот грип, кој се појави одненадеж, исто како и вакцината за него, за која се фрлија големи пари.

  1. КОРИСТ И ШТЕТА

Секој лек е во исто време и отров. Она што медицината треба да го прави е да измери дали е поголема користа или штетата од тој лек. За користа на вакцините до сега многу се зборуваше, како за историско достигнување на медицината, но за штетите се молчеше. Дојде времето и кај нас како и секаде во светот да проговориме за штетите од вакцините. Но пред да го направиме тоа, треба да провериме дали навистина вакцините не спасиле од сите тие болести од кои требале да не спасат  или не.

2.1 КОРИСТ – Официјалните статистики велат дека 90% од болестите биле над 90% искоренети во моментот кога вакцините биле воведени. За тоа се најмногу заслужни цивилизациските придобивки како водоводот, канализацијата, поквалитетната исхрана и хигиена.  (http://vaxtruth.org/2011/08/immunization-graphs-natural-infectious-disease-declines-immunization-effectiveness-and-immunization-dangers/)

vkupno stapka na smrtnost sad

mali sipanici

http://www.drkurtperkins.com/2012/05/my-crystal-clear-stance-on-vaccines.html

Самите производители во своите службени документи наведуваат дека “Иако нема расположливи податоци кои се однесуваат на протективната ефикасност, имуногеноста е прифатена како индикација за протективан ефикасност.“ https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/56260

Но веќе е докажано дека високиот број на антитела не значи и имунитет кон одредена болест.

Аntibodies not necessary to fight viruses March 27, 2012 http://www.naturalnews.com/035371_vacci … ruses.html

2.2 ШТЕТА – Вистинската фреквенција на појава на несаканите реакции кај нас не е можно да се детерминира затоа што за тоа мора пред се да имаме развиен систем за пријавување на несакани реакции

Пријавувањето на несаканите реакции кај нас за жал, сеуште е на многу ниско ниво и затоа нашите епидемиолози треба да ја кријат бројката од 0,00078% пријавени реакции од вакцини кога тој процент во светски рамки се движи над 10-15%. На пола милион дози колку што просечно во РМ се аплицираат, ако ги следиме светските рамки би требало да имаме од 50.000 до 75.000 пријавени случаи годишно,  а не само 4 како што тоа кај нас се прикажува.

Американскиот систем формиран од FDA кој се нарекува VAERS – Vaccine Adverse Events Reporting System, наведува следни податоци:

Во 2011 во САД имало 6 пати повеќе пријавени несакани реакции на вакцината против морбили отколку пријавени случаи на морбили.  Од 698 пријавени реакции на вакцината имало и 4 смрти случаи и 280 посети на брза помош.

Анализа на 3,5 годишен период на собрани несакани реакции од ВАЕРС за пертусис вакцината: 285 смртни случаи, 971 сериозни несакани и 4514 несериозни несакани реакции.

Поливалентните вакцини резултираа со 145.000 смртни случаи на деца во изминатите  20 години (табела)

Во тек на 3 години за вакцината ДТП пријавени се 12.504 реакции-144 смртни случаи/год

Во тек на 4 години од ММР  вакцината биле пријавени 5800 реакции, од нив 3063 биле итно хоспитализирани,  616 продолжено лекувани, 309 никогаш не се опоравиле, 54 деца останале трајно хендикепирани и 30 деца починале.

Оралната (жива) полио вакцина има  13.640  пријавени реакции, од кои 540  смртни случаи за 5 години.

Годишно од вакцина против Хепатитис Б умираат по 54 деца во САД.

gg

 

FDA смета дека 1% од сите појавени реакции на вакцини се пријавуваат во VAERS. Тоа значи сите горе наведени бројки слободно може да се помножат со 100.

http://het.sagepub.com/content/31/10/1012.long

http://www.whale.to/v/mortality.html

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1494800/

Тоа што РМ се наоѓа на прво место во Европа по стапката на смртност на доенчиња сама по себе е алармантна и треба да покрене некаква одговорност.

g

 

Исто така не признавањето на здравствените власти дека порастот на Јувенилниот дијабет кој е автоимуна болест е резултат во најголем дел на вакцинацијата со ММР и Хеп Б вакцините, за кои што веќе постојат бројни студии а и самите статистики јасно говорат:

http://www.know-vaccines.org/PDF/VaccineInducedJuvenileDiabetes.pdf

http://whale.to/v/coulter.html

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22133003

http://www.endocrineweb.com/professional/research-updates/type-1-diabetes/relationship-measles-mumps-rubella-type-1-diabetes

http://www.nvic.org/vaccines-and-diseases/Diabetes/diabetesmmrshots.aspx

http://www.nvic.org/vaccines-and-diseases/diabetes/congressionalhearing.aspx

http://www.nvic.org/vaccines-and-diseases/Diabetes/juvenilediabetes.aspx

http://www.nvic.org/nvic-archives/newsletter/autismandvaccines.aspx

http://www.vaccines.net/newpage11.htm

http://www.nvic.org/vaccines-and-diseases/Measles/vaccine-injury-death.aspx

Дури и производителот на ММР вакцината го наведува дијабетот како несакана реакција од вакцината.

http://www.fda.gov/downloads/BiologicsBloodVaccines/Vaccines/ApprovedProducts/UCM123789.pdf

А кај нас бројките говорат сами за себе. Ако 1990 год на 100.000 жители сме имале 22 случаја на дијабет тип 1, 2008 година таа бројка е 39 случаи на 100.000 жители, што е пораст од 77% за 18 години. Галопирачкиот тренд на ова доживотно онеспособувачко нарушување е уште повеќе забрзано од 2005 год па наваму, од кога задолжителна стана вакцината против Хеп Б.

ggg

 

sdr,endocrine,tabela

 

http://data.euro.who.int/hfadb/

Како што може да се забележи од податоците на СЗО, Македонија е меѓу земјите со највисок степен на ова автоимуно метаболно нарушување.

Но исто така треба да се забележи, дека според истиот извор, Македонија е со највискока стапка на инциденца на Хепатитис Б во Европа и покрај задолжителната вакцинација, за разлика од остатокот на Западна Европа каде оваа вакцина не е задолжителна.

http://data.euro.who.int/hfadb/

Како што може да се забележи од податоците на СЗО, Македонија е меѓу земјите со највисок степен на ова автоимуно метаболно нарушување.

Но исто така треба да се забележи, дека според истиот извор, Македонија е со највискока стапка на инциденца на Хепатитис Б во Европа и покрај задолжителната вакцинација, за разлика од остатокот на Западна Европа каде оваа вакцина не е задолжителна.

viral hep b tabela

Ова е само еден пример, но верувајте дека слични резултати постојат и за сите други болести против кои овдешните деца задолжително и бесмислено се вакцинираат. 18 земји од ЕУ имаат комплетно незадолжително вакцинирање (Германија, Велика Британија, Скандинавските земји, Холандија, Белгија и др.

  1. АДЈУВАНСИ ВО ВАКЦИНИТЕ

3.1 Алуминиум

Дозволената граница поставена за инфузии  за возрасни е 25 mcg. Во ДТП вакцината декларираните концентрации на алуминиум се 170–625 mcg . Во вакцината против Хепатит Б која се дава неколку часа после раѓање е 250 mcg. Праксата да се даваат по неколку вакцини заедно, уште повеќе ја зголемува количината. Алуминиумот инјектиран има изразени невро токсични ефекти . НАТО и многу други студии тврдат дека Алуминиумот предизвикува зголемена продукција на Имуноглобулин Е кој е одговорен за анафилактична реакција и за сите алергии. Познато е дека вакцини кои содржат алуминиум не можат да покренат клеточен имунитет кој е основа за Колективниот имунитет. Ниту една студија се нема изведено да се утврди канцерогеноста и генотоксичноста на алуминиумот. Алуминиумот предизвикува пораст на бројот на антитела и затоа се додава на ослабени или мртви вакцини. Без алуминиумот производителот нема да може да докаже дека вакцината е ефикасна.

http://www.tested.net/vaccine/AlMyelin.pdf

http://www.ff.ul.pt/FCT/PTDC/SAU-FAR/110871/2009/Aguilar2007.pdf

http://drtenpenny.com/wp-content/uploads/2012/07/Amount-aluminum-in-vaccines.pdf

3.2 Жива

Етил-меркури – Тимеросал е органска молекула во која живата е застапена со 49,55%. Во организмот етил-меркури со  деметилација се претвора во метил-меркури кој се деметилира во неорганска жива и се акумулира во ткивата. Руска и Јапонска студија докажале дека само 15% од етил-меркури е излачен од организмот. Дозволено количество на жива е 0,1микрограми/кг/ден. Пресметано за дете од 10кг тоа би било 1 микрограм жива на ден.Инјектираната жива е многу поопасна од проголтаната. Во ДТП вакцината има 25 микрограми жива (25 пати над дозволеното), три пати во 6 месеци. Новороденчињата немаат развиен систем на детоксикација (хепар, бубрези). Живата се исфрла така што се прикачува на жолчката лачена од хепарот (жолчка почнува да се произведува 6 месеци по раѓање). Првите шест месеци бебето нема механизам да ја исфрли живата. Новороденчињата немаат дооформена крвно-мозочна бариера и живата лесно навлегува во мозочните клетки. За живата се знае дека е канцерогена, и екстрамно токсична во многу мали количини. Сега живата е исфрлена како додаток во повеќето вакцини, но вакцините и понатау се третираат со жива и таа е повторно во вакцините, но сега не се споменува. http://www.fda.gov/biologicsbloodvaccines/safetyavailability/vaccinesafety/ucm096228#intro

Andrew Wakefield, кој докажа линк помеѓу вакцините, воспалителните цревни болести и аутизмот, беше на почетокот дискредитиран, но потоа, се појавија и други студии кои ја поткрепуваат неговата. http://www.plosone.org/article/info%3Adoi%2F10.1371%2Fjournal.pone.0058058

http://www.vaccine-side-effects.com/vaccine-side-effects/mutant-viruses/

Неговиот труд е признат во 28 земји и објавен во 34 стручни списанија. Нови студии ги потврдуваат неговите резултати.  http://healthimpactnews.com/2013/new-published-study-verifies-andrew-wakefields-research-on-autism-again/

Освен алуминиум и жива во вакцините се сретнуваат и:

  • Eagle (MEM)- клетки од бубрег на нормално, женско, возрасно куче од раса Кокер Шпаниел
  • SPGA – сукроза, фосфат глутамат, рекомбинантен  човечки албумин
  • Етилен гликол – антифриз
  • Бензетониум хлорид
  • Хлороводородна (солна) коселина –  за балансирање на киселоста
  • Телешки серум
  • Клетки од мајмунски бубрег
  • Пилешки ембрион
  • Формалдехид
  • Формалин
  • Polisorbat 80- кај женски заморчиња предизвикува стерилитет, кај машки атрофија на тестиси
  • Хидролизиран желатин
  • Медиум 199 – витамини, аминокиселини, телешки серум, човечки крвни протелини-рекомбинантен човечки албумин

 

  1. АВТОИМУНИ БОЛЕСТИ и КАНЦЕРИ

4.1  Хуморален (антитела) & Клеточен (Т клетки) имунитет

Имунитетот е составен од два сегмента. Хуморален претставен од антителата кои циркулираат низ крвта и препознаваат натрапници. Автоимуните болести се резултат на ненормална работа на хуморалниот имунитет  (антитела). Клеточниот имунитет е имунитетот кој памти.

Вакцините делуваат на хуморалниот имунитет (активираат)

Вакцините со алуминиум го супримираат клеточниот имунитет, кој треба да памти, да се бори со автоимуните антитела (да ги брани органите од нападите на антителата) и со клетките на ракот.

Вакцините делуваат на клеточниот имунитет (супримираат)

Ако вакцините се активатори на причинителите а супримирачи на бранителите од автоимуни болести, тогаш многу е логично причина за епидемијата на автоимуни болести да се бара во вакцините.

4.2  Канцери и Стелт вируси

Во 1960 год пронајден е вирус од Симијан мајмун во човечко канцерогено ткиво СВ-40. Многу години подоцна оваа мистерија се разјасни кога се открија документите за онечистувањето на полио вакцината која се одгледуваше на клетки од мајмун од видот Симијан. Потоа производството се префрли на клкетки од Африкански зелен мајмун, но повторно истите онечистувања се појавија во вакцините, во помала количина и можеа да се откријат само со пософистицирани методи. Стана јасно дека научниците се немоќни да го одстранат тој вирус од вакцината. Др.John Martin, виролог и поранешен вработен во ФДА, вршел истражувања на одредени комплексни невролошки пореметувања и открил вируси кои не предизвикуваат имун одговор кај човекот. Телото очигледно не прави напор да го исфрли вирусот и затоа биле наречени Стелт вируси, поради својата способност да оперираат во телото недетектирани од имуниот систем на домаќинот. Вакви вируси се пронајдени кај луѓе со аутизам,  синдром на хроничен замор, недостаток на внимание, хиперактивност и други невролошки болести.

Вирусите се специфични за секој вид на организам. Секој вид животно, инсект или растение или бакерија има свои специфични вируси. Проблемот со Стелт вирусите е тој што се тие со човечко потекло но поради тоа што многупати се реплицирани (размножувани) на животински подлоги , тие повеќе не се човечки вируси. Овие вируси имаат капацитет да асимилираат гени од подлогата на која растат и се размножуваат. Дополнително инкорпорираат и бактериски гени од онечистувањата и во суштина овие вируси се комбинација на човечки, животински и бактреиски гени. Др. Harold Buttram го открил исто така феноменот на стелт вирусите паралално со Др.John Martin, и својот труд го објавил во Clinical Immunology and Immunopathologu (vol 88(1) од 1998.

Др.  Vijendra Singh од универзитетот во Мичиген открил дека најголемиот број на деца со аутизам имаат антитела против мозочното ткиво, поточно миелинската обвивка. Тој успеал да пронајде врска помеѓу овие антитела и антителата против морбили, заушки и рубеола. Сите деца биле вакцинирани, ниту едно немало приридно прележана ниту една од трите болести. http://vacinfo.org/vijendra_singh.htm

Нашиот Македонски научник Др.Петар Ивановски од Битола на престижниот детски онколишки конгрес, изнесол испитувања кои ја доведуваат во врска вакцината против дифтерија и појавата на леукемија кај децата. На испитување бил поттикнат од проф. Melvil Grejvs кој успеал да докаже дека гените за леукемија се создаваат уште во утробата на мајката, и дека децата уште при раѓање имаат Б лимфоцити кои го содржат генот за леукемија. Остана науката да открие кој е тригерот кај овие деца, односно што ги активира тие клетки во телото кај деца баш на одредена возраст меѓу 2-5 години. Леукемијата кај деца е модерна болест, која започнува да се манифестира со појавата на вакцината против дифтерија http://www.novosti.rs/…/aktuelno.69.html:162122-Vakcina

 

  1. НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА СЕ ПОЗДРАВИ ОД ВАКЦИНИРАНИТЕ

Астма –  Вакц 15% – Невакц 3%

Егземи  – Вакц 28% – Невакц 13%

Инфекции на уво – Вакц 25% – Невакц  6%

Апнеа – Вакц  6% – Невакц 1%

http://origin.library.constantcontact.com/download/get/file/1101240076659-1720/Unvacc+New.pdf

http://www.naturalnews.com/044650_vaccination_children_chronic_disease.html

http://www.thinktwice.com/Dutch.pdf
http://content.yudu.com/Library/A1qkh1/VaccinationHistorica/resources/31.htm

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9345669

 

istrazuvanje kaj nevakc deca

gggg

 

Директна споредба на  KIGGS и vaccineinjury.info испитување(09.2011.):

http://www.fhfn.org/latest-studies-prove-that-unvaccinated-children-are-far-healthier-than-their-vaccinated-peers/

http://childhealthsafety.wordpress.com/graphs/

New study: Infants receiving the most vaccines are the most likely to be hospitalized and die December 24, 2012 http://www.naturalnews.com/038457_vacci … study.html

Би сакале да ве подтикнеме на понатамошни истражувања во оваа насока, бидејќи повеќе од јасно е дека постојат многу нелогичности и контраверзи поврзани со вакцините.

Во ваква нејасна ситуација не е разумно да се форсира задолжителното вакцинирање кое се коси со сите демократски принципи и со сите природни закони.

Во продолжение се само мал дел од изворите од кои се служевме во нашата анализа на независните истражувања во врска со вакцините.

http://www.nvic.org/vaccines-and-diseases/Measles.aspx

http://i2.cdn.turner.com/cnn/2012/images/03/29/ss6103.ebook.pdf

http://www.cdc.gov/mmwr/preview/mmwrhtml/00000359.htm

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/3821823

http://journals.lww.com/pidj/Abstract/1996/01000/Secondary_failure_rates_of_measles_vaccines__a.14.aspx

http://archive.indianexpress.com/news/measles-vaccine-protects-only-1-out-of-5-children-in-delhi-study/854162/

https://www.gov.uk/vaccine-damage-payment

http://www.fhfn.org/50-reasons-not-to-vaccinate-your-children/

http://novaccine.com/vaccine-ingredients/

http://www.fhfn.org/baby-monkeys-develop-autism-symptoms-after-getting-popular-childhood-vaccines/

http://www.greenmedinfo.com/blog/multiple-infant-vaccines-linked-dramatically-increased-mortality

http://www.naturalnews.com/036416_GlaxoSmithKline_fraud_criminal_charges.html

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/?term=aluminium+vaccines+neurological

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/?term=aluminium+vaccines+neurological

http://www.sott.net/article/275756-How-vaccine-pushers-conceal-the-truth

http://www.collective-evolution.com/2013/07/07/courts-rule-mmr-thimerosal-containing-vaccines-caused-autism-brain-damage/

http://www.fhfn.org/new-study-reveals-children-being-vaccinated-with-toxic-levels-of-aluminum-causing-neurological-damage-and-autism/

http://www.naturalcuresnotmedicine.com/2014/03/cdc-forced-admit-knew-vaccine-preservative-caused-autism.html

http://www.newmediaexplorer.org/sepp/2010/09/19/us_cdc_hides_vaccine_related_miscarriages_recommends_flu_shot_health_supreme_newsgrabs_sunday_19_september_2010.htm

http://www.novosti.rs/…/aktuelno.69.html:162122-Vakcina

http://sanevax.org/wp-content/uploads/2012/06/Merck-mumps-suit.pdf

http://www.plosone.org/article/info%3Adoi%2F10.1371%2Fjournal.pone.0058058

http://healthimpactnews.com/2013/new-published-study-verifies-andrew-wakefields-research-on-autism-again/

http://www.naturalnews.com/038457_vaccine_injuries_infant_deaths_scientific_study.html

http://www.naturalnews.com/035371_vaccine_theory_antibodies_viruses.html

http://www.naturalnews.com/033584_Dr_Maurice_Hilleman_SV40.html

 

Со почит,

Родители кои се залагаат за правото на избор за вакцинација

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s