Синот не е повеќе со нас заради вакцината

11276139_1657216477842253_1513116845_o

 

Јас сум Ленче Данилова, мајка на дете кое “благодарение” на вакцината ММР лани почина. Имаше само 5 години.
Почитувани родители, моето синче се викаше Томче, а до неговата прва година живот беше сосема здраво детенце и освен по некоја настинка, немаше никакво друго посериозно заболување. После примената вакцина ММР почна да му oпаѓа хемоглобинот кој постојано му беше околу 100. Го носев по доктори, ќе му препишеа сируп и така постојано до неговите 3 години СТАРОСТ?!? кога почна да се жали на болки во стомакот кои секојдневно стануваа се’ посилни. Ни препорачаа ехо, за по него итно да не испратат на Детската клиника.
На 23 мај 2012г. почнаа со испитувања и не известија дека Томи има тумур на надбубрежната жлезда т.е. НЕУРОБЛАСТОМА. Како да ме погоди гром, ми се сврте светот околу мене, неможев да поверувам. Си помислив: зар ова е реалност? Мислев дека тоа го има само во филмовите. Тогаш почна нашата голгота, почнавме со борбата. Надежта сето време беше со нас и ни даваше сила во таа борба. Го видовме пеколот на земјата, кој верувајте постои. Кој не видел, а не дај Господе никој да види и осети, не ни може да замисли каква страшна слика претставуваат тие невини душички и нивните родители. Тие преплашени детски погледи кои бараат помош, тие изнемоштени малецки тела и безпомошните родители кои безрезерно верувјќи им на докторите, оставаат тие да се грижат за нашите деца. Им верувавме дека ке го сторат најдоброто. Оние пак соби на смртта, во одделот за онкологија во детската клиника во Скопје, заедно со децињата во нив, никогаш нема да ги заборавам. А ниту едно од тие дечиња, верувајте – не преживеа. Бог нам нека ни проштева, не ним, и што впрочем на ангелите има да им се простува? Почивајте во мир ангелчиња.
Безброј пати ги прашував господата во бели мантили како и од што се случило ова? И замислете само што ми одговорaa: веројатно на почетокот на бременоста сте пиеле антибиотици или апчиња за спиење. Каква глупост, каков апсурд! Тие не се ни свесни колкава грижа на совеста и онака чувствував и до крајот на својот живот ќе ја чувствувам, а уште повеќе откако ја дознав причината за болеста.
Нашата борба со глупавиот канцер траеше до 22 март 2014г. Тогаш неговото изнемошено тело, телото на мојот мал Томи, не можеше повеќе да издржи, болеста победи. Преживеа две операции, хемотерапии од кои доби панкреатит, па 40 дена не смееше ни вода да се напие, а камо ли храна. Неговата состојба беше многу лоша и се обративме до директорката на детската клиника др. Софијанова за помош. Таа дојде, го виде детето и ни вети дека кога ќе закрепне малку, за да може да патува, она лично ќе се заложи Томи со хелихоптер да го однесе во Германија. Беше август, и детето закрепна. Ја побаравме дотичната госпоѓа докторка, но неа ја немаше – исчезна, замина на одмор. И немајте сомнеж, и мојот Томи за нив е САМО уште една Тамара, за која никој не знаеше до сега. Уште колку се – Господ знае. Токму затоа сакам јавно да и поставам едно прашање на хуманистката Софијанова: госпоѓо, имате ли вие душа? Имате ли совест? Како заспивате навечер?
Во меѓувреме можеби се запрашавте што има заедничко тумурот со вакцините? Има, и тоа многу. Додека траеше сета оваа агонија на нашето семејство не престанавме да трагаме по лекот, не престанавме да бараме спас од очајот во кој се најдовме. Стигнавме и до Хрватска. Е таму драги мои, таму докторите малку поотворено говорат за каузалитетот вакцини – сите ‘модерни’ болештини на децата денес. Откако таму ја раскажав цела ситуација од почетокот до тогаш, сомнежот прв и веднаш беше изречен – последица од вакцина. Тогаш почнав да истражувам. А само кога го прочитав составот на вакцините, ми се слоши, паднав. Се прашував: на кого тоа ние животите на нашите деца ги полагаме? Како можев онака слепо да им верувам на тие во бели мантили? Зар легитимитето кој им е даден не го полагаа пред Хипокрит? Па и преку Хипокрита: имаат ли совест и свест за она што го чинат? Одговорот се уште не можам да го најдам. Или не сакам – не знам. Зар парите се над животот??? И што впрочем е над еден човечки живот, сем Господ?
Родители, Ве молам пред да одлучите да ги вакцинирате вашите деца размислете убаво, едуцирајте се дали и Вие како мене ќе оставите се’ во рацете на докторите на кои веројатно им е важен само профитот, но не знам дали и животот. Размислете дали ќе дозволите тие отрови да ги ставаат во тие малечки тела. Децата се наше најголемо богатство, тие не можат да изберат што е добро за нив, но за тоа не имаат нас родителите, и ние сме должни да ги заштитиме. Тоа што го прави фармацевтската мафија е злодело против човештвото. За неа нашите деца се експериментални глувци и веројатно само сретства за заработка на пари. Ним не им одговара човештвото да е здраво, зашто инаку каде би ги продавале нивните отрови? ‘Модерната’ медицина не го познава зборот ИЗЛЕКУВА, туку само ЛЕКУВА. Зависта од лекувањето им е целта. Родители, заштите си ги вашите деца. Едуцирајте се, информирајте се. Сега барем тоа на сите ни е достапно. Човечкиот живот нема цена, јас тоа го знаев, а сега го спознав.

11235172_1657218004508767_260069027_o

 

Родителот беше дел од мирниот родителски собир на 10 Мај 2015 год – ЗА ПРАВОТО НА ИЗБОР !

Advertisements

9 thoughts on “Синот не е повеќе со нас заради вакцината

  1. Pingback: Мајка од Македонија: Синот ми почина и не е повеќе со нас заради вакцината | MKnews.mk

  2. Pingback: Мајка од Македонија: 5 - годишниот син ми почина и не е веќе со нас поради вакцината - Шеталиште

  3. Pingback: Сведоштво на една мајка: Синот не е повеќе со нас заради вакцината - Reporter.mk

  4. Pingback: Исповед на една мајка | Синот не е повеќе со нас заради вакцината | Кукурику.Мк

  5. Socustvuvam so vas sosema jas vo momentov prestojuvam na odelot za onkologija so mojata kerka koja e bolna od leukemija. I jas postijano vodam vojna so dok. Od ovoj odel isto i mene gos. Sofijanuva postojano mi veli licno ke se pogrizam za deteto da go pratime nadvor na lekuvanje. Oveka e pekol i so nisto nemozam da platam za deteto da mi ozdrave. Postojano stravuvam za nejziniot zivot i se boram so opstestvoto i sistemot vo koj sme zarobeni. Imate podrska od mene javno da gi osudime vinovnicite.

  6. Pingback: Трогателна порака од мајка : „Синот не е повеќе со нас заради вакцината“

  7. Страшна работа. Нехуманост. Тотална нехуманост. Бизнис вакцини па на кого ќе му користи нека му користи а кого ќе го столчи амин. Сочувство до семејствата од настраданите дечиња.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s