Полио вакцината предизвикува вакцина – индуциран полио – исплатена отштета за тешко оштетување од вакцината во вредност од 7 милиони денари

“Во Македонија вакцините се безбедни“. “Во Македонија нема регистрирани случаи на последици од вакцините“. Отприлика вака, еве веќе неколку години по ред, откако отпочна пожестокиот и оправдан револт на родителите против “задолжителноста“ при вакцинирањето на децата, здравствените власти и “плејада“ медицински “експерти“ не убедуваат во “невиноста“ на законски наметнатотo играње руски рулет со здравјето на нашите деца. И бидејќи постојано се повикуваат на некакви “истражувања“, анално-вагинални експертизи и слични гнасотилаци, притоа постојано заканувајќи се и прогласувајќи ги сите спротивни аргументи за “велепредавство“ на јавниот интерес, еве уште еден скромен прилог во демаскирањето на “грижливост“ и “стручноста“ на овдешните здравствени институции: епилог (судска пресуда потврдена и од второстепен суд-апелационен) за детенце од Кочани, како едно од многуте за жал се уште “незнајни“ и “незначителни“ статистички бројки, чиешто здравје е начнато од “безбедните“ вакцини. Во продолжение е дадена интегралната судска одлука (пресуда за оштета):

Министерството за здравство,солидарна одговорност за настанатата нематеријална штета по начелото на објективна одговорност постои кај тој што ја аплицирал вакцината и кај тој што врши контрола на тој процес.

Од образложението: Основен суд Кочани»со пресуда «П.39/09 од 06.06.2011 година» тужбеното барање тужителите малолетната С. Г. застапувана од законскиот застапник нејзиниот татко А. Г., Д. Г. и А. Г. сите од К. делимично се усвојува. Ги задолжил тужените солидарно да им платат на тужителите на име нематеријална штета вкупен износ од 4.000.000,00 денари со казнена камата од кои: На малолетната првотужитлка С. на име нематеријална штета за душевни болки поради намалена животна активност од настанување на инвалидитет парична сума во износ од 2.000.000,00 денари, со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8 % поени сметано од денот на пресудувањето 06.06.2011 година до денот на конечната исплата;

На второтужителката Д. Г. од К. на име душевни болки поради особено тежок инвалидитет на нејзиното дете малолетната тужителка С. Г. парична сума во износ од 1.000.000,00 денари со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8 % поени сметано од денот на пресудувањето 06.06.2011 година до денот на конечната исплата; На третотужителот на име душевни болки поради особено тежок инвалидитет на неговото дете малолетната тужителка С. парична сума во износ од 1.000.000,00 денари со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходел на тековното полугодие зголемена за 8 поени сметано од денот на пресудувањето 06.06.2011 година до денот на конечната исплата, се во рок од 15 дена по приемот на пресудата.

Тужбеното барање на тужителите и тоа на малолетната првотужителка С. Г. од К.на име нематеријална штета за душевни болки поради намалена животна активност од настанување на инвалидитет за разликата од досудениот износ од 2.000.000,00 денари до бараниот износ од 5.000.000,00 денари за износ од 3.000.000,00 денари со камата на овој износ, тужбеното барање на второтужителката Данче на име нематеријална штета за претрпени душевни болки поради особено тежок инвалидитет на нејзиното дете малолетната тужителка за разиката од досудениот износ од 1.000.000,00 денари до бараниот износ од 1.500.000,00 денари за износ од 500.000,00 денари со камата на овој износ и тужбеното барање на третотужителот на име нематеријална штета за претрпени душевни болки поради особено тежок инвалидитет на неговото дете маллетната тужителка за разликата од досудениот износ од 1.000.000,00 денари до бараниот износ од 1.500.000,00 денари за износ од 500.000,00 денари со камата на овој износ , или тужбенотоАпелационен суд – Штип 156 барање на тужителите на име нематеријална штета за разликата од вкупно досудениот износ од 4.000.000,00 денари до вкупно бараниот износ од 8.000.000,00 денари за износ од 4.000.000,00 денари со камата го одбил како неосновано. Ги задолжил тужените солидарно да ги надоместат трошоците во постапката на тужителите во износ од 83.995,00 денари во рок од 15 дена по приемот на пресудата. Тужбеното барање на тужителите за разликата од досудените 83.995,00 денари до бараните 111.443,00 денари за износ од 27.448,00 денари на име тршоци во постапката го одбил. Од ваквата пресуда останале незадоволни тужителите малолетната С. Г. застапјвана од законскиот застапник нејзиниот татко А.Г., Д. Г. и А. Г. сите од К. преку адв. Димче Ристо од Кочани кој во благовремен рок поднеле жалба поради погрешна примена на материјалното право. Предлага жалбата да се уважи, пресудата укине и предметот врати на првостепениот суд на повторно судење. Од ваквата пресуда останал незадоволен тужениот ЈЗУ З. д. К.преку адв. Никола Коцев од Кочани, кој во благовремен рок поднел жалба поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Предлага жалбата да се уважи, пресудата укине и предметот врати на првостепениот суд на повторно судење. Од ваквата пресуда останал незадоволен тужениот Р. М., кој во благовремен рок поднел жалба поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Предлага жалбата да се уважи, пресудата укине и предметот врати на првостепениот суд на повторно судење. Апелациониот суд во Штип, ги разгледа жалбите, списите кон предметот, ја испита побиваната пресуда во смисол на чл.354 од ЗПП, па најде: Жалбата на тужителката С. Г. делумно е основана. Жалбите на тужителите Д. Г. и А. Г. и тужените се неосновани. Основани се жалбените наводи на малолетната тужителка С.Г. за погрешна примена на материјалното право во делот за одбиено тужбено барање за нематеријална штета ако се има во предвид утврдената фактичка состојба, поради што овој суд во тој дел согласно чл.361 од ЗПП ја преиначи првостепената пресуда и одлучи како во ст.2 и 3 од изреката на оваа одлука, а поради следните причини:

Од изведените докази во текот на постапката утврдено е дека малолетната тужителката С. Г. е родена на 21.4.2007 година и дека е керка на тужителите Д. и А. Г . На 29.08.2007 година малолетната била примена на клиника за детски болести поради акутно настаната десно страна пареза. Според податоците од престојот болеста започнала 18 дена по приемот на вакцина. Кај малолетната после вакцината се манифестирала слабост на десната нога со ослабени рефлекси. Во болница престојувала до 06.09.2007 година. На 23.11.2007 година Комитетот за верификација и квалификација на акутна парализа Апелационен суд – Штип 157 (полиомеалит случаеви) овој случај го класира како потврден случај на пареза асоцирана со полиовакцина со вакцинален полиовирус тип 3. Кај малолетната Сандра утврдени се ослабени тетивни рефлекси на десната нога, висечко стапало. Обемот на натколеница и потколеница се разликува помегу левата и десната нога. Во текот на лекувањето кај малолетната тужителка утврдено е дека постои трајно оштетување на функцијата на десната нога со видлив деформитет, намален обем на мускулатурата и нарушена естетика и таквата состојба ке бара доживотен третман. Ваквата состојба е последица на вакционен полиовирус тип 3 . Кај малолетната тужителка поради настанатото телесно оштетување, инвалидитет постои и ке постои трајно психичка болка. Кај неа има нарушена општа животна способност како и нагрденост од ваквиот инвалидитет. Целиот живот таа ке има дополнителни напори да ги остварува животните потреби при секојдневните активности. Не ке може да ги почуствува детските радости, а ваквото душевно трпење ке се зголемува и ке се потенцира со нејзината возраст.

Имајки ја во предвид ваквата состојба бидејки од вештачењето е утврдена причината и дека се работи за тежок инвалидитет согласно чл.189 и чл.190 од ЗОО овој суд смета дека справедлив паричен надомест на име нематеријална штета за малолетната тужителка треба да изнесува износ од 4.000.000,00 денари, поради што во тој дел ја преиначи првостепената одлука и досуди на име нематеријална штета покрај досудениот износ од 2.000.000,00 денари уште 2.000.000,00 денари или вкупно 4.000.000,00 денар со камата согласно чл.266 од ЗОО која одредба била во важност во времето на настанувањето на штетата.

Согласно чл.190 ст. 3 од ЗОО во случај на особено тежок инвалидет на некое лице судот може да им досуди и на родителите справедлив паричен надомест за нивните душевни болки. Тужителите Д. и А. Г. се родители на малолетната С. кои поради трајното телесно оштетување на нивната керќа претрпеле и ќе трпат душевен бол, а сооглед на јачината на тој бол и времетраењето, по нагоање на овој суд досудените износи од по 1.000.000,00 денари преставуваат справедлив паричен надомест. Од овие причини жалбата на тужителите Данче и Александар се одбива како неоснована. Жалбите на тужените да првостепениот суд донесувајки ја побиваната пресуда во увжениот дел да сторил суштествена повреда од чл.343 ст. 2 т. 13 од ЗПП се неосновани бидејки изреката во тој дел на побиваната одлука е јасна, разбирлива и извршна, а за таквото одлучување во образложението дадени се доволно причини за решителните факти од кој судот се раководел при одлучувањето. Во текот на доказната постапка првостепениот суд извел доволно докази и доволно ги утврдил спорните фкати кој се од влијание за одлучување во конкретниот спор.

Посебно од изготвеното вештачење од комисија- оддбор за судско медицински вештачења при Медицински факултат Скопје утврдено е дека причината за телесното оштетување кај малолетната тужителка е примената вакцина кај првотужениот „Здраствен дом„ во Кочани. Се работи за задолжителна вакцина. Имајки во предвид дека малолетното дете ја примила вакцината кај првотужениот, а контролата се врши од страна на Министерството заАпелационен суд – Штип 158 здраство, кај тужените постои солидарна одговорност за настанатата нематеријална штета, а по начелото на објективна одговорност.

Од погоре изнесеното жалбите на тужените се одбиваат како неосновани. Бидејки малолетната тужителка во поголем дел успеа со жалбата, овој суд ги задолжи тужените да платат трошоци во износ од 7.720,00 денари согласно чл.160 од ЗПП што се однесува за награда за состав на жалбата. Тужителите во поглед на судската такса со решение од 13.03.2009 година на Основниот суд Кочани се ослободуваат од плакање на судските такси. Од погоре наведените причини, се одлучи како во изреката на оваа одлука.

Решено во Апелационен суд Штип на ден 25.11.2011 год. под ГЖ.бр.1427/2011 и Врховен суд на РМ Рев2 бр.133/2012 од 19.06.2013

 

Извор:

од страна 156(154) до 160(158) http://www.asstip.mk/docs/bilteni/BiltenBr8.pdf

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s