Др. Палевски (педијатар) – Митовите за вакцините

12080184_450660941802166_8485153406128237688_o

Експерт во областа на педјатријата ги разоткрива миотвите за вакцините

Д-р  Палевски е лиценциран педијатар кој го добил своето образование на Факултетот за медицина во Њујорк и е еден од водечките лекари во земјава кои, од моја (*) перспектива, може непобитно и целосно убедливо, јасно и гласно, научно да го оправда фактот зошто е неопходно сериозно да се разгледа за вакцинација како опција за систематска превенција од многу заразни болести.

Разликата помеѓу наученото за време на обукастудирањето и она што функционира во пракса

Д-р Палевски вели: “За време на моето студирање ме учеа дека вакцините се сосема безбедни и ефикасни, и всушност, сум немал причина да мислам поинаку. Сите достапни информации, беа стандардни во сите медицински училишта и универзитети, научната литература и науката во сите краеви на земјата. Немав причина тоа да го доведам во прашање.

Со текот на годините  работев како лекар и користев вакцини, а при тоа бев убеден дека мојот пристап со истите е целосно во согласност со она што сум го научил.

Но, со текот на времето се повеќе согледував дека моето гледиште на светот, моето искуство од  користење на вакцините и истражувањето за истите, од искуството на родителите, се е многу поразлично од она што ме учеле цело време во текот на школувањето.

… И стануваше се појасно, како што го проучував разни студии, слушав се повеќе и повеќе родители, како и дискусиите на другите колеги кои изразија загриженост со оглед на тоа дека врз основа на моментално достапната литература, не е докажана комплетна ефикасност и безбедност на вакцините. Утврдено беше дека научните студии кои ни се дадени не биле доволно адекватни за да се докаже и тестира на сигурноста и ефикасноста од вакцините.

Воедно сватив дека одделните компоненти на вакцината не се соодветно тестирани, дека референтните вредности и споредбите не се правилно поставени и дека заклучокот за безбедноста и ефикасноста на вакцините, едноставно не ги исполнува одредените научни стандарди кои ги имав усвоено во текот на студирањето. ”

Дали навистина вакцините се заслужни за искоренување на одредени болести?

“Конвенционалната медицина не учи дека епидемиите како полио и сипаници  исчезнале благодарение на вакцинацијата и дека повеќето заразни болести со кои сме се соочиле во 20 век во САД се во опаѓање или речиси целосно исчезнале, благодарение на силата и издржливоста од  воведувањето на политиките за вакцинација.

Истовремено,  постојат голем број на студии во медицинската литература, кои всушност покажуваат дека постојат многу други причини кои придонеле за падот и исчезнувањето на овие болести. На пример, постои една статија објавена во 2000 година во списанието Pediatric Journal, која опишува како повеќето заразни болести познати во САД, како што се дифтерија, тетанус, полио, голема кашлица, мали сипаници, грип, туберкулоза и шарлах, веќе биле во опаѓање пред Втората Светска војна и пред појавата на антибиотици и вакцини против овие болести.

Намалувањето на стапката на инциденцата и морталитетот од овие болести се главно резултат на воведувањето на стратегии за јавно здравје, вклучувајќи:

  • Вода за пиење;
  • Подобри услови за живот;
  • Подобар здравствен систем;
  • Подобрена исхрана,
  • Постојат голем број на такви примери. “

Дали навистина се спроведени валидни научни студии за безбедноста на вакцините ?

 

Од каде толку голема разлика во ставовите во врска со безбедноста и ефикасноста на вакцината помеѓу  интелигентни, објективни и посветени научници и лекари?

Д-р Палевски  вели: “Мислам дека ако ги прашате повеќето од моите колеги, каде тие ги добиваат информациите, поголемиот дел ќе одговорат дека се информираат преку Американската академија за педијатрија, потоа АМА, ЦДЦ, и нивните печатени изданија. Но, јас со задоволство би им препорачал директно да ги  погледнат студиите, всушност  директно да проверат  дали соодветните научни истражувања се спроведени на соодветен примерок и со соодветна контрола. Дали составот на вакцините е истражен на соодветен начин?  Има ли разлика во начинот на изложеност на вируси, бактерии, тешки метали и токсини, изложувајќи се надвор преку воздухот, храната, кожата, внатрешните органи, наспроти изложеноста преку директно вбризгување во телото? Дали сме навистина свесни за она што се случува со состојките од вакцината, кои што одеднаш ги внесувааме во едно дете? Дали сме сигурни дека антителата се способни да му обезбедат на детето заштита од болести?

Се повеќе студии покажуваат дека:

  • Соодветни студии не се спроведени;
  • Антитела не се единственото нешто што го штити нашето тело;
  • Постои разлика во начинот на обработка на материјал кој се внесува во телото преку храна или воздух, и материјалите внесени со вакцината;
  • Постојат честички во вакцините кои се акумулираат во нашето телов, а кои предизвикуваат оштетување на имунолошкиот систем;
  • Вакцините содржат честички кои се акумулираат во мозокот;
  • Вакцини содржат туѓи ДНК честички, кои со вакцинација доаѓаат во нашето тело.

За голем број на здравствени работници шокантно е сознанието дека, всушност, не постојат доволно информации во врска со безбедноста и ефикасноста на вакцината, како што постојат опремени информации кои навистина предизвикуваат сомневање во врска со безбедноста и ефикасноста на вакцините, со што го наметнуваат прашањето дали таквите анкети се спроведени правилно.

Она што моментално го имаме е еднострана политика; едносмерен начин на размислување, врз основа на кој е невозможно да се развие здрава дискусија. Науката навистина е област каде што може да поставувате прашања, да ги најдете одговорите, каде што нема ефект на пристрасен човек кој што може да го промени одговорот или заклучокот. Што не е случај со вакцините. ”

Една забелешка од лично искуство. Неодамна добив Visionary Award на конференцијата NVIC на во Вашингтон. Мојот говор беше многу емотивен, се расплакав раскажувајќи и на публиката како се чувствував кога сфатив дека со рутинската вакцинација на илјадници деца во мојата клиника, всушност, може и сум нанел штета на некои од нив.Беше прилично тешко да се прифати тој факт, како на интелектуалнотака и на емотивно ниво.

Како лекар на конвенционалната медицина ја прифаќа можноста за негативни ефекти од вакцините?

Д-р Палевски своето истражување сериозно го започнал пред околу 10 години, откако увидел дека родители доаѓаат со жалби и загриженост  дека нешто се случило со нивните деца по вакцинацијата. Интересно е тоа што и самиот доживеав просветлување на темата за вакцините, преку загриженоста на една истрајна мајка за чие семејство се грижев. Таа беше упорна во потенцирањето на докази и фала му на Бога што сум ја слушал!

За жал, повеќето лекари се прилично арогантни, за воопшто да ги земат во предвид можностите дека нешто можеби не е во ред со вакцината. Повеќето педијатри се индоктринирани да им кажат на родителите дека сите негативни последици по вакцинацијата се чиста случајност. Но како тоа има толку “случајности” ? вели Палевски.

“Болно е  да видите многу од деца кои имале нормален развој, кои биле добро, деца кои зборувале, а  на кои одеднаш им исчезнува гласот и повеќе немаат контакт со очињата, кои стануваат отсутни, кај кои се развива астма и алергии, и кои незнаат што понатака заради тоа што им велат нивните лекари – тие не знаат за што зборуваат. Овие деца се реални.

Литературата покажува дека има промени во имунолошкиот статус кај децата кои се вакцинирани, особено ако тие биле вакцинирани пред првата година дури и оние кои се стари само еден ден. Литература е на располагање. Тоа е добра, научна литература, и покажува дека има се повеќе и повеќе такви  деца, кои што имаат хронична болест или различно оштетување на имунолошкиот систем. Дали вакцините се причина или последица, стручна литература, вели дека истите имаат улога во активирањето на штетите предизвикани на имунолошкиот систем.

Кога ќе погледнете во истражувањата што ги објавува Американската академија за педијатрија и ЦДЦ, кои велат дека не постои врска меѓу вакцините и аутизмот или вакцините и астмата, морам да нагласам дека овие студии, едноставно, не се во согласност со научните стандарди.

Не може да има истражување на 25 деца и потоа да се пријави дека истражувањето потврдува дека не постои врска меѓу вакцината и нивното боледување од аутизам. Ова е токму она што медиумите го објавуваат, вадат вакви истражувања и ги објавуваат во весниците со сензационален наслов “Вакцините не предизвикуваат аутизам.” Но, ако сериозно ги проучите истражувањата , во кои не постои соодветна контролна група, во кои за испитување се зема примерок од, на пример, само 25 луѓе, јасно е дека не можете да се подготви сензационален, генерален заклучок за општата популација, бидејќи во студијата се вклучени само 25 деца . ”

НЦИВ е одлучен да спроведе револуционерно истражување за безбедноста на вакцините

Националниот центае за информации за вакцините ја зголеми сумата на 100 000 $ и продолжува  со барање на донации и спонзори, со што би ги осигурал независните адекватни истражувања, од страна на независни истражувачи кои не би манипулирале со резултатите. Постои едно истражување кое ја споредува здравствената состојба на вакцинираните и не вакцинираните деца. Истото е објавено во списание за Алергии и клиничка имунологија во април 2005 година и ги покажа здравствениот статус на деца кои се вакцинирани со редовна програма за вакцинација, децата кои беа делумно вакцинирани и децата кои не се воопшто вакцинирани.

Истражувачите побарале родителите да ги пријавуваат само атопичните реакции како што се алергии, астма, егзема, висока температура. Тие немале информации за тоа во која категорија припаѓа детето, па според тоа, тие не би можеле да манипулираат со резултатите, во зависност од тоа дали детето било вакцинирано или не.

Кога ги собрале потребните информации и ги утврдиле фактите, тие откриле дека повеќето пријави од родителите чии што деца имале атопична болест се всушност родителите на децата кои се вакцинирани по календар, односно се целосно вакцинирани. Потоа вториот по ред број на пријави биле на родителите чии деца биле делумно вакцинирани, а најмал број на пријави имале родителите чии деца не се воопшто вакцинирани.

Научниците спровеле статистичка анализа со цел да се провери дали податоците се базираат на случајност или на реална статистичка разлика, при што заклучиле дека постои статистички значајна разлика меѓу итражуваните групите. Тие не можеле да објаснат како тоа е можно, бидејќи општо прифатено е дека вакцините се целосно безбедни и ефикасни.

Врз основа на овие првични резултати, потребно е да продолжи да се истражува оваа тема и да се повторува истото прашање, да се повтори таквото истражување на различни популации, во различни делови на земјата, додека не се открие вистината.

Д-р Палевски вели: “Овде, секако, се покренува прашањето на посебни интереси, прашањето за парите, прашањето за политика, прашањето за износот на пари кои ги заработуваат производителите на вакцините, прашањето за лекарите кои одлучуваат за вакцините и колку пари тие може да заработат. Но нам ни е потребна наука, а не различни теории на заговор. Доколку се задржиме само на прашањето на науката и се нагласи потребата истата да го поткрепи прашањето, ќе се види дека на темава и недостасува итражување, и дека е неопходно да се направи многу повеќе. Да бидеме истрајни до крај “.

Дали одредени вакцини се побезбедни од другите?

Многу од луѓето можат да бидат изненадени од одговорот на др. Палевски: ” … Во моето истражување за вакцините, со оглед на основните знаења за микробиологија и вирусологија, кои ги учев за време на студирањето, не можам да разберам како вакцината со вирус може да биде безбедна”. Она што многу луѓе не го знаат е дека самиот вирус не е “жив”, се работи само за еден мал дел од РНА или ДНК вирус и како таков не може да “направи” нешто.

Всушност тој е толку мал што може да се види само под електронски микроскоп. Тој е далеку помал од бактерија, која може да се види под обичен микроскоп. Значи, вирусот не може да биде изолиран во подготовката на вирусна вакцина. Се она што може да биде изолирано е ткиво, било да е тоа човечко или животинско ткиво, за кое се верува дека е заразено со вирус кој се настојува да се изолира.

Значи, кога ќе се добие вирусна култура или збир на култури кои вклучуваат специфичен вирус, имаме вклучено ДНК од луѓе или животни, кои веќе биле заразени. Тогаш овие клетки се земаат и се одгледува во животински клетки како на пример бубрег од мајмун или пилешки ембриони. Измешани, овие ќелии ќе се поврзат и ќе растат заедно, што значи дека ДНК на животните своите ќелии ќе ги измеша со ДНК на клетките инфицирани со вирусот (на луѓето и животните).

Значи, по дефиниција, вирусната вакцина содржи туѓи животинска, дури и туѓа човечка ДНК. Ова е причината зошто, на пример, ако имате алергија на јајца, не би требало да примите одредени вакцини за кои се знае дека содржат  протеини од  јајце во неа. Значи, прашањето само се наметнува: Колку е безбедно преку вакцината да се внесе вирусна материја вградена во ДНК со туѓи клетките на ДНК? Кои испитувања се направени, кои покажуваат што точно се случува, дали туѓата ДНК влегува во нашето тело, останува ли во нашата ДНК, доаѓа ли до мозокот, и дали има животински вируси кои се специфични само за животинската ДНК па да се истражува со тие податоци за почеток?

Опасностите од адитивите

 

Адјувансите (адитиви, конзерванси) се користат во вакцината за да се индуцира доволно силна реакција, т.е, реакција на имунолошкиот систем. Адјувансите го зголемуваат имунолошкиот одговор на телото. Сепак, постои јасен доказ дека адитивите како алуминиум и сквален нанесуваат штета на имунолошкиот систем. Значи, освен тоа што ги примате саканите антитела, истовремено го оштетувате и имунолошкиот систем. Ова е особено битно за децата, со оглед на тоа дека може да се предизвика развој на хронични болести.

Др. Лоренс Б. Палевски

Иницијативата за информирана согласност

Значи ли тоа дека никогаш не треба да се вакцинира против ништо?

Д-р Палевски вели:.. “Ова е нешто за што треба да одлучат родителите. Јас навистина се залагам за  информирана согласност и целосно ги подржувам родителите кои добро проучиле се и се во можност самостојно да одлучуваат. Кои се можните ризици на болеста?  Кои се можните исходи по здравјето на детето, ако детето заболи од некоја болест? И колку знаете за овие ризици во споредба со ризиците од вакцинацијата и несакани ефекти кои може да се појават како реакција на вакцината против еден или повеќе болести? И кога на родителите им се дадени двете информации, кога се запознаени со сите резултати за на нив да донесат информиран заклучок? Тогаш, повеќе не е на мене да им кажам дали да се вакцинира или да не се вакцинира, дека мора да се даде на детето одредена вакцина, а друга некоја не,  затоа што секој родител треба да биде информиран и да донесе одлука врз основа на разбирање на она што што може или не може да се случи, што наука има на располагање и она со што тие може да се носат, науката и исходот од болеста од една страна или науката и несакани ефекти од вакцината на другата страна. ”

Што може да ни кажете за вакцината против свински грип?

Слушајќи го мноштвото на други здравствени работници, вкличувајќи се и себе, др. Палевски се грижи дека нема доволно научни испитувања, кои докажуваат дека вакцините се здрави, дури и дека се ефикасни. Тој вели: “Ако го прочитате она што стои на амбалажата на вакцината против свински грип, пишува дека вакцината е против свински грип или H1N1, вакцина произведена во истиот производен процес како и обичната вакцина против грип. Што значи, бидејќи веруваме дека вакцината против грип е доволно тестирана и сигурна, може да заклучиме дека вакцината за H1N1 е подеднакво сигурна. Но јавноста секако мора да знае дека, иако нашите власти јавно тврдат дека H1N1 вакцината е сигурна, не се спроведени поребните истражувања. И не е во ред, да се тврди на родителите и на јавноста дека, доколу заболите од грип, тоа би бил H1N1. Во направените истражувања, на луѓето кои биле заболени од грип  и имале натечен нос, пронајден е H1N1.

Она што недостасува во таквите податоци е популацијата на здрави луѓе кои немале симтоми на грип – со што би се утврдило дали и тие во носот имаат присуство на H1N1, зашто, ако некој е болен  и во носот има H1N1, тоа всушност не значи дека H1N1 ја предизвикува болеста.

Навистина е потребно да се земе соодветна контролна група, со што би се утврдило дали вирусот е присутен кај луѓето, дури и ако не се болни. Значи, тој податок го немаме и затоа не знаеме. Мислам дека не сме во можност  да докажеме квалитетна научна исправност, дека кај луѓето кај кои е дијагностициран H1N1, всушност истиот е и причината за болеста. ”

Друг начин за заштита од грип

Повторуваме, постојат јасни докази во медицинската литература кои докажуваат на тоа дека, соодветната хигиена, доволен сон, добрата исхрана, доволно витамим Д и витамин Ц, всушност може да ја спречат инфекцијата со вирусниот грип.

Многумина инсистираат на тоа дека вакцинираните поединци “ги штитат” невакцинираните од вирусниот грип кој, во суштина остваруваат предност со заштитата која ја одбираат за себе, истовремено изложувајќи ги другите на опасност. Но дали тоа има смисла? Др. Палевски вели: ” Како вакцинирањето против вирусниот грип ве спречува да не внесувате вирус во носната шуплина? ” Но сепак тоа е она во што многумина веруваат.

Концептот за колективен имунитет – измама!

Еден од главните аргументи за да се оправда оваа бесмислено однесување е “стадо имунитет или колективен имунитет”. Факт е дека вакцината не оневозможува внесување на вирус или бактерии во носот, грлото, цревата, респираторните патишта, кожата и насекаде во телото. Но, многу луѓе не се свесни за важноста на овој факт, а се убедени дека тие се заштитени со вакцинација и со тоа, не можат да бидат носители на вирусот, а ана сето тоа веруваат дека со тоа се заштитуваат и другите. Ова верување не се заснова на било каков научен факт.

Д-р Палевски објаснува: “Целиот концепт на колективен имунитет е многу интересен, бидејќи сме учеле  дека колективнот имунитет настапува откако  одреден процент од населението ќе добие активна болест.  Затоа, тој одреден процент кој ја прележал активната болест, влијае на заштитата на останатото население кое сеуште не ја прележало болеста. Така, популацијата која ја прележала болеста, ја штити популацијата која што не ја прележала болеста.

Во истражувањето на вакцините, со методот екстраполација заклучивме дека со вакцинирање на одреден процент од населението, се влијае на заштитата на оние кои не се вакцинирани. Но, тоа не се покажа како точно. Бидејќи вистинскиот “стадо имунитет”, т.е колективниот имунитет се базира на активна болест, а ние знаеме дека и покрај сето она што сме го учеле, вакцинирањето не ја имитира реалната болест.

Значи, не можеме да го земеме истиот модел за колективен имунитет во случај на природни болести и кога станува збор за методот на вакцинација. Но, за жал, баш тој модел се користи и покрај фактот дека нема никаква научна позадина. Она што јас го сметам за најинтересно кај концептот на колективен имунитет е тоа дека не се почитува фактот дека вирусите и бактериите имаат свој животен циклус, и дека процентот на заразено население можеби нема никакво влијание на тоа дали ќе се активира или не.

Само погледнете ја појавата на САРС. Вирусот од кој требаше да се плашиме не инфицирал ниту 70 или 80% од населението, кој потоа ќе влијае на колективен имунитет и на овие 20 или 30% кои не ја добиле болеста. Ова се случило, бидејќи самиот вирус имал свој животен циклус т.е се појавил и исчезнал без значителен број на инфицирани. Не се создаде колективен имунитет, но вирусот сам од себе исчезна.

Пропуштивме да го земеме во предвид животниот циклус на вирусот, и тоа дека се поврзани со други организми покрај нас. Нешто ги активира, нешто ги спречува, и тоа не мора да има никаква врска со процентот на луѓе кои болеста ја пребродиле или биле вакцинирани.

… Апсурдно е  да се мисли дека вакцинираните деца веќе не се носители на вирус или бактерија против која се вакцинирани. Всушност, ако децата се вакцинирани, зошто родителите или претставниците на јавното здравство се плашат дека децата кои не се вакцинирани носат такви бактерии или вируси, а нивните деца не, кога тие треба да бидат спокојни, бидејќи нивните деца се вакцинирани и заштитени? Може тоа  и на овој начин да се види.

Не може вие да вакцинирате сигурни дека вашите деца се заштитени, а потоа да се чувствувате загрозени, бидејќи некаде некое невакцинирано дете носи некој скриен организам  кој што го нема никој друг. Тоа едноставно нема никаква смисла. ”

 

Разликата помеѓу природниот имунитет и имунитетот, предизвикани од вакцинација

Важно е да се разбере дека природната болест има многу поголемо влијание врз здравјето на луѓето.

Д-р Палевски вели: “За време на моето школување, моите ментори во своите 40-ти, 50-ти па се до 80-тите години, во нивната пракса, гледале деца кои уредно ги добивале овие болести како што е грипот, кои успешно биле третирани со одмор, течности  и соодветна исхрана. Овие деца имале поинтензивен развој по крајот на болеста. Секако, мора да се каже дека вирусните заболување имаат влијание на зајакнувањето на имунолошкиот систем на децата. А ако не им се дозволи да заболат, што всушност правиме со нивниот имунитет? Нели го пореметуваме всушност нивното целокупно здравје? ”

Мора да се разбере дека постои значајна разлика меѓу имунитет стекнат природно и имунитет стекнат преку вакцинација. По раѓањето на детето, децата развиваат природен имунитет преку  дишење, јадење и допирање стотици, илјадници, милиони, па дури и илјадници милијарди микроорганизми. Со помош на слузницата на дишните патишта, на цревниот ѕид, кожата, нивниот имунолошки систем ги штити од влијанието на надворешниот свет. Имунолошкиот систем кој се наоѓа на ѕидовите е многу важен за формирањето на меморијата и заштита на организмите кои постојано дишаат, јадат и допираат. Имуниот одговор има домино ефект да се создаде уште меморија и имунолошки реакции кои на телото ќе му дадат антитела и заштита. Ова е многу важен чекор како имунолошкиот систем на децата созрева. Системот со  развиен имунитет добива информации од ѕидовите, испраќа сигнал до другите делови на имунолошкиот систем и создава имунолошка реакција, меморија и антитела.

Кога од друга страна, внесувате материјали во телото директно инјектирани, премостување важен прв чекор наречен “првата линија на одбраната.” Со вакцинација само создавате антитела. Тоа нема ефект на создавање на долгорочен имунитет, поради тоа што не се создава меморија што е создадена природно кога дишете, јадете или се изложени преку кожна болест и минувате низ природниот тек на болеста. Некој сега ќе тврдат дека ова е причината зошто имаме вакцина во форма на спреј за нос. Сепак, да претпоставиме дека никогаш не сте биле изложени на вирусот, во одреден момент, а исто така претпоставувате дека изложувањето на вирусот автоматски доведува до инфекција, која не е потребна. Состојбата на вашиот имунолошки систем има мноштво ефектите врз тоа.

Опасностите од комбинираните вакцини

Една тема која често се игнорира е потенцијалната штета од комбинираните вакцини, кои никогаш не се испитувани. Никој не знае дали постои интеракција меѓу вирусите и бактериите во вакцините кои се регистрирани во распоредот за вакцинација на децата, или дали постои интеракција меѓу траги од тимеросал (која се ‘уште може да се најде во некои вакцини) или големи количини на алуминиум во повеќето од нив.

Д-р Палевски вели: “Научникот Бојд Хејли, кој всушност проучувал некои од состојките на вакцината, т.е (1) што се случува со нервните клетки кога лабораториски се вбризгуваат со одредени состојки од вакцината, и (2) што се случува со нервните клетки, кога им се додаваат и други компоненти од вакцини.

Тој покажа голема оштета на нервните клетки во случај на присуство на тимеросалот. Кога на тимеросалот се додаде и алуминиум, потребно е помалку тимеросал за да предизвика оштетување на нервните клетки и на имунолошкиот систем. А потоа, ако се додаде неомицин, антибиотик во некои вакцини, тој ја потенцира можноста за оштетување на нервните клетки, заедно со алуминиумот и живата.

Кога ќе имаат култура на невронските клетки со тестостерон наспроти невронските клетки со естроген, и ги изложите на некоја компонента од вакцината, како што е тимеросал, вие всушност може да видите дека нервните клетки со тестостерон се оштетени повеќе, во поголеми размери, наспроти нервните клетки со естроген. Ова предизвикува загриженост, бидејќи гледаме дека соодносот на деца со невроразвојни нарушувања е 4: 1, момчиња наспроти девојки. Па така се покренува прашањето дали тестостеронот ги прави децата повеќе ранливи на изложеност на токсини како што се жива, алуминиум или комбинација од нив?

Ниту една од овие студии не е направена врз луѓето. Луѓето велат, “Не може да се направи овој вид на истражување.” Јас сум заинтересиран, “Зошто да не?” Тие велат: “Тоа не е етички”. Велам: “Па, ако не е етички да се направи такво истражување за адитивите во вакцините и нивните комбинации, исто така е не е етички да се даваат и вакцините во целина.” Значи, ни недостига богатство на важни податоци во кои што не можеме да веруваме, но и податоци кои не може да се соберат, бидејќи поголемиот дел од истражувањата се спроведени од страна на самите производители на вакцините. ”

За д-р Лоренс Б. Палевски

Д-р Палевски е лиценциран педијатар кој има сеопфатен пристап кон детското здравје и болестите. Тој  дипломирал на Факултетот за медицина на Универзитетот во Њујорк во 1987 година,завршил тригодишна педијатрискаспецијализација во  болницата Mount Sinai во Њујорк во 1990 година.Од 1990 до 1991та стажирал како педијатар во амбуланта во оддел во Белви болницата во Њујорк.

Од 1991 година, неговите клинички искуства вклучуваат работа на педијатриските одделенија за итни случаи и интензивна нега, на полето на клиничката и надвор од клиниката педијатрија, неонатална интензивна здравствена заштита, грижа за новородените и работа во родилната сала, т.е конвенционална, холистичка и интегративна педијатриска приватна пракса во Центарот за здравство и лекување- медицинска установа за интегративна и комплементарна заштита – поврзани со Бет Израел медицинскиот центар во Њујорк. Д-р Палевски е член на Американската академија за педијатрија, ко-основач и претседател на Здружението на холистичките педијатри (www.hpakids.org) и поранешен претседател на Американското холистичко медицинско здружение (www.holisticmedicine.org).

Во својата сегашна ординација во Нотпорт, Лонг Ајленд и Менхетн, Њујорк, д-р Палевски нуди консултации и образовни програми за семејства и лекари во областа на превентивната и холистичката медицина; детски развој; промени во начинот на живот; исхрана за возрасните, децата и бебињата; безбедни, алтернативни третмани за вообичаени и тешко излечливи акутни и хронични заболувања кај деца и возрасни; контроверзии околу вакцините; внимателно родителство; и преиспитување на медицинската парадигма. Покрај тоа, тој ги учи родителите на холистички интегративна педијатриска и адолесцентска медицина и здравствените работници и професионалци во сродни области, како на национално и меѓународно ниво, и е достапен за семинари и предавања во целиот свет.

Извор: Линк

Превод: Викторија   Донев

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s