др. Rolf Kron – Вакцините не штитат, вакцините штетат!

58976220

Др. Герхард Бухвалд, лекарот кој што почина 2010 година, доста размислуваше како да ја нарече својата книга. Јас сметам дека неговиот работен наслов: ВАКЦИНИ – БИЗНИСОТ СО СТРАВОТ! е многу погоден. Што повеќе човек се занимава со имунизацијата и махинациите зад неа, тоа повеќе му станува јасно, за што всушност се работи и препознаваме дека Др. Бухвалд бил сосема во право кога ја нарекол својата книга – Вакцини, бизнис со стравот.
И јас морам да кажам, дека секојдневно се сретнувам со пациенти кои што ги трпат последиците од вакцинацијата …
Вакцинирање штети
Од колеги кои што досега не биле критичари на вакцинацијата дознавам слични заклучоци, од лекари, кои што се сведоци на тешките здравствени последици заради кои што сé повеќе пациенти им се обраќаат за помош. И наспроти ваквите искуства, сé уште има лекари и професори, кои сосема контра на живите примери тврдат: Не постојта штети од вакцини!
Но токму врз основа на многуте извештаи од пациенти и слушатели мојот поглед се изостри. Голем број болести чијшто извор најчесто во медицината се означува како „непознат“ почнуваат да се ставаат во директна врска со вакцини. На професор од универзитет тоа ништо не му значи! Затоа што лекарите на универзитетите не ни учат нешто за ризиците и споредните дејствија на вакцините. Нашите најголеми учители се пациентите, но само ако ние лекарите сме спремни да слушнеме што ни кажуваат. Јас сé почесто слушам од нив:
“Од вакцината навака” – која и да е! –  “моето дете се разболе. Претходно беше здраво како дрен”
И пак одговорот на педијатрите најчесто е: “Тоа нема врска со вакцините…”
Но наместо да слушне и да научи и да разбере, имам слушнато дури и за колеги, кои што своите пациенти кои му се обраќаат со тешки маки како оштетени од вакцините ги брка со навредливи зборови од неговата ординација. Тоа најчесто доведува до последицата, што овие пациенти не само што повеќе нема да одат кај ваков лекар, туку – што е еднакво страшно – што ваквите лекари не ги пријавуваат ваквите штети, иако се законски обврзани да го направат тоа. Дури постојат и кривични казни доколку не пријават вакцинациски штети, во паричен износ изразено, до 25.000 Евра. Секој медицинар може и треба да ги пријавува ваквите случаеви.
Кај нас, според податоците од Институтот Паул-Ерлих, кое претставува најзначајна здравствена установа за проверка на вакцинацискиот материјал, етичкиот аспект на лекарите за пријавување на вакцинациски штети го проценува на помалку од 3-5%. Тоа значи дека збирот на сите вакцинациски штети, а со тоа и ризиците на вакцините, останува да биде сосема непознат, без разлика колку се тешки последиците од вакцините.
Некои лекари се држат и до мотото: Ако нешто не сме научиле, тогаш не постои!
Доколку некој од оштетените од вакцина и покрај таквиот став на лекарот поднесат барање за отворање на постапка поради здравствена последица врз основа на вакцината, ваквите постапки траат и траат. Во еден мене познат случај, родителите се на суд веќе 24 години. Нивното синче, кое што претходно беше здраво, на своја 3 годишна возраст веднаш откако ја прими вакцината против ранолетен-менингоенцефалитис се онесвести. Оттогаш тој не излезе од количка, сега како 27 годишен маж сé уште неговите родители му се измеќари, тој не е способен за никакво самостојно дејство, тој е 100 %-тен инвалид… Секако дека во таков случај и знаејќи за ваквата неправда, луѓето рано се предаваат и ја прекинуваат својата битка за правда.
Вакцинирање не вреди
Барем не за здравјето на луѓето. Во мојата ординација имам лекувано разни болести, кои што всушност не би смееле да се појават, затоа што пациентот бил вакциниран од таквата болест.
Вакцините не штитат од болестите, заради кои што се применуваат.
Ова не се ни негира од страна на школската медицина, и самите тие велат дека вакцините не даваат 100% заштита. Кај големата кашлица во некои ординации не се земаат никакви брисеви ниту пак се наредуваат лаборатриски испитувања. Оти детето било вакцинирано, лекарите сметаат дека тоа е заштитено, иако веќе подолго време си има работа со голема кашлица. Вакцината не штити!
Големиот број епидемии со сипаници исто так докажуваат дека вакцината против сипаници дава многу помала заштита него што се пророкуваше. Голем број од заболените беа комплетно вакцинирани. Вакцината не ги штити.
Слично е со епидемијата на заушки во Швајцарија пред неколку години. Повеќе од 50 % од заболените од заушки беа повеќекратно вакцинирани против заушки. Вакцината не ги заштити.
Заради вакви и слични факти дојдов до убедување дека зборовите на Др. Бухвалд се точни. Тие ме тераат, од мојат лекарска свест и свесност, да делувам!
Вакцините не вредат, вакцините не штитат!
И затоа:
сé додека нема да видам вистински студии за делотворноста на
сé додека во вакцините има супстанци кои што предизвикуваат рак и алергии (како жива, формалдехид, алуминиумхидроксид, антибиотици итн.),
сé додека научните трудови и понатаму се изработуваат од фармаколошката индустрија, без да бидат создадени контролни групи според медицинските научни стандарди,
сé додека не постои систем за собрање на податоци за пациенти со здравствени последици претрпени од вакцините,
сé додека се избираат „експерти“ да зборуваат за вакцините, кои што добиваат пари од фармаколошката индустрија
сé дотогаш можам само да советувам држење настрана од вакцините. Јас вакцинирањето не можам да го спојам со својата совест! Лекари кои што се заколнале и ја дале заклетвата на Хипократ, би требало да постапат исто така.
Во меѓувреме би требало секому да му биде јасно, дека во земји со солидни санитарни и хигиенски услови не може да дојде до големи епидемии со тешки процеси на болести. Ерата на големото масовно умирање заврши, освен во времиња на војна и глад.
Денес сé уште постојат само уште здравствените последици кои што самите си ги имаме создадено со вакцините. Споредните дејствија на вакцините се многу суптилни, тие се лошо следени и со статистики разводенети. Ретко се исполнуваат таканаречените безбедносни барања.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s