Студија: едуцираните родители не вакцинираат !

a3875f0c0a1a377e3520f3d0db071980

Родителите со повисок степен на образование се оние кај кои стапката на вакцинирани деца е најмала, и таа е во постојано опаѓање, што се коси со тврдењата на многу здравствени професионалци кои тврдат дека родителите не вакцинираат поради нивното недоволно образование, или пак се недоволно информирани. Една публикација за медицински истражувања која ја поврзува ММР вакцината со аутизам издадена во Февруари 1998 најави една голема контраверзност. Ако ја следиме почетната публикација, ќе воочиме дека процентот на вакцинирани од ММР во 1997/98 изнесувал 92% додека во 2003/04 тој паднал на 80%.

Овој извештај ни дава информација за тоа како влијаел степенот на образование на родителите врз одлуката дали ќе го вакцинираат или не своето дете. Се доаѓа до следниве резултати:

– пред 1998, родителите со висок степен на образование биле за вакцинирање на своите деца со ММР дури 8% над родителите кои биле со понизок степен на образование.

– до 2002, овој процент е надминат тоест опаднал и тоа дури до 2-3% помалку од родителите со понизок степен на образование.

– најголем дел од зголемувањето на процентот на одбивање на вакцината ММР кај родителите со висок степен на образование се случил уште пред да добие оваа измама со вакцините покриеност од страна на медиумите.

– откако во 2001 и 2002 медиумите значајно се позанимавалае со приказната за вакцините и со тоа се привлекло големо внимание на сите родители без разлика на нивното ниво на образование.

– по 1998 година, високо образованите родители исто така полека полека почнале да ги отфрлаат и другите вакцини освен ММР.

Релативното опаѓање на процентот на вакцинирани деца кај родителите кои се со висок степен на образование има доста значајна поента. Генерално овие родители поради степенот на образование имаат подобро здравје бидејќи полесно доаѓаат до информациите за тоа како да го подобрат нивното здравје и имаат подобри услови тоа да го применат. Од таа причина тие беа првите кои стопираа со вакцинирањето на своите деца.

Многу охрабрувачки за адвокатите на родителите кои се против вакцинирањето е што овие родители не престанаа само да ги вакцинираат со вакцината ММР туку со подоброто информирање тие успеаја да најдат информации за сите токсични состојки од кои се состојат вакцините па почнаа полека полека да ги одбиваат и другите вакцини.

Весникот PLoS Medicine објави дека родителите со повисок степен на образование не им дозволуваа на своите ќерки да се вакцинираат со ХПВ. Всушност постојат докази дека тоа е всушност горниот дел од средната класа кои имаат универзитетска диплома.

” Луѓето полека се зајакнуваат себеси со собирање на повеќе информации и полека но сигурно ги преиспитуваат ставовите кои ги имаат јавните здравствени работници, доктори и академици кои упорно се залагаат за вакцинирање.- Dr. Dave Mihalovic

” Овој слој на луѓе, средната класа, се научени на тоа дека имаат право на избор како во нивните животи така и на работните места. И како второ тој избор им зависи од информациите кои им се достапни, до кои успеале да дојдат. И во случајот со вакцини нивниот извор е интернет кој содржи добри и лоши информации во врска со вакцините.”- експерт за вакцини Dr. Paul Offit.
Студијата претставува како врв на опашката на уште една студија која излезе во вторникот која покажува дека е голем процентот на родителите во Америка кои невакцинираат или пак ја одложуваат вакцинацијата на своите деца и се противат на аргументите на медицинската заедница.
Оваа студија, која е презентирана на интернационална конференција во Ванкувер, дојде до бројка дека 39% од родителите не ги вакцинирале своите деца во 2008 година наспроти 22% во 2003.

Dr. Paul Offit, кој е шеф на детската клиника за инфективни болести во Филаделфија, не беше вклучен во ниту една од студиите.

ХПВ студијата е разработена од страна на истражувачи од British Columbia Centre за контрола на болестите и University of British Columbia.

Група на родители беа анкетирани, претежно родители чии девојчиња посетуваат настава од 6 одделение, и кои го исполнуваат условот за да добијат вакцина против ХПВ, и тоа бесплатно обезбедена преку програмата за училиштата на B.C во 2008-2009 школска година.

Dr. Gina Ogilvie, тим лидер на истражувачкиот тим, напомена дека има огромен број на студии кои даваат бројки колку родители се противат на вакцинирањето меѓутоа во овој случај е да се увиди и што е тоа што родителите ги движи во правец да се противат на вакцините и да не дозволат нивните ќерки да бидат вакцинирани со вакцина која е дозволена.

Околу 4.000 родители плус некои кои биле по случаен избор избрани се согласиле да учествуваат во истражувањето. Некаде околу 65% од испитаниците дозволиле нивните ќерки да се вакцинираат додека останатите 35% одбиле вакцинирање на своите деца. Родителите биле замолени да ја кажат главната причина зошто дозволуваат/одбиваат вакцинирање.

Околу 47.9% од родителите кои дозволиле вакцинирање сметаат дека вакцината е ефикасна во спречувањето на ХПВ, додека другите одговориле дека тоа го направиле по препорака на педијатар, лекар.

29.2% од родителите кои одбиле вакцинирање главна причина ја навеле загриженоста дека вакцинаат воопшто не е безбедна за користење.Додека останатите 15.6% сметаат дека нивните деца се сеуште мали за да ја примаат оваа вакцина.

Кога истражувачите ги споредиле семејствата на тие кои дозволиле вакцинирање и на тие кои ја одбиле вакцинацијата, дошле до многу интересен податок.

Девојчињата чии родители не се разведени во многу мал процент добиле дозвола од своите родители да ја примат вакцината. И родителите кои биле со повисок степен на образование исто така одбиле вакцинирање на своите деца.

Dr. Gina Ogilvie ова го нарекла ” големото изненадување ” на студијата. ” Ова е пресврт во традиционалното размислување” -рекла таа.

Студија од 2004 година направена од страна на истражувачите од Американските Центри за контрола на болестите покажала дека децата кои немаат примено ниту една вакцина во својот живот се ” претежно од белата раса, имаат мајка која е мажена и има факултетска диплома, живеат во семејство, заедница со годишен приход од најмалку $75,000 и имаат родители кои ја искажуваат својата загриженост за безбедноста на вакцините по детското здравје и наведуваат дека педијатрите и лекарите на децата во поглед на вакцинирањето не влијаат на нивното мнение иако пробуваат да го наметнат тоа “- пишува во студијата која е издадена во еден весник Pediatrics.

Dr. Paul Offit вели дека овој тренд сепак значи и промена.

” Изненадувачки е делот дека некој кој е толку добро образуван всушност се противи на вакцините ” -вели тој.

Друга студија која е издадена во The American Journal of Public Health, во која биле анкетирани 11.860 семејства, вели дека мајките кои немаат завршено ниту средно образование дури за 16% е поголема веројатноста да ги имаат вакцинирано своите деца според временската табела за редослед на вакцини.

Нискиот сепен на образование и социолошко-економскиот статус беа причините кои оваа студија ги даде како заклучок на прашањето кои родители дозволуваат нивните деца да бидат вакцинирани.

” Одличен пример на тоа како високот степен на образование и свест не води кон подобро здравје ” – рече Dr. Mihalovic.

Dr. Kronenfeld, професор по социологија на Аризона дрзавен Универзитет, рекол дека

‘ Има доста контраверзии меѓу мајките кои имаат повисок степен на образование во врска со безбедноста на одредени видови на имунизација, што може да биде и причинителот или тоа е тоа што всушност и се случува, несигурност во безбедноста на вакцините.”

Стапката на вакцинирани деца во периодот 2008-2009 и покрај големата медиумска комерцијализација бележи пад за околу 4%, иако стапката на вакцинирани деца, Medicaid, растела во тој период.

” Вообичаено процентот е во постојан раст на вакцинирани деца меѓутоа овој пат можеби беше мала капка но сепак значеше дека е една огромна капка “, напомена Sarah Thomas, потпретседател на за јавна политика и комуникации при националниот комитет за квалитет, кој неодамна го издаде својот годишен извештај за Државна здравствена заштита.

И покрај тоа што процентот на вакцинирани деца минатата година бил се уште висок посебно во делот на приватните осигурувања отколку кај Medicaid, истражувачите и другите експерти се сомневаат дека во деловите на Америка каде што нивото на образование е повисоко и каде што социјално-економските услови се подобри и примањата се поголеми, родителите не се двоумат да одбијат вакцинирање плашејќи се за безбедноста на своте деца. Додека во делови на америка каде што е сиромаштија и полоши се условите за живот користејќи го методот на бесплатна вакцинација родителите ги вакцинираат своите деца.

” Ние подетално не ги испитавме причините зошто овие родители не ги вакцинираат децата меѓутоа стои хипотезата дека родителите се решиле на овој чекор бидејќи се плашат од несаканите последици и аутизмот ”

Авторите успеаа да најдат пад во примената на вакцините, детските вакцини. ММР, вакцинирањето опадна од 93.5% во 2008 на 90.6% во 2009, ДИТРПЕР забележува пад од 87.2% на 85.4% во истиот период, и процентот на деца вакцинирани со вакцината против сипаници бележи пад од 92% на 90.6% за период 2008-2009. ( извор- US News Health, од 03 ноември 2010)
Родителите постепено почнуваат да се будат и да доаѓаат до заклучок дека вакцините се штетени и опасни по здравјето на децата. Тие кои што имаат универзитетска диплома, образование, и добро платени работни места, се во подобра позиција во поглед на достапноста на информациите и се подобро запознаени со истражувањата околу вакцините како и своите права и обврски во тој поглед. Образованието е моќ и тие кои го имаат вложуваат во здравјето и ја избегнуваат вакцинацијата по било која цена, тренд кој е добредојден и временски создава подобра иднина за наредните генерации.

Извор: Линк

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s