Уште една нерегистирана бугарска вакцина и уште една кривична пријава за Министерството за здравство

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Денес родителите за правото на информиран избор за вакцинација поднесоа нова кривична пријава против  непознати сторители, одговорни лица во Министерството за здравство за противзаконско пуштање во промет на вакцината BCG VACCINE, FREEZE-DRIED (Live) од производителот BB-NCIPD ltd. од Бугарија, истиот оној производител чија што вакцина против ДТП, ДИФТЕТКОК, веќе е предмет на кривична пријава поднесена неаодмнa исто против непознат одговорен или одоговорни лица во Министерството за здравство а заради идентичен “пропуст“ – незаконско пуштање во промет на лек (вакцина Дифтеткок).

И како што веќе посочивме и во овој случај со вакцината против БСЖ која што согласно Законот за “имунизација“ (те.присилна вакцинација) на населението, задолжително мора да им се дава на дечињата, односно новороденчињата во првите 24 часа од нивното раѓање или најдоцна со навршени 12 месеци живот ,прекршени се повеќе јасно прецизирани законски и подзаконски одредби.

Едонставно кажано оваа вакцина BCG VACCINE, FREEZE-DRIED (Live) нашите деца ја примаат спротивно на Законот за заштита на населението од заразни болести, Правилникот за имунопрофилакса, Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија како и Законот за лекови и медицински помагала.

Имено наведената вакцина ја нема поминато вообичаената постапка за добивање на одобрение за пуштање во промет и како и вообичаената постапка за набавување за понатамошна дистрибуција. Конечно вакцината  ја нема ни во Регистарот на лекови објавен од страна на Агенцијата за лекови на Република Македонија, (иако е можно деновиве нејзиното име да осамне некако “ненадејно“ во Регистарот исто како што ненадејно во тој Регистар се појави вакцината дифтеткок против ДТП,само еден ден пред поднесувањето на кривичната пријава за неа). Се разбира и во овој случај како нерегистриран лек, за вакцината BCG VACCINE, FREEZE-DRIED (Live), нема ниту одобрена максимална големопродажна цена, па според тоа за истата е невозможно спроведување на тендерска постапка, така што за јавноста е по правило нејасно со која или каква постапка таа набавена и дистрибуирана низ здравствените домови во државата.

Се разбира немањето Одобрение за ставање во промет и тендерска процедура, може да се оправдува со добивањето на вакцината како донација, ама тоа не го анулира или дерогира исполнувањето на условите за претходна контрола, пред вакцината да биде пуштена во промет, кои се обврзувачки, а не неусловени поради донаторскиот гест.

Иако државата јасно ги определила условите што се потребни да бидат исполнети во Законот за лекови и медицински помагала и Подзаконските акти, во конкретниот случај за набавката и дистрибуцијата на вакцината BCG VACCINE, FREEZE-DRIED (Live) сепак одговорните целосно се однесувале злосторнички и криминално! Во крајна линија и оваа вакцина од истиот производител билa забранетa за дистрибуција од страна на СЗО (Светска Здравствена Организација) во периодот 2011-2012, поради пропусти во квалитетот.

Тоа што Република Македонија нема своја биолошка лабораторија во која би се вршела контрола на квалитетот на увезените биолошко/имунолошки лекови кои се применуваат врз населението, никако не треба да се сфаќа како олеснителна околност. Напротив,  за здравјето се работи! Особено здравјето на децата, на нашите поколенија.

Секако Министерството за здравство, сосема сме убедени, и овој пат како и во случајот со вакцината дифтеткок “категорично“ и “експертски“ ќе ги демантира овие наводи елаборирани во новата кривична пријава, притоа повторно заканувајќи се, сеејќи катастрофални “пророштва“, заплашувајќи ја и манипулирајќи ја јавноста во стилот на успешната пропаганда. Единствено е важно обвинителството да остане доследно на словото и духот на законите кои прецизно и јасно пропишале каков треба да биде односот на надлежните институции во здравствената сфера. Зар не е крајно време Министерство за здравство конечно да понесе одговорност за ваквите преседани,злосторства и тежок криминал?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s