Циркусот “Ебола” во хипнотизираниот свет

psy ops

 

Им пристапувате на луѓето, им покажувате (некаква) бактерија, им објаснувате што е таа (бактерија), што ќе им направи. И луѓето покорно климаат со глава. Се предаваат. Веруваат. Всушност, не знаат ништо… ама ви веруваат.

Масовната кампања за да се уверат луѓето дека вирусот Ебола може да нападне во секој момент, по незадолжителен контакт (со заболениот), е потполно успешна.

Луѓето како намерно да се обидуваат да создадат уште поголема паника, уште поголема хистерија.

И тоа е она што всушност не спречува да погледнеме критички на Либерија, Сиера Леоне, Република Гвинеја, три африкански земји каде сиромаштијата и бооестите се императив, секојдневие за најголемиот број луѓе.

Владеачките структури во тие области имаат една единствена грижа – како да не ги решат проблемите на своите луѓе.

Како да не ја пречистат водата за пиење, како да не ја вратат украдената земја од луѓето, за овие да не можат да произведат храна, и конечно да заживеат здраво, како да не ја решат пренаселеноста на бедните населби, како да не постават одводна канализација, како да не им дадат соодветна здравствена грижа и имунитет – па да се излекуваат од паразити, како да не им дадат на луѓето (демократска) моќ, затоа што тогаш ќе ги отфрлат локалните – и глобалните – тајкуни, корпорации, финансиски поробувачи, кои ја исцицуваат последната капка добробит од земјата.

За да успеат во нерешавањето на прoблемите на лууѓето, неопходна е приказна на насловната страница. Приказна, нешто што ќе го подрие ионака кревкиот ред и поредок во земјата.

Приказна од насловната страна, за бактерија.

Се е во бактеријата. Се. Бактеријата е како демон. Таа е тајниот убиец. Например, читајте го написот на агенцијата Ројтер од 27 март годинава, “Вардете се од лилјаците – во Гвинеја е на сила забрана за јадење уловен дивеч, по прогласувањето епидемија на Ебола”.

Заборавете се друго. Зошто бактеријата е единствениот непријател.

Заборавете, на пример, на фактот дека во скорешна контрола на петнаесет аптеки и пет болнички установи во Сиера Леоне е откриено безразумно, непотребно препишување и употреба на бета-лактамски антибиотици.

Тие антибиотици се високо токсични. Еден од нивните споредни ефекти? Изобилно (внатрешно) крварење кое тешко се сопира.

Кое што е всушност застрашувачкиот “Ебола ефект” за кој се труби надолго и нашироко во светските медиуми.

Прочитејте повеќе овде – J. Clin Microbiol, јули 2013, 51(7), 2345-2348, и во Хроника на Интерната медицина, декември 1986, “Потенцијална опасност од (внатрешно) крварење при употреба на новите бета-лактамски антибиотици”

Исто така, заборавете и на фактот дека компаниите кои произведуваат пестициди редовно испорачуваат забранети, високотоксични пестициди во Африка. Најчеста несакана појава при употребата на овие пестициди? Изобилно крварење…

Заборавете го сето ова. Се е во бактеријата, и нема ништо друго освен бактеријата.

Заборавете го и фактот дека, со децении наназад, една од најчестите причини за смрт во Африка е дијареа која не се сопира. Телото губи електролити (минерали), и човекот, или бебето, умира.

Секој доктор со здрав разум најпрво би се обидел, терапевтски, да ги надомести електролитите (минералите) на едноставен начин, но – о, не, медицинската процедура таму е оваа: дијареата ја предизвикале бактерии во органите за варење на храната, и таму ќе уфрлиме големи количества антибиотици, за да ги убиеме бактериите. И антибиотиците ги убиваат бактериите во цревата, но заедно со штетните бактерии ги уништуваат и потребните бактерии, корисните бактерии, и пациентот не ја прима и онака скудната храна, која едвам се наоѓа, и затоа умира.

Попатно, крвари од секаде, внатре и надвор.

Но, не, немојте – сето тоа доаѓа од таа Ебола. Виновна е бактеријата. Немојте да помислите на нешто друго…

Заборавете и на фактот дека вакцините за Аденовирус, кои нашироко се употребуваат во Либеија, Гвинеја, Сиера Леоне, значи во подрачјата каде сега најжестоко се шири таа Ебола, дека тие вакцини имаат, според официјалниот сајт vaccines.gov, споредни ефекти – крв во урината, крв во столицата, дијареа.

Не, сето тоа ви доаѓа од бактеријата Ебола. Се разбира, ви се молам, не помислувајте на ништо, ништо друго…

Например, не мислете на тоа дека новинарот Чарлс Јејтс откри еколошки скандал во Либерија, каде од фабриката за гумени преработки Фаерстон директно во реката се истура отровен хемиски отпад. И дека луѓето кои живеат на таа река имаат тешки кожни заболувања. Кои се, исто така, впишани во симптомите на таа Ебола. Како и дијареата.

Или пак фабриката на Кока Кола во Либерија, од која истекува смрдлива црна течност во водените текови во околината, и се живо од тоа умира.

Или пак недоволната исхрана, гладта кои се широко распространети во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја, недоволната исхрана која е причина број еден за неможноста имуниот систем кај човекот да произведе Т-лимфоцити. Т-лимфоцитите се исклучително важни за здравјето. И кога имуниот систем е неспособен да се брани, било која бактерија која ќе навлезе во телото, предизвикува масовно заболување, смрт.

Ја сфативте ли сега приказната?!

За се е виновна таа, бактеријата.

Ви се молам, дозволете им на глобализациски настроените, корумпираните центри на моќ во светот да продолжат да убиват…

Превод:Дарко
Извор: http://www.nomorefakenews.com

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s