Драган П. ЛАТАС – депопулацијата на Бил и Мелинда Гејтс преку масовните вакцинации

Прекубројни

Да одмориме малку од нашата, локална политика. Постојат процеси кои се пошироки, како голема слика во која нашите судбини се само дел од платното.

Од седумдесеттите наваму, како никогаш порано, луѓето на земјата се множат со прогресија која никој не може да ја пресмета прецизно. Ниту да утврди колку ќе не има за само 50-60 години, време додека живееме ние, и нашите деца.

Сега сме повеќе од 7 милијарди. Кога јас сум се родил, пред педесет години, на земјата живееле малку повеќе од три милијарди. Денес, ги има повеќе од седум. Само во ова кратко време на мојот живот светот има 4 милијарди повеќе. А од создавањето на светот, иљадници години претходно па се до пред педесет години, ги имало само три. Секоја минута во светот се раѓаат нови 270 луѓе, а умираат помалку од 110.

Ценат дека за педесет години на земјата ќе не има околу 10 милијарди. Велат дека е тоа горната граница на издржливост. Се потоа, е непознато.

Трансхуманисти. Збор, поим кој ни на мене до скоро ништо не ми значел.
Формално, тоа е група на моќни и богати луѓе кои вложуваат пари, иницијативи за создавање натчовек. Со примена на технички, медицински, биолошки и слични средства да се подобри квалитетот на човечката мисла и тело, за да може да се извлече максимум од него, и да се создаде свет поинаков од токовите на природната, нормалната еволуција во каква природата и луѓето живеат во хармонија.

Суштински, со децении, тие вложуваат да се запре растот на популацијата, да се намали бројот на луѓето на земјата затоа што, според нив, нема веќе храна и вода за сите, и ни следи целосно, брзо изумирање. Сето ова проследено, според нив, со големи војни, глобални епидемии на уништувачки болести, загадување на изворите на вода, и неконтролирано трошење природни ресурси за храна и енергија.

Сето ова е логично но, кој треба да преживее а кој да умре – за да останеме на бројките кои земјата може да ги поднесе, а ние да имаме храна, вода и енергија. Оваа дилема трансхуманистите ги претвора во монструми од историски размери.

Во 2009 година Сандеј тајмс објави текст во кој пишува дека се случила тајна средба на некои од најмоќните, и најбогатите луѓе во САД кои се спремни да вложат многу, многу пари во подигање на образованието, здравството… и намалување на растот на популацијата во светот. Затоа што, во спротивно, според нив не чека брзо изумирање.

Состанокот го свикал основачот на Мајкрософт, во тие години најбогат човек на светот, Бил Гејтс. Средбата се случила во куќата на биохемичарот, нобеловецот Пол Нурси, а на истата биле Дејвид Рокфелер јуниор, нам познатиот Џорџ Сорос, градоначалникот на Њу Јорк Мартин Блумберг, медиумскиот могул Тед Тарнер и водителката Опра Винфри.

Бил Гејтс вложил две милијарди долари, како првичен износ. Целта на собирот, и иницијативата, е да се создаде систем кој ќе има влијание да се намали светската популација, бидејќи се заканува пренаселеност. Според нив, владите во државите, особено на третиот и сиромашен свет, не се во состојба да ја контролираат ситуацијата и затоа мора да се делува надвор од системот. Да се наметнат стандарди и живот без деца.

Тие се елита, ние им го заземаме и загадуваме просторот, и затоа треба да не пребројат, стават шнит и скројат кој ќе продолжи, а кој запира тука – засекогаш.

Бил и Мелинда Гејтс, преку нивната фондација, од она што е јавно познато последниве неколку години, потрошија над една милијарда долари за намалување на популацијата, и предложија вакцина против прекумерното раѓање. Секако, овие пари и вакцини не би се применувале во САД, и развиените држави. Тие се за третиот свет.

Дејв Форман, соосновач на фондацијата Планетата пред се објави дека нивна главна цел е да се намали популацијата во светот за барем 100 милиони луѓе. Светската банка условува давање кредит на државите од третиот свет со примена на строги мерки за намалување на популацијата и строга контрола на раѓањето.

Развиениот свет произведува генетски модифицирана храна. Речиси 90 проценти од тие изуми во масовните продукти како житариците и месото доаѓа од компанијата Монсанто. Нивните производи, адитиви за млекото, најмногу се користат во Кина, каде популацијата е скоро преполовена за само педесетина години. Во Кина, пред четири години, починаа четириесет деца кои користеле млеко со адитиви од Монсанто кои содржеле меламин и други состојки, генетски модифицирани. По овој скандал, неколку лица во Кина, одговорни за производството и трговијата на ова млеко, беа стрелани.

Минатата недела добивме јавно признание дека американската војска користела авиони за прскање врз земјите од Блискиот Исток со состојки кои содржат корексит, опасна лабораториски развивана материја наречена алуминиум-ген и бариум.

Дали некој се уште се сеќава дека вирусот на СИДА се појави во осумдесеттите во Африка, а потоа се ширеше низ светот, како нешто што на природата не и припаѓа, го немало порано, и појава која науката не знае да ја објасни, дефинира и спречи.

Светската елита работи врз нас. Бројат кој од нас е прекуброен.
Ден Браун, најпопуларниот жив писател во светот, творецот на “Кодот на Да Винчи”, “Ангели и Демони”… минатото лето ја издаде својата петта книга – “Инферно” (Пеколот). Во неа објаснува за се што овде е тема. Акцијата на елитите да предизвикаат масовни болести, големи војни, вакцини за стерилизација… за да се намали светската популација.

Ако до осумдесеттите хомосексуалноста со векови беше социјално и биолошки непосакувана појава, оттогаш наваму светските елити ја подигаат на ниво на култ. Урнек за почитување на човековите права. А хомосексуалците не создаваат деца, не оставаат популација зад себе. Тие се извршители на проектот.

Гуру на овие трансхуманисти е англискиот економист од 19 век Томас Малтус. Тој измерил и во легендарното дело Принципите на популацијата објавил – дека семејството мора да го контролира државата, бидејќи создавање потомци по своја воља води до пренаселеност, а потоа глад, војни и глобално исчезнување.

Неговите следбеници потоа, а ги има многу, како браќата Вилијам и Пол Педок во својот бестселер – Глад 1975! Американска одлука кој ќе преживее, објавен во 1967 година, бараат да се формира план за акција според кој Америка и групата најбогати луѓе се повикани да го спасат светот. Да селектираат кои нации треба да преживеат, и на тие да им се даде економска соработка и помош, а на останатите да им се остави да исчезнат во глад и меѓусебно уништување. Она што потоа го гледаме, не е далеку од тоа.

Алан Вајсман, автор на истражувањето Светот без нас, неодамна ја претстави својата студија наречена Одбројување. Во неа тој бара да се забрани раѓање на второ дете, за во догледно време светот да се врати на две до три милијарди луѓе, што би бил скок наназад од околу сто години. Немаше соодветен одговор на овој страшен повик.

Во Европа, САД, Русија и Кина немаат проблеми со популацијата. Кај нив веќе се раѓаат помалку од две деца во едно семејство. Европа, од сегашните 460 до крајот на веков ќе падне на помалку од 350 милиони жители. Пакистан, само тој, ќе има повеќе жители од цела Европа денес, според таа прогресија.

Светот се менува, без никој да не праша за тоа. Сиромашните се раѓаат и ги има се повеќе, а богатите се помалку. Со семејства без деца, или само едно по фамилија, Европа и САД ќе бидат уништени и пред да дојде општата глад. Сиромашниот ислам и Индија мигрираат кон богатите држави, ги населуваат и наметнуваат своја култура, која не мисли дека едно дете по семејство е доволно. На крај, ние ќе останеме сами. И гладни.

Ништо не ја уништува планетата повеќе од хемијата, бомбите и индустријата на богатите. Но, тие попрво би се откажале од децата отколку од бизнисите. Тоа им е избор.

Дали, навистина, за толку кусо време, веќе на крајот од веков ќе се задушиме од гужва и глад на планетата. Секако дека не. Веќе постои технологија за десолинизација, претворање на морската солена вода во нормална, добра за пиење. Сега тој процес е скап, но како и се друго, еден ден тоа ќе стане достапно за сите. Науката е децении пред нас.

Сепак, човек треба да знае што се случува околу него. За да го сака животот повеќе.

Пишува: Драган П. ЛАТАС

13 април 2014 – 22:19

Извор: ЛИНК

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s