Криминалот на министерството за здравство легализиран – бугарска вакцина со спорен квалитет ги уништува децата во Македонија со години,родителите со тужба

white-collar-crime-1

Како државата со години игра рулет со здравјето на децата

 

На ден 9.12.2014 година нашето почитувано Министерство за здравство, регистрира вакцина против ДТП која претходно со години ја дистрибуираше низ нашите здравствени домови, без при тоа да биде регистрирана. Односно нашите деца – бебиња од две, три и петмесечна возраст беа “имунизирани“ со нерегистрирана вакцина ДИФТЕТКОК (ДТП)!

Зошто после долгогодишно незаконско работење, нашите власти конечно одлучија да го легализираат својот криминал? Можеби мислеа дека ќе се спасат од Кривичната пријава која ние родителите по неколку месечно истражување и собирање на докази, ја доставивме до Основното јавно обвинителство?

Овој нивни чекор кажува повеќе од илјада зборови. Кажува дека обичните граѓани се прислушкуваат, дека адвокатите се корумпираат и дека јавните институции меѓусебно си ја перат валкананата долна облека. Исто така може да кажува дека се плашат од нас, родителите, кои престанаа да веруваат во бајките дека оваа власт се грижи за здравјето на своите најмлади. Зошто, кога би се грижеле како што се декларираат тие не би спроведувале тивок геноцид врз нашите најмили.

А еве како го прават тоа:

– Прво, со години го кршеа законот кои сами го напишаа и изгласаа(Закон за лекови и медицински помагала, Сл.Весник на РМ № 106/07), а во кој се вели дека за да биде некој лек пуштен во промет тој мора да ги помине сите фази на испитување и да биде регистриран. Вакцината Дифтеткок не беше регистрирана до пред еден месец, а беше и сеуште е задолжителна за нашите деца на возраст од 2, 3 и 5 месеци старост. Вакцината Дифтеткок веќе со години е во употреба во Македонија, но беше регистрирана на почеток на декември 2014.

– Второ, вакцината Дифтеткок не се наоѓа на листата на препорачани вакцини на Светска Здравствена Организација, што во превод значи дека не ги исполнува критериумите за квалитет. Кој сега ќе одговара за тоа што регистрирал и одобрил вакцина за употреба која не е одобрена од СЗО?

– Трето, во составот на вакцината Дифтеткок има алуминиум кој ги надминуваат дозволените количини за 35 пати или 2500%. Алуминиумот за жал го има во сите вакцини, но во ниту една не е толку високо над интернационално дозволените количини, дури ни во вакцините за возрасни. Докажано е и познато дека алуминиумот примен преку игла остава трајни последици на централниот нервен систем и коските на децата, затоа и употребата му е строго ограничена.

-Четврто, во составот на вакцината Дифтеткок има жива (тиомерсал) која одамна е исфрлена од употреба во вакцините, поради познатите невротоксични својства. За живата не постојат дозволени количества, затоа што ниту едно количество не е дозволено. Но, во вакцината Дифтеткок има жива затоа што таа мора да се додаде како конзерванс кога во едно шишенце вакцина има повеќе дози. Кој одлучил да набавува рефус вакцини? Кој штеди на штета на здравјето на нашите деца? Зошто не се набавиле поединечни дози на вакцина, во кои нема жива? Затоа што се поскапи? И зошто во ниту една друга регистрирана вакцина кај нас нема жива?

– Петто, иако некој се сетил да ја регистрира вакцината, надевајќи се дека Обвинителството ќе ја одбие кривичната пријава од родителите, тој ист заборавил дека вакцината по завршената регистрација, треба да добие своја цена одобрена од Министерството за здравство, таа цена треба да биде објавена, па дури потоа да биде набавена со соодветна тендерска постапка, за да биде ставена во употреба односно дистрибуирана по здравствените домови, во спротивно се прави финансиски криминал. Кој ќе одговара за тоа?

– Шесто, производителот на спорната вакцина не е ниту реномиран ниту светски познат производител, туку е Бугарски институт кој произведува неколку видови вакцини. Во една од нивните вакцини (против дифтерија и тетанус) во 2011 година е пронајдено метално онечистување во растворот, што говори за лош квалитет и лоша контрола на квалитетот од страна на овој производител. Од таа причина, сите вацини од овој производител се забранети за дистрибуција од страна на Светска Здравствена Организација цела една година. Ако се знае фактот дека ние во Македонија немаме своја лабораторија за контрола на вакцини, употребата на оваа вакцина претставува играње руски рулет, со метална цевката вперена во главите на нашите деца.

Во целиот овој случај има потполно отсуство на легалност во постапувањето. Од една страна штетна вакцина, од ризичен производител, набрзина регистрирана, од друга страна родители кои законски, со закана од санкции, се принудени да ги вакцинираат своите деца.

Ова се егзактни, но поразителни сознанија за тоа кому, односно во чии раце мораме по словото на законот да ја предаваме судбината на нашите деца, нивното право да растат здрави, да пораснат, да живеат! Во оваа работа, како и во многу други, почитувани граѓани ние сме оставени сами, препуштени сами на себе, затоа што ниту едните – власта – со својата неписменост, простотилак, злоба и очигледна алчност, ниту другите – опозицијата со својата недокваканост, “бомбички“, “фестивалска слободарска заслепеност“ не знаат, не умеат и конечно, не сакаат да не заштитат нас, оние заради кои што тие постојат. Нема да ги заштитат ниту нашите деца. Затоа информирајте се, истражувајте, читајте, барајте, промислувајте оти нема поголем влог од тој заради кој што сето тоа ќе го правите – здравјето и иднината на вашите деца!

 

Сакаме за крај да им порачаме на нашите пријатели во Министерството за здравство, во Министерството за внатрешни работи и во Владата, дека нема потреба толку внимателно да ни ги следат чекорите и да се обидуваат да не претекнат со своите постапки. Еве, со ова писмо отворено им го најавуваме нашиот следен чекор, а тоа е Кривична пријава поради долгогодишна употреба на нерегистрирана/неодобрена вакцината против туберкулоза во нашата држава. Да ве потсетиме, тоа е онаа иста вакцина која им ја ставија или ќе им ја стават на вашите деца првиот ден после нивното раѓање. И погодете кој ја произведува таа вакцина! Па се разбира, тоа е повторно истиот Бугарски производител, кој ја произведува и вакцината против ДТП. Многу сме заинтересирани да видиме, кој ќе биде побрз овој пат, дали ние родителите со својата кривична пријава, дали Министерство за здравство со својата постапка за регистрација.

 

 

 

Кривичната пријава која е поднесена во Јавното Обвинителство на Македонија на ден 11.12.2014 година превземете ја на следниов линк:     Кривична Пријава

Официјалното упатство на вакцината: DIFTETKOK_SPC_registration_2014

http://www.who.int/immunization_standards/vaccine_qualPQ_vaccine_list_en/en/

Suspension of supply of vaccines manufactured by BB-NCIPD, Bulgaria and distributed by Intervax http://www.who.int/immunization_standards/vaccine_quality/suspension_bb_ncipd/en/

https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/overview

Advertisements

7 thoughts on “Криминалот на министерството за здравство легализиран – бугарска вакцина со спорен квалитет ги уништува децата во Македонија со години,родителите со тужба

  1. Pingback: Доказ.Мк – Криминалот на министерството за здравство легализиран – бугарска вакцина со спорен квалитет ги уништува децата во Македониј

  2. sto ce kaze na ovaa sega todorovski.kade e sega gordana i site nadlezni organi da prezemat sankcii protiv samite niv ili pak da demantiraat?

  3. Znae li nekoj kolkavi se kaznite ako ne go odnesis deteto na vakcina? Dali se plaka ednokratno ili za sekoja nestavena vakcina oddelno? So ova svesno si gi trueme decata, a nikoj ne ja prezema odgovornosta I na kraj pak nie roditelite ke sme vinovni za naruseno psiho-fizicko zdravje na NASITE deca. Imate celosna podrska I vi posakuvam uspeh.

  4. Postoi moznost na notar so advokat da napravite izjava deka na vase baranje ne sakate vaseto dete da gi primi ovie otrovni ne provereni vakcini
    Ne se raboti za nebreznost tuku za svesna odluka.
    Koja banan drzava sme nemozam da poveruvam. Neka propadne ednas zasekogas. MIZERIJA

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s