Вакцинацијата и запишувањето во школо/градинка – Државата фатена во обид за изнуда, дискриминација и прекршочно дело

11160044_10206401027494546_7929374471847598384_o

Согласно Законот за заштита на децата Член 60(1) детската градинка запишува и прима деца врз основа на пријави преку целата година. Став (8) Родителите се должни при приемот на детето во градинката да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето, односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост.
Според правилниците за критериумите за упис на деца, што ги носат градинките, а по член 60 став 3 од Законот за заштита на децата, ова што МЗ го наложува и прави (присилна вакцинација како услов за упис на децата во градинка) претставува дискриминација. Во членот 60 став 8 од цитираниот закон не постои услов примени вакцини, како критериум за упис на децата и согласно член 12 и 13 од Законот за заштита на децата, тоа претставува дискриминација и вознемирување на родителите согласно член 7 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, доколку постои било каков обид да се бара исполнување на било каков дополнителен услов, во случајов примени вакцини согласно правилникот за имунизација, што е надвор од членот 60 став 8 и претставува прекршочно дело, согласно член 227 од Законот за заштита на децата.
Корумпирани поединци, кои се на власт во Р. Македoнија уште еднаш се обидoa преку зголемување на притисокот врз родителите кои не ги вакцинираат своите деца, и со индиректен притисок врз самите образовни институции, да се “докопа” до својата цел: остварување на бизнис интереси на поедини бизнис лобија, а на штета на најранливата категорија – нашите деца.
Остро реагираме и предупредуваме дека таквиот притисок се противи на сите хумани, научни и законски начела, како во нашата држава, така и во светот.
Незнаењето и лакомоста на поединците кои се на власт е бесконечна, опасна и дирекно ги оспорува и загрозува сите права на своите граѓани: правото на здравје, правото на образование, правото на избор, правото на живот и правото на приватност. Доколку власта продолжи со овој диктаторски притисок без скрупули да уценува, а директно загрозувајќи го животот на нашите деца, ние родителите ќе бидеме принудени да превземеме поостри мерки, а во насока да се заштитиме себе си и нашето поколение.
Сакаме да нагласиме дека од оваа власт која целосно го изгуби својот кредибилитет пред својот народ очекуваме да се повлече пред ФАКТИТЕ КОИ ДОКАЖУВААТ ДЕКА:
– не постојат докази дека вакцините се ефикасни, факт кој и самите производители го тврдат;
– вакцините никогаш и никого не заштитиле од ниту една заразна болест;
– вакцините носат голем ризик за појава на неизлечиви болести, како и последици опасни по животот на децата;
– одговорноста за штетата од вакцините не ја превземаат ниту државата, ниту здравствените работници;
– Уставот на РМ и Меѓународните закони и конвенции даваат право на избор кој вие континуирано ни го оспорувате.
Поради сето ова власта нема право да врши присилна вакцинација и истата да ја поставува како услов за упис во градинка или училиште. Власта нема ни морално ни законско право, да одлучува што ќе се вбризгува во телото на нашите деца. Одговорноста за здравјето и образованието на децата целосно лежи на родителите и поради тоа тие се единствените кои можат да донесуваат одлуки во таа насока.
Родителите предупредуваат дека оваа бомба која власта сама на себе си ја подметнува ќе има разорни последици по неа, затоа што овој народ прогледува кои се нејзините мотиви и средства: остварување на бизнис придобивки на поединци, a при тоа газејќи врз нашите поколенија и иднината на оваа земја.
Власта со овој чекор се декларира како непријател на овој народ, непријател на нашите најмали и најмили, непријател на нашите деца. Ние како родители и заштитници на нашите чеда ќе бидеме принудени да се бориме со сите расположливи средства против тој непријател.
Ние родителите, исто така јавно сакаме да гo прашамe Јавното Обвинителство, за корумпираните поединци, кои се во спрега со поедини бизнис интереси, и кои не дозволуваат кривично прецесуирање на поднесените кривични пријави, за кое и јавно очекуваме одговор, што се случи со двете кривични пријави против Министерството за здравство за увоз и дистрибуција на нерегистрираните вакцини со сомнителен квалитет? Дали профитот е пред здравјето и од кога почна да важи тој приоритет? До кога поединците ќе го рушат темелот на оваа држава за да си ги “билдаат” своите банкарски сметки? До кога Јавното Обвинителство ќе дозволува расипаните јаболка во нејзината институција, да го попречуваат владеењето на правото во РМ?
Доколку нашите деца не бидат примени во градинка или училиште, ние ќе бидеме принудени да преминеме на самоедукација во домашни услови и сигурни сме дека квалитетот на нивното знаење ќе биде на повисоко ниво отколку што е сега. Доколку и во тоа бидеме спречувани останува опцијата која секогаш ни стои на располагање а тоа е да ја срушиме оваа “шу праиш“ власт или среќата да си ја побараме надвор од земјава, оставајќи ги претставниците и поддржувачи на оваа политика сами на себе да си ги применуваат фашистичките методи кои за нас биле и секогаш ќе останат неприфатливи.
И последно: во ниту една законска легислатива од сите држави на земјината топка,без разлика каква е нивната законска обврска за вакцинација НЕ ПОСТОИ ниту една таква тешка дискриминаторска одредба НИКАДЕ дека невакцинираната популација не може да се запише во градинка или школо !

Родители за правото на избор за вакцинацијата

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s