За безрбетната одлука на уставниот суд по прашањето за присилната вакцинација во Р.Македонија

Конвенцијата за човекови права и биомедицина

Уставниот суд на РМ, со игнорирањето за  разгледување на Иницијативата за укинување на спорните одредби во Законот за заштита на населението од заразни болести, а кои се однесуваа на присилното  вакцинирање на децата и тоа, според она што го пренесоа мнозинството медиуми, повикувајќи се на членот 39 од Уставот на РМ – “Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“,докажа уште еднаш дека државата во која живееме  е дното и канализацијата помеѓу целата европска заедница,дека ја карактеризира еден тоталитарен режим на кој и нацистите би им позавиделе,дека во мизеријата од држава што ја направија нема повеќе ЛУЃЕ туку само бескорисни форми на живот со нервен систем еднаков на амеба кој е и повеќе од доволен за следењето и извршувањето на слепите наредби без никакви прашања.

Иако Иницијативата воопшто не се коси со овој член од Уставот на РМ, напротив дури и го “реафирмира“ бидејќи е поттикната токму од  тоа:превземањето одговорност за здравјето на своите деца кое по постоечкиот спорен закон сега лежи во рацете на фармацевските корпорации и остава простор за максимални злоупотреби,малверзации,корупција,недозволени експерименти врз најранливата категорија граѓани – децата,  и од грижата за здравјето на сите други деца знаејќи дека вакцинираната популација е ОДГОВОРНА за ширењето на заразните болести а вакцинираните деца се ризик по својата околина 30 дена по  ДТП вакцинација,40 дена по ММР вакцинација и 60 дена по полио вакцинација – уставните судии “лаконски“ решија да го баталат разгледувањето на ова есенцијално прашање – задолжителното вакцинирање на децата – од аспект на правата на родителите и правата на децата, како и неспорните неуставни импликации што тој ги носи косејќи се со други правни акти  како што е законот за заштита на правата на пациентите во делот за одбивање на БИЛО КОЈА медицинска интервенција, Конвенцијата за човекови права и биомедицина, Европска повелба за правата на пациентите и уште многу други а најповеке и  пред се со сите основни морални човечки закони.

Но едно е факт – уставните судии со своето “висперно“ толкување те.нетолкување на словото и духот на нормативната материја и нејзините општествени контексти дозволија вакцинацијата на децата во РМ да продолжи како задолжително коцкање со детското здравје во кое што  за име и на сметката на децата треба да учествуваат нивните родители. Помалку морбидно, нели?
И морбидноста не завршува тука за жал,уставниот суд  демонстрираше тотална  наказност и маскарадност со сметањето за  непотребно да расправа по прашањата кои се од суштествена важност : КОЈ ќе ја сноси одговорноста за децата оштетени од присилната вакцинација ?! Каде е државата за децата кои ги присилила да добијат  запаление на мозокот, трајно оштетување на нервниот систем, делумна или целосна парализа, целебрална парализа, делумно или целосно слепило, дегенеративни заболувања на мозокот, разни автоимуни болести, менингитис, аутизам, алергии и многу, многу други или со присилната вакцинација  ги убила ?!
Во која заедница државата врши лични и филозофски угнетувањеа со тоа што на своите граѓани кои се вегетаријанци по лично убедување и нивните деца насилно им вбризгува телешки ,пилешки ембриони,свинска крв и други материјали од животинско потекло.
Во која заедница државата врши религиозен масакар на угнетувања и тешка дискриминација со тоа што своите православни граѓани и нивните деца ги присилува и насилно им вбризгува ткива и ДНК од абортирани човечки фетуси,како тоа државата ги присилува своите граѓани да учествуваат во убиство  !?
Во која задница детето престанува да биде трето дете ако не е вакцинирано ? Каква е таа брутална уцена која атакува директно на фундаментот на секоја држава а тоа е семејството ? А можеби уставните судии имаа одговор на прашањето како мајка која има аутистично дете би го осудила и своето наредно дете на пропаст ? Ризикот  за изгорените родтели и уништените детски животи е 8 000 денари,семејствата кои имаат тешки егзистенцијални проблеми државата ги стави пред згодна дилема,на кој начин сакаат да умрат : од вакцина или од глад.
Уставниот суд со тоталното игнорирање на едно вакво комплексно прашање со една таква безрбетна одлука стана учесник во злодело и ги присили сите граѓани на оваа држава да станат соучесници во истото !

Уставните судии со една ваква одлука те неодлука ја покажаа целата монструозност на претворање на сите морални човечки особини во прав,покажаа како е да се биди слеп слуга на системот без нималку достоинство ,безлична роботска фигура во една машинерија која ќе ги сомели еден ден и нивните деца и внуци заради нивниот кукаквичлук и робовски менталитет.

Уставните судии ја пропуштија шансата  да го покажат вистинското лице на демократијата и да ги задржат темелите на правната држава со поништувањето на еден толку небулозен закон како што е законот за присилна вакцинација кој е тешка навредна на здравиот разум и логика и е еден тежок  легислативен монструм,уставните судии со ваквата  одлука се ставија на страна од медицината која нема никаква допирна точка ниту со реалноста ниту со медицината базирана на докази и ја востоличија медицинската  инквизиција потпомогната единствено од фармацевската индустрија како консензус,го обновија  и зацврстија едноумието во кое државата чмае уште од социјалистичките времиња.
Како е можно правници да се чувствуваат компетенти да  донесуваат толку важни и суштествени медицински одлуки  во име на сите граѓани во една држава ?! Зошто како некомпетентно тело го ускратија најлогичниот чин –  јавна расправа на која ќе можеа да слушнат за што всушност тоа одлучуваат . И како е можно без јавна расправа правниците да дојадат до таков фрапантен заклучок дека со вакцинација се чува сопственото здравје па камоли здравјето на другите ?! По чие мнение и консултација завршија така славно на тој член од уставот БЕЗ ЈАВНА РАСПРАВА СО КОМПЕТЕНТИ ЛИЦА ?
Уставните судии со ваквата неодлука јасно ја покажаа својата немоќ и ништожност  да го заштитат граѓанинот од државната манипулација и  уставот како свет фундамент на една држава во заштита на граѓаните,со една ваква неодлука уставните судии  уставот го израмнија со напојницата која еден алопатски доктор ја добива од фармацевските корпорации како нивен  најдобар маркетинг агент и заборавија дека нивната сопствена егзистенција зависи од даночните обврзници кои толку многу лесно ги изигнорираа а не од директивите на  државната машинерија.
Сепак, голема благодарност до нив, до уставните судии. Нивната патетична предвидливост и провидност само уште еднаш докажа дека токму тие се оние кои со сигурност им овозможуваат најповолни услови за граѓаните да бидат и понатаму заложници на сопствената држава што е во најмала рака недопустливо. Нашата борба за заштитата на нашата светост – нашите деца, продолжува. Ќе видиме дали и Стразбур толку лесно гази по сите основни човечки и морални права и принципи.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s