Поливалентни тн ‘пречистени‘ вакцини,подобри се, се согласуваме – убиваат подобро !

cropped-7404949.jpg

Доверлив документ на GlaxoSmithKline (корпорација од која и Македонија набавува вакцини ) протече во јавноста дека во период од две години 36 новороденчиња умреле веднаш по примањето на 6 во 1 вакцината, Infanrix Hexa ( регистрирана и кај нас). Според вебстраната на Initiative Citoyenne кој го објави документот, на 1271 страници се открива дека GlaxoSmithKline добил вкупно 1742 извештаи за несакани реакции во периодот од 23 Октомври 2009 до 22 Октомври 2011, вклучувајќи 503 случаи со сериозни последици и 36 смртни случаи. Initiative Citoyenne изјавија дека:
“ Не станува збор за 14 како што предходно било кажано од страна на GlaxoSmithKline туку за 36 ( 14 за период од 2010-2011 и 22 за период од 2009-2010). Како дополнување на овие 36 се уште најмалку 37 нови смртни случаи кои се водат како ненадејна смрт, со што вкупниот број е 73 смртни случаи од лансирањето на вакцината во 2000 година, и ова се однесува само на смртните случаи кои се опишани како ненадејна смрт, без дополнително навлегување во тоа што и како”
Ако ја земеме бројката од 36 смртни случаи за период од две години, тоа значи 1.5 смртни случаи на месец што по чии било стандарди ова е огромна бројка. Имајте на ум дека само 1-10% од несаканите реакции од вакцините се навистина пријавени. Така да во реалност овој проблем е далеку посериозен и вистинскиот број на жртви е многу висок.
Смртоносен хемиски коктел
Листите покажуваат дека многу од новороденчињата кои починале смртта настапила во првите денови по вакцинирањето.Кај три новороденчиња од вкупниот број на починати бебиња смртта настапила само неколку часа од примање на вакцината. Оваа трагедија не е изненадување знаејќи ја листата на компоненти од кои GSK ја произведува Infanrix Hexa вакцината, која скоро воопшто не им се дава на увид на родителите пред да ги вакцинираат своите бебиња, соединенија како незаразни субстанции од тетанус, дифтерија бактерија, прочистени протеини на пертусис бактерии, површински протеини од хепатитБ вирусот, неактивен полиовирус. Секоја 0.5мл доза содржи:

дифтерија токсоид
тетанус токсоид
пертусис токсоид
филаментозни хемаглутинин
pertactin
рекомбинирани протеини HBsAg
полиовирусни Тип 1
полиовирусни тип 2
полиовирусни Тип 3
прочистен капсуларно полисахарид на Hib ковалентно врзан за тетанус токсоид
алуминиум хидроксид
алуминиум фосфат
2-феноксиетанол, лактоза
медиум 199
неомицин
полимиксин
полисорбат 80
полисорбат 20
натриум хлорид
вода

Токсични дози од токсични хемикалии

Во една интересна статија од Dr. Harold Buttram со наслов “ Ултимативно коцкање: Дали резултатот од вакцинирањето во детството е всушност генетска хибридизација од туѓа човечка и животинска ДНК?” тој потенцира дека проблемите поврзани со овие две состојки, вклучувајќи го алуминиумот, кој е неуротоксин поврзан со Алцхајмер и напади, и формалдехидот, за кој е познато дека предизвикува рак.
Dr. Harold Buttram исто така изјави:
“Самите токсиколози признаваат дека комбинацијата од токсични хемикалии може да предизвика покачување на токсичноста и тоа експоненцијално, така што две токсични хемикалии во комбинација може да ја покачат токсичноста од десет до сто пати повеќе.
Класичен пример за ова е студијата на Schubert во која се наведува дека големината на жива и олово, кога станува збор за секој поединечно, би била смртоносна за еден процент од тестираните стаорци, а е смртоносна за 100% од стаорците кога станува збор за комбинација.
Во вакцините овој принцип ќе се применува барем за живата и алуминиумот, од кои и двете се неуротоксини.”
ЗАКЛУЧОК
Со оглед на добиениве информации, воопшто не е за изненадување дека бебињата умираат откако ќе ја примат вакцината која ги содржи овие компоненти? GlaxoSmithKline може да пробаат да ги скријат фактите од нас но тоа не може да го прават бесконечно долго. Infanrix Hexa вакцината треба да се повлече од продажба и тоа веднаш.

СИДС (Sudden Infant Death Syndrome – Изненадна смрт кај децата )  е последица на повеќевалентната вакцина: Неуропатолошка студија
Автори L. Matturri, G. Del Corno и A.M. Lavezzi
Краток осврт (апстракт):
Направивме испитување на голем број на жртви од СИДС со цел да ја покажеме можната поврзаност на вакцинацијата со повеќевалентните вакцини и СИДС. Избравме 110 случаи со детални хистолошки прегледи на автономниот нервен систем и обезбедивме детални клинички информации како и информации за околината. Во 13 случаи ( 11.8%) смртта настапила во временскиот интервал во кој е аплицирана и повеќевалентната вакцина ( 1-7 дена од вакцинирањето). Во ниту еден од овие случаи не е забележан никаков вроден проблем на главниот нервен систем или на виталните функции, со еден збор здрави деца со нормален развој. Кај 5 случаи присутна била хипоплазија на аркуатно јадро. Кај еден случај хиперакутен енцефалитис на tractus solitarii јадро во мозочното стебло е дијагностициран. Оваа студија не ја докажува поврзаноста на СИДС со повеќевалентните вакцини. Сепак, ние претпоставуваме дека компонентите може да имаат директно влијание во настанувањето на СИДС посебно кај ранливите бебиња. Во заклучокот наведуваме дека настанувањето на смрт после краток временски пероид од вакцинирањето со повеќевалентна вакцина е последица од истата, а воедно истражувањето е доставено и до патолог- експерт кој објективно поцени дека предизвикувачот на СИДС е вакцината која прави промени во автономниот нервен систем.

Извор:http://www.fhfn.org/vaccine-cover-up-leaked-confidential-document-exposes-36-infants-dead-after-this-vaccine/

http://www.eurekaselect.com/115921/article

Превод:Марија К.Ц.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s