ВАКЦИНИТЕ НЕ ГО СПАСИЈА ЧОВЕШТВОТО ! ДВА ВЕКА НА ОФИЦИЈАЛНИ СТАТИСТИКИ

Ова се податоци кои што фармацевтската индустрија не би сакала да излезат во јавност. Два века статистика која покажува официјални податоци за смртност во САД, Обединето Кралство и Австралија при што напредокот на медицината игра многу мала улога во константното унапредување на квалитетот на живот и заштитата од болести во западните економии.

Детална содржина за тоа што содржи оваа статија:

Вовед

За да се искоренат некои од болестите кои владееле во последните 200 година најголем придонес имале подобрената исхрана и чистата вода. Подобрените санитарни и животни услови, како и намалениот број на луѓе кои живеат во една зедница исто така дале позитеивен допринос во искоренувањето на болестите. Ова исто така е споменато во веќе објавени истражувања:

  1. The questionable contribution of medical measures to the decline of mortality in the United States in the twentieth century“. McKinlay JB, McKinlay SM, Milbank Mem Fund Q Health Soc. 1977 Summer; 55(3): 405-28.

2. “Symposium: Accomplishments in Child Nutrition during the 20th Century.  Infant Mortality in the 20th Century, Dramatic but Uneven Progress” Myron E. Wegman School of Public Health, University of Michigan: J. Nutr. 131: 401S–408S, 2001.

 

Во прилог е график кој ја покажува статистиката за тоа како се подобрило здравјето кај луѓето со зголемувањето на богатството во последните 200 години, дадено од ББЦ4 и професорот Ханс Рослинг. ” 200 countries over 200 years using 120,000 numbers- in just four minutes”.

Графикот за смртноста од сипаници противречи на тврдењата на Владините здравствени организации дека вакцините сапсиле милиони животи во минатото. Ова е едно тврдење кое не е подржано од науката, дека вакцините спасиле милиони животи, и самите податоци во графикот го покажуваат тоа. Овде исто така ќе увидите и зошто вакцинирањето од мали сипаници за децата е медицински неетично и може да ги подложи лекарите на кривична одговорност за нанесување на граѓанска штета бидејќи тие ја извршуваат процеурата за вакцинирање.

смртност мали сипаници на 55 милиони

смртност од мали сипаници во САД 1912-1975

[ Кликнете на сликата за зголемување ]

Успехот што градот Леичестер, Англија го постигна со намалувањето на смртноста од сипаници споредбено со другите делови и градови од Англија се должи на невакцинирањето на населението од оваа болест во периодот од 1882 до 1908, погледни го графикот подолу.

Ова го подржува и мислењето дека фармацевската индрустија во секое дете во светот гледа профит.

Можеби ќе си помислите дека наредниот график го претставува успехот од вакцинирањето против дифтерија, погледни ја плавата линија.

Дифтерија-смртност на милион-наспроти вкупна смртност- [ Кликнете на сликата за зголемување ]

Ќе забележите дека вкупната стапка на смртност кај бебињата не е променета со воведувањето на вакцината.(зелена и виолетова линија). За да нема сомнеж дека бројките се точни користени се два независни извора на информации. Најмалку половина од децата помали од 10 години биле невакцинирани до 1946 година така да големиот пад на графикот не се должи на вакцинирањето на децата против дифтерија бидејќи за таа да биде успешна и да даде резултати потребно е да се запази таканаречениот имунитет на стадото што во случај на дифтерија потребно е да биде вакцинирано 80-85 % од населението.

За да видиме зошто е тој драстичен пад (плавата линија на графикот) треба малку пошироко да погледнеме и други фактори кои за тој период претрпеле значителни промени. Кампањата за вакцинирање е почната кон крајот на 1940 година сепак свој тек добила во 1941 година. До крајот на 1941 година ” 36 проценти од децата кои се на школска возраст биле вакцинирани додека само 19 проценти од помалите возрасти ”.( British Journal of Nursing October 1948 p121 ).

Тек после големиот пад следува големата кампања за вакцинирање против дифтерија во 1946-47 година. 969.000 деца помали од 5 години биле вакцинирани и 272.000 деца од 5-15 години. Вкупниот број од 1.241.000 е од прилика за една третина поголем од бројот на родени деца во период од 7 години, 1938-1945.( родени биле 956.724-Recent trends in the incidence of multiple births and associated mortality Archives of Disease in Childhood, 1987, 62, 941-950).

Тогаш на што се должи овој навидум драстичен пад? Веројатно воведувањето на бесплатно млеко во училиштата( витамин А), бесплатни оброци и бесплатни систематски прегледи за сите деца во државните училишта се тие кои придонеле во сознавањето дека исхраната и хигиенските услови се важни за здравјето.

Така да ова значи дека здравствените организации кои ја промовираат вакцинацијата против дифтерија како и напредокот на медицината кога станува збор осознавањето на оваа болест се на исто ниво како и во 1940 година. Ова веќе е прашање на тоа кој знае најдобро? Оваа информација потврдува дека докторите и здравствените организации не се тие кои ги знаат работите најдобро.

Доколку сте љути и се чувствувате измамено имате право на тоа. Меѓутоа има уште полоши работи кои следуваат.

Дали вакцините предизвикуваат аутистични промени? Доколку до сега не сте прочитале ништо во врска со тоа ви препорачуваме да го прочитате следниот документ:  Text of May 5th 2008 email from US HRSA to Sharyl Attkisson of CBS News]. Во овој документ има изјава на  HRSA, Американска Здравствена Организација за Истражување, дадена за ЦБС Њуз репортер Шерил Аткисон:

”Ние наидовме на случаи кога кај деца се добива енцефалис или генерална мозочна болест. Енцифалисот може да биде проследен со симптоми кои вклучуваат аутистично однесување, аутизам или напади”

И покрај сите лаги и измами од страна на здравствените организации низ светот, поставеното прашање ” дали вакцините предизвикуваат аутизам” е одговорено со пласирањето на приказната за Хана Полинг во САД во февруари 2008 ( see CHS article here). Хана развила аутистични симптоми откако примила 9 вакцини само во еден ден. Голем број на здравствени работници и агенции признаа дека навистина вакцините предизвикуваат аутизам и тоа на националните медиумски сервиси ЦБС и ЦНН. Целосни информации може да се превземат линковите кои се дадени во следнава статија: Vaccination Causes Autism – Say US Government & Merck’s Director of Vaccines.

Фармацевската индустрија знае дека бизнис моделот за продажба на лекови не би траел повеќе од 20 години. Гледаме како Бил Гејтс промовира еден бизнис модел- скоро сите имаат виндовс софтвер на нивните компјутери и скоро сите се вакцинирани. Гејтс за доста кратко време стана мулти билионер. Се повеќе вакцинирани деца, многу повеќе вакцинирани деца отколку компјутери кои користат виндовс софтвер, и добивката е многукратна. Со сето ова како придобивка гледаме деца болни од асма, алергии, аутизам, дијабетис при што нивната бројка расте експоненцијално со воведувањето на вакцините.

Дали болестите од кои сте вакцинирани може повторно да ги добиете и покрај вакцинирањето? Да. Доколку вашето тело е во недостиг од основни хранливи состојки кои го одржуваат имунолошкиот систем тогаш тој е премногу слаб да се одбрани од болести. Ова ќе се случи без разлика колку вакцини сте примиле, вакцината нема да ве заштити. Токму ова се случи со падот на Советскиот Сојуз во Источна Европа и настапи економски хаос при што многумина живееја на работ на тешка сиромаштија. Од истата оваа причина вакцините не даваат резултати и не спасуваат животи во Африка и други земји од третиот свет. Стапката на смртност кај децата во третиот свет се уште е многу голема и покрај вакцинирањето. Овие деца имаат потреба од соодветна храна, чиста вода за пиење и миење и соодветни санитарни услови. Ние им даваме вакцини наместо тоа што навистина им е потребно. Овие деца умираат бидејќи ние имаме вакцини. Во 21 Век, и покрај сите тврдења дадени за модерната наука, сепак немаме еден унифициран третман за основните детски болести. Бројките покажуваат дека само 25% од децата кои се вакцинирани се заштитени од смртност, додека останува 75% кои сепак и покрај вакцинирањето умираат. Доколку постоеја соодветни третмани тогаш би можело да ги спасиме и останатите 75%.  Вакви третмани воопшто не се развиваат бидејќи фармацевската индустрија не би имала никаква придобивка од тоа, поточно нема потик од страна на Светската Здравствена Организација и  од нашите здравствени организации бидејќи истите се под големо влијание на фармацевската индустрија.

Сепак нешто може да се напави. Потребна е поголема политичка заложба од страна на западните развиени земји и храброст да се стават на страна своите комерцијални интереси за да се развијат ефикасни третмани за да се зачуваат децките животи.

[ED Note 15 Oct 2009: Со полесниот пристап до информации од овој тип здравствените работници почнаа со муабетот дека доколку не се вакцинирани децата постои опасност да умрат. Од друга страна пак тие тврдат дека вакцината го намалува бројот на разболени, наместо да биде дека го намалува бројот на смртни случаи и и создаваат графици за драстичен пад на пријавени случаи, наместо пријавени смртни случаи, баш во моментите на воведување на вакцината.

Ова е повторно искривување на вистината. Драстичен пад на бројот на пријавени случаи разболени од сипаници е за очекување. Самите доктори ги билдаат бројките за разболени од сипаници посебно ако увидат дека може да има сиптоми кои наведуваат на дијагноза на сипаници. На докторите им е наведено дека вакцината штити од сипаници и истата е воведена во доцните 1960 така да после тој период е за очекување да се намали и бројот на дијагностицирани случаи. 

 

Преголема бројка на пријавени случаи со сипаници дури до 7400%

1. Лабараториски потврдени случаи на сипаници, мали сипаници и рубеола, Англија и Велс, октомври-декември 2004

пријавени 474 случаи, тестирани 589, потврдени само 8 случаи

стапката од 7400%, 589/8 или 74 пати поголема од вистинската бројка.

Извор CDR Weekly, Volume 15 Number 12 Published: 24 March 2005

[забелешка од изворот: ” Поднесени се неколку примероци во течна состојба од случаи кои се под сомнение дека се работи за сипаници при што не е добиено соодветна нотификација за истите, така да бројката на тестирани е вештачки зголемена за овој квартал.]

2. Вкупниот број на потврдени случаи на сипаници и IgM тестови за антитела за случаите кои биле пријавени како случаи на сипаница во ONS: од 40-52 недела/2005 година

пријавени 408, тестирани 343, потврдени случаи 22

стапката од 1560% или 15.6 пати повеќе случаи биле пријавени отколку што се појавиле позитивни на тестот за сипаници.

извор: CDR Weekly, Volume 16 Number 12 Published on: 23 March 2006

Содржина

Смртност од скорбут

Тифус и шарлах- Смртност во Велика Британија, САД и Австралија

Смртност од мали сипаници-  Велика Британија, САД

Смртност од заушки- Англија и Велс

Смртност рубеолаАнглија и Велс

Смртност, Животен век, Здравствени трошоци во Велика Британија, САД и Смртност на светско ниво

Стапка на смртност во САД и Велика Британија

Стапка на смртност по болести во Велика Британија, САД и Австралија

Смртност од мали сипаници, шарлах, голема кашлица, тифус, дифтерија, грип, пнеумонија и туберкулоза

Смртност од дифтерија- Англија, САД и Австрија

Голема кашлица ( пертусис) стапка на смртност- Велика Британија, САД и Австралија

Тетанус-стапка на смртност- Англија и Велс 1901-1999

Смртност од вариола- Велика Британија, САД и Шведска

 

Лестер и Вариола

 

Извадоци од Лестер: Санитарните услови наспроти Вакцинацијата од J.T. Biggs J.P.

Табела 21.- Стапката на смртност од големи сипаници наспроти “Незаштитените” Лестер – 1860 до 1908.

Табела 29. Епидемија од мали сипаници- трошоци и степен на смртност

Смртност од скорбут

 

Најпрво би почнале со поедноставните споредби за кои постои вакцина и болести како што се тифус, шарлах и скорбут.

смртност од скорбут Велика Британија 1901-1967

Медицината, а посебно фармацијата и вакцините не одиграле никаква улога во намалувањето на стапката на смртност од скорбут,а истото може да се каже и за другите болести. Скорбут е болест која настанува поради недостаток на витамин Ц. Слабата исхрана, посебно намаленото коичество на свежо овошје и зеленчук предизвикуваат скорбут. Стапката на смртност драстично се намалила со подобрувањето на животните услови.

Тифус и шарлах-смртноста во Велика Британија, САД и Австралија

Тифусот и Шарлахот исчезнале со подобрувањето на исхраната, со чиста и питка вода, со подобри санитарни и животни услови и притоа без вакцини.

смртост од тифус сад наспроти англија и велс 1901-1965

смртност од скорбут сад наспроти англија 1901-1965

 

смртност од тифус во САД 1900-1970r

Австралија-стапка на смртност од тифус за период од 1880 до 1970

[извор: Официјална годишна книга за заедничкото добро  на Австралија, која е пренесена во Грег Битовата книга Vaccination A Parent’s DilemmaDownloadable Now]

смртност од шарлах во САД 1900-1970r

Австралија-стапка на смртност од шарлах за период од 1880 до 1970

[извор: Официјална годишна книга за заедничкото добро  на Австралија, која е пренесена во Грег Битовата книга Vaccination A Parent’s DilemmaDownloadable Now]

Смртност од мали сипаници-  Велика Британија, САД

 

Се до 2007 година шансата да некој почине од сипаници во Англија и Велс доколку не е вакциниран била помала од 1 на 55 милиони. Шансата да те удри гром е 30 до 60 пати поголема: Tornado & Storm Research Organisation

смртност мали сипаници на 55 милиони

Може да се забележи дека околу 1988 година има мали осцилации, после воведувањето на вакцинацијата меѓутоа тие не се вистински и подобро се согледува состојбата во наредниот график кој користи аналогна скала наместо логаритамската која се користи во овој график.


смртност мали сипаници наспроти вкупна смртност Англија и  Велс_1901-1999

 

Графикот кој е покажан подолу е извадок од медицински весник, Englehandt SF, Halsey NA, Eddins DL, Hinman AR. Measles mortality in the United States 1971-1975. Am J Public Health 1980;70:1166–1169. Црвената испрекината линија е додадена. Ова ни покажува како опаѓа смртноста од малите сипаници во САД без разлика на тоа дали се користи вакцината или не се користи. До 2010 година таа достигнува бројка од 1 на 25 милиони без употреба на вакцини. Како што опаѓа стапката на смртност од мали сипаници така се намалуваат и долгорочните копликации од истите. Сепак има луѓе кои се разболувале од мали сипаници и болеста не била толку страшна или смртоносна како што ни кажуваат денес.

смртност од мали сипаници во САД 1912-1975

Од графикот се воочува навидум пад на пријавени случаи на мали сипани( не со фатален исход) по 1968 година што е доста погрешно. Лекарети го следат трендот на намалени случаи и не ја вршат дијагнозата со голема точност. Официјални податоци од Велика Британија за 2006 година покажуваат дека кога докторите бараат случаи за да ги набилдаат бројките тие и ги наоѓаат, затоа и има периоди кога вистинската бројка е надмината и за 10 до 74 пати, што е потврдено со лабораториските тестови. Соодветно, кога е започната вакцинацијата и докторите почнуваат да го следат тој тренд дека нема потреба од дијагностицирање на случаи со мали сипаници, во толкав број, бидејќи веруваат дека вакцината тоа успешно го контролира. Овој тренд го следат дури и патолозите.

смртност мали сипаници сад наспроти англија и велс 1901-1965 (1)

смртност мали сипаници

 

[извор: Официјална годишна книга за заедничкото добро  на Австралија, која е пренесена во Грег Битовата книга Vaccination A Parent’s DilemmaDownloadable Now]

 

 

Смртност од заушки- Англија и Велс

Можеби ви изгледа малку како претерана изјавата дека со вакцинирањето на децата со вакцината против заушки самата медицинска професија е доведена во состојба кривично да одговара за несовесно лекување.

смртност Заушки наспроти вкупна смртност Англија и  Велс_1901-1999

Обезбедување на третман за пациентот кој клинички воопшто не е потребен и лажењето на пациентите или нивното наведување дека им е потребен таков клинички третман, со самото ставање на вакцината тоа претставува кривично дело според: Appleton v Garrett (1995) 34 BMLR 23.

Според Британската Лекарска Асоцијација (‘BMA’) и Кралското фармацевтско општество на Велика Британија вакцинирањето против заушки е клинички несоодветно:

“ Бидејќи заушките како болест и компликациите кои можат да настанат од истите се многу ретки затоа постојат многу мали индикации за воведување на рутинска вакцинација против заушки”:  Битански Национален Формулар (‘BNF’) 1985 и 1986

 

Отвореноста на податоците ни покажуваат документи дека уште во 1974 година Министерството за одбрана и Комитетот за Вакцинација и имунизација на Велика Британија се согласиле дека:

“ нема потреба од воведување на вакцина против заушки” бидејќи “компликациите од оваа болест се многу ретки” 11 декември 1974.

Докторите и сестрите кои ќе вакцинираат со ММР, а при тоа не ги запознаат родителите со несаканите дејствија кои произлегуваат од вакцината се однесуваат неетички, и потенцијално подлежат на граѓанска постапка за надомест на штета сопред кривичниот законик. Тие исто така не можат да ги пренесат сите несакани последици на родителите бидејќи и тие самите не ги знаат точно сите, а тоа се должи на несоодветното собирање на податоци за таа цел како и тоа дека дел од несаканите реакции се потиснати и подоцна излегуваат на површина. Вакцинирањето на децата со ММР не може да се оправда на база на клинички или етички принципи. И бидејќи не постои никаков клинички бенефит, придобивка, од масовната вакцинација истата не може да се оправда како јавна здравствена мерка.

И една од последиците од оваа мерка, невакцинирање, е тоа што се доведува во ризик една група на млади мажи кои не прележале заушки кога биле деца, а ризикот е стерилитет, сепак и самата вакцина не им дава сигурност и траен имунитет дека нема да се раболат од болеста.

Еден од ефектите на ММР вакцината е тоа што болеста сега се појавува во постарите групи, во колеџ и универзитет: Mumps and the UK epidemic 2005, R K Gupta, J Best, E MacMahon BMJ  2005;330:1132-1135 (14 May).

1 од 4 мажи кои се во пубертет и кои немаат прележано заушки додека биле деца има ризик од орхитис. Орхитис како компликација е пријавена кај 20-30% од машката популација на возраст околу пубертет или после пубертет, а се пријавени како случаи на заушки. Некоја тестисна атрофија се јавува кај 35% од случаите на орхитис добиен како последица од прележани заушки: Mumps – Emedicine. Ова значи дека еден од тестисите се собира и се качува нагоре. Ова се случува на еден од девет мажи кои прележуваат заушки после пубертет и  ниту еден маж кој прележал заушки пред пубертет.Сепак бидејќи оваа последица зафаќа само еден од тестисите целосен стерилитет е многу многу ретко.

Имањето на еден болен тестис повлекува психолошки и практични последици во подоцнежниот живот при градење на врска. Пораката е следна, подобро е да се прележат заушки додека се се уште деца, пред настапување на пубертет со што добиваат траен имунитет.

 

Смртност рубеолаАнглија и Велс

 

Исто како кај заушките така и со вакцинирањето против рубеола самата лекарска професија превзема ризик да биде кривично одговорна за последиците од вакцинацијата. График за стапката на смртност од оваа болест не постои бидејќи бројот на лица кои починале од истата е толку мал што е статистички немерлив. Вакцината против рубеола не дава никаков клинички бенефит спредбено со големиот ризик за поствакцинални  последици. Доколку бремена жена се разболи од рубеола и доколку плодот, детето, што го носи преживее во тој случај огромни се шансите истото да биде родено со вроден синдром на рубеола (CRS), вклучувајќи и повеќекратни конгенитални абнормалности. 92% од случаите со дијагностицирана рубеола родиле здрави деца: DANISH MEDICAL BULLETIN MARCH 1987 – WAVES Vol. 11 No. 4 p. 21 . Овој процент може да се зголеми со прележувањето на болеста додека сте се уште дете. Ова го намалува бројот на деца кои би биле вакцинирани, а со тоа и не би имале потреба од ризик кој го носи самата вакцинација.

Сепак вродените аномалии од други болести или слично се во поголем процент:

“ Секоја година едно на 33 бебиња се раѓа со вроден деформитет во Велика Британија. Тие се лидери во тоа колку бебиња умираат, некаде околу 20%. Бебињата родени со одреден деформитет се поподложни на болести и долгорочна попреченост отколку здраво родените бебиња“: Birth Defects US Centers for Disease Control and Prevention – accessed 11th May 2008

Еве неколку корисни линкови кои ќе ви покажат како биле заплашувани родителите за да ги вакцинираат своите деца:-

 

Смртност, Животен век, Здравствени трошоци во Велика Британија, САД и Смртност на светско ниво

 

Дали тоа што плаќате здравствено осигурување ви овозможува подобро здравје и подолг живот?НЕ. Следните графици покажуваат дека во 1996 година САД биле 18 ти од сите земји, дури 5 години помал животен вел од Канада и Велика Британија. Но Американците плаќаат илјада долари или 1/3 повеќе од Канаѓаните и 2/3 повеќе од Британците за здравствено осигурување. И доколку го видите стапката на смртност тогаш ќе се запрашате што добивале Американците за парите кои ги уплаќаат за здравствено осигурување. Сепак стапката на смртност опаѓаше и продолжи да опаѓа. Сепак животните услови се подобрија како одминуваше времето, а со тоа и животниот век.

просечен животен век во светот за 1996 (1)

здравствени трошоци по земја по глава на жител за 1990

очекувано времетраење на животот во САД 1900-1998

 

Стапка на смртност во САД и Велика Британија

смртност во САД според старосна група

вкупна смртност кај децата Британија&Велс 1099-1999

Стапка на смртност по болести во Велика Британија,   САД и Австралија

 

Смртност од мали сипаници, шарлах, голема кашлица, тифус, дифтерија, грип, пнеумонија и туберкулоза

стапки на смртност САД 1900-1965

Следниот график е ист со графикот за САД кој е прикажан во предходниот дел, но со вклучени смртни случаи од грип и туберкулоза. И ќе воочите дека смртните случаи од грип не се спречени со вакцинирање- бидејќи за најголемиот период кој е опфатен не постоела вакцина против грип и кога веќе ја вовеле вакцината таа не била баш достапна до сите се до денес-кога погодете што- смртноста од грип веќе беше опадната- и погодете уште што- нр функционира баш најдобро-тоест најдобро би било да се избегнува.

стапки на смртност САД плус инфлуенца и туберкулоза 2-1900-1965

Следниот график е истиот со тој од предходно само што ја прикажува целосната крива за смртноста од грип или пнеумониа.

стапки на смртност САД плус инфлуенца и туберкулоза 1-1900-1965

стапка за смртност за Англија и Велс 1901-1964

Смртност од дифтерија- Англија, САД и Австрија

Од графикот може да увидиме дека стапката на смртност од дифтерија почнала да опаѓа сама од себе, без употреба на вакцини. Во Велика Британија, вакцината е воведена во 1940, но многу од децата посебно тие што биле помали од 5 години не се вакцинирани при што следела голема кампања за вакцинирање во 1945-46. Децата на помала возраст од 5 години се најподложни на оваа болест.

смртност дифтерија сад наспроти англија и велс 1901-1965 (1)

Дифтерија-смртност на милион-наспроти вкупна смртност-

смртност од дифтерија

[извор: Официјална годишна книга за заедничкото добро  на Австралија, која е пренесена во Грег Битовата книга Vaccination A Parent’s DilemmaDownloadable Now]

 

Вакцината против дифтерија била воведена во 1940 во Велика Британија. Дури е нефатливо како вакцината немала придонес во намалувањето на смртните случаи од дифтерија за период 1941-1946. Податоците покажуваат дека најмалку половина од децата на возраст до 15 години биле невакцинирани до 1946-1947.

Графикот за вкупниот број на починати новороденчиња ни претставува репер кој покажува постојан пад на стапката на смртност кај новороденчињата пред и после воведувањето на вакцините.

До крајот на 1941:

“околу 36 проценти од децата кои биле на школска возраст биле вакцинирани меѓутоа само 19% од помладата популација“: British Journal of Nursing October 1948 p121.

1946-1947 биле вакцинирани дури 969.000 деца на возраст под 5 години што било непотребо бидејќи веќе се случил големиот пад на стапката на смртност од дифтерија”: British Journal of Nursing October 1948 p121. Со стапка од 200.000 новородени во регионот каде најголем дел се родени од 1941-1946 сепак вакцинирањето против дифтерија не било причина за опаѓањето на стапката на смртност од оваа болест.

Сепак можеме конкретно да идентификуваме која е причината за тој пад. Очигледно е влијанието на реформите во сегментите на социјалата, здравство и благосостојбата кои биле во 1944,1947 и 1948. Воведување на млеко во училиштата за кое не треба да се плаќа надомест, помеѓу другите  хранливи состојки, витаминот А му помага на детскиот имунолошки систем да се бори со болестите. Витаминот А тој кој што ќе го обезбеди Светската Здравствена Организација за децата од третиот свет и токму од причина за полесно да се борат со болестите. Може да се воочи дека падот на степенот на смртност кај новороденчињата го следи падот на стапката на смртност од дифтерија кај целата популација. Ова уште еднаш ни укажува дека стапката на смртност од дифтерија, нејзиниот пад е последица на еден генерален тренд кој нема никаква врска со воведувањето на вакцините или допринесот на вакцината е незначителен.

Голема кашлица ( пертусис) стапка на смртност- Велика Британија, САД и Австралија

 

Голема кашлица или пертусис-повторно, стапката на смртност од оваа болест бележи значителен пад пред вакцината да биде воведена. И да има некој придонес во целокупниата бројка таа е незначителна. Може да се увиди дека со падот на смртноста од оваа болест го следи падот на смртноста кај новороденчињата. Ова уште еднаш ни укажува дека падот на смртноста од оваа болест е еден генерален тренд, а не придобивка од вакцинирањето.

смртност голема кашлица сад наспроти англија и велс1901-1965 (1)

смртност од голема кашлица - Британија-1838-1978

 

смртност Голема кашлица наспроти вкупна смртност Англија и  Велс_1901-1999голема кашлица

Тетанус-стапка на смртност- Англија и Велс 1901-1999

смртност Тетанус наспроти вкупна смртност Англија и  Велс_1901-1999

Тетанус-стапка на смртност- Англија и Велс 1901-1999

Овој график покажува дека вакцината против тетанус е бесполезна и повеќе им штети на децата изложувајќи ги на ризик од несакани реакција после вакцинирањето. Сепак има еден добар дел во кој современата медицина индиректно е вмешана во позитивна смисла, а тоа е што во реформите кои биле во период од 1947-1948 воведен е национален здравствен сервис. Заедно со ова почна и воведувањето на механизација во земјоделството по втората светска војна. Со намалувањето на бројот на работниците и зголемувањето на механизацијата се намали и бројот на повреди кои би биле тетанус случаи. Неколку земјоделци заедно со подобрени механизациони услови, подобрена здравствена заштита резултираше со подобро лечење на повредите. Тетанус се појавува претежно во длабоки рани кои не се добро исчистени. Така да со намалениот број на земјоделски работници и подобрената грижа за настанатите повреди го намали бројот на случаи на тетанус. Така да со подобрените животни услови доаѓа до пад на стапката на смртност од тетанус во педесетите години од минатиот век.

Стапка на смртност од вариола во Велика Британија, САД и Шведска

 

Од самиот график може да се воочи дека голем број од смртните случаи биле од вакцината против вариола. Од 1901 во Велика Британија, многу повеќе луѓе починале од вакцината против вариола отколку од самата болест. Градот Леичестер во период од 1880-1908 година запрел со вакцинирањето на населението и може да се примети пад на смртноста за тој град во однос на другите населени делови од Велика Британија. И овој пристап на градот донесе помали трошоци.

Било која научна анализа или податоци назад во историјата се само дел од неоправданото внесување на било каква вакцина против големи сипаници. На следниот линк можете да прочитате колку ненаучни и смешни се тврдењата дека треба да се вакцинира против големи сипаници : Small Pox – Big Lie – Bioterrorism Implications of Flawed Theories of Eradication и како вакцинирањето станува политичка алатка: Smallpox Eradication – One of History’s Biggest Lies & How Vaccination Did Not Eradicate Smallpox

Сериозноста на самата болест исчезнува со подобрувањето на животните услови и не е последица од вакцинирањето против оваа болест, како што самите лекари ни тврдат.

смртни случаи од вакцинација Велика Британија 1875-1922

смртни случаи од вакцинација во Британија 1906-1922

Извадоци од Лестер: Санитарни услови наспроти Вакцинирање” од J.T. Biggs J.P.

[Download Entire Book as .pdf 43 Mb  – Or Read Online]

 

ТАБЕЛА 21

 

Стапка на смртност од вариола, случаи кои се вакцинирани и ревакцинирани, наспроти невакцинираниот град Леичестер од 1860 до 1908.

Tabela 21

Бигс напишал “Во оваа споредба ги представив бројките на ревакцинираните, на смртните случаи,  стапката на смртност оделно и кумулативно, за да може да се споредат на било кој основ со невакцинираниот град.  In pro-vaccinist language, may I ask, if the excessive small-pox fatality of Japan, of the British Army, and of the Royal Navy, are not due to vaccination and revaccination, to what are they due? It would afford an interesting psychical study were we able to know to what heights of eloquent glorification Sir George Buchanan would have soared with a corresponding result—but on the opposite side.

ТАБЕЛА 29.

Tabela 29

biggsdiagc

Велика Британија - Вариола и Скорбут 1838-1890

смртност од Вариола во Шведска 1821-1852

Повеќе од сигурно е дека вакцината против дифтерија не одиграла никаква улога во намалувањето на смртноста од оваа болест од 1941-1946. Податоците покажуваат дека најголем дел од децата се невакцинирани и после големиот пад на смртноста од дифтерија.

 

Превод:Марија
Табели:Дарко
Извор:http://childhealthsafety.wordpress.com/graphs/

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s