Мојот син има аутизам – последица на таложење на тешките метали од вакцините

Autism-Awareness-Ribbon

“И кога пред повеќе од 10-тина години се појави аутизмот кај моето дете, овдешните медицинари состојбата аутизам во Македонија ја идентификуваа со ликот од филмот Rain man. Кој знае во меѓувреме уште колку деца настрадаа тогаш (страдаат се’ уште), а зборот аутизам беше “баук” за докторите. Бар да ми ја кажеа вистината, односно состојбата. И без тоа сама се борам.”
Ова се зборовите на Љубица, мајка на 12,5 годишно дете со аутизам. А еве го нејзиното обраќање до македонската јавност, а посебно до родителите, во целост. Ви го пренесуваме интегрално:
“Деновиве ги читав сите оние обвиненија против “несовесните родители” во Македонија кои одлучиле да си ги заштитат своите деца и за своите деца да одлучуваат дали облигаторната вакцинација ќе ја спроведат или не. И како читав: “ВИНОВНА Е!”, за Наташа, за Марија, и многу други… така мојата совест како бумерaнг ми повторуваше иста фраза, ама во прво лице еднина: ВИНОВНА СУМ!
ЈАС СУМ ВИНОВНА што трчав прва кога ќе стигнеа поканите за вакцинација пред повеќе од 12 години. ЈАС СУМ ВИНОВНА што тогаш незнаев да го препознаам вистинското зло и да го заштитам својот син. ЈАС СУМ ВИНОВНА што верував на медицината која и ден денес во Македонија се прокламира како многу современа! ЈАС СУМ ВИНОВНА што слушајќи ги докторите дозволив да му се наштети на син ми , што ете, и јас сум учела колку се вакцините “добри”, колку се антибиотиците “потребни”, без нив не се може.
И ете, мојата ВИНА ја исплаќам денес со тоа што никој не ме “просветли” на време, и мојот син има аутизам.
Виктор, мојот ангел, имаше само 10 месеци кога наеднаш доби стомачен вирус, покачена темератуа, дијареја, повраќање така наеднаш, и од тогаш се’ почна да се уназадува: и проодување, и комуникација, бебешкиот говор го снема…
После 6 години прв пат дознав дека причината се вакцините и нивниот состав, и дека од таму се присутни тешките метали во крвта. “Благодарениe” на тоа, дошло до наталожување на токсините, на тешките метали, кои направиле раздотор и најголем проблем на метаболичко ниво. Син ми не можел нормално да ги исфрла тие токсини, па се рефлектирале таму каде што е најпогодно – во развојот на мозочните функции. И уште сево ова “зачинето” со пиење кравјо млеко, јадење пецива – леб од бело брашно, тестенини, потоа редовно примање антибиотици бидејќи беше постојано болникав како реакција на опаднат имунитет, наталожени вируси, наталожени токсини, и што ли уште не – а на и врз состојбата која ја има.
Дванаесет години живееме со ова ноќна мора, состојба, болест, како сакате именувајте ја… и исто толку години се справувам со општествените препреки кои секој ден се се’ повеќе и повеќе, па и спринтер да сте ќе паднете на некоја. Изгубив скапоцено време шетајќи се по нашите здравствени институции, од како син ми наполни 2 годинки. Се каам што тогаш не сум ја напуштила земјава, ама ете, не сум знаела што е тоа аутизам, а впрочем и никој од докторската фела во Македонија не знаеше – за нив аутизам беше ликот од филмот Rain man. Се посомнева само еден професор на катедрата по дефектологија, ама изговорот беше: мало е детето, да не биде етикетирано. Никакви конкретни работи не ни посочи, освен да си најдеме дефектолог. А кога би знаеле само колку работа има со овие деца… Сега си велам, подобро ќе беше да го “етикетираше”, бар со син ми веднаш ќе почневме да работиме, да посочеше што точно треба да се прави, да му помогневме уште додека е мал. Но ете, толку им било знаењето… Исклучок од таа фела тогаш направи еден логопед од Неготино, таа прва се осмели во очи да ни каже ДА, тоа е аутистичен спектар, и дека треба многу работа со овие деца. И од таму почна нашиот макотрпен процес за оправање, посетување семинари и осознавање што е тоа аутизам. Тогаш, едноставно прекинав со липање и кукање, и тргнав во оваа битка која “благодарение” на задолжителното вакцинирање и денес ја бијам, а се вика:
– 20 суплементи на дневна база веќе 5 години;
– 130 сесии во хипербарни комори;
– детоксификации;
– 2 снимања на мозок – магнетна резонанца;
– 1 СПЕКТ скен;
– 1 анализа на крв во Германија;
– ниво на Литиум, Витамини К, Д, Б12 во крв;
– 2 анализи на аминокиселински статус во крв и урина;
– 1 анализа за нетолерантност на глутен и казеин;
– Проверки на кандида;
– 4 анализи на Нагаласе во крвна плазма;
– 4 набавки на Gcmaf (тука медицински не би објаснувала што е тоа);
– 11 години приватни логопедски и дефектолошки третмани;
– 5 години приватни часови по фитнес и пливање;
– 5 години приватни консултации со експерти од странство;
– 5 години борба со образовен процес иако станавме писмени, ама неможеме да ја разберема Повелбата за правата на децата на УНИЦЕФ;
– 4 години придружба секојдневна на училиште, итн, итн…
Долго име за една битка, за една пеколно скапа битка, која секојдневно ја вoдам со единствена цел и надеж за подобрување на состојбата на син ми, иако сум свесна дека проблемот е доживотен.
А помислете само колку оваа битка чини…
И како едно општество, нашето општество, во кое и јас секојдневно творам – работам, плаќам даноци, успеа така едноставно да наметне такво зло, па дури и Законски да го имплементира како облигаторен процес од здравствен интерес? Интерес очигледно е дека има, ама од личен карактер, и веќе тајна не е – знаеме кој има од тоа добивка.
И по се ова едно ме интересеира: дали некој овде, во оваа Македонија чувствува грижа на совест? Дали има елементарна човечка потреба, потреба каде треба да се изрече простум: извинете, згрешивме…? Има ли свест за грешките барем? Мене во суштина извинувањето и не ми значи. Зошто вакво нешто едноставно не можам да простам: за чедото мое се работи. Ами на син ми?
Родители, штитете си ги вашите деца, затоа што тие се само наши, а не на фармацевтската индустрија, не се на МЕРК, ниту на ГЛАКСО, не се државни, ниту пак на Институт за Јавно Здравство, не се деца на Завод за ментално здравје, и не се деца на сите институции кои така бездушно ни судат!

Родителот беше дел од мирниот собир на 10 Мај 2015 година – ЗА ПРАВОТО НА ИЗБОР !

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s