Ризикот од вакцинација моментално надминува БИЛО КАКОВ нејзин бенефит

Coincidence-01

Човекот е веќе два века изложен на вакцинирање. Некои вакцини допринеле повеќе од други, сепак нивната потенцирана цел требала да биде многу едноставна…да заштитуваат од болести. Сепак на патот за создавање на ефикасни вакцини не е со успех добиена вакцина која е 100% успешна ниту пак вакцина која е директно поврзана со одредена болест за нејзино спречување. За жал, нашиот сегашен модел на вакцинирање многу малку допринесува во превенцијата од болести, нешто што се користи за залажување на јавноста, а тоа е дека со вакцините се врши превенција од заразни болести.

Вакцините го лажат имуниот систем на телото да произведува антитела кои се борат со одредена форма на вируси кои не се штетни. Потоа, ако телото дојде во контакт со вирус кој може да му наштети, тогаш телото треба да биде спремно да се заштите себе си.

Веќе со децении е познато дека луѓето кои прележале одредена инфективна болест не може повторно да се разболат од истата. Големите сипаници се првата болест од која луѓето пробале да се заштитат со намерна инокулација на заразна материја. Британскиот медицински весник вели дека: “ вакцините кои се користат против заразни болести веројатно спасиле многу животи отколку било која друга јавна здравствена интервенција настрана ставајќи ја придобивката добиена од обезбедување на чиста вода “.

Недостатокот на имунитет било одлучувачки во судбините на цели заедници, од големи сипаници кои се прошириле помеѓу индијанците во новиот свет се до војниците заразени со сифилис во стариот свет. Најголем број од луѓето имаат одредена количина на природен имунитет. Телото знае да се грижи самото за себе во најголем број од случаите- исекотини, настинки и мали инфекции кои исчезнуваат без големи последици. Во други случаи, телото има многу мал или воопшто не поседува природен имунитет, така да доколку е тоа тело изложено на болести како полио, инфлуенца, големи сипаници, хепатит, дифтерија, мали сипаници или пак магарешка кашлица, веројатно би се разболело, освен ако предходно не било изложено на овие болести и истите не ги прележало.

Вакцинацијата се поистоветува со вештачки креиран имунитет кој треба да се стекне преку намерно заразување на некого така што телото треба да научи да се заштити себе си. Моментот на вакцинација преку вакцините е крајно контраверзен поради дирекното ињектирање , вбризгување, на страни протеини и други токсични материи ( особено добро познатиот имунолошки отров како жива и други конзерванси) што може да доведе да тие кои примиле вакцина да имаат помал отпор во иднина. Тоа значи дека во одредена популација тоа може да доведе до обратен ефект од вакцинацијата, дури да дојде до момент на спречување на развој на имунитетот после прележување на болеста, или доколку телото биде подложено на стекнување на природен имунитет поради вакцината тој имунитет да не биде траен имунитет.

Најбитен дел од историјата на вакцинацијата е како да доспее имунизациониот агент во телото. Кожата, која не штити од бактерии и други надворешни влијанија, исто така е бариера при внесување на лекови и вакцини во ткивото каде тие би можеле да работат. Физичарите користече најразлични методи за правење на имунитет таму каде што тој не постоел.

Концептот на вакцинација својот прв славен момент го имаше 1796, кога физичарот Едвард Џенер, инокулираше младо момче од Англија и беше постигната успешна превенција од добивање на големи сипаници. Џенер искористил дел од изгребана инфицирана кожа, заразен материјал од жена која имала кравји сипаници кои се слични на големите сипаници и тој материјал го ставил под кожата на момчето.

Иницијалните експерименти на Џенер биле во периодот кога не постоеле модерни методи за контрола на квалитетот и стерилизацијата. Така да процесот на контаминација при инокулација и изложеноста на други болести после кои настануваат дури и смртни случаи ги ставало луѓето во недоумица да го одбијат овој начин на стекнување на имунитет.Со овој метод со кој се зема лимфа од рака или грб или друго место од тие кои биле вакцинирани, не се очекувало ништо помалку од појавата на микроорганизми кои ја придружувале вакцината, а со тоа се ширеле болести како ерисипелас, сифилис и живеница или шкрофула.

За разлика од многу лекови кои се хемиски агенти, вакцините се биолошки агенти кои можат да бидат компромитирани за време на обработката. Со ова се провлекува една констатација дека вакцините можат да бидат контаминирани во било кој дел од нивниот пат од лабораторија до крајната конзумација на вакцината. Затоа контролата на квалитетот, стерилизацијата и надгледувањето станале принципиелен дел од производството на вакцините, за истите не се преговара се знае точно на кое ниво треба да бидат. Сепак и покрај ригорозниот стандард можноста за контаминација останува ( иако тоа денес е малку веројатно отколку неколку декади наназад). Сепак производството на вакцини мора постојано да се надгледува за да се осигураме дека тие создаваат имунитет, а не се предизвикувачи на болести. На пример, оптимизмот за полио вакцината пролетта 1995 година беше нарушен бидејќи 200 деца се разболеа од полио вирусот од кои за пет беше фатално, а таа беше произведена од страна на Cutter Laboratories во Калифорнија.

Денес најголемата контраверзност во врска со вакцините се токму одредени компоненти од кои се состојат вакцините и многу малку со самите вакцини. На пример тимеросалот, органска жива која како конзерванс се става во одредени вакцини е всушност причината за создавањето на невролошко пореметување како што е аутизмот, посебно кај децата. Бројката на аутистични деца се искачи дури на едно дете болно од аутизам на 150 деца .

Документите од архивите на Eli Lilly and Co., оргиналниот производител на тимеросал, јасно укажуваат на тоа дека вакцините кои во себе го содржат овој елемент како конзерванс, покренале голем број на тужби кои покажуваат дека поради него се добиени многу невролошки оштетувања на новороденчиња, и сето ова е јасно од април 1930.

Се со цел за подобра промоција и маркетинг на својот производ Eli Lilly во септември 1930 година ја спонзорира таканаречената “ токсичност кај луѓето” (“human toxicity”) кај пациенти за кои знаеле дека се заразени од менингококен менингитис и нивниот исход е смрт. Ендру Вотерс од адвокатската фирма во Далас, Waters & Kraus, изјави дека “ Lilly со децении ги цитирале резултатите од таа студија како доказ дека тимеросалот е отров со ниско ниво и не е штетен по здравјето на луѓето. Тие никогаш не се обратија на научната заедница кога стануваше збор за испитување на природата на студијата од која потекнаа многу прашања”.

Тестовите биле извршени во 1929 од страна на млад истражувач по име K.C. Smithburn кој ињектирал 22 човечки субјекти кои веќе биле на умирање со 1% раствор и тогаш прогласил дека сите пациенти се со “ без ефекти на болест”

Фактот што сите починале никогаш не бил споменат. “ Очигледно е дека Lilly не сакале самите да го вршат испитувањето, студијата, бидејќи се кршат некои етички кодекси со боцкањето на луѓето и внесување на материјал во нивното тело, жива,- без разлика што тие луѓе умирале од минингитис-”-вели Вотерс. ” Она што го направил K.C. Smithburn било погрешно, бидејќи тој се согласил да ја направи студијата за Lilly, и не само затоа што се согласил да ја направи, туку се согласил да им испорача резултати за кои знаел дека се неточни.”

Едноставно нема зборови со кои би се опишало тоа што Eli Lilly& Co го направиле, со тоа што и други фармацевтски компании веќе со децении во своите производи го користат тимеросалот иако е високо токсична компонента. И не постои етичко оправдание за сегашните или поранешните администратори кои пробале и упеале да ја заштитат Lilly и другите фармацевтски компании од тужби за повредите кои се нанесени на децата кои ги користеле нивните производи.

Истражувањата кои ги водел одделот за физиологија и биофизика, факултет за медицина, при универзитетот во Калгари исто така покажуваат дека живата предизвикува невролошка дегенерација на мозокот и обезбедува важен директен доказ за тоа колку мало ниво на изложеност на жива прави голема штета на мозокот.

Конечно во 1999 беше признаено дека долгорочната изложеност на жива резултира со голема токсичност што е заеднички став на Американската Академија на Педијатри и Американските Јавни Здравствени Сервиси при што се препорачува отстранување на тимеросалот од вакцините.

Имајќи го ова во предвид, шокантно е дека CDC се уште создава вакцини со тимеросал кои служат за имунизација на децата и доста е зачудувачки фактот дека официјалните лица кои ја знаат штетноста на тимеросалот се уште немаат превземено мерки за отстранување на истиот од вакцините кои се користат во третиот свет за вакцинирање на децата. Американските официјални лица многу не се грижат за тоа што се случува со децата низ целиот свет па затоа и не се многу активни во делот на целосно исфрлање на тимеросалот дури и од клиниките.

Здравствените работници не се соочиле со вистината, тие нема да ја признаат нивната грешка, и покрај тоа што поминале многу години од 1999 сепак CDC, IOM и други важни здравствени работници тврдат дека употребата на жива во вакцините не е проблем.

Всушност, со сегашниот распоред на вакцини кои треба да ги примат деца до две години, децата внесуваат 37-75мг тимеросал, во зависност од тоа колку вакцини примиле( докторотите имаат можност за флексибилност и затоа најчесто даваат по половина доза за деца пред две години).

Многу е битно да се напомене дека и покрај тоа што САД ги трга живините компоненти од употреба во производство на вакцини кај себе, сепак тоа не ја сменува сликата на глобално ниво тоест ноќниот кошмар од последиците на тимеросалот продолжува каде децата примаат над дозволеното ниво на жива и нејзини компоненти. Dr. Boyd Haley, светски признат експерт за токсичноста на живата вели, ” Јас се срамам што нашата земја дозволува во други делови од светот да се користи тимеросалот, тоест не се расправа по однос на прашањето тимеросал и неговото отстранување”

Во САД, Агенцијата за храна и лекови вршеле истражувања за тимеросалот и заклучиле дека ризикот од примање на вакцини со тимеросал кај бебињата да предизвика несакани реакции е многу мал, сепак финалниот став на агенцијата е препораката тимеросалот целосно да се отстрани од вакцините наменети за деца.

Во Канада, има мали количини на тимеросал во две вакцини, дифтерија-полио-тетанус и хепатит Б. Некои од научниците велат дека конзервансите се обработуваат како етил жива во организмот, што е помалку опасно отколку метил жива, и истиот се исфрла од телото.

Сепак, се појавува и нова причина за загриженост во однос на безбедноста и последиците кои би можеле да бидат од повеќе-дозните, поливалентните, вакцини. Дури и вакцините кои имаат сертификат дека не содржат тимеросал , оваа живина компонента сепак се употребува во производствениот процес и од истиот остануваат траги во вакцината. Живата е опасна дури и во многу помали количини од тие кои се содржат во вакцината, и како што постојано ни се повторува од страна на медицинските здравствени агенции, работници низ целиот свет дека постои многу мал ризик од таа количина на живини остатоци и дека родителите не треба да се грижат.

Со отстранување на тимеросалот, дури и целосно, не го реши проблемот со аутизмот. Тоа доста ќе помогне меѓутоа нема да го реши проблемот со епидемијата на аутизмот. Покрај живата која и во мали дози е доста токсична, алуминиумот има слична реакција иако таа не е толку потенцирана. Кога истата се комбинира со жива, во најдобра варијанта се добива адитивна токсичност ако не и синергетска токсичност.–Dr. Russell Blaylock.

Dr Gregory Ellis се согласува со Blaylock: ” Аутизмот се шири меѓунас бидејќи тоа е резултат на 50-годишен експеримент за дозирање на секое живо суштество со прекумерна доза на токсични субстанци, вклучувајќи ги и вакцините.” Зборувајќи за нејзините аутистични паценти, Dr Stephanie Cave вели, ” Ќе бидете зачудени од фактот колку тие се хемиски отровни кога ќе погледнете на ниво на клетка.” Таа исто така рече, ” Мислам дека во иднина ќе имаме исто мислење за алуминиумот како за живата денес”.

Треба да се забележи дека тимеросалот не е единствената отровна материја која ја содржат вакцините, со тоа доаѓаме до моментот дека воопшто не сме сигурни како и колку се опасни субстанците од кои се составени вакцините и покрај тоа што живата во 1999 е прогласена за високо токсична материја таа сепак не е отстранета од целосното производство на вакцините.

” Алуминиумот се користи како додаток во вакцините поради нивната способност да ја подобрат способноста на дендричните келии за презентирање на антигени. Концентрацијата на алуминиумот во вакцините варира од 0,125 до 0,85 мг/доза, што произведува концентрација од одприлика 0,7 до 4,5 uM, ако рамномерно се распредели по телото на 7кг новороденче”, вели Dr. M. Waly од Northeastern University, кој пронашол, и при мали концентрации, клеточни проблеми кои настануваат од дејството на алуминиумот, но и од комбинацијата алуминиум-жива.

Dr. Boyd Haley во својот извештај кој го напишал на основа на лабараториски експерименти вели, ” Алуминиумот не е ни блиско толку многу токсичен за невроните колку што тоа е тимеросалот”. На универзитетот во Кентаки, тој спровел експеримент за да види дали алуминиумот би ја зголемил токсичноста на тимеросалот кој бил во многу мали количини присутен. “Резултатот е недвомислен: Со присуството на алуминиум драстично се зголемува стапката на смртност на невроните како последица од тимеросалот. Така да од овде може да се заклучи дека комбинацијата од алуминиум-тимеросал која се наоѓа во вакцините произведува токсична мешавина која не може да се споредува со состојбата на токсичност која настанува доколку телото е изложено само на тимеросал. “

Непобитен факт на денешницата е дека вакцините кои се препорачани од страна на педијатрите, а кои се произведени во САД, за тој пазар се уште содржат тимеросал, а сепак Институтот за Медицина кажува дека вакцините содржат само “траги” од тимеросал. И секако, тоа е она што тие го мислеле пред пет години. Во 1999, Dr Neal Halsey, кој е раководител на Хопкинс Институтот за безбедност на Вакцините вели дека, ” Мојата прва реакција беше едноставно неверување во тоа што се зборува, реакција која скоро кај секој кој е во светот на вакцини се појавува како нормална. Во најголем број на вакцини, тимеросалот е наведен како живин дериват. И она во што јас верував, како и секој што веруваше, е дека навистина станува збор за трага, биолошки незначајна количина на тимеросал. Моето најискрено верување е дека доколку живата била присутна во микрограми, тоа значи дека истото било со години неоткриено. Мешутоа факт е и дека никој до сега не направил точна пресметка колку точно тоа жива или нејзини компоненти има навистина во вакцините и дали тоа може да се опише како “траги” .”

Многу е збунувачко дефинирањето на траги и кое ниво на тимеросал се користи во вакцините, па Светската Здравствена Организација мораше да смисли друга терминологија за оваа кларификација. Отстранувањето на тимеросалот значи користење на истиот во производствениот процес, меѓутоа во одреден стадиум на тој процес тимеросалот се отстранува при што остануваат само траги од него.

Отстранувањето на тимеросалот или неговото намалување значи дека тој се уште се користи меѓутоа неговата количина е многу помала отколку во веќе произведените вакцини. Елиминацијата на тимеросалот значи дека тој не се користи во ниту еден дел од процесот на производство и само тогаш може да се напише на вакцината дека е thimerosal free.

Повеќе истражувачи направиле експерименти за тоа што се смета како траги од тимеросал и покажале дека баш тие траги се во толкаво количество присутни што може да предизвикаат метил-синтетичка активност и тоа и во концентрација која е под нивото на таканаречените траги кои се присутно во вакцините, вели Dr. Waly и негови соработници при Northeastern University.

Тие пронашле дека со користењето на тимеросалот како конзерванс доаѓа до намалување на ИГФ-1 нивото што и најчесто се јавува при детекција на аутизам.

Многумина велат дека обвиненијата дека тимеросалот е опасен тек треба да се докажат сепак постојат досегашни докази за тоа:

-Научни студии

-Основи на хемијата

-Докунетации

-Заедничко искуство на илјадници родители

-Податоци за илјадници смртни случаи и десетици илјадници случаи кои биле многу блиску до фатален исход, а кои завршиле со хоспитализација.Податоци кои се чуваат во државните бази на податоци.

-Неколку нови научни студии кои покажуваат како медицинските работници биле многу грешка кога станува збор за ова витално медицинско прашање.

Од причини кои може да се опишат како конфликт на интереси, алчност, игнорирање па дури и злонамерни интенции, еден од најсериозните криминали во човечката историја се изведува веќе шест декади меѓутоа најтежок е периодот во деведесетите кога бројот на вакцини кои содржат тимеросал значително пораснал.

Најсоодветен збор би бил фармацевтски тероризам- факт дека докторите, медицинските сестри и владините здравствени работници низ целиот свет се чувствуваат премногу конфорно кога вбризгуваат отрови, хемиски соединенија, во кревките тела на новороденчињата. И забарите се премногу слободни кога ставаат жива во забите на нивните пациенти иако се предупредени од федералните агенции дека треба амалгамот да го третираат како токсичен материјал кога станува збор за селектирање на отпадот.

Многумина се криви за предавство на јавната доверба, спонзорирајќи големи оштетувања и напаѓајќи ги оние кои пробуваат да ја извадат вистината на виделина, пред целокупната јавност. Во прашање е само на време кога јавноста ќе ги види и разбере кои се шарлатаните како и нивните криминали скриени преку нивното однесување. Научниот интегритет е преданост на вистината, лична одговорност и придржување кон стандардите на професионално однесување.

Вакцинирање: Скриената Вистина

Ова е доста шокантно, но и екстремно информативно виде, докуметарец, каде 15 луѓе, влучувајќи и Dr. Viera Scheibner, пет медицински лекари, други истражувачи, откриваат што навистина се случува во релацијата болести-вакцини. Иронично, меѓутоа важни факти доаѓаат од православни медицинари.Ова видео зборува за делот кој владите и другите здравствени работници кои работат на промоција на вакцините не им го кажуваат на родителите, едноставо другата страна на приказната. Резултат е нефикасноста на вакцините и нивната штетност. Доаѓаме до моментот дека родителите биле лажени, не им била кажана целата вистина, Одделот за здравје и медицинскиот естаблишмент, заедно со медицинскиот доктор, Dr. Mark Donohoe, признаваат: ” За мене е проблем што сум дел од професија која систематски ги лаже луѓето? ” Дознавме дека вакцините му шетат на нашето здравје и зошто се уште треба да бидеме вакцинирани кога реално од тоа нема потреба. Иако голем број на луѓе одбиваат да веруваат во ова, сепак документацијата која е презентирана во ова видео го смени размислувањето на многумина.

Како живата предизвикува дегенерација на мозочните неврони

Следниот краток филм снимен од Универзитетот во Калгари документира што навистина се случува со мозочните ќелии кога ќе дојдат во контакт со жива. Микроскопски е дадено како живата веднаш ги оштетува мозочните ќелии кога тие ќе дојдат во допир со истата. Ова видео ја демонстрира опасноста од користењето на тимеросалот во вакцините.

-Вакцинираните машки деца имаат дури 300% поголема веројатност да добијат АДХД

– вакцини и сузбивање на имунолошкиот систем

– вакцините против грип се неефикасни

– CDC, Центар за контрола од болести, се уште промовира опасни вакцини

-Колку долго ќе бидете во можност да го заштите своето здравје?

-Иднината на Нациите е доведена во прашање

– Да го заштитиме и негуваме здравјето

Извор: The Risks Of Vaccines Currently Outweigh Any Benefits To Human Health

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s