Незапишувањето на невакцинирани деца во градинките е кривично дело – казната затвор изнесува од три месеци до три години

Незапишувањето на невакцинирани деца во градинките е кривично дело – 
Казната затвор изнесува од три месеци до три години

Здружението на граѓани за заштита на човековите права “Здравје со игла не влегува“ ја информира јавноста дека уште на почетокот на јуни годинава до Народниот правобранител поднесе Претставка против сите оние Јавни установи (Детски градинки) поради дискриминацијата врз основа на вакциналниот статус на децата при упис во градинките и повреда на членот 60 став 8 од Законот за заштита на децата, односно против условувањето на родителите, задолжително да ги вакцинираат децата,  доколку сакаат децата да ги запишат во Детска градинка, наводно со објаснување дека тоа било подзаконски регулирана обврска од надлежните министерства (Министерство за труд и социјална политика и Министерство за здравство). По ова беше отворен предмет кај Народниот правобранител за постапување во врска со оваа Претставка. Во правната регулатива на Република Македонија не постои правен пропис, со кој децата мораат да бидат вакцинирани со определена вакцина, за да бидат примени во градинка, единствено што е потребно е да се провери вакциналниот статус на детето. Истото може да се види и од писмото кое е добиено од страна на Министерството за здравство, кое не го негира истото.

File0030

File0032

Исто така, информираме дека по однос на оваа претставка беше одржана и средба кај Народниот правобранител на претставници на нашето здружение, Народниот правобранител и (само) претставник од Министерството за здравство (на средбата иако беше најавена да учествува Јадранка Костова, таа не дојде туку дојде нејзин  помошник или заменик). Притоа на средбата беше кажано од претставникот на МЗ дека наводно од овој ресор, не постои подзаконски акт за потребата да се има примено некоја  вакцини, и истото да претставува задолжителен услов за да може детето да се запише  во Детска градинка.  Покрај ова, по сугестија на Народниот правобранител беше побарано да се испратат од наша страна дописи до двете министерства (МЗ и МТСП) писмено да се произнесат околу (не)постоењето на подзаконски акт или друг облик на норма со која им се наложува на Детските градинки (јавни установи) да не ги примаат во градинка невакцинираните деца. Претставките беа поднесени на 30.06 годинава. На 31.08.2015 година, од страна на Министерството за здравство беше одговорено дека, согласно правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот и изведување и водење на евиденција и документација(Сл. Весник на РМ бр. 65/10), при упис во градинка единствена надлежност што ја имаат градинките е да го проверуваат вакциналниот статус на децата, и ништо повеќе. Тоа значи дека не постои никаква обврска на родителите, задолжително да ги вакцинираат своите деца, како услов, за да можат да ги запишат во градинка своите деца. До овој момент, од страна на ресорното Министерство за труд и социјална политика,  ниту нашето Здружение, ниту Народниот правобранител немаат добиено никаков одговор по однос на проблемот. Целосен молк!

Со оглед дека и наспроти сето ова се уште во одредени Детски градинки (јавни установи) се вршат притисоци, односно се малтретираат и уценуваат родители на деца кои не се вакцинирани, демек доколку не ги вакцинираат децата нема да им бидат запишани во градинките, сакаме дополнително да информираме за следното:

Бруталната институционална малоумност не може да го дерогира Законот за заштита на децата, и истата не може да се толерира. Имено во член 60 став 8 децидно стои “Родителите се должни при приемот на детето во градинка да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето, односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост“ – и толку. Во член 4 од овој закон, пак, стои: “Во примената на одредбите од овој закон се тргнува од принципите на заштита на правото на живот и развој на детето, заштита на најдобриот интерес на детето, обезбедување минимум стандард за секое дете под еднакви услови, исклучување на каква било форма на дискриминација, почитување на правото на детето на слобода и образование, услови за здрав живот и остварување на други социјални права и слободи на детето“.

Со нормативните одредби во членовите 12 и 13 пак од истиот закон се  “забрануваат“ секоја форма на дискриминација или друг “статус на детето или на неговите родители…“, но и секаков вид на “директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварувањето на правата и облиците на заштита на децата …“, со таксативно законско дефинирање на јавните установи.

Но независно што не постои законски регулирана обврска за задолжително вакцинирање при упис во детска градинка во овој Lex specialis сепак во реалноста трендот на сеопшто институционално малтретирање и изживување врз граѓаните продолжува и по однос на овој проблем. Родителите се уценуваат и принудуваат со усни елаборации и оправдувања дека така е наложено “од горе“ да ги вакцинираат децата доколку сакаат да им бидат згрижени во одредена градинка.

Според Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот и изведување и водење на евиденција и документација,  при што  член 84 став 1 точка 2 гласи, „Вакциналниот статус се проверува: При запишување во сите видови предучилишни установи“. Истото може да се види и од дописот добиен од страна на Министерството за здравство каде што вакциналниот статус при запишување на децата во  градинките, единствено се проверува, проверката не значи задолжителност да се има примено вакцини, и не значи дека градинките можат да вршат дискриминација на децата, поради непримена вакцина.

Било каква спротивно тврдење на било кој вработен во градинките, во тој ист момент станува сторител  на  две кривични дела согласно Кривичниот законик на РМ, и тоа  кривично дело Повреда на рамноправноста на граѓаните, казниво согласно член 137 од Кривичниот законик на РМ и кривичното дело Несовесно работење во службата, казниво согласно член 353-в од Кривичниот законик на РМ. За двете дела, поединечно, казната затвор изнесува, од три месеци до три години.

Иако задолжителното вакцинирање кое за нас како здружение не е ништо друго освен официјализирано со закон труење на децата, сепак во поглед на уписот во градинки “институционалните експерти“ и нивните “институции“ се едноставно без “законска“ аргументација. И иако тој факт не ги спречува “надлежните“ – во манир на класично подземје – преку “налози од горе“ да ја туркаат оваа бесрамна форма на дискриминација врз децата, нашето Здружение апелира до родителите да имаат предвид дека сето тоа е незаконски, нерегуларно, се разбира вулгарно и безобразно, и да не наседнуваат на таквите дискриминаторски форми на закани, уцени и притисоци.

Исто така апелираме до сите “институции“ како и “параинституционални“ вљубеници во вакцините и рестото “експерти“ доколку се најдат погодени од ова наше јавно обраќање, во својот одговор да се потрудат макар малку од малку да најдат валидна аргументација околу оваа проблематика оти немаме повеќе ни време, а ни трпеливост да ги слушаме нивните рекла/казала медицински тралалајки и слични маломозочни експертизи за оправдување на актуелниот вакцинален геноцид што им се прави на нашите деца, а кој инаку во западноевропските земји не постои.

Сите родители кои ќе наидат на некаков проблем во врска со запишувањето на своите деца во градинка, поради вакциналниот статус на нивното дете, слободно нека ни се обратат, а се со цел да Ве упатиме, какви треба да бидат вашите следни правни постапки.

Со почит,

Здружението на граѓани за  заштита на човековите права
Здравје со игла не влегува

4 thoughts on “Незапишувањето на невакцинирани деца во градинките е кривично дело – казната затвор изнесува од три месеци до три години

  1. Pingback: Makedonija: Neupisivanje necijepljene djece u vrtić je kazneno djelo – kazna zatvora od tri mjeseca do tri godine | Cijepljenje.info

  2. Колку што разбирам, она што е поразлично денес е единствено дописот испратен од Министерството за здравство до градинките да не примаат невакцинирани деца. И
    тие нормално, постапуваат така. Дали нешто презема Здружението по однос на ова? Знам за писмото до училиштата за да нема принудна теренска вакцинација, но што е со градинките? Адресата на која треба да се обратиме не се градинките, секако, но дали се подготвува документ до Министерството или повторно претставка до Народен правобранител? Се извинувам ако сум го пропуштила, а постои.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s