НЕгневен одговор на Тато Мендо од Тато Гризли

BHzQeFBCUAATmLr

Ок Тим, легитимно – тоа е твојот став, знам што значи твојата вознемиреност и исплашеност. Сочувствувам, искрено. А сега еве да ти одговорам иако ни јас ни моето речиси три годишно синче не сме биле во Дизниленд, никогаш.

Мојот син на 14 месечна возраст, сосема здрав и прав, како што се вели меѓу мојот народ, на крајот од јуни 2013 година прими (задолжително – такви се “законите“ во мојата земја) ММР вакцина. Седум дена по нејзиното примање, додека ги очекувавме оние “благи“ реакции од вакцината, како што по правило ги соопштуваат докторите – зголемена температура и можен осип – дочекавме нешто сосема друго: дијабетес милитус тип 1. Ти си доктор знаш што е тоа јувенален дијабетес, нели!? Од тогаш наваму наш најдобар другар е инсулинот. Се боцкаме со инсулин петпати дневно (трипати т.н. “брз“ инсулин и двапати т.н. “бавен“ инсулин), по некојпат и повеќе зависно од гликемијата (нивото на шеќер во крвта) а се боцкаме дополнително уште по едно седум осум пати за 24 часа заради проверка на гликемијата. Мојот син е сепак премногу малечок за да ми објасни или каже дали чувствува дијабетски симптоми (малаксаност или потење или потреба од вода или слично).

Полека, смири се.

Сега да те прашам нешто, бидејќи си доктор можеби си начул: знаеш ли дека вашата американска компанија, односно фармацевтскиот гигант “Мерк“ во упатството за вакцината ММР јасно назначил дека една од купиштата тешки последици што ги носи оваа вакцина со себе е и дијабетес милитус тип 1!? Што мислиш како кај нас дома ни дојде дијабетесот?

Добро, јас нема да те заморувам (ни другите што ќе го видат ова писание) со детали од нашата “вакцинална авантура”, т.е. семејна траума.  Во крајна линија не сакам никого да обременувам со проблемот што сега е само мој и на мојата сопруга. Но, имам должност и совест да предупредам дека вакцинирањето на децата не е црно-бела приказна како што ти сакаш да ја прикажеш, ниту пак “јавен интерес“ онака како што ти го подразбираш во којшто очигледно сите треба да бидат рамнопшравни, само некои ќе бидат помалку рамноправни од другите, а во интерес на наводното јавно здравје. Или отворено да кажам на твој жаргон – во интерес на “приватниот кеш“, кој ете во последниве неколку декади на цивилизациско рамниште се изговара како “јавен интерес“!

Затоа Тим дај да бидеме искрени и да и ја соопштиме на јавноста и онаа друга поколоритна страна од приказната за вакцините и децата. Што велиш на тоа.

Пак ќе речам – полека смири се…

Нема имунолог на светот кој ќе ти каже дека која било вакцина овозможува траен имунитет кај децата – периодот е од две до 10 години и толку, тоа е тоа, што би рекле твоите Американци. Притоа, интересно е што токму големите компании вклучително и оние кај тебе, во твојата земја, во своите завршни извештаи секаде навеле дека нема никакви гаранции за ефикасноста на вакцината!!! Ете види самиот, отвори кај “Мерк“, или кај кого сакаш. Зошто Тим тие тоа го прават? Претпоставувам не од глупавост, нели?

Што се однесува до тиомерсалот (не тимерисолот, добро знам дека лошо те превеле), точно тој како супстрат со токсичната жива е исфрлен од употреба, односно од составот на вакцините. За волја на вистината во мојата земја се уште се користи во составот на актуелната вакцина ДТП (дифтеткок), така што нашите дечиња се уште ја немаат таа среќа барем да бидат спасени од оваа исклучително токсична супстанца.

Понатаму раскажуваш за случајот во Дизниленд и за ширењето на заразата од рубеола заради некој што не бил вакциниран од ММР. Тим ти си педијатар, прости што вака повторно те прашувам? Оти како педијатар би требало да знаеш дека уште пред 20 години Светската здравствена организација заедно со производителот  на ММР вакцината“Мерк“ и вашиот Центар за превенција и контрола на болести, реализираа една студија којашто меѓу другото резултираше со промовирањето на т.н. ПЦР тестирање (метод за откривање на вирална РНК – рибонуклеинска киселина ) денес призната и најсигурна метода особено во областа на третирање “епидемиолошки појави кај имунизиранта (вакцинираната) популација, и притоа констатираа нешто крајно фрапантно: дека речиси сите опсервирани пациенти кои примиле ММР вакцина се заразиле со сипаници!!!! Односно станале преносители на болеста!!! Второ општо прифатен е фактот, токму меѓу медицинските лица од областа на микробиологијата и епидемиологијата дека третманот со живи вируси (во состав на вакцините) практично создаде нов сој вируси различни од природните. Конечно Тим, токму вашиот Национален Центар за информации за вакцини пред неколку години во својата публикација насловена како “Новонастанати ризици од примањето на вакцини со живи вируси: инфекција со вирус од вакцината, ширење и пренесување“, јасно назначил дека ослабените живи вируси на малите сипаници, заушките и рубеолата во ММР вакцината, според доказите, можат да предизвикаат заразна инфекција и натамошен пренос на болеста.

Што велиш на ова Тим? Патем, зошто во случајот со Дизниленд не беше направена ПЦР методата за да се утврди потеклото и сојот на вирусот, оти тоа е се чини суштествено при вакви немили настани. Ти ништо за тоа не споменуваш, едноставно онака со стопостотна сигурност покажа со прст кон некој невакциниран.

Да секој човечки организам е свој засебен микрокосмос. Што значи дека за жал секоја индивидуа односно нејзиниот организам различно се справува не само со обичните медикаменти, со намерниците за прехрана, со амбиенталниот воздух, вода, па се разбира и со вакцините. Меѓутоа сосема друга работа е кога на здрав организам на едно детенце, и тоа во неговиот интензивен органски, биохемиски, имунолошки и каков сакаш наречи го развој му вбризгуваш нешто што треба да го “разболи“ привремено за да потоа биде ослободен од некоја болест во рок од две до 10 години без притоа воопшто да те интересира каква моментална или кумулативна (одложена) хаварија може да предизвика тоа превентивно  времено “разболување“!

Тебе Тим тоа очигледно не те интересира туку сугерираш без никакви докази дека невакцинираните деца се опасност за општеството! Притоа како вешта аргументација манипулираш со индивидуалната состојба на твоите деца – што не е баш некоја етичка доблест. Знам дека си огорчен, ама зад твојата патетика се крие опасна налудничавост. Цивилизацијата која размислува да се качи на Марс, чиишто секојдневни научни и технолошки подвизи се побрзи и од самиот интернет (како најбрз медиум во моментов) да не може да се справи со едно во такво прашање како што е вакцинацијата!? И што – го одбира најлесниот начин – сугерира да им ставиме жолти ленти на рачињата на невакцинираните дечиња и правец – гето!

Се надевам Тим дека одговорот макар малку ќе те натера да размислуваш од еден поинаков агол.

Се надевам, исто така, дека и сите овдешни “тимовци“ овој одговор ќе ги натера – ако ништо друго – барем да се обидат да се информираат за оваа проблематика која и тоа како ги засега и нив и нивните деца. А особено медиумите кои, пак, од своја страна темава, најчесто ја третираат како да се работи за информирање околу некое сезонско намалување, а не за здравје на децата. Секако, не сакам да верувам дека има и други мотиви, иако воопшто не би ме зачудило…

Родител

Тони Димитриевски

П.С. Се надевам дека во името на слободата на мислење и изразување ќе го објавите овој текст интегрално, со должните лекторски корекции.

Писмово е одговор на текстот на слениов линк

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s