Подршка за родителите од Србија во нивната заложба за здравјето на нивните деца!
Со оглед дека во Република Македонија повеќе години наназад е во сила Закон со кој на родителите им е наметнато, политички октроирано, задолжителното вакцинирање на децата, сакаме во име на сите родители во Република Македонија кои се против задолжителноста на вакцинацијата, да ви упатиме целосна и безрезервна поддршка во вашите напори да го заштитите вашето родителско право за грижа за сопствените деца, но и правото на вашите деца да растат безбедни, здрави – надвор од дофатот на фармаколошко-медицинските шпекуланти и профитери.
Нема ништо полошо, повулгароно, па дури и национално позлосторничко од обидот зад наводната грижа за јавното здравје, со сила да се тераат родителите да ги вакцинираат своите деца. Задолжителната вакцинација всушност не е ништо друго туку алиби на здравствениот систем за сопствената некомпетентност и неспособност да се соочи и справи со секакви евентуални проблеми од епидемиолошки карактер. Па токму затоа, по линија на помал отпор се казнуваат децата и нивните родители преку политичка одлука за задолжително вакцинирање.
Квалитетот на животот, образованието, информираноста, институционалната одговорност и ажурност, се дел од вистинските мерки што државата како сервис на граѓаните треба и мора да ги испорача наместо да набавува енормни количини вакви или онакви вакцини што потоа задолжително мора да им се даваат на нашите штотоку родени чеда. Со тоа на децата им се ускратува природниот развој на имунитетот, се игра “лотарија“ со нивното здравје и иднина, стануваат заморчиња, статистички бројки…
Сметајте дека во нас секогаш ќе имате искрени поддржувачи и пријатели со кои споделувате идентична голгота. Во крајна линија нема ништо посвето и поблагородно на овој свет од борбата за здрави и среќни деца.Истрајте браќа и сестри,изборете се за основното човеково право – правото на здравје за сопствените деца кое така перфидно сакаат да ви го земат ! Македонија е со вас !
Pingback: Vakcine ujedinile Balkan! Stop obaveznoj vakcinaciji! | Global Media