Вакцините не само што се неефикасни, туку се и причина за многу болести и предизвикувачи на епидемии

10665730_288948677973394_5729444061579941599_n

Следниот доказ покажува дека вакцините не само што не се ефикасни за да се спречи болеста за која се наменети, всушност, тие се причината за создавањето на многу од нив. Се надевам дека ќе одвоите време да го прочитате овој натпис кој е поконцизен од другите пред се заради здравјето на вашите деца како и вашето здравје.

Зошто треба да го избегнете вакцинирањето?

http://www.newswithviews.com/Howenstine/james.htm

Др. Џејмс Хауенстин, МД,7 декември 2003 година

Др. Џејмс Р. Шенон, бившиот директор на Националниот институт за здравје изјавил: Единствена безбедна вакцина е онаа кој што не се употребува.

За вакцината против кравји сипаници се веруваше дека ги прави луѓето имуни на големите сипаници. Во времето кога оваа вакцина беше воведена, веќе се намалуваше бројот на заболени со големи сипаници. Јапонија воведе задолжителна вакцинација 1872 година. 1892 година имаше 165,744 заболени со големи сипаници, со 29,979 смртни случаеви и покрај програмата за вакцинација. Програмата за задолжителна имунизација, која ги казнуваше оние кои ја одбиваа истата, беше воведен во Англија 1867 година. За 4 години 97,5% од луѓето помеѓу 2 и 50 години биле вакцинирани. Следната година Англија ја имала најголемата епидемија на големи сипаници во својата историја, со 44,840 жртви. Помеѓу 1871 и 1880 година, случаите со големи сипаници ескалирала од 28 на 46 од 100,000 испитаници. Вакцината против големите сипаници не делува.

Поголемиот успех кој се препишува на програмата за вакцинација бил веројатно поради подобреното јавно здравје како резултат на подобриот квалитетот на водата и хигиената, подобрениот начин на исхрана и повисокиот животен стандард. Типично, бројот на заболени се намалуваше пред да биде воведена вакцината за таа болест. Во Англија бројот на заболени на детска парализа се намалил за 82% пред да биде воведена вакцината во 1956. Во раните 90ти, еден мудар лекар од Индијана, др. Кларк изјавил: Ракот беше практично непознат се додека не се започна задолжителната имунизација за мали сипаници. Морав да истражам 200 случаеви на рак, и ниту еднаш не видов случај заболен од рак кај невакцинирана личност . Генерално се веруваше дека не треба да се кртикуваат вакцините, бидејќи луѓето би можеле да одбијат да ги примат. Ова е прифатливо само ако придобивката е поголема од последиците кои можат да настанат од вакцините.

Дали вакцините навистина ја спречуваат блеста?

Ова важно прашање изгледа дека никогаш не е соодветно проучено. Вакцините се исклучително профитабилни за фармацевските компании и неодамна, законодавството во САД ги исклучи фармацевтските фирми од тужби во случајот за несакани реакции од вакцините,а несаканите реакции од вакцините се многу чести. Во 1975 година Германија се откажа од задолжителната вакцинација против голема кашлица (пертусис). Бројот на случаи со голема кашлица константно се намалувал, и покрај тоа што се помал број на деца ја примиле вакцината против пертусис.

Малите сипаници биле најзастапени во училиштата каде што процентот на вакцинирани бил преку 98% во сите делови на САД, дури и во оние делови во кои со години немаат извештаи за случаите со мали сипаници. Како што се зголемувал бројот на вакцинирани против мали сипаници, така болеста се јавуваше кај вакцинираните личности. Епидемија на мали сипаници се појавила во училишта каде што 100% од децата биле вакцинирани. Стапката на смртност од мали сипаници се намалила за 97% во Англија, пред да биде воведена вакцината против мали сипаници.

1986 година, во Канзас, имало дури 1300 случаи со пертусис, а 90% од нив се јавила кај деца кои што биле соодветно вакцинирани. За сличен неуспех со вакцинација е известено и од Нова Шкотска, каде што големата кашлица сеуште се појавувала и покрај општата вакцинација. Големата кашлица опстојува во Холандија, каде повеќе од 20 години 96% од децата примиле по 3 вакцини против пертусисот во период од 12 месеци.

После воведувањето на вакцината против дифтерија во Англија и Велс, 1894 година, бројот на смртни случаи од дифетрија се зголемил за 20% во наредните 15 години. Германија имала задолжителна вакцинација 1939. Појавата на дифтерија се зголемила до бројка од 150 000 случаи наредната година, додека, во Норвешка, каде што немало задолжителна вакцинација, забележани се само случаи на дифтерија истата година.

Континуираното присуство на овие заразни болести кај децата кои примиле вакцина, докажува дека, личностите кои се вакцинираат не се стекнуваат со доживотен имунитет, како оној кој се јавува после прележана болест. Процесот на вакцинирање, ги сместува делчињата на вирусот во крвта, без обезбедување на начин како да се елиминираат овие туѓи супстанци.

Зошто вакцините не штитат од болести?

Вален Џејмс, авторот на делото Имунизација: реалноста зад митот, изјавува дека е потребен целосен инфламаторен одговор за да се создаде вистински имунитет. Пред да биле воведени вакцините против мали сипаници и рубеола, децата се разболувале од овие болести и во огромното мнозинство на случаи, болеста била бенигна. Вакцините го измамуваат телотот, така што тоа не обезбедува целосен инфламаторен одговор, на инјектираниот вирус.

Вакцините и синдромот на ненадајна смрт кај бебињата

Појавата на синдромот на ненадајна смрт кај бебињата пораснал за 0,55 на 1000 живородени бебиња 1953, на 12,8 од 1000 1992 година во Олмстед Кантри, Минесота. Најчеста појава на овој синдром е во период од 2-4 месеци, точно во периодот кога поголем број на вакцини се даваат на децата. Во 85% од случаите се јавиле во првите 6 месеци. Зголемувањето на синдромот на ненадајна смрт, процентуално пораснал во однос на причината за смрт на бебињата од 2,5 на 1000 од 1953 до 17,9 д 1000 во 1992. Стапката на смртност од синдромот на ненадајна смрт кај бебињата пораснала во периодот кога бројот на вакцини кои се даваат на децата пораснал на 36 за дете.

Др. В.Торч успеал да документира 12 смртни случаеви на бебиња кои се случиле во временски интервал од 3 ½ до 19 часа после вакцинирањето ДПТ. Подоцна, известил за нови 11 счучаи со синдромот на ненадајна смрт кај бебињата кои се случиле во текот на 24 часа после ДПТ вакцината. Кога истражувал 70 од случаите на синдромот на ненадајна смрт, две третини од жртвите биле вакцинирани од 12 часа до 3 недели пред смртта. Ниедна од нив не е препишана на вакцината. Вакцините се свети крави и ништо против нив не се појавува во медиумите, бидејќи се многу профитабилни за фармацевските фирми.

Оправдана причина да се мисли за тоа дека вакцините не само што се безвредни и ја спречуваат болеста, дури се и контрапродуктивни, со што го оштетуваат имуниот систем, дозволувајќи појава на рак, авто-имуни болести и синдромот на ненадајна смрт кај бебињата, предизвикуваат неспособност и смрт.

Дали вакцините се стерилни?

Др. Роберт Штрекер тврди дека на министерството за одбрна ДОД му било дадено 10 000 000 долари во 1969 година, да го создаде вирусот СИДА, за да се употреби како оружје да се намали популацијата на црнците. Користејќи ја слободата на информациите, др. Штрекер можел да заклучи дека ДОД ги обезбедил средствата од страна на конгресот за да врши истражување за имунолошкото уништување на агентите преку војната со микроорганизми.

Кога вакцината бил произведена, била дадена на две локации. Вакцината против големи сипаници која содржела ХИВ, била дадена на 100 000 000 Африканци 1977година. Во 1978 над 2000 млади мажи (белци) хомосекцуалци во Њујорк ја примиле вакцината против Хепатит Б, која содржела ХИВ вирус. Оваа вакцина била давана во Центарот за крв во Њујорк. Вакцината против Хепатит Б со ХИВ вирусот, била инјектирана и на мажите хомосексуалци во Сан Франциско, Лос Анџелес, Сент Лујс, Хјустон и Чикаго во 1978. Во 1979 година, епидемиолошките студии во САД, обелодениле дека, баш тие 6 градови имале најголема стапка на СИДА, како и Aids related Complex (ARC) (компликации од СИДА), и поголема смртна стапка од ХИВ, во споредба со другите градови во САД.

Кога новиот вирус е воведен во заедницата, потребни се 20 години за да бројот на случаи се дуплира. Тоа е всушност фабирчка приказна според која, убодите од зелен мајмун врз пигмеите предизвикало епидемија на ХИВ, а наводните убоди од мајмуните во 1940година, требало да предизвикаат епидемија на ХИВ во 60тите, но во тоа време ХИВ вируст во Африка не постоел. Светската здравствена организација ја започнала кампањата за вакцинација против големи сипаници во Африка 1977година, и била усмерена кон центарот на урбаната популација и избегнување на пигмеите. Ако убодите од зелените мајмуни кај пигмеите навистина се причинители за епидемијата на ХИВ, стапката на ХИВ кај истите треба да биде поголема, отколку кај жителите низ градовите. Но сепак, вистината е обратна. (пигмеите се племето кое што живее на истата територија со зелените мајмуни).

1954 година др. Еди Бернис (бактериолог) открила живи мајмунски вируси во наводно, стерилана неактивна полио вакцина (8) (вакцина против детска парализа), развиена од страна на др. Џонас Салк. Ова откритие не било добро примено, па др. Еди била деградирана. Подоцна др. Еди, работејќи со Сара Стјуарт, го открила СЕ папилома вирусот. Овој вирус бил прилично важен бидејќи предизвикал рак кај секое животно кое го примило. Кај вакцината против жолта треска претходно беше откриено дека содржи avian (птица) вирус на леукемија. Подоцна др. Хилерман го изолирала вирусот SV40 , од двете Salk и Sabin полио вакцините. Во овие полио вакцини се содржеле 40 различни вируси кои се обидувале да ги искоренат. Никогаш неможеле да се ослободат од оваа контаминација на полио вакцините. SV40 вирусот предизвикува малигноми. Сега е идентификуван кај 43% од случаите non-Hodgekin лимфом (10), 36% кај мозочни удари (11), 18% од примероци со здрава крв и 22% од примероци на здрави сперматозоиди, месотилома (редок облик на рак) и други малигни заболувања.

Во времето на откривање на SV40, истиот веќе бил даден на 10 000 000 луѓе преку Salk полио вакцините. Гастричното варење деактивира нешто од SV40 во Sabin полио вакцините. Сепак изолацијата на видовите на Sabin полио вакцината, кај сите 38 случаеви предизвикува Guillan Barre синдром – GBS(12). GBS во Бразил укажува на тоа дека значителен број на лица кои биле во можност да се заразат од оваа вакцина. Сите 38 од овие пациенти примиле Sabin полио вакцина месеци дури и години пред почетокот на GBS. Инциденцата на non-Hodgekin лимфомот мистериозно се удвоила од 1970 година како Salk .

Др. Џон Мартин, професор по патологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, бил вработен во одделот за вирусна онкологија од Бирото на биолози (ФДА) од 1976 до 1980 година. Додека бил вработен таму тој идентификувал страна ДНК во жива полио вакцина Orimune Lederle што сугерираше на сериозна контаминација на вакцината. Тој ги предупреди своите надзорници за овој проблем, по што му беше кажано да ја прекине својата работа и бил оттргнат од опсегот на тестирање потребно за полио вакцините. Подоцна, др. Мартин разбрал дека сите единаесет афрички зелени мајмуни кои се употребувале за раст на Lederle, при што полио вирусот Orimune развил мајмунски цитомегаловирус од бубрежни клеточни култури. Lederle бил свесен за овие контаминации на вирусот, како што покажал нивниот план за цитомегаловирусна контаминација (12) од 1972 год. Бирото на биолози одлучило да не ја истражуваа таа материја, така што производството на инфицирани полио вакцини било продолжено. Во 1955 година, д-р Мартин идентификувал единствен вирус кој ги уништувал клетките наречен Стелт (stealth) вирус кај пациенти со синдром на хроничен замор. Овие вируси немале гени, кои ќе им овозможат на имунолошкиот систем да ги препознаат. Така што тие се заштитени од неуспехот на телото да развие антивирусни антитела. Во март 1995 година, др. Мартин дознава дека некои од овие Стелт вируси потекнуваат од африканските зелени мајмуни, мајмунски цитомегаловирус чиј што тип е познат дека инфицира луѓе. Искуството со вакцината Lederle сугерира дека властите не се загрижени за невештата и опасна подготовка на вакцини. Животинските инфекции се огромен нерешен тековен проблем за сите производители на вакцини. Ако ова производство на вакцини ви звучи како неверојатен хаос, вие сте во право.

Влијателниот Римски клуб на хартија вели дека населението во светот е премногу бројно и треба да се намали за 90%. Ова значи дека бројот од 6 милијарди луѓе мора да се намали на 500 до 600 милиони. Очигледно, создавајќи глад и геноцидни војни, како што е хаварисаниот пустош во Африка, и новите лабораториски креирани болести (ХИВ, Ебола, Марбург, а веројатно и вирусот на Западно-нилска треска и САРС) може да помогне да се намали населението. Други елитистичка групи (Trilaterals, Bildenbergers) изразиле слична загриженост околу вишокот луѓе на планетата Земја.

Компанијата која било предвидено да произведе нови вакцини против големи сипаници во САД, била во озбилни проблеми во Англија, поради незадоволителниот квалитет на работење пред да почнат со работа во САД. Зошто нивните перформанси овде би биле нешто подобри отколку што биле во Англија?

Ако постојат важни и моќни групи на луѓе кои се решени да ја намалат бројноста на популацијата во светот, што би можело да биде повеќе од ѓаволски паметно да се елиминираат луѓето освен да им се инјектираат вакцини кои предизвикуваат рак? Лицето кое ја примило вакцината, никогаш не би се посомевало во неа, зошто се потребни 10 – 15 години таа да предизвика рак.

Други опасности од вакцините

Во списанието Science (наука) издадено 04.03.1977 Дерел Сарк предупредил: “Живите вакцини против грип или полиомелит можат на секое ниво да ja произведат/предизвикаат болеста која требало да ја спречат. Живите вируси против мали сипаници и заушки може да имаат несакани последици, како што е енцефалитисот (оштетување на мозокот).

Вакцината против свински грип била дадена на американската јавност, иако никогаш ниеден случај на свински грип не е идентификуван кај луѓето. Фармерите одбиле да ја примат вакцината, бидејќи реакцијата од вакцинирањето на животните била смртоносна и голем број на животни умреле од истата. За неколку месеци на употреба кај луѓе оваа вакцина предизвикала многу случаи на тешко оштетување на нервите (Guillain Barre синдром).

Една статија во Вашингтон Пост 26 јануари 1988, спомнувал дека сите случаи на полио од 1979 година биле предизвикани од вакцина против детска парализа, и дека друг случај на полио не бил забележан од 1979. Ова би можело да создаде совршена ситуација да се прекине со вакцината, но истата продолжила да се дава. Вакцините се исклучителна причина за профит без ризици за фармацевтските компании, бидејќи несаканите реакции од вакцините сега се заштитени од страна на владата, тоест фармацевските компании се заштитени од страна на владите низ светот.

Постојаната ескалација на бројот на вакцини, забележува и идентичен пораст на автоимуни заболувања (реуматоиден артритис, субакутен лупус, псоријаза, мултиплекс склероза, астма) кои се јавуваат кај децата. Иако постои генетска трансмисија на некои од овие болести, многу веројатно е дека овие повреди се предизвикани од застој на страни/туѓи протеински ткива, жива, алуминиум, формалдехид и други токсични агенси кои се вметнати во вакцината.

Во 1999 година, ротавирусната вакцина е предложена од страна на Центарот за контрола на болести кај бебињата. Кога програмата за вакцинација била воведена, неколку новороденчиња починале, а многу од нив имале опструкција на дебелото црево за цел живот. Пробите напревени пред ротавирусната вакцината да добие лиценца покажле зголемена инциденца на прифаќање на вакцината, 30 пати повисоко од нормално, но вакцината сепак била пуштена во употреба без посебни предупредувања до оние кои ја ињектираат за истите да обрнат внимание на можни проблеми со цревата. Детските вакцини често, не се истражуваат на база на токсичноста, веројатно затоа што таква студија може да ги елиминира од употреба.

Една поголема студија од Австралија покажа дека ризикот од развој на енцефалитис (оштетување на мозокот) од вакцината против голема кашлица е 5 пати поголема од ризикот од развој на енцефалитис во контакт со пертусис по природен пат.

Природните имунолошки болести вклучуваат пренесување на вирусот од респираторниот тракт на црниот дроб, тимусот (тимус), слезината и коскената срж. Кога симптомите ќе се појават, целиот имунолошки одговор е мобилизиран да го одбие вирусот кој напаѓа. Комплексниот имунолошкиот систем дава одговор со создавање на антитела кои даваат доживотен имунитет против напад на вирусот и го подготвува детето веднаш да одговори на инфекција од истиот вирус во иднина.

Вакцинацијата, напротив, резултира со постоење на живи вируси или други страни антигени во клетките на телото, а оваа ситуација може да го предизвика имунолошкиот систем да реагира на таков начин на кој телото се обидува да ги уништи сопствените инфицирани клетки. Не е изненадувачки, зголемената стапка на автоимуни заболувања (реуматоиден артритис, субакутен лупус, мултиплекс склероза, астма, псоријаза) и истата најмногу се зголемила во оваа ера на имунизација со поливалентни вакцини.

Вакцините го вовеле дијабетисот тип 1 (Diabetes Mellitus)

Др. Џон Класен има објавено 29 статии за дијабетисот предизвикан од вакцини. Најмалку 8 од 10 деца со дијабетис тип 1 (зависни од инсулин), ја имаат болеста како резултат на вакцините. Овие деца, можеби имаат избегнато мали сипаници, заушки и голема кашлица, но примиле нешто многу полошо: болест кој го скратува животниот век од 10 – 15 години и бара доживотна потреба од константна медицинска нега.

Др. Класен покажа дека воведувањето на вакцината против хемофилиус тип Б, во Финска предизвикало: три пати повеќе случаи на дијабет тип 1, како и зголемување на бројот на смртни случаи и оштетувања на мозокот од Хемофилус инфлуенца тип Б,кои би можеле да се спречат. Во Нов Зеланд, процентот на заболени од дијабетис тип 1, кај децата пораснал за 61%, после агресивната програма за вакцинација од хепатит Б. Истата оваа програма почнала во САД, па така може да се надеваме на многу случаи на деца со дијабет тип 1. Сличен раст на дијабетот тип 1 е забележан и во Англија, Италија, Шведска и Данска, после програмата за имунизација против хепатит Б.

Токсичните супстанци се наопходни да се направат вакцините

Вакцините содржат многу токсични супстанци, кои се потребни за нивно подолго опстојување, да не дојде до расипување или било какво надворешно влијание доколку бидат соодветно чувани, или за да го подобрат нивното делување. Меѓу овие супстанци се наоѓаат: живата, алуминиумот и формалдехидот.

Во претходните 10 години, бројот на аутистични деца се зголемил од 200 до 500% во секоја држава на САД. Овој остар раст на аутизмот ја следел имунизацијата против мали сипаници, заушки и рубеола во 1975 година.

Здравиот внук на претставникот Ден Бартон доби вакцини за 9 болести во еден ден. После нив, веднаш настапил аутизмот. Овие вакцини содржат конзерванс од жива кој се нарекува тимеросал. Момчето примило 41 пат поголема доза на жива од онаа што е способна да го оштети телото. Живата е невро-токсин кој може да го оштети мозокот и нервниот систем. И што е трагично тоа и го направила.

Во САД, број од на задолжителни вакцини е зголемен од 10 на 36 во последните 25 години. За време на овој период, истовремено растел и бројот на деца кои имаат пречки во учењето и пореметување како дефицит на внимание. Некои од овие деца се со хендикеп поврзан со интраутерина церебрална штета поради користењето на мајките на дрога – кокаин, но веројатно вакцините ги предизвикале другите.

Многу вакцини содржат алуминиум. Новата болест со име macrofagic myofasciitis, која предизвкува болки во мускулите, коските и зглобовите. Сите личности кои го имаат ова пореметување примиле вакцини кои содржеле алуминиум. Трагите од алуминиум можат да останат како пречка во ткивата и да му сметаат на имуниот и нервниот систем цел живот.

Речиси сите вакцини содржат алуминиум и жива. Овие метали се имаат важна улога во настанувањето на Алцхајмеровата болест. Експерт од Меѓународната конференција за вакцини во 1997 година покажа дека луѓето кои пред 5 или повеќе години примиле вакцини против грип, имаат зголемена веројатноста дека тие ќе развијат Алцхајмерова болест 10 пати повеќе од еден човек кој примил 2 или помалку вакцини против грип.

Кога ќе примиме вакцина, играме современа верзија на руски рулет. Ние само сме изложени на алуминиум, жива, формалдехид и страни клеточните протеини, но може да добиеме мајмунски вирус 40(SV40) и други опасни вируси кои можат да предизвикаат рак, леукемија и други сериозни здравствени проблеми, бидејќи вакцината е загадена поради невнимателни техники на животинска изолација. Конгресот ги заштити производителите од тужби на суд, така да опасните вакцини ,едноставно го зголемуваат профитот, без ризик за компаниите кои произведуваат лекови.

Деца во САД на возраст од 2 месеци почнале да примаат вакцина против хепатит Б во декември 2000 година. Претходни студии за безбедноста на хепатит Б во оваа возраст немало. Над 36.000 контраефекти со 440 смртни случаи набрзо биле прикажани, но вистинската стапка е многу повисока, бидејќи извештаите се доброволни, па е пријавено само околу 10% од контра ефектите. Ова значи дека околу 5.000 бебиња годишно умираат од вакцината против хепатитис Б. Шефот на епидемиологијата ЦДЦ признава дека зачестеноста на сериозни реакции од вакцината за хепатит Б е 10 пати повисока од другите вакцини. Хепатит Б се пренесува преку сексуален однос и контаминирана крв, така што појавата на оваа болест кај оваа возрасна група е блиску до нула. Експертот за вакцини, д-р Филип Инкао изјавува дека: “Заклучокот е очигледен дека ризиците од вакцинација на хепатитис Б, далеку ги надминуваат придобивките.” Кога еднаш вакцината ќе биде дадена, производителот на истата не е одговорен за нус појавите.

Важното истражување на др В.Б. Кларк дека не е откриен рак кај лица кои не се вакцинирани бара објаснување и изгледа дека тоа пристигнува. Сите вакцини дадени во краток временски период на незрел имунолошки систем го исцрпува тимусот (првата жлезда вклучена во имунолошкиот одговор) со незаменливи незрели имунолошки клетки. Секоја од овие клетки е способни да се размножува и да се развива во војска на вредни ќелии за борба против инфекции и растот на абнормални клетки. Кога овие имунолошки клетки ќе бидат употребени, не може да се створи траен имунитет. Артур истражувачката фондација во Тусон, Аризона, известува дека 60% на имунолошкиот систем може да се исцрпи со поливалентна масовна вакцинација(сега за деца се бараат 36 вакцини). Само 10% од имуните клетки се трајно изгубени на дете на кое ќе развие природен имунитет против болеста. Ова бара сериозно да се загрижиме за овие штети од вакцините врз имунолошкиот систем! Дали луѓето кои ја имаат одобрено оваа масовна вакцинација знаат дека нанесуваат штета врз здравјето на овие деца, од кои многумина во иднина се осудени на голема медицинска нега?

Убедлив доказ е достапен, дека развојот на имунолошкиот систем после вообичаени детски болести созрева и станува способен да се бори против инфекции и малигни клетки во иднина. Употребата на повеќе вакцини го спречуваат природниот имунитет и воведуваат развој на алергиите и астмата. Истражувањето направено во Нов Зеланд открива дека 23% од вакцинираните дека добиваат астма, во споредба со 0% кај невакцинираните деца. Ракот бил многу ректа болест во 1890 година. Овој доказ за повреда на имунолошкиот систем од вакцинирањето овозможува веродостојно објаснување за др. Кларк дека само вакцинираните лица добиваат рак. Некои радикални неповолни промени во здравството се случиле во почетокот на 1900 кои овозможиле ракот да експлодира и веројатно вакцинацијата е причина за тоа.

Вакцините се неприродни феномен. Моја претпоставка е дека ако доволно луѓе кажат не на имунизацијата, тоа ќе биде значително подобрување на општата здравствена состојба, со враќање на природата да работи на работното место на имунитетот, а не човекот. Вакцинацијата на децата треба да биде избор, а не обврска. Медицински и религиозни исклучоци се дозволени во повеќето држави.

Кога владините мерки бараат вакцинација пред детето да стартува со училиште, присилната вакцинација го надминува недостатокот на докази за ефикасноста и безбедноста на вакцините. Не постои доказ дека вакцините делуваат и никогаш не е истражувана нивната безбедност пред да бидат пуштени на пазарот. Мое мислење е дека има многу докази дека вакцините се опасни и дека единствената причина за нивното постоење е зголемувањето на профитот за фармацевтските компании. Ако сте принудени да го имунизирате вашето дете за да може да се запише во училиште, побарајте писмена изјава од директорот дека ќе ја поднесе целосната финансиска одговорност за било какви несакани реакции од вакцината. Бидејќи постои најмалку 2% ризик од сериозни контраиндикации , може да бидат доволно паметни за да дозволат на вашето дете да ја избегне оваа опасна постапка. Неодамна законот кој беше усвоен во Конгресот и дава на владата моќ да ги затвори луѓето кои одбиваат да ја примат вакцината (сипаници, антракс, итн.) Ова ќе биде проблем за голем број граѓани да одбијат да се вакцинираат.

Забелешка:

Д-р Џејмс А. Ховестин е главниот сертифициран специјалист по интерна медицина кој има поминато 34 години во грижа на амбулантските и болничките пациенти. Љубопитноста го довела до четиригодишни студии на природни производи за заштита, кога пет од неговите пациенти со тешка форма на ревматоиден артритис можеле да престанат со користење на метотрексат (еден вид на хемотерапија), додека се обидувале со терапија од екстрат од новозеландски школки за лекување на тешки ревматоиден артритис.

Д-р Ховестин е убеден дека природните производи се побезбедни, поефикасни и помалку скапи од фармацевтски лекови. Ова истражување доведе до објавување на неговата книга “Physicians Guide To Natural Health Products That Work “. Оваа книга и препорачаните здрави производи се достапни со http://www.naturalhealthteam.com и со повик 1-800-416-2806 во САД.

Д-р Hownstine може да се контактира на e-mail адреса jimhow@racsa.co.cr

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s