Претставка за дискриминацијата по вакциналниот статус на децата во градинките

11160044_10206401027494546_7929374471847598384_o

Доколку на родителите им се прекршени било кои од наведените законски права,треба да го направат следново:

Родители,пред се да не се замарате што ќе ви речат УСНО надлежните во градинките пред упис на детето,можат да ви речат дека има живот и на Марс,но се разбира реалноста е многу поинаква,ваше е да ги спремите сите потребни документи за упис,при предавањето доколку истите не ви ги примаат чиновничињата заслужни за малтретирање на граѓаните ќе прашате каде се наоѓа архивата (писарницата) на градинката,ќе ги предадете таму и ќе побарате архивски број за истите и ќе побарате сето тоа што ви го кажале УСНО,да ви го достават ВО ПИСМЕНА ФОРМА.Или доколку не сакаат ни така да ви ги примат ќе им ги доставите преку пошта СО ПОВРАТНИЦА,кога ќе ги примат преку пошта документите,повратницата ќе ви се врати вас.

Доколку преку пошта сте ги пуштиле документите,  кога ќе се врати повратницата, одете и прашајте дали ги примиле, документите за упис, повратницата фотокопирајте ја, што сте ја добиле назад тоа е доказ дека го примиле писмото и нека ви го покажат. Таму не се расправајте и не влегувајте во расправии. Тие мораат да ве одбијат со Решение, вие ИМАТЕ  право на жалба на тоа решение до градоначалникот(ако е општинска градинката) и министерот(ако е државна). Никој нема да се осуди да одбие на писмено да запише дете поради неговиот вакцинален статус.Доколку и се случи таква тотална лудост ќе не контактирате нас за да ви помогнеме да го обжалите истото решение !

Ова е веќе поднесената претставка:

Претставкава е поднесена на 22.04.2015 год и е заведена под архивски број:07-1347/1

До:

Комисија за заштита од дискриминација

Кеј Димитар Влахов ББ(зграда на МРТВ), спрат 20

1000 – Скопје

 

Предмет: Претставка поради дискриминација врз основа на вакциналниот статус на децата при упис во детските градинка согласно член 15 од Законот за заштита на децата (Сл. Весник бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15 и 25/15), и член 7 од Законот за заштита и спречување од дискриминација (Сл. Весник бр. 50/10 и 44/14) против детските градинки кои се основани страна на советот на општините, советот на општината во градот Скопје и Владата, односно Министерството за труд и социјалнa политика, но во исто време и се однесува и на приватните градинки

Согласно член 58 од Законот за заштита на децата „Детската градинка може да биде основана како јавна детска градинка и детска градинка во приватна сопственост“, потоа со член 59 став 1 „Јавна детска градинка се основа од страна на советот на општината, советот на општината во градот Скопје и Владата, со одлука за основање на јавна детска градинка по претходно прибавено мислење од министерството, односно на предлог на министерството за јавна детска градинка основана од Владата.“ , а ставот 2 гласи „Јавната детска градинка се основа како јавна установа“.

Во таа смисла претставката пред се, се однесува за јавните детски градинки кои се основани страна на советот на општината, советот на општината во градот Скопје и Владата, односно Министерството за труд и социјална политика, но во исто време и се однесува и на приватните градинки.

Согласно новиот Закон за заштита на децата од 14 февруари 2013 година, односно членот 60 став 8, во кој се наведени потребните услови кои треба да бидат исполнети при упис на децата во градинка,гласи „Родителите се должни при приемот на детето во градинката да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост“, и ништо повеќе. Исто така може да се наведе дека во Правилниците за критериуми за прием на децата кои ги носат градинките, согласно членот 60 став 3 од Законот за заштита на децата, односно, „Составот и начинот на работа на комисијата од ставот (2) на овој член, како и поблиските критериуми за прием на деца во градинката ги утврдува управниот одбор на градинката во согласност со советот на општината и советот на општината во градот Скопје, а министерството за јавна детска градинка основана од Владата.“, всушност се препишува членот 60 став 8. Од него може да се види дека нема потреба детето да има примено вакцини, како услов за запишување во градинка. Но и покрај тоа пречести се ситуациите кога се одбива запишување само поради вакциналниот статус на детето. Колку за пример во прилог на претставка ви доставувам, правилник за прием на деца, на детската градинка 13 Ноември, која се наоѓа во општината Центар – Скопје.

Се почесто кога родителите ќе се обидат да го запишат своето дете во детска градинка се случува при уписот на своите деца да бидат одбиени за упис на нивните деца, бидејќи не можат да докажат дека нивните деца ги имаат примено сите вакцина согласно календарот за имунизација, бидејќи избрале да не ги вакцинираат нивните деца, со една или повеќе вакцини, а во однос дека тоа го избрале согласно нивното природно, односно законско право кои согласно постојните законски прописи го имаат. Потврдата за вакцинација, односно имунизација, која се добива во здравствениот дом на местото на живеење, служи како доказ дека детето ги има примено сите вакцини согласно календарот на вакцинација, односно само определени вакцини, или воопшто нема примено ниедна. Таа произволна одлука, да се одбие на уписот на децата од страна на овластените службени лица во градинките, на родителите секогаш им се соопштува усно, е и спротивна на Законот за заштита на децата. Доколку некој од родителите го познава Законот за заштита на децата членот, односно е запознаен со правилникот за критериуми за упис, што секоја градинка го донесува врз основа на член 60 став 3 од Законот за заштита на децата, односно претходно се консултираат со соодветни стручни лица (правници или адвокати), овластените лица во градинките се повлекуваат и се дозволува упис. Но дискриминацијата и вознемирувањето не застанува тука. После некое време, повторно, овластените лица во градинките, знаат да вршат притисок врз родителите. Доколку не го вакцинираат детето, се закануваат дека ќе го испишат детето, што е повторно спротивно на Законот за заштита на децата, и повторно истото секогаш е усно, знаејќи дека доколку тоа го направат во писмена форма може да одговараат согласно позитивните законските прописи на Република Македонија, и тоа не само дисциплински, туку и прекршочно согласно член 227 од Законот за заштита на децата, а во врска со член 13 од истиот закон, а истото дејание претставува кривично дело согласно член 137 од Кривичниот законик.


Единствено одредбата за проверка на вакциналниот статус на децата, во македонското законодавство, е согласно
Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот и изведување и водење на евиденција и документација (Сл. Весник бр. 65/10 и 164/14) член 84 став 1 точка 2, и e задолжително, за што ќе пишувам понатаму во текстот на оваа претставка.

Забраната на дискриминацијата над децата во правното законодавство во Р. Македонија е уредено со законот за заштита на децата. Во истиот закон, членот 4 гласи „Во примената на одредбите од овој закон се тргнува од принципите на заштитата на правото на живот и развој на детето, заштитата на најдобриот интерес на детето, обезбедување на минимум стандард за секое дете под еднакви услови, исклучување на каква било форма на дискриминација, почитување на правото на детето на слобода и безбедност на личноста, на сопствено мислење и слободно изразување, здружување и образование, услови за здрав живот и остварување на други социјални права и слободи на детето.“ Потоа во членот 12 став 1 пишува, Се забранува секоја форма на дискриминација врз основа на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното, етничкото или социјалното потекло, културна или друга припадност, имотната состојба, онеспособеноста, раѓањето или друг статус на детето или на неговиот родител или законски старател. Така што во членот 13 ставот 1 „Се забранува секаков вид на директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварување на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон. Потоа со ставот 2, „ Забраната од ставот (1) на овој член се однесува на сите установи за социјална заштита и социјална сигурност кои решаваат за правата утврдени со закон, јавните установи за деца основани од Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата), јавните установи за деца основани од општина, општините во градот Скопје, градот Скопје и приватните установи за деца основани од правни и физички лица, правно лице запишано како агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст, како и физичко лице кое врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитување на деца како професионална дејност.

Како што може да се види од горенаведената правна рамка, со Законот за заштита на децата, заштита на децата од дискриминација во Македонија ги опфаќа со посебен закон, Lex specialis. Во истиот закон од член 57 до член 67 опфатени се детските градинки. Во членот 57 став 1 законот за заштита на децата , „Дејноста која се врши во рамките на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст може да се остварува во детска градинка.“ при што јасно е дадена дефиницијата на детската градинка и дејноста што истата ја врши. Условите кое родителите треба да ги исполнат при запишување во градинка се наведени во членот 60 став 8 кој гласи „Родителите се должни при приемот на детето во градинката да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето, односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост.“ Како што може да се види дека се што е потребно да се приложи е потврда од матичниот лекар каква е здравствената состојбата на детето, a доколку се работи дете со посебни потреби, потребно е наод и мислење од соодветна стручна институција.

Дополнителниот подзаконски акт, Правилник за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот и изведување и водење на евиденција и документација, при што член 84 став 1 точка 2 гласи, „Вакциналниот статус задолжително се проверува: При запишување во сите видови предучилишни установи; Како што можете да се види проверката на вакциналниот статус НЕ значи задолжително примање на определена вакцина или потребата да се примат сите вакцини, како основ доколку сите не се примени, да се одбие приемот во градинката, поради тоа што не се примени сите, дел од вакцините или никоја од вакцините. Се што треба e да се провери, дали и кои вакцини детето ги има примено и толку. Ништо повеќе. Произволно да се носи одлука, која всушност секогаш е усна, и истата им се кажува на родителите, со надеж дека истите нема да го проверат законодавството, или да се консултираат, со соодветно стручно лице(правник или адвокат). Во таа смисла градинките знаат да не примат, односно да одбијат определено дете, односно децата, само поради тоа што немале примено определена вакцина, тоа всушност претставува дискриминација врз основа на вакциналниот статус на детето. Со тоа се врши и вознемирување на родителите.

Во тој однос може да се каже дека во Р. Македонија не постои правна одредба според кое детето при запишување во градинка потребно е да ги има примено сите вакцини. Но, за момент ако речеме дека има имало, истата одредба е правно дерогирана според законот за заштита на правата на пациентите (Сл. Весник бр.82/08, 12/09, 53/11) член 4 став 1 точка 2, потоа член 5, 6, 14,15, како и член 5 од Конвенцијата за заштита на човечките права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената во биологијата и медицината (Сл. Весник на РМ бр.55/09), во врска со член 26 и 27 од Виенската конвенција за договорно право (Службен лист на СФРЈ бр.30/72), а во однос на член 118 од Уставот на РМ. Во таа смисла Република Македонија не може да се повика на внатрешното право за неисполнување на определен меѓународен договор. Европскиот суд за човекови права во пресудата по делото 42197/98 од италијанката Иларија Салвети утврдува: „Судот смета дека задолжителното вакцинирање како недоброволна медицинска интервенција е во спротивност со правото за почитување за личниот живот како што е загарантирано во член 8 од конвенцијата за човекови права и основни слободи“.

Според член 11 став 2 од Уставот на РМ „Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“ , а со тоа и било какво индиректно или директно однесување на јавната власт, а со цел претставување на определена категорија на лица која според своето убедување, односно уверување, одлучила или не за преземање на определени дејствија.

Според Протоколот број 12 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи(Сл. Весник бр. 30/2004 година), Член 1 став 1 кој гласи, „Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз било која основа како пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, имот, раѓање или друг статус “. Потоа став 2 од истиот член гласи „Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која основа наведена во став 1.“ Во таа смисла, прекршени се и членовите 1,4, и 21 од Повелбата за основните права во Европската унија.

Согласно член 1 од Законот за заштита и спречување од дискриминација (Сл. Весник бр. 50/10 и 44/14) „Со овој закон се обезбедува спречување и заштита од дискриминација во остварувањето на правата загарантирани со Уставот на Република Македонија, закон и ратификувани меѓународни договори„ , според членот 2 „Заштитата и забраната од дискриминација се однесува на сите физички и правни лица во процесот на остварување на правата и слободите гарантирани со Уставот и со законите на Република Македонија.“

Во членот 7 став 1 од Законот за заштита и спречување од дискриминација „Вознемирувањето и понижувачкото постапување претставува повреда на достоинството на лице или на група на лица кое произлегува од дискриминаторска основа и кое има за цел или резултат повреда на достоинството на одредено лице или создавање заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика. Во таа смила се вознемирува поединци, односно група на луѓе(родители), кои одлучиле да ги искористат своите родителски, како законски, така и природни права, комплетно да не ги вакцинираат или да не ги вакцинираат со поедини вакцини. Тоа вознемирување претставува еден вид на психолошки притисок врз родителите, а со тоа се повредува достоинството, односно се врши понижување на самите родители. Тоа вознемирување, односно дискриминација се врши така што се бара нешто од родителите да направат, нешто што воопшто со ниеден закон во РМ не е пропишано дека е потребно родителите да го направат, со цел да го запишат своето дете во градинка, а од друга страна истото се прави исклучиво усно, бидејќи овластени лица, како што веќе напомнав, знаат дека можат да одговараат, дисциплински, прекршочно, согласно Законот за прекршоци, односно кривично, согласно Кривичниот законик.

Иако оваа претставка се однесува генерално, за сите детски градинки, во прилог ви го доставувам, како пример, правилникот За составот и начинот на работа на Комисијата за прием на децата и утврдување на критериуми за прием на деца, од детската градинка 13 ноември од Општина Центар – Скопје, донесен во Мај, 2014 година. Во правилникот јасно може да се види во член 4 став 1 дека е препишан член 60 став 8 од самиот Закон за заштита на децата. Јасно може да се види дека како дополнителен услов, потреба за потврда за вакцини, нема. Истото генерално е и со сите други градинки, јавни или приватни.

Врз основа на горенаведеното и предлагам на Комисијата за заштита од дискриминацијата да ја утврди фактичката состојба, да даде мислење и препорака, согласно член 28 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, за да истата дискриминација по основ на вакциналниот статус се отстрани.

Прилог:

  1. Правилникот За составот и начинот на работа на Комисијата за прием на децата и утврдување на критериуми за прием на деца, од детската градинка 13 ноември од Општина Центар – Скопје, донесен во Мај, 2014 година

Скопје,

Advertisements

2 thoughts on “Претставка за дискриминацијата по вакциналниот статус на децата во градинките

  1. Мислам дека Комисијата одлучува по одредена постапка, а не за Правилници, практики…Можеби треба до Уставен суд… а до Комисијата да доставите конкретен чин на прекршување на Законите.

    • Почитувана,
      Не, не е така. Уставен суд постапува по иницијативи за уставност и законитост на законите и подзаконските акти и работи по барања за заштита на слободите и правата на човекот.Додека, комисијата работи исклучиво по претставки. согласно член 24 – Надлежности на Комисијата: 1) постапува по претставки, дава мислење и препораки за конкретните случаи на дискриминација;
      http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/diskriminacija_konsolidiran.pdf. Прочитајте го член 24, ќе видите.

      На нивната веб страна. http://www.kzd.mk/mk/ Имате таму мислења по однос на претставки, до 2014 година дадени. Истото што го пишува тука, ќе видите и таму. На крај краева, немаше да ја примат во Комисијата, претставката, да не беше така.Поздрав,секое добро,благодариме.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s