Демант за безочните лаги на министерството за здравство – НЕСТУРЧНОСТ, НЕЗНАЕЊЕ И ШТЕТНОСТ НЕ МОЖАТ ДА СЕ СОКРИЈАТ СО МОНСТРУОЗНИ ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИЈА

 

 

 

Монструозност скриена зад вешто срочена патетичност. Безобразност и нестручност скрени зад манипулација и безочни лаги. Ете тоа е суштината на одговорот што Министерството за здравство го даде во врска со кривичната пријава поднесена од група граѓани во врска со нелегалното користење на штетна вакцина (ДИФТЕТКОК) наменета за дечиња од две до шестмесечна возраст. Всушност целиот одговор е поган, со експертиза идентична на онаа на најмениот американски анусо-вагинилог.

Министерството за здравство не само што безочно ЛАЖЕ, туку и се заканува и обвинува, притоа дури и во заканите што ги просипува и стравот што сака да го посее меѓу граѓаните, повторно бескрупулозно ЛАЖЕ. Но тој нивен табиет веќе го знаеме – ред лага, ред, закана и така во круг цело време….

Вистината се разбира е едноставна, уочлива и почива врз лесно проверливи, достапни, егзактни факти кои што сега уште еднаш сакаме да ги презентираме пред сета македонска јавност дополнително како категоричен демант на подлото, нечовечко а гебелсовски склопено писание на “експертите“ од Министерството за здравство:

  • На страницата на Светска Здравствена организација, под делот вакцини-квалитет, објавена е листа на квалификувани вакцини, ажурирана на ден 03.12.2014. На таа листа не се наоѓа вакцината ДИФТЕТКОК произведена од Bulbio – NCIPD ltd, од Софија, Бугарија. За жал ова е точно и поразително. За сите кои сакаат сами да се уверат, можат тоа да го направат на официјалната страница на СЗО: http://www.who.int/immunization_standards/vaccine_quality/PQ_vaccine_list_en/en/
  • Вакцината Дифтеткок, иако е регистрирана пред повеќе од еден месец, нема објавена цена на официјалната страница на Агенцијата за лекови, а факт е дека со години наназад се дистрибуира низ целата наша држава. По која цена нашето министерство ја купувало? По кој распишан тендер? Како можело да се тендерира без цена, односно да се дистрибуира без тендер? За сите кои сакаат да се уверат во оваа вистина, нека го проверат официалниот Регистер на лекови на РМ и нека ја побараат цената: https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/941396991
  • За составот на вакцината може многу да се зборува, цели фермани. Но едно е факт за кој Министерството за здравство онака што се вели “мртво, ладно“: ЖИВАТА Е ИСФРЛЕНА ОД РЕЧИСИ СИТЕ ВАКЦИНИ ВО ЗАПАДНИТЕ ЗЕМЈИ НА ЕУ И ВО САД, И ТАМУ НЕ СЕ УПОТРЕБУВААТ ВАКЦИНИ СО 1,25 МГ АЛУМИНИУМ ВО СЕБЕ. Министерството за здравство, патем речено, во својот бес и ароганција заборава дека токму таа институција односно разноразните нејзини “експерти“ пред неколку месеци упорно ја убедуваа македонската јавност (сетете се само на изјавите на Аспазија Софијанова или на Јованка Костовска) дека нема жива во вакцините што се даваат на нашите деца (демек понови и поквалитетни сме имале) а сега го тврди спротивното бранејќи ја вакцината Дифтеткок. Значи лагата го открива и лицемерието.
  • Највисокото ниво, пак, на алуминиум во ЕУ вакцините е 0,6 мг (двојно помалку) и се наоѓа во вакцина за возрасни кои имаат 10 пати повеќе килограми од едно бебенце на 2 месеци возраст. Максимално дозволеното внесување на алуминиум парентерално е 5 микрограми на килограм на ден. А во оваа вакцина има 35 пати повеќе од тоа.
  • Доколку постои практика опфатена со закон, да се увезуваат нерегистрирани лекови/вакцини од ЕУ, тогаш зошто сите други вакцини и лекови кои доагаат од ЕУ се регистрирани? Зошто само Дифтеткок и BCG од истиот производител не се регистрирани, а сите други вакцини од многу пореномирани производители од Франција или Велика Британија се регистрирани? И конечно, во кој тоа закон е предвидена ваква практика на увоз на нерегистрирани лекови/вакцини?
  • Доколку постоела потреба за ДТП вакцина, зошто не се увезувала/регистрирала вакцина од некој Француски или Швајцарски или Британски производител, туку вакцина од производител чии вакцини биле забранети за дистрибуција од страна на СЗО во периодот 2011-2012, поради пропусти во квалитетот? Оваа информација стои на страницата на Светска Здравствена Организација, па лесно се проверува: http://www.who.int/immunization_standards/vaccine_quality/suspension_bb_ncipd/en/
  • Исто така мора да се појасни манипулативното пафтање и лажење на Министерството за здравство околу проверката на вакцините. Имено, ПРОВЕРКА НА ВАКЦИНАТА ВО ЛАБОРАТОРИЈА НА ЕУ НЕ МОЖЕ ДА ГАРАНТИРА ЗА ЕФИКАСНОСТА И БЕЗБЕДНОСТА НА ВАКЦИНАТА КАКО ШТО ТВРДАТ НАШИТЕ МНОГУ СТРУЧНИ ЛИЦА ВО МИНИСТЕРСТВОТО. ТОА ЕДИНСТВЕНО СЕ ДОКАЖУВА ПРЕКУ ИЗВЕДУВАЊЕ НА КЛИНИЧКИ СТУДИИ. И ова е познат и важечки светски стандард во здравствената област.
  • Такви студии не се изведени во овој случај. Доказ за тоа е Збирниот извештај на вакцината Дифтеткок, каде што нема наведено ниту една изведена студија со ова вакцина со број на испитаници, за разлика од другите вакцини регистрирани кај нас, туку само епидемиолошки податоци за Бугарија.
  • И за крај, сакаме да прашаме зошто во делот на несакани ефекти од вакцината недостасуваат битни информации, како тоа дека вакцината може да предизвика енцефалопатија и други невролошки нарушувања, грчеви и сл. како што тоа е наведено кај други пореномирани производители на оваа вакцина? http://drug.fda.moph.go.th/zone_search/files/2C_10_44_D.T.COQD.T.P..pdf

 

Јасно е дека одговорот од Министерството за здравство го составувало лице со не многу стручно знаење од областа на вакцините, затоа ве молиме, следниот пат кога ќе ги демантирате родителите, барем потрудете се да го направите тоа на малку повисоко ниво и со наведување на изворите на Вашите тврдења. Вака излегува дека некој од мноштвото “анусовагинолошки експерти“ се амбицирал и составил еден куп нелогичности. Дури и дел во писанието т.н. демант со посебно апострофирана резолутна закана (веројатно до родителте кои не сакаат да ги вакцинираат своите деца, особено не со вакви “вакцини“) како и со “пророчко-апокалиптична“ визија дека доколку ваквата успешна “политика“ на министерството се напуштела (а се градела 70 години, ставајќи ги во своите кашканици сите претходни здравствени работници) ќе настанел хаос, нови зарази и слични ненормалности.
Со ваквата ниска и перфидна закана уште еднаш многу јасно и гласно и кажавте на целата македонска јавност дека главното орудие на одговорните луѓе за здравјето на нацијата е заплашувањето и сеењето на страв, дека министерството за здравство на државата се има претворено во министерство за пропаганда и наместо да се грижи за здравјето на сопствените граѓани, тоа преку перфидна манипулација, а на секој можен начин, се обидува да ги придобие и задржи во “успешно градената 70 годишна „ илузија наречена вакцинација. Конечно – вистинското лице на здравствениот систем ! Презентирано со совршена јасност од нив самите! Голема благодарност за потегот. Конечно преку вашите потези голем дел од работите им појаснивте на граѓаните. Што е воедно и совршен увид во вашата паника дека родителите почнаа масовно да ја воочуваат поврзаноста на вакцините со тешките оштетувања на здравјето кај своите деца, знаете истите оние кои со толку голем напор прекршувајќи ги сите морални и пишани закони цели 70 години се обидувате да ги сокриете и заташкате.

Целата македонска јавност ги виде вашите “докази“. Но еве во името на доказниот материјал издвојуваме само МНОГУ МАЛ дел од потресните сведоштва на нивната родителска голгота со своите оштетени деца од вакцини и тоа само од вашата “здрава“ вакцина (во прилог на овој демант) – деца кои се или биле жртви на многу успешната “политика“ на “експертите“ од министерството за здравство. Накрајот уште еднаш ќе повториме – ние не бараме ништо освен што апелираме до сите граѓани да се информираат, да се едуцираат, да поставуваат прашања (затоа што на тоа имаат право) да инсистираат и бараат – да размислуваат затоа што се работи за дечиња, за нивното здравје и иднина.

 

сведоштво

 

сведоштво-1

 

сведоштво-2

 

сведоштво-3

 

сведоштво-4

сведоштво-5

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s